Main » Files » За нас |
Entries in category: 1 Shown entries: 1-1 |
Sort by: Date · Name · Rating · Comments · Downloads · Views
Задоволство ни е да ви посакаме добредојде на веб страницата TEWHID.MK . Ние сме страна, чии активности се насочени кон повикување на човештвото во вистинската и единствена вера-Исламот, кој е базиран на (книгата) Светиот Кур`ан, последната божја објава од Aллах,џ.ш. која е до ден денес сочувана во непроменет облик. Нашата задача е да се биде на ваша услуга и на сите оние кои сакаат да го пронајдат Божјото задоволство, животниот вечен мир, среќа и задоволство во нивните животи, и ова е можно само во религијата Ислам. Аллах вели во Кур`анот: “Денес ви ја надополнив верата ваша и го исполнив благодатот Мој кон вас, и задоволен сум Исламот да ви биде вера..” (Сура Ал-Maидa, 3) Ние на овај пат ве каниме без разлика дали сте веќе муслимани или сте припадници на други религии, да не следите и доколку сакате можете да не контактирате преку нашите контакти за нешто што ве интересира во врска за Исламот, како на пример извршувањето на исламските должности, исламски прописи или нешто друго. Во исламот непостои присила, секој има право да го прифати или одбие овој повик, но секој ќе си ги носи и последиците на тоа на Судниот ден. Наше е да повикаме и да ве посоветуваме со доказ вреден за размислување. иншАллах со Аллахова помош да научите за основата на оваа наша вера Ислам без која инсан неможе да биде наречен со име ислам. Важноста од учење на тевхид и повикување во него е од животна важност и тоа е она во што повикувале сите Аллахови субханеху ве те’ала Посланици, робување само на Аллах субханеху ве те’ала и неправење Нему ширк. Потребата за ваков доказен материјал се покажа за доста голема, од една страна тоа што материјал за вакви теми е многу мал и недостапен на Македонски јазик . Ние повикуваме во обожавање само на Аллах субханеху ве те’ала како што ни наредил Аллах субханеху ве те’ала во Кур’ан: “Ги створив луѓето и џиновите само Мене да ме обожаваат.“ (Ез Заријат 56) “Во верата нема насилство зашто правиот пат јасно се оделува од заблудата! Оној кој не верува во тагут, а верува во Аллах – се држи за најцврстото јаже кое нема искинатина. А Аллах се Слуша и Знае.“(Ел Бекаре 256) Само со меѓусебно запознавање и меѓусебно разбирање можеме да ги намалиме предрасудите и говорот на омраза да го замениме со говор на разбирање и блискост. Се надеваме дека и Вие ќе станете дел од TEWHID.MKи ќе не посетувате редовно Со Почит, www.tewhid.ucoz.org |