11:25 AM ЗА ПРИСТРАСНОТО СЛЕДЕЊЕ НА НЕКОЈ ОД МЕЗХЕБИТЕ | |
Муслимани! Ако го следиме мезхебот на некој човек, а до нас допрел хадис на непогрешливиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, кој што Аллах ни го наредил во обавеза да го следиме, па го оставиме неговиот говор и почнеме да го следиме тој човек и неговиот мезхеб, дали тогаш од нас би имало понеправедни луѓе? Што ќе ни биде оправдание кога луѓето ќе застанат пред Господарот на световите? Оној кој пристрасно пристапува кон одредена личност покрај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и смета дека неговото мислење е точно и обврска му е да го следи без оглед и без да се осврне на другите имами, тој е заблудена неука личност. Дури може да биде и неверник од кој се бара покајание, а ако не се покае врз него ќе се изврши смртна казна. Кога е убеден дека на луѓето му е должност да следат некој од соодветните имами, го поставил на степен на Веровесникот, саллаллаху алејхи ве селлем, а тоа е неверство (куфр). Најмногу што може да се каже е дека обичниот човек треба да следи некој од имамите, без конкретно и строго определување. Оној кој ги сака имамите и према нив изразува пријателство и ги следи нив. Таквиот прави добро дело во согласност со она што му се манифестира дека е од Суннет. Кој фанатично се придржува до еден од имамите, без табиините, тој е на степен како оној што фанатично се придржува на еден од асхабите во однос на останатите, како што тоа го прават рафидиите, насибиите и хариџиите. Ова се патеките на следбеници на новотарии и заблуди кои се потврдени во Куран и Суннет и со консензус на учењаците дека се осудени и излезени надвор од рамките на вистината. Шејхул-ислам Ахмед ибн Тејмијје во неговата книга, ел-Фетава ел-Мисријје, спомнува. “Ако човек го следи ебу Ханифе, Малик, еш-Шафи или Ахмед, на пример, па ако види дека во други шеријатски прашања другите мезхеби се појаки и ако би ги следел во тоа, направил добро дело, и затоа без било какви несогласувања меѓу учењаците нема да биде прекорен-навреден во својата вера или праведност. Всушност овој е поблиску и драг на Аллах и Неговиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем, од оној кој фанатично се придржува до одредена личност покрај Веровесникот, саллаллаху алејхи ве селлем, од оној кој фанатично се придржува до ебу Ханифе и смета дека мислењето на тој дотичен поединец е исправно и дека е потребно да се следи избегнувајќи го имамот кој му се спротиставил во тоа. Кој ќе го направи ова, неук е! Дури може да биде и неверник, а за тоа бараме заштита од Аллах.” Во Книгата ел-Икна, стои: “Придржување на некој мезхеб, и забрана за преминување во друг нее познато. Голем дел од учењаците на никого не обврзуваат да следат одреден мезхеб и никој нема да биде следен во своето спротиставување на Аллах и Неговиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем. Возвишениот Аллах на секого, во секоја ситуација му наредил покорност на Неговиот Пратеник, Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем.” Во Книгата ел-Када, шејх Текијјуддин ибн Тејјмије вели: “Кој ќе стави во обавеза слепо следење на одреден имам од него ќе се бара покајание, а ако не се покае ќе биде убиен, затоа што таквото обврзување е давање учество на друг покрај Аллах во законодавството која е една од одликите на Неговото Господарство (тевхидур-Рубубијјет).” Припрема -TEWHID.MK Извор: Дали е муслиманот обврзан да следи еден од четирите мезхеби Стр/ 46-48 Мухаммед Султан ел-Ма`суми Преведил: ебу Јусуф | |
|
Total comments: 0 | |