Main » 2015 » March » 16 » УСЛОВИТЕ НА ШЕХАДЕТОТ-СВЕДОЧЕЊЕТО ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ
2:26 AM
УСЛОВИТЕ НА ШЕХАДЕТОТ-СВЕДОЧЕЊЕТО ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ

Негирање на

сите други божества или Куфр во Тагут

 

Возвишениот Аллах во Куранот вели: „Ние на секој народ Пратеник му испративме:

Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!“ (Ел-Нахл, ајет 36)

Во овој ајет јасно се прецизира зборот Ла илахе иллаллах и директно е поврзан со обожувањето на Аллах: „...само Аллах

обожувајте Го!“ Ова ни дава до знаење да ја разбереме важноста што треба да му се посвети на шехадетот и на тој начин да го

реализираме ова обожување така како што се бара од нас.

Овој збор, за жал, во многу случаеви се преведува и се разбира погрешно, иако негoвиот превод се ограничува со дефиницијата „нема друг бог освен Аллах“. Ова без сомнение е вистина, но овој збор никако не треба да заврши тука. Севишниот

Аллах спомнува дека и мушриците (многубошците) од Мека го прифаќале фактот дека само Аллах е Создателот и дека само Тој е Снабдувач и Владател, но ова не им било доволно за да се спасат од Аллаховата казна и од конфликтите со вистинските верници.

Затоа, должни сме да знаеме дека вистинскиот превод и значење на овој збор би можел да се ограничи на следното: „Никој не заслужува да се обожува освен Аллах.“

 

Шејх Салих б.Февзан б. Абдулах ел-Февзан вели: Зборовите ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ значи да се отргне од обожавањето на некој друг, освен Аллах џ.ш. , тоа е она што Ебу Џехл со свој другар, и тоа како добро го сфаќал и знаел дека кога ќе каже ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ дека со тие зборови излегува од вера и милет на Абдул Муталиб, и дека ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛАХ не се обични зборови, во прашање е неверството во разни божества кои се обожаваат покрај Аллах џ.ш. (ел куфр бил тагут) како и потврда на верувањето во Аллах џ.ш.(ел иману билах), за разлика од многу измамници во нашето доба,во време кога тие изговараат ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ, а и покрај тоа се молат на Хусејн, овој или оној, принесуваат курбан на мртвите, бараат помош од нив а и понатаму ги изговараат зборовите ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ!!! Некои од нив ќе истраат и на зикровите и молитви утрински и вечерни, по 100 пати ќе ги изговараат за да одма после тоа да заколат курбан или на нечие турбе да прават тафав околу него, и да бараат помош од мртви. Сево ова на нас ни укажува дека Ебу Џехл подобро од наведените го разбирал значењето на зборовите ЛА ИЛАХЕ ИЛАЛЛАХ, сфаќајки дека во прашање е потребата на оставање на своите кипови и идоли, додека овие претходно споменатите уште не сфатиле! Не сфатиле дека ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛАХ значи да се надмине обожавањата на гробови-турбиња, и ова спаѓа во голем фикх, и ова е исправно верување, и секој даија и имам мора оваа работа да ја сфати, и ова е ‘’Фикхул

Да’ава’’ во права смисла на зборовите! (Погледни И’анетул- Мустефид би шерхи Китахил-Тевхид 1/260.)

 

 

 

Научниците врз основа на јасни шеријатски аргументи дошле до заклучок дека ова сведочење има 7 услови кои треба да ги исполни за да биде валидно, а тие се:

 

Прв услов

ЗНАЕЊЕ

Првиот услов на ова сведочење е знаењето за шехадетот1, што значи дека секој кој го кажува треба да знае дека само Аллах треба да се обожува и дека не се допушта да Му се здружува никој и ништо при обожувањето. Возвишениот Аллах вели: „Знај дека никој не заслужува да се обожува освен Аллах, и барај прошка за гревовите твои и за верниците. Аллах знае како вие се

однесувате и каде ви се прибежиштата ваши.“ (Мухаммед, 19)

Пренесува Осман Ибн Аффан, р.а., дека Мухаммед, а.с., рекол: „Тој што ќе умре знаејќи дека никој не е достоен да се обожува освен Аллах, ќе влезе во џеннет2.“ (Бухари)

Затоа, секој кој го кажува шехадетот треба да знае дека сè што има врска со обожувањето не треба да му припаѓа на никој друг освен на Аллах, бидејќи само на овој начин шехадетот му носи добивка на тој што го изговара и станува причина за

спас од огнот. Додека пак, формалното изговарање како збор, не знаејќи дека не треба да се обожува никој друг освен Аллах, не му вреди и како последица на тоа не се гледаат трагите од тој збор во животот на изговарачот.

Втор услов

УБЕДУВАЊЕ

Тој што го изговара шехадетот и ја сфаќа неговата содржина, освен разбирањето треба и да е убеден во неговото значење.

Ако личноста ја знае вистинската содржината на овој збор, а потоа се сомнева во неговото значење, тогаш ја нема користа што

треба да ја има од овој збор. Возвишениот Аллах вели: „Верници се, навистина, само оние кои веруваат во Аллах и во Неговиот Пратеник и кои потоа не се сомневаат...“ (Хуџурат, 15)

Ебу Хурејре, р.а., вели дека Мухаммед, а.с., во еден долг хадис, меѓу другото, рекол: „Тој што ќе го сретнеш зад овој ѕид, ако со

убедување посведочи дека никој не е достоен да се обожува освен Аллах, израдувај го со џеннет.“ (Бухари)

Трет услов

ПРИФАЌАЊЕ

Откако сме го разбрале и сме се убедиле во значењето на шехадетот, ни преостанува да го прифатиме со срце и со јазик сето тоа со што дошол овој збор. Неверниците не биле во состојба да ја прифатат реалноста што ја донел овој збор,

1 Сведочењето дека не постои ништо вредно да се обожува освен Аллах

2 рај

па го негирале и го одбиле со ароганција и потсмевање. Возвишениот Аллах вели: „Тој ден сите ќе бидат здружени во казната.

Ете, така Ние постапуваме кон насилниците! Зашто кога ќе им се рече дека нема друг бог освен Аллах, тие со ароганција зборуваат: ,Зарем да ги оставиме божествата наши заради еден луд поет?'“ (Саффат, 33-36)

Четврти услов

ПОКОРУВАЊЕ

Кога веќе сме го прифатиле сето тоа со што дошол шехадетот, со срце и со јазик, продолжуваме и практично да му се покоруваме на тоа што шехадетот го бара од нас со нашите дел. Од овој услов разбираме дека не е доволно само да се каже дека

„срцето ми е чисто“ или „јас сум муслиман“, туку потребно е и практично да ја покажеме оваа покорност. Возвишениот Аллах вели: „А тој што ќе Му се предаде на Аллах бивајќи и доброчинител, тој се фатил за најцврстото јаже. А кај Аллах сè се враќа.“ (Лукман, 22) Овој ајет јасно докажува дека само тој што решил да Му се покори на Аллах чинејќи добри дела, таквиот е

фатен за најцврстото јаже, кое во овој случај е Ла илахе иллаллах.

Петти услов

ВИСТИНОЉУБИВОСТ

Тоа значи да го каже и да го прифати шехадетот со потполна вистинољубивост и чисто од секоја дамка на лагата.

Возвишениот Аллах вели: „Елиф, лам, мим! Мислат ли луѓето дека ќе бидат оставени да кажат: ,Веруваме!', а да не бидат

ставени на искушение? Ние и оние пред нив веќе ги ставивме на искушение. Аллах сигурно добро ги познава тие што ја

зборуваат вистината и тие што лажат.“ (Анкебут, 1-3)

Пренесува Муаз Ибн Џебел, р.а., дека Мухаммед, а.с., во еден долг хадис рекол: „Секој што со убеденост ќе посведочи дека

никој не заслужува да биде обожуван освен Аллах и дека Мухаммед е Негов роб и пратеник, Аллах ќе го спаси од огнот.“

(Пренесува Бухари и Муслим)

Запознаени сме со сите оние кои сведочат за Верата, иако сите тоа не го кажуваат искрено. Некои не веруваат во тоа, туку само го кажуваат да се заштитат сабеси или да постигнат (добијат) нешто со тоа.

Овакви се лицемерите. Аллах ги опишал нив во отворањето на Куранот со следните зборови

8. Има луѓе коишто велат: „Веруваме во Аллах и во

другиот свет.“ - а не се верници.

9. Тие мислат дека ги мамат Аллах и тие што веру-

ваат, иако, не чувствувајќи го тоа, самите себеси

се мамат.

10. Во срцата нивни се наоѓа болест и Аллах им ја

зголемува болеста. Нив ги чека болно страдање

поради тоа што лажеа!(ЕЛ Бекаре)

 

Очигледно, сведочењето на овие кои стануваат муслимани е само за корист од станувањето муслиман и не е за тоа што веруваат во Аллах и сведоштвото ќе им

биде одбиено од Аллах на другиот свет. Тие ќе се соочат со болна казна заради нивното лажење.

Шести услов

ИСКРЕНОСТ

Во текот на извршувањето на делата кои се поврзани со искажувањето на шехадетот, секој треба да биде искрен и тие дела

да ги извршува само за Возвишениот Аллах и само како последица на својата потчинетост кон Него. Тој што го изговара шехадетот треба да се труди максимално да не дозволи да има ниту една трошка арогантност, која влијае во скратувањето на наградата, па дури и на одбивањето на неговото дело во целина. Возвишениот Аллах вели: „Наредено им е само Аллах да Го обожуваат и верата искрено да Му ја исповедаат, во сета чистота нивна, и намаз да извршуваат и зекат да даваат. И ете тоа е верата исправна!“ (Бејјине, 5)

 

Седми услов

ЉУБОВ И ОМРАЗА

Љубовта и омразата треба да се базирани врз шехадетот. Верникот се спријателува со оние кои се во пријателство со шехадетот и не ги третира како пријатели оние кои не се во пријателство со овој збор. Исто така, тој ги сака оние дела кои се во

согласност со шехадетот, а ги мрази оние кои се спротивставуваат на шехадетот. Возвишениот Аллах вели: „

Нема да најдеш луѓе кои веруваат во Аллах и во Судниот Ден, а да ги сакаат оние коишто им се противат на Аллах и на Неговиот Пратеник, било да се тие родителите нивни, синовите нивни, или браќата нивни, или роднините нивни...“ (Муџаделе, 22)

Во Ибрахим и во оние што беа со него имате навистина добар пример кога му рекоа на народот свој: ,Ние се одрекуваме од вас и од тоа што, освен Аллах, го обожувате. Ние не веруваме во вашето и затоа меѓу вас и нас ќе има

отворено непријателство и омраза засекогаш, сè додека да поверувате во Единиот Аллах!'“ (Мумтехине, 4)

Затоа верникот го мрази секој збор и секое дело кое му се спротивставува на зборот Ла илахе иллаллах без разлика од кого потекнува овој збор или ова дело. Но оваа омраза и ова непријателство никако не треба да го натера да му направи неправда

некому, или неправно да го повреди неговиот живот, неговата чест или неговото богатство.

Ова се условите на зборот Ла илахе иллаллах. Само заедно овозможуваат овој збор да ги даде своите плодови и на оној кој го изговара овој збор да му донесе добробит на овој и на другиот свет.

Како дополнение на овие услови на шехадетот е да муслиманот устрае на шехадетот се додека не умре. Ова е облигативно доколку некој сака шехадетот да значи нешто на Оној свет. Шехадетот треба да биде твој лого се до смртта. Пратеникот а.с. кажал:

 

Човек поминува долго време чинејќи дела на луѓето на рајот и потоа ќе ги заврши своите дела со делата на оние на жителите на пеколот. И човекот може да помине долго време чинејќи дела на жителите на пеколот, и потоа ќе ги заврши своите дела со делата од жителите на Рајот.“(Муслим)

 

Аллах исто вели:

 

102. О, верници, плашете се од Аллах со вистинска богобојазност и никако не умирајте, освен како муслимани!(Али Имран)

 

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhid.MK

 

 

Views: 760 | Added by: tewhid | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube