
1.- Прво Својство
Луѓе кои се богобојазливи (муттекун.) Тие се оние кои се плашат од Аллах џ.ш и бараат заштита
од џехеннемската казна со своите добри дела. Тие го извршуваат она што им се наредува,
послушни се, живеат со надеж во своите добри дела, а го избегнуваат она што им се забранува,
плашејќи се од Аллаховата, џ.ш. казна.
2.- Второ Својство
Луѓе кои делат од својот имот кога се во изобилие но и во сиромаштија.
Тие делат од она што Аллах џ.ш им го подарил, онака како е пропишано и како што се бара,
од зекат, садака, а им делат на оние кои имаат право на тоа. Потоа делат за потребите на џихад
и други хумани дела. Тие делат јавно и тајно. Нивниот живот и љубов за богатство не ги
оптеретува и спречува во делење. Не се скржави ниту алчни, а својот имот го стекнуваат на
дозволен начин и го делат, не плашејќи се за своите потреби.
3. Трето Својство
Луѓе кои ги совладуваат гневот и лутината.
А тие се оние кои се воздржуваат и својата лутина ја совладуваат кога се во состојба и прилика
да ја изразат. Никому неправда не му чинат ниту нивната лутина предизвикува завист или
неправеден однос кон другите.
4. Четврто Својство
Луѓе кои многу простуваат. Тие се оние kои им простуваат на другите во состојба кога можат да ги
казнат. Заради тоа, Возвишениот Аллах џ.ш вели: "Навистина Аллах ги сака доброчинителите."
Аллах со ова поттикнува на простување, помилување, а ова треба да биде резултат на добрината,
која ќе го зголеми доброто, додека простувањето кое би го зголемило злото не е пофалено и овдека
на такво простување не се мисли. Возвишениот Аллах во Куран вели:
"Неправдата може да се возврати со иста мера, а оној кој ќе прости и помири,
Аллах ќе го награди. "(Еш-Шура.40)
5. Петто Својство
Луѓе кои се каат - теввабун. Тие се оние за кои во Куран се вели : "
И за оние кои, кога ќе направат срамно дело или кога ќе си нанесат напаст себеси,
па, го споменуваат Аллаха и бараат прошка за гревовите свои." (Ал - Имран, 135)
Грешењето е резултат на нечесни постапки, како што се смета за голем грев неправедно
убиство, непослушност кон родители, јадење камата, јадење имот на сиракот, бегање од воено
поле, зиналук, кражба и слично на тоа
А што се однесува до грешењето према себеси, тоа е воопштен поим. Ги опфаќа и малите и големите
гревови. Тие се оние луѓе кои ќе направат нешто од тоа, се сеќаваат на Аллаховата величина,
се присетуваат и бараат опрост и милост за направените гревови, а ова е во склад со Аллаховите
зборови: "Само Аллах простува".: Со ова се докажува дека дова не се упатува на никого друг
освен на Возвишениот Аллах, бидејќи никој не може гревовите да ги простува освен Аллах џ.ш.
6. Шесто Својство
Луѓе кои не истрајуваат во правење гревови. Тоа значи дека,
кога ќе направат грев, набрзо се поправаат и не истрајуваат во грешење,
знаејќи што прават и познавајќи ја штетноста од упорноста во грешење.
Тие побрзуваат со тевбе (каење) и настојуваат да ги избегнат гревовите,
без оглед дали се мали или големи.
Возвишениот Аллах вели:
Успешни се верниците! Тие кои во своите намази(молитва)се понизни.и кои лошиот говор го одбегнуваат
и који зекат даваат, и кои срамните места свои ги чуваат,освен од жените свои или тие кои се нивни
сопственост,тие навистина прекор не заслужуваат;
а тие што и покрај тоа бараатм тие во злото сосема претеруваат
и кои за доверените аманети и обврски свои се грижат, и кои намазите (молитвите) свои на време ги извршуваат,
тие се достојни наследници, кои Фирдеусот ќе го наследат,тие во него вечно ќе престојуваат.
суре- „Ел Муминун 1/11
Овие Курански својства во себе опфаќаат неколку значајни својства на верниците кои ќе бидат во
Џеннет, а тие се
Прво : Верници (ел му`минун). Тие се оние кои веруваат во Аллаџ џ.ш, и се она
што влегува во верувањето. како верување во неговите мелеки, книги, пејгамбери,
Судниот ден, и дека се што се случува ( добро и лошо ) се случува со Аллаџова, џ.ш волја
и одредба, иако неопходно е горе споменатото верување да се примени во дело и збор
( теорија и пракса.)
Второ ; Скрушеност : тие се оние кога извршуваат молитва, тоа го прават скрушено и
понизно, со смирено срце и тело, стоејќи во намаз, свесни дека стојат пред Возвишениот
Аллах џ.ш. со изговарање на Неговите зборови, му се приближуваат со сеќавање на Него,
надевајќи се во средбата, учејќи дова скрушено и понизно, јавно и тајно.
Трето : Луѓе кои избегнуваат „лагв„ , а тоа е се она што нема никаква корист, без оглед
дали се работи за дело или зборови. Тие не се занимаваат со работи кои не ги интересират
и своето време го поминуваат во корисни цели, како што го чуваат намазот и понизно го
извршуваат, кои го чуваат времето од безделничење. Ако нивното својстбо е избегнување
на „лагв„, а тоа е она што нема корист, тогаш чувањето на она што е штетно кај нив е на
прво место.
luge koi izbegnuvaat laga e ili toa se onie koi nemaat nikakfa korist ne
Четврто: Луѓе кои делат зекат. Тука се мисли на задолжителниот
дел што се дава од својот имот, а можно е да се мисли и на преостанатите
давања кои ја чистат душата од непријатни дела и зборови.
Петто : Луѓе кои срамните места ги чуваат,
освен од жените свои или оние кои се во посед нивни.
Тие не заслужуваат прекор. Тие своите срамни места ги чуваат од блуд,
бидејќи тој е голем грев и го разорува опшествениот поредок и заедница.
Можно е поимот чување на половите органи да се сфати во поширока смисла,
како гледање, допирање, како што се вели „Овој прекор не го заслужуваат бидејќи
во основа половиот орган се чува за жената или за кои се во посед
(тие се робинки кои се освојуваат во џихад.).
Зашто таа врска е со причина, да се зачува човечкиот род и потреба, а кој бара надвор од тоа,
тое е грешен, како што вели Аллах џ.ш.:
„А оние кои покрај тоа бараат, тие претеруваат во зло.“
Оттука произлегува забраната за онанирање,
кое уште се вика и „таен процес“ бидејќи тоа излегува
надвор од рамките на горе споменатите дејства, а тие се законските жени и оние во посед.
Шесто:
Луѓе кои се грижат за своите доверени аманети и обврски.
Аманет е она што се довери на чување кај некого,
сеедно, дали се работи за збор, работа, или пак,
гледање со своите очи во нешто. Па кај тебе ќе ти
раскаже некоја тајна, тој со тоа ти доверил аманет. Кој
ќе направи несто во твое присуство што не би сакал секој да го знае,
ти доверил аманет, кој ќе ти даде нешто од богатство или зборови, со тоа ти доверил аманет.
А обврските за кои станува збор се однесуваат на обврските кон друг човек,
како што се обврските кон Аллах џ.ш., кон соседот или воопшто обврските меѓу луѓето.
Оној кој посакува Џеннет, ги чува аманетите и ги исполнува обврските,
без оглед дали се однесуваат на обврски кон Аллах џ.ш. или луѓето.
Во тоа, секако, влегува исполнувањето на дадениот збор, потпишаните договори,
со услов да се однесува во дозволени работи.
Седмо:
Луѓе кои го чуваат намазот. Тие се оние кои редовно клањаат намаз и истрајуваат во неговото
извршување во одредено време, и тоа го прават на најдобар начин, со своите форми на намазот.
Аллах џ.ш., во Куран спомнал бројни својства на жителите на Џеннет, освен овие што ги споменавме
овде. Ова е спомнато заради оние кои посакуваат да ги
постигнат овие својства.
Постојат многу хадиси на оваа тема кои се пренесуваат од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с..
Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Пејгамберот а.с рекол:
„Кој ќе тргне на пат да бара наука, Аллах нему ќе му го олесни патот кон Џеннет .“ (Муслим)
Од него исто така, се пренесува дека Пејгамберот а.с. рекол: „Дали сакате да ве упатам кон она што ќе ви ги избриши вашите гревови и ќе ви го подигне угредот ?“ Рекоа: “Да, Аллахов Пратенику!“ „Земањето абдест во тешки прилики, многу направени чекори на патот кон џамија и исчекување на намез после еден обавен намаз. “
А Омер б. ел-Хаттаб р.а. вели дека Пејгамберот а.с. рекол: „На секој од вас кој уредно ќе земе абдест и
рече: ‘Сведочам дека нема друг бог освен Аллах, Тој нема здруженик и сведочам дека Мухаммед е Негов Роб и Пеогамбер‘, ќе му се отворат осумте Џеннетски врати да влезе преку која сака.“
Овој пренесувач на хадисот, Омер б. ел-Хаттаб, исто така пренесува: „Кој искрено ќе ги проследи изговорените зборови на муезинорт, ќе влезе во Џеннет.“ (Муслим)
Осман б. Аффан, р.а., вели дека Пејгамберот а.с рекол: “Кој ќе изгради месџид заради постигнивање на
Аллаховото задоволство, Аллах нему ќе му изгради куќа во Џеннет.“ (Муттефекун алејхи)
Убаде б. Самит , р.а, го пренесува следниов хадис:„Кој ќе дојде на Судниот ден со своите пет намази
кои ги обавувал на пропишан начин, не изоставајќи нешто од тоа, има право на Аллаховото ветување да го воведе во Џеннет .„ ( Ахмед, Ебу Давуд и Несаи )
А Севбан го прашал Пејгамберот а.с. за делото кое ќе го воведе во Џеннет, па му рекол:
"Внимавај на сеџдето (во намаз), зашто кога и да направиш сеџде, Аллах ти
подарува дереџе и ти простува некој грев." (Муслим) Умму Хабиба р.а. вели дека Пејгамберот а.с. рекол:
"На секој муслиман кој ќе клања во текот на денот и ноќта дванаесет рекати доброволен намаз, Аллах џ.ш. ќе му изгради куќа во Џеннетот." (Муслим)
Рекатите за кои станува збор се: четири рекати пред пладневниот фарз, два потоа, два рекати после акшамскиот фарз, два после јација и два рекати пред сабаскиот намаз.
А Муаз б.Џебел р.а., вели дека му рекол на Пејгамберот а.с.:
"Упати ме на дело кое ќе ме воведе во Џеннет, а ќе ме оддалечи од Џехеннем",
па Пејгамберот а.с. му рекол: "Ме праша за нешто важно, а тоа е лесно кому
Аллах џ.ш.му олесни, а тоа е: обожувај го Аллах џ.ш., и ништо не му ставај
за рамно, обавувај намаз, давај зекат, пости Рамазан и обави Хаџџ." (Ахмед,
Тирмизи, сахих)
Сехл б. Саид р.а. вели дека Пејгамберот а.с. рекол:
"Во Џеннет има врата која се вика "Ер-Рејјан", низ која ќе влезат само постачите на Судниот
ден и никој друг." (Муттефекун алејхи)
Ебу Хурејре р.а. вели дека Пејгамберот с.а.в.с., рекол:
"Од Умра до Умра меѓу нив се бришат гревовите, а награда за примениот хаџџ е Џеннет."
(Муттефекун алејхи)
Од Џабир се пренесува :
"Ресулуллах рекол: - Кој ќе има три ќерки и убаво ги воспита, биде милозлив
и загрижен за нив, тој ќе влезе во Џеннет. Некој прашал: - О Аллахов Пратенику
! А што ако бидат две ? Пејгамберот а.с. рекол: Па и ако бидат две. Некои сватиле
дека овој прашал и за една, и дека Пејгамберот а.с. потврдено одговорил."
Ахмед пренесува од Ебу Хурејре дека го прашале Пејгамберот а.с., што е тоа што
најповеќе ќе ги воведе луѓето во Џеннет ? А тој рекол: "Богобојазливоста и убаво
однесување." (Тирмизи, Ибн Хиббан)
Ијад б.Хамар ел-Меџашивели дека Пејгамберот а.с. рекол:
"Жители на Џеннет ќе бидат три групи: праведен владар кој верува и ја потврдува вистината,
човек со милозно и благо срце кон роднините, чесен муслиман кој не прави блуд." (Муслим)
Овие се само неколку хадиси кои зборуваат на оваа тема. Тие објаснуваат многу работи кои
се сврзани за жителите на Џеннет и за оние кои трагаат по тој пат.
Го молиме Аллах џ.ш. на сите нас да ни го олесни патот кон Џеннет.
Тој е најблагороден и нека е селам и спас на нашиот пејгамбер Мухаммед а.с.
и сите негови другари.
припрема и обработка
TEWHID.MK
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk
https://www.youtube.com/user/tewhidMK
Од Книга, Oд Гроп. во Џеннет или во Џехеннем
Афтор- Абдулах б.Ахмед Али Аллаф ел-Гамиди
|