
Пример на истрајност на вистината е племенитиот табиин Сеид ибн Џубејр. Живеел во времето на Хаџџаџ ибн Јусуф Ес-Секафи, крволочен тиранин. Сеид му се спротив ставувал и пружел отпер се додека не би фатен. Го девеле до губилиштето. Хаџџаџ цинички го запрашал:
„Како се викаш?“ ... (а го знаел неговото име)
-Сеид ибн Џубејр“ – одговори.
-Дали ти беше несреќниот сина на Скршениот.“ (спонтан смисол на неговото име)
-Мајка ми најдобро знаела кое име да ми го одбере, кога така ме нарекла.“
-„Несреќни сте и ти и твојата мајка! “ извика Хаџџаџ гневно.
-„Несреќен е оној кој оди во Огнот. Го знаеш ли ти гајбот?“
-„Ќе ти го претворам јас тебе овој живот во оган жесток!“ – извика Хаџџаџ.
_„Се колнам во Аллах, кога би знаел дека тоа е во твои раце, би те обожувал тебе, покрај Аллаха! му речеЏубејр. Хаџџаџ повика:
-„Зошто бегаше од мене?“
-„ ...а од вас побегнав, затоа што се плашев.“ (Еш-Шуара, 41)
-„Избери го начинот на кој ќе умреш, Сеиде.“
-„Не, туку ти избери на кој начин ќе умреш. Зошто, на каков начин би ме убил, на таков начин Аллах тебе ќе те убие!“
-„Ќе те убијам на начин на кој досега никого не сум убил, ниту така некого ќе убијам!“
Сеид одговори:
-„Значи, мене ќе ми го одземиш овој свет, а јас тебе ќе ти го одземам ахирет.“
Хаџџаџ не можеше повеќе да ја трпи истрајноста на овој голем верник. Ја повика стражата:
„Одведете го и убијте го!“
Додека џелатот го водеше, Сеид се смееше. Хаџџаџ гневно извика:
-„Зошто се смееш?
-„ Се смеам на твоето пркосење на Аллах и на Аллаховата благодет према тебе!“
Гневот на Хаџџаџ уште повеќе се зголеми. Им нареди на стражарите: „Заколете го!“
Сеид рече: „Свртете ме према Киблата. “ Кога му ја ставија сабјата на врат, рече: „Јас го вртам своето лице, како вистински верник, на Оној Кој небесите и Земјата ги создаде, јас не сум од оние кои Нему му прават рамни други!“
Хаџџаџ викна: „Свртете му го лицето од Киблата!“
Сеид, рече: „А Аллахов е и исток и запад; каде и да се вртите, па – таму е Аллаховата страна. (Ел-Бекаре, 115)
Хаџџаџ рече: „Свртете го на лице!“
Сеид, проучи: „Од земја ве создаваме и во неа ве враќаме и од неа по втор пат ќе ве извадиме. (Та-ха, 55)
„Заколете го!, извика Хаџџаџ. Колку брзо твојот јазик го изговара Куранот, Сеиде ибн Џубејре!“
Сеид рече: „Сведочам дека нема друг Бог освен Аллах и дека Мухаммед е Божји Пратеник. Земи ми го животот, Хаџџаџе, а јас ќе те чекам на Судниот ден.“ Потоа проучи: „Аллаху мој, ова нека ми биде последно.“
Го убија Сеида.
После тоа, Хаџџаџ вриштеше секоја ноќ: „Зошто го убив Сеида ибн Џубејр?!“ Кога и да легнеше да спие, тој би го повлекол за нога! “ После 15-тина дена Хаџџаџ умре и не уби никого после Сеида.
“Највредниот џихад е да го кажеш зборот на вистината пред неправеден владар“
(Хадисот го бележи Ебу Давуд, ет – Тирмизи и ибн Маџе во своите “Сунени“ од Ебу Сеид ел – Худри и Ебу Умаме ел – Бахили)
“Првакот на шехидите е Хамза, а потоа човек кој ќе дојде кај неправеден владар, кој ќе му ја каже вистината в лице, а владарот ќе го убие“
(Хадисот го бележи Хаким од Џабир ибн Абдуллах)
“Нека на никој од вас не го спречи стравот од луѓе да ја каже вистината кога ќе ја види или ќе биде нејзин сведок, затоа што зборот на вистината не ќе му го приближи смртниот час, ниту ќе му ја намали нафаката“
(Хадисот го бележи имам Ахмед во својот “Муснед“ од Ебу Сеид ел – Худри)
Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhid.MK
|