Main » 2015 » March » 7 » РУКЈA БАРАЊЕ НА ЗАШТИТА И ЗАСОЛНИШТЕ.
0:43 AM
РУКЈA БАРАЊЕ НА ЗАШТИТА И ЗАСОЛНИШТЕ.

Етимолошки зборот Рукје значи: барање на заштита и засолниште.

Според Шеријатската терминологија: Рукје се ајети, зикрови и дови кои му се читаат на болниот со цел негово лекување.

 

Видови на Рукје:

 

  1. Рукје кое е верски пропишано/дозволено и истото со консензус на исламските алими треба да исполни три услова:
  • Да биде на јасен и разбирлив арапски јазик.
  • Да се состои од Аллахови зборови, Негови имиња и атрибути.
  • Да не се потпреме потполно само врз Рукје и да знаеме дека тоа само по себе не влијае и дека неговото влијание е условено со Аллаховата, субханеху уе те’ала, одредба.
  1. Рукје кое е забрането е она кое не исполнува еден или повеќе од гореспоменатите услови за верски пропишано/дозволено рукје.

 

Рукјето во Суннетот на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, е спомнато во следниве хадиси:

 „Навистина (некои) рукји, амајлиите и амулетите се Ширк.“ (Ахмед, Ебу Давуд и Ибн Маџе. Албани вели дека хадисот ги исполнува условите на веродостојност)

„Изложете ми ги вашите Рукји. Нема ништо лошо во Рукјите се додека не содржат Ширк.“ (Муслим)

 

Ет Темаим – Амајлии

 

Според Шеријатската терминологија амајлија е се она што се закачува на облеката, телата на децата и други за заштита од урок.

 

Има два вида на амајлии:

  1. Амајлии кои содржат делови од Куранот и дови од зборовите на Божјиот Пратеник Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем. Според поточното мислење истите се забранети поради три причини:
  • Општата забрана за носење амајлии/записи и непостоење на доказ кој од таквата забрана ги издвојува  амајлиите со Куран и суннетски дови.
  • Превенција на  последиците до кои може да се дојде заради носење на нешто што во основа не е дозволено.
  • Секојдневните ситуации можат да доведат до омаловажување на текстови од Куранот и Суннетот со нивно носење на места кои се нечисти (тоалетите при физиолошка потреба).
  1. Амајлиите кои не содржат делови од Куранот и од суннетските дови. Такви се амајлиите на кои има имиња на џинни, шејтани, неразбирливи формули. Ваквите амајлии се строго забранети (харам) и претставуваат Ширк затоа што со нив човек се врзува со друг а не со Аллах, џел-ле ше’нуху.
  2. Сиже:

     

    Сите амајлии, кои содржат делови од Куранот и од суннетските дови и кои не содржат се забранети (харам). Амајлиите кои содржат имиња на џинни, неразбирливи формули покрај што се забранети се и Ширк.

    Доказ е веќе спомнатиот хадис: „Навистина (некои) рукји, амајлиите и амулетите се Ширк.“ (Ахмед, Ебу Давуд и Ибн Маџе. Албани вели дека хадисот ги исполнува условите на веродостојност)

     

    Ет Тебер-рук - Барање на Бериќет

     

    Јазично значење: Многубројност на нешто и негова потврдност/стабилност.

    Терминолошки: Барање на бериќет, очекување на бериќет и убеденост во бериќетот/благословот.

     

    Има две форми на Ет Тебер-рук:

    < >Тебер-рук кој е верски пропишан и дозволен. 

     

    -          Тука спаѓа тебер-рукот со телото на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, и она што припаѓало на нековото тело (косата, потта исл.). Овој начин на барање на бериќет бил дозволен само во времето на неговиот живот, сал-лаллаху алејхи уе селем.

    -          Барање на бериќет со зборови и дела кои се верски пропишани и доколку истите се направат, ќе се придобие добро и бериќет. Пример се: читањето на Куран, спомнувањето на Аллах, присуство на места каде се шири знаење.

    -          Барање на бериќет на места каде Аллах го спуштил бериќетот. Такви места се џамиите, градовите Мекка, Медина, подрачјето Шам. Тебер-рукот тука подразбира чинење на добри дела, искажување на покорност кон Аллах, со верски пропишани дела. Ова во ниеден случај не подразбира триење со/на ѕидовите и столовите барајќи бериќет.

    -          Барањето на бериќет во времиња во кои Аллах, субханеху уе те’ала, спушта бериќет и на делата им дава поголем вредност. Такви се месецот Рамазан, десетте дена на месецот Зул Хиџџе, Лејлетул Кадр, последната третина од ноќта. Бериќетот во овие времиња се бара преку многу добри дела, покорност кон Бога со верски пропишаните ибадети.

    -          Барањето на благослов во храната во која Аллах, џел-ле ше’нуху дал бериќет. Бериќетна храна е маслиновото масло, медот, млекото, семето на Nigella Sativa,  водата Зем-зем. Бериќетот на водата Зем-зем не се губи со нејзино преместување од едно на друго место, според поточното мислење на учените/алимите.  

     

    < >Тебер-рук кој е верски забранет 

     

    -          Барањето бериќет на одредени места и преку одредени работи како на пример:

    а. Триење на ѕидовите, бакнување на прозорците и столбовите како и лечење со земјата на местата чиј што бериќет е потврден.

    б. Барање на бериќет на гробиштата на добрите луѓе и преку нивните турбиња.

    в. Барање на бериќет на места кои се поврзани со историски случки како што се местото на раѓање на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, пештерата Хира, пештерата Сеур...

    - Забрането барање бериќет поврзано со временски периоди.

    а. Чинењето на дела кои не се пропишани, кои се измислени или воведени во верата, во периоди чија благословеност е потврдена со шеријатски текстови.

    б. Барање на бериќет во времиња за кои нема шеријатска потврда дека се бериќетни. На пр. (роденденот на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем, ноќта на Исра и Мираџ, средишната ноќ на месецот Шабан, деновите и ноќите поврзани со историски настани)

    - Забрането барање на бериќет  со телата на добрите луѓе и нивните оставштини. Не е дозволено барање бериќет со телото и оставштините на никого, освен со телото и оставштините на Мухаммед, сал-лаллаху алејхи уе селем, и тоа само во времето додека бил жив.

     

    Значајни правила и ограничувања поврзани со барањето бериќет

     

    < >Тебер-рукот е ибадет а основно правило кај ибадетите е дека за ибадет се смета она што е пропишано со шеријатски валиден доказ.Сиот бериќет е од Аллах, тој е негова сопственост која му ја дава на кого сака па затоа бериќетот се бара само од Аллах, субханеху уе те’ала.Барањето на бериќет во она за што постои шеријатска потврда дека има бериќет му користи само на вистинскиот еднобожец кој верува во Аллах и Неговиот Пратеник.Барањето на бериќет во она за што постои шеријатска потврда дека има бериќет се прави на начин кој е верски пропишан и не е дозволено измислување на начини и патишта (да се дојде до бериќет) кои не ги познавале првите одбрани генерации.Тој што превзема некоја причина за да се реализира некое дело треба да се потпре единствено на Аллах, субханеху уе те’ала, а не на причината, затоа што Аллах е Тој што се дава и создава, па и причините (предусловите).< >Да знае дека тие причини се поврзани/предодредени со Аллаховата одредба.Начини да се востанови дека нешто е причина се:Преку Шеријатот и пример е медот кој е причина за излекување. Доказ е ајетот: Од утробите нивни излегува пијалак  со различни бои, кој им е лек на луѓето...“ (Ен Нахл, 69)< >Преку опитното искуството и испитувањата. Примери: Огнот предизвикува изгореници и пожар. Значи работата за која тврдиме дека е причина на нешто, треба да биде потврдлива (да даде можност за докажување со опит/тест). Доколку резултати на дадена причина не се толку видливи и потврдени, тогаш се работи за непотврдена претпоставка и заблуда. Такво е тврдењето дека носењето на одреден вид алки помага при заштита од урок.   

    припрема 
    http://www.tewhid.ucoz.org
    http://www.facebook.com/Tewhid.mk

    од книга-ТЕВХИД.Знаењето за Теухидот во олеснета форма

    Автор:
    Абдуллах ибн Ахмед Ел Хавил


    Превод:
    М-р. Талха Куртиши

Views: 599 | Added by: tewhid | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube