Main » 2016 » September » 14 » ПОГЛАВЈЕ ЗА МИСВАКОТ И ЧИСТЕЊЕТО НА ЗАБИТЕ СО НЕГО
0:54 AM
ПОГЛАВЈЕ ЗА МИСВАКОТ И ЧИСТЕЊЕТО НА ЗАБИТЕ СО НЕГО

2 - ПОГЛАВЈЕ ЗА МИСВАКОТ[1] И ЧИСТЕЊЕТО НА ЗАБИТЕ СО НЕГО

 

19 - عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ - رضي الله عنه - عَنْ النَّبِيِّ - صلى الله عليه وسلم - قَالَ: (( لَوْلا أَنْ أَشُقَّ عَلَى أُمَّتِي لأَمَرْتُهُمْ بِالسِّوَاكِ عِنْدَ كُلِّ صَلاةٍ.))

 

    19) Од Ебу Хурејре y се пренесува дека Веровесникот r рекол:“ Кога не би му отежнал на мојот Уммет, тогаш би им наредил да ги чистат забите со мисвак при секој намаз.“[2]

 

20 - عَنْ حُذَيْفَةَ بْنِ الْيَمَانِ - رضي الله عنهما - قَالَ: (( كَانَ رَسُولُ اللَّهِ - صلى الله عليه وسلم - إذَا قَامَ مِنْ اللَّيْلِ يَشُوصُ فَاهُ بِالسِّوَاكِ.))

 

    20) Од Хузејфе ибн Ел-Јеман[3] y се пренесува дека рекол:“ Аллаховиот Пејгамбер r кога ќе се разбудеше од ноќниот сон ја триеше[4] устата со мисвак.“[5]

 

21 - عَنْ عَائِشَةَ - رضي الله عنها - قَالَتْ: (( دَخَلَ عَبْدُ الرَّحْمَنِ بْنُ أَبِي بَكْرٍ الصِّدِّيقِ - رضي الله عنه - عَلَى النَّبِيِّ - صلى الله عليه وسلم - وَأَنَا مُسْنِدَتُهُ إلَى صَدْرِي، وَمَعَ عَبْدِ الرَّحْمَنِ سِوَاكٌ رَطْبٌ يَسْتَنُّ بِهِ فَأَبَدَّهُ رَسُولُ اللَّهِ - صلى الله عليه وسلم - بَصَرَهُ. فَأَخَذْتُ السِّوَاكَ فَقَضَمْتُهُ، فَطَيَّبْتُهُ، ثُمَّ دَفَعْتُهُ إلَى النَّبِيِّ - صلى الله عليه وسلم - فَاسْتَنَّ بِهِ فَمَا رَأَيْتُ رَسُولَ اللَّهِ - صلى الله عليه وسلم - اسْتَنَّ اسْتِنَانًا أَحْسَنَ مِنْهُ، فَمَا عَدَا أَنْ فَرَغَ رَسُولُ اللَّهِ - صلى الله عليه وسلم -: رَفَعَ يَدَهُ - أَوْ إصْبَعَهُ - ثُمَّ قَالَ: فِي الرَّفِيقِ الأَعْلَى - ثَلاثاً - ثُمَّ قَضَى. وَكَانَتْ تَقُولُ: مَاتَ بَيْنَ حَاقِنَتِي وَذَاقِنَتِي.))

وَفِي لَفْظٍ ((فَرَأَيْتُهُ يَنْظُرُ إلَيْهِ , وَعَرَفْتُ: أَنَّهُ يُحِبُّ السِّوَاكَ فَقُلْتُ: آخُذُهُ لَكَ؟ فَأَشَارَ بِرَأْسِهِ: أَنْ نَعَمْ )). هَذَا لَفْظُ الْبُخَارِيِّ وَلِمُسْلِمٍ نَحْوُهُ.

 

    21) Од Аиша y се пренесува дека рекла:“ Абдуррахман ибн Ебу Бекр Ес-Сиддик y влезе кај Веровесникот r додека го имав наслонето во мојата прегратка, а со него носеше свеж мисвак со кој ги чистеше забите. Тогаш, Аллаховиот Пејгамбер r го насочи својот поглед кон мисвакот и се загледа во него. Го зедов мисвакот од него, го изгризив за да стане мек и го исчистив, а потоа му го дадов на Веровесникот r. Ги исчисти забите со него, и дотогаш не го имав забележано толку убаво да ги исчисти забите. И штом заврши со тоа, ја дигна својата рака или својот прст, и изговори:“ Кон возвишеното друштво... – трипати.“ – а потоа, ја испушти својата душа.“ – а Аиша y велеше:“ Умре меѓу моето рамо и мојата вилица.“[6]

    А во друг ривајет стои:“ Па, го забележав како гледа кон него,  тогаш сфатив дека го посакува мисвакот, и му реков:“ Сакаш ли да ти го земам? – па, ми климна со главата: Да.[7]

    Ова е преносот на Ел-Бухари, а Муслим забележува сличен на него.[8]

 

22 - عَنْ أَبِي مُوسَى الأَشْعَرِيِّ - رضي الله عنه - قَالَ: (( أَتَيْتُ النَّبِيَّ - صلى الله عليه وسلم - وَهُوَ يَسْتَاكُ بِسِوَاكٍ رَطْبٍ، قَالَ: وَطَرَفُ السِّوَاكِ عَلَى لِسَانِهِ، وَهُوَ يَقُولُ:(( أُعْ، أُعْ )) وَالسِّوَاكُ فِي فِيهِ، كَأَنَّهُ يَتَهَوَّعُ.))

 

    22) Од Ебу Муса Ел-Еш`ари[9] y се пренесува дека рекол:“ Дојдов кај Веровесникот r додека тој ги чистеше забите со свеж мисвак. Го држеше едниот крај од мисвакот врз својот јазик и извикнуваше: У! У! - мисвакот беше во неговата уста, како да сакаше да повраќа.“[10]

 

 

 

[1] Мисвак е еден вид на краток ластар или прачка кој се добива од стеблото или коренот на дрвото кое се нарекува “Ел-Ерак“ (الأَرَاك), и служи за чистење и четкање на забите.

[2] Го пренесуваат: Ел-Бухари, бр. (887), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак во денот на џума“; Муслим, бр. (252), во поглавјето:“ Чистењето  на забите со мисвак“; Малик, во своето дело “Ел-Муветта“ (1/66 стр.), во поглавјето:“ Она што дошло за мисвакот“; Ебу Давуд, бр. (46), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак“; Ет-Тирмизи, бр. (22), во поглавјето:“ Она што дошло за мисвакот“; Ен-Несаи, (1/12 стр.) во поглавјето:“ Дозволата на постачот за користење на мисвакот приквечерината“; и Ед-Дарими (1/174 стр.), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак“.

[3] Тој е Хузејфе ибн Ел-Јеман Ел-Абеси Ел-Гатефани Ел-Кајси y. Еден од познатите асхаби, кој се родил во Мека, а потоа живеел во Медина. Умрел 36-та година според хиџретскиот календар во местото Ел-Медаин. (Погледни во делото “Животописите на благородните личности“ од Ез-Зехеби (2/362 стр.)).

[4] Т.е. ги триеше забите и ја чистеше устата со мисвак.

[5] Го пренесуваат: Ел-Бухари, бр. (889), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак во денот на џума“ и бр. (1136), во поглавјето:“ Долгото стоење во ноќниот намаз“; Муслим, бр. (255), во поглавјето:“ Чистењето  на забите со мисвак“; Ебу Давуд, бр. (55), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак за оној кој се разбудува од ноќниот сон“; и Ед-Дарими (1/175 стр.), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак при ноќниот намаз“.

[6] Го пренесуваат: Ел-Бухари, бр. (890), во поглавјето:“ За оној кој се чисти со мисвак од друг“; Ахмед, во своето дело “Ел-Муснед“ (6/77 стр.); и Ен-Несаи, (4/6-7 стр. ), во поглавјето:“ Агонијата на смртта“.

[7] Го пренесува Ел-Бухари, бр. (4449), во поглавјето:“ Болеста на Веровесникот r и неговата смрт“.

[8] Муслим не го забележува овој хадис во својата збирка со вакво значење и со ваков текст, како што наведува авторот.

[9] Тој е Абдуллах ибн Кајс ибн Сулејм Ел-Еш`ари y. Еден од асхабите, кој го примил Исламот уште во Мека и учествувал во првата и втората хиџра во Абесинија. Потоа, Веровесникот r го испратил на верска мисија во Јемен, заедно со Му`аз ибн Џебел y. Умрел 52-та година според хиџретскиот календар во Мека. (Погледни во делото “Животописите на благородните личности“ од Ез-Зехеби).

[10] Го пренесуваат: Ел-Бухари, бр. (244) во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак“; Муслим, бр. (254) во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак“; Ебу Давуд, бр. (49) во поглавјето:“ Како треба да се чистат забите со мисвак?“; и Ен-Несаи, (1/9 стр.) во поглавјето:“ Како треба да се чистат забите со мисвак?“.

Prezedeno od Kniga Хафиз Абдул-Ганиј Ел-Макдиси

(541 - 600 х.г.)

﴿عُمْدَةُ الأَحْكَامِ مِنْ كَلاَمِ خَيْرِ الأَنَامِ r

УМДЕТУЛ-АХКАМ

(ОСНОВА НА ПРОПИСИТЕ ОД ГОВОРОТ НА ПЕЈГАМБЕРОТ МУХАММЕД r)

 

FUSNOTA

[1] Тоа на арапски се нарекува “Ен-Немиме“ (النَمِيمَة), кој по дефиниција претставува: пренесување туѓи зборови со цел нанесување штета и караница меѓу луѓето.

[1] Ваквата постапка е од посебностите на Аллаховиот Пејгамбер r и од неговите специфики, и не е дозволено никому друг да го прави тоа.

[1] Го пренесуваат: Ел-Бухари, бр. (216), во поглавјето:“ Од големите гревови е нечувањето при мокрењето“; Муслим, бр. (292), во поглавјето:“ Доказот за нечистотата на урината и должноста за чистењето од неа“; Ебу Давуд, бр. (20), во поглавјето:“ Чистењето од урината“; Ет-Тирмизи, бр. (70), во поглавјето:“ Она што дошло во однос на тежината на гревот од нечувањето при мокрењето“; Ен-Несаи, (1/28-30 стр.), во поглавјето:“ Чувањето при мокрењето“; Ибн Маџе, бр. (349), во поглавјето:“ Тежината на гревот од нечување при мокрењето“; Ед-Дарими, (1/188 стр.), во поглавјето:“ Чувањето при мокрењето“; и Ахмед, во своето дело “Ел-Муснед“, (1/225 стр.) и (5/35-36 стр.).

[1] Мисвак е еден вид на краток ластар или прачка кој се добива од стеблото или коренот на дрвото кое се нарекува “Ел-Ерак“ (الأَرَاك), и служи за чистење и четкање на забите.

[1] Го пренесуваат: Ел-Бухари, бр. (887), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак во денот на џума“; Муслим, бр. (252), во поглавјето:“ Чистењето  на забите со мисвак“; Малик, во своето дело “Ел-Муветта“ (1/66 стр.), во поглавјето:“ Она што дошло за мисвакот“; Ебу Давуд, бр. (46), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак“; Ет-Тирмизи, бр. (22), во поглавјето:“ Она што дошло за мисвакот“; Ен-Несаи, (1/12 стр.) во поглавјето:“ Дозволата на постачот за користење на мисвакот приквечерината“; и Ед-Дарими (1/174 стр.), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак“.

[1] Тој е Хузејфе ибн Ел-Јеман Ел-Абеси Ел-Гатефани Ел-Кајси y. Еден од познатите асхаби, кој се родил во Мека, а потоа живеел во Медина. Умрел 36-та година според хиџретскиот календар во местото Ел-Медаин. (Погледни во делото “Животописите на благородните личности“ од Ез-Зехеби (2/362 стр.)).

[1] Т.е. ги триеше забите и ја чистеше устата со мисвак.

[1] Го пренесуваат: Ел-Бухари, бр. (889), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак во денот на џума“ и бр. (1136), во поглавјето:“ Долгото стоење во ноќниот намаз“; Муслим, бр. (255), во поглавјето:“ Чистењето  на забите со мисвак“; Ебу Давуд, бр. (55), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак за оној кој се разбудува од ноќниот сон“; и Ед-Дарими (1/175 стр.), во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак при ноќниот намаз“.

[1] Го пренесуваат: Ел-Бухари, бр. (890), во поглавјето:“ За оној кој се чисти со мисвак од друг“; Ахмед, во своето дело “Ел-Муснед“ (6/77 стр.); и Ен-Несаи, (4/6-7 стр. ), во поглавјето:“ Агонијата на смртта“.

[1] Го пренесува Ел-Бухари, бр. (4449), во поглавјето:“ Болеста на Веровесникот r и неговата смрт“.

[1] Муслим не го забележува овој хадис во својата збирка со вакво значење и со ваков текст, како што наведува авторот.

[1] Тој е Абдуллах ибн Кајс ибн Сулејм Ел-Еш`ари y. Еден од асхабите, кој го примил Исламот уште во Мека и учествувал во првата и втората хиџра во Абесинија. Потоа, Веровесникот r го испратил на верска мисија во Јемен, заедно со Му`аз ибн Џебел y. Умрел 52-та година според хиџретскиот календар во Мека. (Погледни во делото “Животописите на благородните личности“ од Ез-Зехеби).

[1] Го пренесуваат: Ел-Бухари, бр. (244) во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак“; Муслим, бр. (254) во поглавјето:“ Чистењето на забите со мисвак“; Ебу Давуд, бр. (49) во поглавјето:“ Како треба да се чистат забите со мисвак?“; и Ен-Несаи, (1/9 стр.) во поглавјето:“ Како треба да се чистат забите со мисвак?“.

Views: 637 | Added by: tewhid-mk | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube