10:23 PM ПОДГОТОВКА ЗА НАМАЗОТ(ЧИСТОТА) | |
Чистотата е пропишана во Кур’анот и Суннетот. Возвишениот Аллал, субахенеху ве те’ала,вели „„А ако сте џунуби, тогаш искапете се!’’(Ел-Маиде:6) „И облеката своја исчисти ја ’’(Ел-Мудессир:4) „Аллах навистина ги сака оние кои често се каат и ги сака оние кои многу се чистат.’’(Ел-Бекаре:222) Во таа смисла, Аллахјовиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем,рекол „Клучот на намазот е чистотата.’’ „Намазот нема да биде примен без (предходна)чистотиа.’’51 „Чистотијата е дел од иманот.’52 Под чистота се подразбират два вида чистотија: внатрешна и надворешна. Внатрешната чистота подразбира чистење на душата од гревови и непокорност. Се постигнува со искрено покајание за сите сторени гревови и дела од непокорност,односно, со чистење на срцето од сите негативни особини како што се: склоноста кон ширкот, сомнежот. зависта,омразата,злобноста,мамењето,вообразеноста,самодопадливоста, лицемерието, желбата за претсиж и сл. Покрај тоа чистотијата на срцето се постигнува со искреност, сигурно убедување, наклоност кон доброто, вистинљубивост, скромност и желба за свои намери и добри дела да се подредат во согласност со Аллаховото задоволство. Надворешната чистотија,пак,подрзабира два вида чистотија: чистење од секаква нечистотија од материјална природа ( тахаретул хабес) Ова чистотија се остварува со перење на нечистотијата со честечка вода од облеката на клањачот,телото и местото каде што се клања, и да се биде под абдест и гусул, а во случај да нема вода, да се биде под тејеммум (тахаретул хадес) Вода и видови на вода Има неколку видови на вода: -Чиста и исчистена-тоа е она вода која е сама по себе чиста и со која се постигнува чистотија, без разлика дали се работи за морска вода, дождовница,снег или изворска вода, Во овој вид и спаѓа и она вода која е изменета поради друга состојба или поради тоа што се меша со нешто што е чисто, а неможе да се одвои од водата, како што е лист или земја. Во таа смисла Возвишениот, субханеху ве те’ала,вели „...,а од небото Ние чиста вода спуштаме,...“(Ел-Фуркан:48) Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с., рекол: „Водата е чиста,освен ако се извалка со нешто нечисто, па ги смени мирисот, и вкусот и бојата,53 -Чиста но не и исчистена-оваа вода не може да се користи за чистење. Тоа е течност која не може да се нарече вода. Овде спаѓаат оцетот и други слични течности. како и водата која го сменила својето својство со нешто што неможе да се одели од неа (на пример сапун или шафран). Во врска со водата во која че падне нешто нечисто, таа престанува да биде чиста или да се користи за чистење ако измени едно од триве својства: боја,вкус и мирис. Су’р е вода која останува во садот после пиење, Човековата су’р, како и су’р од животно чије месо се јаде, чиста е и може да се користи за чистење, Свинската и кучешката су’р се нечисти. Во врска со мачката су’р, на птицата грабливка и сл. со таква вода може да се абдести, но сепак е подобро да се употреби чиста вода ако се има. Видови нечистотија 1.Дамка од леш- овде спаѓа се што че загине,54 освен риба и скакулец.55 Ако животното падне во вода и загине без да испушти крв. тоа нема да влијаје на нејзината чистота,под услов водата да не изгиуби некоји од нејзините својства.Кожата на лешот станува чиста со штавење,бидејќи Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с. рекол: „Секоја кожа е чиста ако се иштави.’56 2.Крв, сеедно дали се работи за крв која истекува или крв на хајзот и нифасот.Крвта на вошката и на слични суштества не смета; 3.Гној,поврачаница,измет и урина; 4.Животински измет; 5.Кучето и свињата се нечисти. Садот од кој кучето нешто че изеде или испие да се измие седум пати и тоа првиот па со миење со земја или јаки хемиски средства за миење; 6.Ведиј- вид на слузеста течност која понекогаш излегува после напорно мокрење (секрет на простатата); 7.Мезијј- слузеста течност која излегува при надразнување, кај мажите и жените, со тоа што кај жените излегува во поголеми количини. Во врска со спермата, ако е во течна состојба,тогаш мора да се измие, а ако се исуши, тогаш мора добро да се истрије. Чистење по мала и голема нужда Кога човекот врши голема или мала нужда, должен е да го исчисти местото од каде излегла нечистотијата. Најдобро е тоа да се стори со вода. Ако нема вода,тогаш нека зема камен или нешто слично со што ќе ја тргне нечистотијата.Но треба да се води сметка да не се потира со корисни нешта, како на пример платно од лен које може да се употреби за нешто друго,хартија.57 и сл., ниту со тоа што треба да се почитува како што е храната,бидејќи спреќување по на она што е корисно и уништување на она што е добро е забрането (харам). Додека се врши нужда треба да се внимава на следниве адаби-правила: 1.Кога се влегува во тоалет,не смее да се носи со себе ништо што има на себе напишано неко Аллахово име или нешто од Кур’ански ајет, бидејќи Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с. „Носел прстен на кој било изгравирано Мухаммед,Аллахов Пратеник И го вадел про влегување во тоалет.’’58 2 Да се изучи еузу и бисмилла пред да се зачекори во тоалетот со левата нога или пред да ја соблече облеката, ако ја врши нуждата на отворено место.така што ќе каже „Бисмиллахи.Аллахуме инни еузу бике минел хубси вел хабаси’’ Во името на Аллах, Аллаху заштити ме од шејтанот и сите нечистотии;59 3.Треба да се молчи додека се врши нужда и да не се зборува ништо,освен во случај кога мора нешто да се одговори; 4.Да се почитува правецот на Киблата така што нема да да се врти ни од напред ни од назад,туку ќе се ссврти на онаа страна така што Киблата ќе му дојде од лева или десна страна, освен во случај кога е заклонет од Киблата со нешто во непосредна близина, како што е ѕид и сл., бидејќи Аллаховиот Пратеник.,с.а.в.с.,рекол: „Не вртете се, при извршувањето на мала или голема нужда, со предната или задната страна кон Кибла! 5.Да не се врши нужда во животинско дувло, поради можноста во него да има некое животно или друго суштество кое може да му нанесе некоје зло и које че го вознемири без причина; 6.Да не се врши нужда на патеки каде штп поминуваат луѓето и каде што луѓето седат и разговараат; 7.Без потреба да не се врши нужда стоејќи,61 затоа што тоа не му доликува на муслиманот и постои можност да дојде до прскање од урината на облеката; 8.Да не се урина во местото каде се капе,ниту во стоена или течна вода, ниту на гроб, ниту во џамија без разлика дали се врши во некаков сад; 9 Во тоалетот да се влегува со лева нога,а од него да се излегува со десна нога,а излегувајќи треба да се каже: „Гуфранеке’’ (Барам прошка од тебе): 10 Да не се чисти со засушен животински измет и коски, (затоа штоо тоа е храна на џинните муслимани). Задолжително е бришењето или миењето да се извршат само со левата рака,а убаво е е да се извршат непарен број пати, и тоа три пати,пет итн. По извршеното бришење или миење,рацете треба добро да се измијат со сапун. ---------------------Фуснота 51 Муслим.52.Муслим.53.Хадисот го бележи Бејхеки и оценет е како даиф.Меџутоа. неговата основа е сахих и како таков од него се придржуваа исламската улема воопшто.54.Без шеријатско колење, каде што при колењето се изговара:Бисмиллах,Аллаху Екбер’’(заб. на прев).55.затоа што овие два вида не се колат(заб.на.прев.). 56.Муслим.57Хартија за пишување(заб.на.репв.).58.Тирмизи-сахих.59.Бухари.60 Муттефекун алејхи.61.Кај нас малку се води грижа во врска со ова и се смета и се смета за ситница.Меѓутоа, ако се мокри стоејќи. сигурно е дека ќе падне некоја капка на облката што ќе предизвика неисправност на намазот и задгробна казна (заб. на прев.). Припрема -TEWHID.MK www.tewhid.ucoz.org Од Книга-Намазот во Исламот Група Автори-Shayk Muhammed Naasiru-deen al-Albani Nasiruddin Albani
Seid el-Kahtani
Adam Mahama
Muhammed Porca
Ebu Bekr Dzabir el-dzezairi grupa autotora,Islamsko znanje Muhammed ibn Salih el-usejmin
| |
|
Total comments: 0 | |