2:42 AM Ханефиските алими, за пуштањето на брадата(ханефиски месхеб) | |
Кога станува збор за пуштање на брадата исламски научници се едногласни во ставот дека пуштањето на брадата е легитимно и дека строго е забрането заобиколување на овој суннет. (Види: Ел-лихјети фи-девил Китаби вес-сунех, стр. 84) Во оваа прилика ќе цитираме мислења исклучително од ханефиски авторитети и ги изнесеме нивните ставови во врска со пуштањето на брадата од најпознатите дела на ханефискиот фикх, не ограничувајќи се на нејзиниот пропис, туку до општата втемеленост на овој пропис во Ханефискиот мезхеб: 1.Имам Шемсуддин ес-Серхаси (умрел 490 год. по хиџра) откако споменал дека брадата е украс на мажот, рекол: „Основа за сето ова е хадисот во кој Пратеникот, алејхи селлам, рекол: Аллах има свои мелеци кои Го слават со зборовите: Славен нека е Аллах кој мажите Ги украсил со бради.“ (Види: Ел-Мебсут, 26/72, издавач: Дарул-меариф, 1414 Бејрут) 2.Имам Алауддин ел-Касани (умрел 587 год по Х) вели: „Бричењето на брадата се третира како масакрирање на лицето, бидејќи Возвишениот Аллах мажите ги украсил со брада, како што се пренесува во хадисот: „Аллах има свои мелеци кои Го слават со зборовите: Славен нека е Аллах кој мажите Ги украсил со бради.“ (Види: Бедаеус-санаиа, 2/329-330, Дарул ихјаит ареби, 1419, Бејрут) 3.Имам Берхануддин ел-Мерганини (умрел 593 год по Хиџра) вели: „Бричењето на косата, кога во прашање е жената, претставува нејзино масакрирање, како и бричењето на брадата кај мажот.“ (Види: Ел-Хидаје, 1/149, Дару Ихјаит-турасил ареби, 1415, Бејрут) 4.Имам Кемалуддин б. Ел-Хуммам (умрел 681 год по хиџра) рекол: „Кога е во прашање брадата, суннет е да биде во должина на дланката, а она што поминува преку должината на дланката треба да се скрати... а што се однесува до скратување на брадата повеќе од тоа (т.е од должината на дланката) како што тоа го прават некои западњаци (т.е луѓето од западниот дел на тогашната исламска држава) и мажите хермафродити (двополци) никој апсолутно не го дозволил.“ (Погледни: Шерху фетхил-Кадир, 2/348, издавач: Дарул-фикр, Бејрут) 5.Имам Фахрудин ез-Зејлеи (умрел 710 год по хиџра) вели: „Во брадата е украсот на мажите, како се наведува во хадисот,“ потоа го цитирал претходно споменатото предание. (Види: Тебјинул-хакаик, 7/274, Дарул-китабил-илмијјех 1420 Бејрут) 6.Имам Бедрудин ел-Ајни (умрел 855 год по хиџра) во коментар на хадисот во кој Пратеникот, алејхи селам, наредува пуштање на брадата, вели: „Пуштање на брада значи да се достигне својата бујност.“ (Умдетул-Кари, 22/46, Дарул-Фикр, Бејрут) 7.Имам Зејнуддин б. Нуџејм (умрел 970 год по х) појаснувајќи го хадисот каде Пратеникот, а.с., наредува: „Пуштајте бради“, рекол: „Пуштањето на брада значи да се достигне своја бујност.“ (Види: Ел-Бахрур раик, 1/50, Дарул-марифе, Бејрут) 8.Имамот Алија ел-Кари (умрел 1014 год по х) кога го појаснувал хадисот во кој Пратеникот, а.с., вели: „Пуштајте бради“ рекол: „Пуштањето на брада значи да се достигне својата бујност.“ Потоа рекол: „Бричењето на брадата денес е симбол на многумина мушрици кои немаат удел во верата.“(Види: Меркатул-мефатих, 2/84, Дарул-китабул-илмијјех, 1422 Бејрут) 10.Имамот Ахмед ет-Тахтави (умрел 1231 год по хиџра) вели: „Мухаммед (ученик на Ебу Ханифе) пренесува во своето дело, дека имам Ебу Ханифе дозволил кратење на брадата која ја помине должината на дланката.“ (Види: Хашијјетут-Тахтави, стр 526, издавач: Дарул-китабул-илмијјех, 1418, Бејрут) 11.Имам Халил ес-Сехаренфури (умрел 1346 год по х) вели: „Бричењето на брада денес е симбол на многу мушрици кои немаат удел во верата и на оние кои ги следат и имитираат.“ (Види: Безлул меџхуд, 1/130, издавач: Дарул-китабул-илмијјех, без година на издавање, Бејрут) 12.Имам Зафер ет-Теханеви (умрел 1394 по хиџра) вели: „Ако брадата е бујна, тогаш се пере само нејзниниот надворешен дел“, потоа го насловил поглавјето: “Изгледот на брадата на Пратеникот, алејхи селам“(Види: Иалаус сунен, 1/38-40, издавач: Дарул-китабул-илмијјех, 1418, Бејрут) Ханефиските алими не го дозволуваат дури ни бричењето на влакната кои ќе израстат на вратот од мажот, па како да дозволат бричење на брадата?! (Да се погледне: Ел-фетавал-хиндије, 5/358, Меркатул мефатих, 8/272) Значи, пуштање на брадата до должина на дланката е легитимно кај сите исламски алими, додека ханефиските правници се особено строги во тој поглед што јасно се заклучува од претходно цитираните изјави. Кога човек би го живеел животниот век на Нух, а.с., и деноноќно би ги листал делата на ханефискиот мезхеб (па и на другите мезхеби) нема да најде ниту една буква со која се негира или осудува пуштањето на брадата. Напротив, едногласно ја потврдуваат легитимноста на овој пропис и го споменуваат само во пофален контекст. Ако човекот поради слабост на својот иман или некакви други мотиви не сака да пушти брада, тоа е негов личен избор, за кој ќе биде прашан на Судниот ден и ќе мора да понуди правилно оправдување. Меѓутоа, подсмевањето со овој пропис е крајно опасно и најмалку што треба да направи шеријатскиот обврзник во овој случај е да молчи, сходно со хадисот: „Кој верува во Судниот ден нека зборува добро или нека молчи.“ М-р Сафет Кудузовиќ припрема TEWHID.MK www.tewhid.ucoz.org facebook.com/TEWHID.MK | |
|
Total comments: 0 | |