
Се пренесува дека Џехм ибн Сафван, основоположникот на заталканата секта џехмии и посејувач на големо зло ширум исламскиот свет,во една прилика,дојде кај Ебу Ханифе и му рече:
-Дојдов да поразговарам со тебе за некои прашања кои одамна ти ги имам подготвенпа,Ебу Ханифе му одговори:
-Да се разговара со тебе е срамота,а да се дебатира со тебе е оган врел.
На тоа , Џехм рече:
-Како можеш за мене да донесуваш таков суд , кога досега никогаш ниту си ме сретнал ниту си ме слушнал?!
А,Ебу Ханифе му одговори:
-Слушнав за некои твои тврдења,какви што не може да ги искаже човек кој се врти кон Кибла.
-Зарем за мене донесуваш суд врз основа на приказни ?!-праша Џехм,а Ебу Ханифе му одговори:
-Таквите твои тврдења познати им се на сите , како на учените луѓе така и на обичните,па нема никаква потреба нивната веродостојност и да се посомневам дека не си ги изрекол.
На тоа,Џехм рече:
-Сакав да те прашам само нешто во врска со иманот-па,Ебу Ханифе го праша:
-Зарем досега не ти стана јасно што преставува иманот - па дојде мене да ме прашаш?
-Да-одговори Џехм- само што во еден вид од иманот се сомневам-па Ебу Ханифе го предупреди:
-Сомнежот во Исламот е неверство.
-Немаш право да ме прогласуваш за неверник,додека од мене не слушнеш дека сум изговорил зборови на неверство-одговори Џехм, па Ебу Ханифе најпосле му рече:
-Прашај што сакаш?!
На тоа Џехм му рече:
-Кажи ми ,што мислиш за човекот кој го спознал Аллаха со своето срце, уверен дека Тој е Еден ,дека нема содружник,и дека никој не Му е равен,та да Го спознае по Неговите атрибути ,а потоа умре ,не потврдувајќи го својот иман со јазик,тогаш дали умрел како верник или како неверник?
-Како неверник умрел-одговори Ебу Ханифе и додаде:
-Таквиот ќе гори во џехеннемскиот оган затоа што не го потврдил со јазикот она што го спознал со срцето,освен во случај,нешто да го спречило тоа да го изговори.
-Како може да биде неверник кога со своето срце вистински го спознал Аллаха?-праша Џехм,па Ебу Ханифе му одговори...
-Ако веруваш во Куранот ,ќе ти наведам несоборлив доказ од Куранот,а ако не веруваш во него и не го прифаќаш како аргументиран доказ,тогаш ќе ти зборувам како на немуслиман.
-Напротив ,јас верувамво Куранот и го прифаќам како доказ-одговори Џехм, а Ебу Ханифе му рече:
-Возвишениот Аллах џ.ш, вели:
"И кога го слушаат она што е објавено до Пејгамберот.ги гледаш како нивните очи ронат солзи,заради некои познавања нивни на Вистината. Зборуваат:"Господару наш,ние веруваме и,тогаш запишине меѓу сведоците!"
"Зошто да не веруваме во Аллах и во Вистината која ни доаѓа,бидејќи тежнееме,Господаре наш.да не вброиш меѓу добрите.
Па Аллах ќе ги награди за она што го зборуваа со бавчите џеннетски низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат.Ете,тоа е награда за доброчинителите!"
-Значи,тие прво ,прво вистината ја спознале со срце,а потоа, ја потврдиле со својот јазик,па Аллах џ.ш, заради тоа изговарање ги вовел во џеннетските бавчи.
Возвишениот на друго место во Куранот вели:
"Кажете: "Ние веруваме во Аллах , и во она што ни е објавено,и во она што му беше објавено наИбрахим и на Исмаил,и на Исхак,и на Јакуб,и на внуците;и во она што му е дадено од Господарот нивни на Муса,и на Иса,и на пејгамберите пред нив..."
Според тоа,Аллах џ.ш,им нареди своето верување да го потврдат и со јазик,а не да се задоволат само со спонизбата на срцето и разумот.
Аллаховиот Пејгамбер Мухаммед а.с рекол:
"Кажете:" Нема бог освен Аллах!"-па ќе успеете и ќе бидете спасени!"
-Значи , и Пејгамберот а.с. успехот и спасот ги условувал со спознавањето со срцето и истото потврдување со јазикот. Аллаховиот Пејгамбер а.с исто ака,рекол:"Од огнот ќе се спаси оној кој ќе изговори:"Само Аллах е бог!", а не рекол дека ќе се спаси од огнот оној кој само со срцето ќе го спознае Аллаха џ.ш,,
-Кога би било точно она што ти го тврдиш,тогаш поради спознавањето со срцето и негирањето на Господарот со јазикот,многу неверници би биле верници. Зарем Возвишениот Аллах џ.ш, за таквите не рекол:
"Ги пренебрегнуваа, а во себе ги признаваа, дувајќи се и силејќи се.Па,погледни каква беше казната за безредниците!"
-Значи,Аллах џ.ш, не рекол дека ,заради своето верување,со срцето се верници,туку заради негирањето со својот јазик,се неверници.
Ебу Ханифе и понатаму во оваа смисла можеше да продолжи,понекогаш служејќи се со докази од Куранот,а понекогаш од хадисот,но Џехм повеќе неможеше да го поднесе,па се повлече и побегна од кај Ебу Ханифе,говорејќи:
-Се сетив на нешто што го имав заборавено ,веднаш ќе се вратам!
Па си замина , и никогаш повеќе не се врати кај Ебу Ханифе.....
НЕКА Е СЕЛАМ И СПАС НА СИТЕ ИСКРЕНИ И ПРАВЕДНИ ВЕРНИЦИ...
Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhid.MK
|