
Тој е шејхул – ислам, Ахмед б. Абдул Халим б. Абдус Селам б. Абдуллах б. Мухаммед б. Худр б. Али б. Абдуллах б. Тејмијје Немири Харрани потоа Димешки, Ебул Аббас Текијју Дин. Роден е во Харран, во понеделникот, на десети ребиул евела, 661 х.г. откaко Татарите ја окупирале држата Шам, Ибн Тејмијје заедно со својот татко се преселил во Дамаск и тоа 667 х.г., каде и пораснал. Шејхул – ислам пораснал во убава околина, во закрилата на својот татко, кој бил имам, многу добар и побожен човек, па неговиот татко се посветил кон неговото убаво и научно воспитување. Зејхеби зборувајќи за воспитувањето на Шејхул – ислам вели: „Воспитуван е во потполна заштита и скромност, робување и побожност, умереност во облекувањето и храната. Присуствувал на дерсови и прослави во детството. Расправал со великани, така да знаел со докази да ги замолчи. Кажувал зборови поради кои се чуделе
...
Повеќе... »