Main » Files » СИРА |
10.06.2014, 10:49 PM | |
Кога Аллаховиот Пратеник,а.с., имал скоро четириесет години живот, и кога неговите размислувања за минатото и сегашноста го расветлиле неговиот ум,јазот помеѓу него и неговиот народ се повеќе и повеќе се продлабочувал. Тогаш ја засакал осаменоста. Ќе земел со себе храна и вода, и и заминувал во пештерата Хира на ридот Нур оддалечен околу две милји од Мека. Тоа е една убава пештера, која што е долга четири аршина,а широка еден аршин и три четвртини. Тој го поминувал месецот Рамазан во таа пештера. Ги хранел сиромашните,кога ги срееќавал по пат. Времето го поминувал во ибадет и во размислување за сето она што го опкружува,па и за вселената. Размислувал што се крие зад тоа,која е таа сила која што ја движи сето тоа.Бил сигурен дека неговиот народ погрешно го обожава Аллах. Тие живеаат во заблуда и прават ширк,веруваат во кипови.Но.Мухаммед нема јасен пат по кој би тргнал,немал програма која би ја спроведувал во дело,а ниту определена цел со која би бил задоволен и спокоен.105 Изборот на Аллаховиот Пратеник на ова мало тивко место,бил дел од Аллаховата грижа за него и дел од Аллаховиот план за него. Ааллах.џ.ш. , го подготвувал за она што го очековало. Постои голема вистина во тоа дека каква била преобразба, се разбира духовна,човекот ја доживува откако ќе го сумира она што му изминало од животот.а да го направи тоа,неопходно е да се осами,изолира или да се повлече на некоје време,затоа затоа што со тоа постигнува полна концетрација во размислувањето,невознемируван од секојдневните животни ситуаци,од луѓето и од нивните проблеми и грижи кои што вообичаено го прекупираат. На тој начинн Аллах,џ.ш., го подготвувал Мухаммед,а.с., во тишината и во осаменоста на ридот Нур,во пештерата Хира. Го подготвувал за на своите плеќи да го понесе најголемиот аманет на човештвото.аманетот што ќе го промени лицето на Земјата и ќе ја врамнотежи историјата. Аллах.џ.ш., го подготвувал Мухаммед,а.с., три години за тешката и одговорна должност која што го очекувала.Тој би се осамувал после смрта, какви тајни крие животот,а какви смрта,итн. Тоа така траело се до одредениот момент,до одредената средба со непознатото, кога Аллах,џ.ш., ќе му даде дозвола. МЕЛЕКОТ ЏИБРИЛ ЈА ДОНЕСУВА ОБЈАВАТА „ИКРЕ“ Кога Аллаховиот Пратеник, а.с., ја наполнил четириесетата година, која што се смета за година на човечката зрелост,а казуваат дека токму во четириесетите години и другите пратеници добивале Објави, почнале да се јавуваат знаците на пратеништвото и во нормалниот живот. Првите траги биле соништата ер руја. Соништата му биле јасни и чисти како утринското разденување му се појавувале цели шест месеци,а пратеништвото траело дваесет и три години. Ова ер руја преставува еден дел од четириесет и шесте делови на пратеништвото. Во текот на веќе третиот рамазан како Аллаховиот Пратеник, с..а, се осамува во Пештерата Хира, Аллах,џ.ш., одлучил да ја спушти својата милост врз земјата,да го почести човештвото со пратеништво,па го испратил Џибрил кај Мухаммед, а.с., мелекот со ајетите од Куранот.106 Преку календарски пресметување и преку постоечките докази,није можеме да тврдиме дека објавувањето на Куранот започнапо во понеделник, на дваесет и првиот ден од Рамазан,вечерта,а што одговара на десети абгуст 610 година н.е.. Аллаховиот Пратеник,а.с., тогаш имал точно четириесет лунарни години и шест месеци и дванаесет дена,или околу триесет и девет сонцеви години и три месеци и дваесет и два дена.107 Аиша,р.а. ни раскажува приказна за самиот настан, за светлината која што почнала да ги растерува темнината и мракот на неверството и заблудата,Со посредтсво на таа светлина почнала да се менува текот на животот и судбината и историјата. Првиот вид на Објава за Аллаховиот Пратеник,а.с., била „ер руја ес садик“,вистинити соништа.Тие соништа доаѓале јасно како зазорув ање на зората, а веднаш после тоа тоа сакал да се осами,и тоа го правел во пештерата Хира.Секој пат бил се повеќе побожен и богобојазлив. Поминувал пои неколку ноќи во ибадет,а пред да замине во Хира го знабдувал домот со се, ја посетувал Хатиџа,р.а., па дури тогаш заминувал во осаменост. Тоа траело до појавата на мелекот,кој што дошол кај Аллаховиот Пратеник,а.с., во пештерата Хира. Џибрил му кажал:,,Читај!“,а Мухаммед а.с, му одговорил: „Јас не знам да читам.“ ,па продолжил: „Потоа ме зеде,па ме привлече кон себеси,а потоа ми остргна од себеси. Тоа го направи силно и јако три пати, а по третиот пат кажа: ,Читај во името на Господарот твој кој создава,го создаде човекот од грутка крв! Читај,зошто Најблагороден е Господарот твој, Кој поучува со перо, Кој го подучува човекот за она што тој не го знае.““108 Аллаховиот Пратеник а.с., се вратил возбуден и исплашен,влегол кај Хатиџа,р.а., и рекол: „Покријте ме!“ Го смириле се додека не зи заминал стравот од него, потоа и рекол на Хатиџа,р.а., Што му се случи!“, па и ја раскажал новоста и и рекол: „Стравував за себе.“, а Хатиџа,р.а. му рекла: “Не се колнам во Аллах,Аллах никогаш нема да те посрамоти.Ти си човек кој што ги посетува роднините, внимава на сиромашните,ги снабдува сиромашните,го угостува гостинот,секогаш помага и истрајува на вистината.’ Хатиџа заминала со Мухаммед.а.с., кај својот братучед од чичко кој што се нарекувал Верека ибн Нефвел ибн Есад ибн Абдул-уза. Во предисламскиот период тој го примил христијанство и знаел да пишува на хебрејски, па го препишувал Евангелието. Тој бил слеп и со седа коса.Го затекнале како го препишува Ел Китабул Ибранијј. Хатица,р.а., му рекла: „О роднино, слушни ја приказната на синот од твојот брат!“, па Верека кажал: Раскажувај ми роднино,што има:“ Аллаховиот Пратеник,а.с., го известил за настанот кој што се случил во пештерата Хира.Верека го слушал и му рекол: „Тој бил Божјиот поверник кој што Аллах го испратил и кај Муса, Ех, да бев помлад,ако Бог даде да бидам жив кога твојот народ ќе те прогони!“ А, Аллаховиот Пратеник,а.с., кажал: „Зарем тие ќе ме прогонат?“ „Да, знај дека ниту еден којшто доаѓал со ова како и ти, не бил без непријател.Ако дочекам тој ден, од се срце че ти помогнам!“ Меѓутоа, Верека набргу починал,а Објавата престанала.109 Таберани и Ибн Хишам пренесуваат некои дополнувања што се од полза,на пример,дека Аллаховиот Пратеник,а.с., после објавата изненаден излегол од Хира-Пештерата,па веднаш се вратил назад и дека после краток престој заминал во Мека. Преданието на Таберани фрла светлина врз причините за неговото заминување;еве го тој текст: Аллаховиот Пратеник,а.с., по говорот за доаѓањето на Објавата,реколол: „Мене,од Аллаховите суштества, најомразени ми се поетот и лудакот. Несакав ниту да ги видам. Им кажав на Курејшиите за нив никогаш да не ми зборуваат! Ако тоа го направаат ќе се искачам на врвот на ридот.ќе се фрлам од него и ќе се убијам, па ќе се одморам!“ Потоа продолжи: „Излегов за да го направам тоа, па кога дојдов среде ридот,чув глас од небото како зборува: ,О Мухаммеде! Ти си Аллахов Пратеник,а јас сум Џибрил!““ Потоа кажа: „Ја подигнав главата кон небото и го видов Џибрил во човечки лик. Му ги видов само нозете на хоризонтот.Тој кажа: , О, Мухаммеде, ти си Аллахов Пратеник,а јас сум Џибрил!’ Пратеникот,а.с., кажа:,, Застанав и почнав да гледам во него,па тоа ме отргна од мојата поранешна намера; не тргнав ниту напред ниту назад. Постојано се обидував да го тргнам погледот од него на другата страна на небото, но каде и да ја свртев главата тој беше насекаде.Така стоев во место, ниту напред ниту назад се додека Хатиџа не испрати по мене да се вратам. Гласниците дошле и се вратиле дома, а јас не можев да се помрднам од место.Потоа Џибрил замина,а јас и се вратив кај мојето семејство.110 Кога стигнав дома,седнав покрај Хатиџа,се потправ на неа,па таа ми кажа:,О, Ебу Касиме,каде беше? Се колнам во Аллах,ги испратив за да те бараат по цела Мека и не те најдоа!’ Потоа јас и раскажав што видов. Таа кажа: ,Израдувај ме и стани. Се колнам во Аллах,сакам да бидеш Пратеник на овој уммет.’111 Потоа таа стана и побрза кај Верека,па и него го запознала со настанот,а Верека и кажал: ,Кудсун! Кудсун,Аллаху,Аллаху се колнам во Оној во чии раце е мојот живот,на Мухаммед му се јавил Аллаховиот гласник,кој што доаѓал и кај муса.Тој е Пратеник на овој уммет (народ).Кажи му, о Хатиџа, нека биде цвсрт и постојан!“““ Хатиџа,р.а., се вратила и му ги пренела зборовите на Верека. Кога Аллаховиот Пратеник,а.с., го завршил простојот во пештерата Хира,се вратил. во Мека,Го сретнал Верека и тој откако ја слушнал приказната од Аллаховиот Пратеник,ас., , кажал: „Се колнам во Оној во чии што раце е мојот живот, ти си Пратеник на овој уммет!Тебе ти дошол Аллаховиот повереник,кој што му доаѓал и на Муса.““112 Припрема и обработка-TEWHID.MK Од Книгата : Запечатената Џеннетска Напивка Автор :Сафијурахман Ел Мубарекфури Фуснота 105.Ибн Хаџер кажува:„Раскажува Бејкехи дека рујата траелча 6 месеци, Заради тоа,смета дека, ако пратеништвото започнало со рујамтогаш започнало во ребиул евел после наполнати цетириесет години од живототма Објавата на јаве започнува во Рамазан-Фетхул Бари,1/27. 106.Историчарите многу се противречат околу месецот во кој што Аллаховиот Пратеник.а.с, почнал да добива Објава,Повечето од нив сметаат дека тоа бил месецот Ребиул-еввел,а останатите сметаат дека е рамазан.Некои пак мислат дека Месецот е Реџеб „Мухтесар Сира“ од Неџдиј,стр.75. Ние избравме друго мислење,т.е. дека тоа е месецот рамазан,затоа што Аллах,џ.ш. кажува „Месецот рамазан е месец во кој е објавен Кур’анот...“ (Сура 2/185,и Сура 97:1). 107.Познато е дека ноќта Лејлетул кадр е во рамазан (сура 44:3), а и Аллаховиот Пратеник во Хира престојувал во време на Рамазан,каде каде и што им се појавувал Џибрил.Исто така има и противрецни мислења околу денот во кој што започнала Објавата,Кажуваат во седмиот ден,а другите говорат во седумнаесетиот ден,а трети кажуваат во осомнаесетиот.Погледни во претходно кажаното дело,стр 75, и во „Рахметун лил Алемин,1/49.Худариј е категоричен е во мислењето деко тоа е седумнаесетиот ден на рамазан,Неговото дело1/69., Јас сметам дека тоа е дваесет и првиот ден на рамазан гледајќи на тоа дека задолчжително бил понеделник. Тоа нам ни го подврдува хадиост кој што го пренесуваат хадиските науцници,Се пренесува од Ебу кадате ,дека Аллаовиот Пратеник,а.с., запрашан за постот во понеделник одговорил: Во понеделник сум роден,во понеделник започна да ми слегува Објавата’, што ги потврдуваат зборовите на хадисот;пренесува Сахихул Муслим,1/368;ахмед V/299; Ел Бејхеки IV/286,300;Ел Хаким II/602. Понедалникот во таа година одговара на датумите,седмиот четиринаесетиот, дваесет и првиот рамазан и дваесет и осмиот,а веродостојни преданиа тврдат дека ноќта Лејлетул Кадр спаѓа во последните десет дена во рамазан,Ако го споредиме ајетот: „Ние почнавме со Објавата во ноќта Лејлетул Кадр“: хадисите,а сите календарски пресметки доаѓаме до каклучок дека таа ноќ билча во дваесет и првиот рамазан Таа ноќ на Ресулуллахма.с. му биле онјавени само пет ајети од сура Ел Алек. 108Сахихул Бухари 1/2,3; Бухари овој хадис го извадил од книгата „Тефсир и толкување на руја’ Има помали разлики во текстот на едниот и другиот хадис. 109.Текст од таберани,II/207... 110.Текст Ибн Хишам,237-238 111Пренесено во кратки црти од Ибн Хишам,I/238 112,Фетхул Бари ,I/27,XII/360. | |
Views: 366 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |