Main » Files » СИРА |
10.25.2014, 1:55 AM | |
1.Има такви кои ги напуштаат своите огништа упатувајќи се кон подрачје каде што владее Аллаховиот закон пропишан на јазик на Неговиот Пратеник,алејхи-селам.Ете,таков човек може да се надева на добро и (награда).Тој ќе ја достигне целта на својата намера.Поради тоа Пратеникот вели: “...тогаш, тоа преселување е кон Аллах и Неговиот Пратеник...“ 2.Преселба поради материјална корист.На пример.човек слушнал дека во некој исламски регион постои можност за добар Финансиски профит и од некоја неисламска област се преселил во таа исламска област. Меѓутоа,тој нема наум никаква манифестација на исламот ниту пак покажува интерес за верата.Тој е заинтересиран само за материјална добивка. 3.Човек се преселува од неисламска во исламска област поради жена со која сака да склопи брак.Нему му е речено: можеш да је ожениш само во исламска област и не смееш со неа да отпатуваш во некоје подрачје каде што исламот не доминира.и поради таа причина тој се преселил во во исламска област. Значи, преселбата на посакувачот на материјалната добит и посакувачот за жената не е поради Аллах и Неговиот Пратеник. Поради тоа е речено: “... неговото преселување е поради што тој го наумил.“,а не е речено:“...неговата преселба е поради материјалната добит или жената со која тој сака да се ожени.“ Зошто? Можеби поради непотребната должина на таков додатен говор на тематскиот хадис,а можеби поради ништожноста на расипаната намера. Во секој случај,нема сомневање дека посакувачот на метријалната добит и посакувачот на жената не можат да се споредат со намерата на првиот кој искрено се преселил поради Аллах и Неговиот Пратеник. Видови на хиџра(преселба) Преселбата може да биде Хиџретул-меќан, физичко напуштање на секојдневното живеалише. Тоа е кога човекот го напушта своето место место на живеалиште каде што гревовите и неморалот добиваат на замав. Таа преселба може да се оствари од област каде што доминира атеизмот во некое друго место поштедено(од тоа зло).најдобра хиџра е преселбата од дарул-куфр11 во некоје исламско подрачје.Меѓутоа,доколку никој не го попречува манифестирањето на исламските начела,тогаш хиџрата не е строга исламска должност туку е само препорачлива. Поради тоа, патување во дарул-куфр е поголем грев од самото живеење во него бидејќи ако човекот не е во состојба слободно да го манифестира исламот,тогаш тој мора да го напушти тоа живеалиште.Исто така, доколку некој живее во дарул-куфр12 и муслиман е , не треба да патува во дарул-куфр поради опасноста по неговиот и можноста за непотребно трошење на неговиите пари јакнејќи ја на тој начин финансиската моќ на неверниците. Затоа на муслиманот не му е дозволено да патува во дарул-куфр освен ако ги исполнува три услови: 1.Да поседува одреден ниво на знаење со кое ќе ги отурне од себе сите сомнежи бидејќи неверниците постојано се обидуваат да внесат сомнеж кај муслиманите во врска со исламот,со Пратеникот,со Кур’анот и исламскиот морал.Со секој детал се обидуваат да го збунат и да го посомневааат човекот.Доколку муслиман се посомнева во нешто што треба да биде длабоко уверен,тогаш тој не ја исполнил строга верска должност.Верувањето во Аллах,мелеките,книгите,пратениците,Судниот ден и Аллаховото одредување е строго верска должност во која треба да се биде цврсто уверен и доколку некој се посомнева во нешто од тоа, тогаш тој е отпадник од исламот. 2.Да биде искрен и докажан верник чие што убедување во вистината на исламот ќе го чува од сомнежи. Човек со слабо верување многу лесно “се дави“ во украсите на овој свет кои што во изобилије ги има во алкохолот,блудот и хомосексуализмот. 3. Да има потреба или нужда која ќе го натера на пат во дарул-куфр. На пример,болест или научна гранка во која се специјализирал или поради остварување на некој бизнис-договор. Муслиман ќе отпатува, но,по остварувањето на целта веднаш треба да се врати. Значи,треба да постои причина за тоа патување. Во контекст на наведеното мислам дека тие што патуваат во дарул-куфр туристички побуди се грешни и секој ценет потрошен на такво патување за нив е харам. Така, на Судниот ден ќе одговараат за таквото трошење на имотот кога нема да пронајдат никакво место за уживање или провод. Тогаш ќе им останат само нивните дела. Тоа е непотребно трошење на имот и опропастување на моралот, а можеби со нив се и вните семејства. Зацудувачко е како патуваат во тие земји каде не се слуша езанот туку само рогот на синагогите и камбаните на црквите. Таму остануваат долг период и нив навистина ги погодува големо зло.Аллах нека не заштити и сочува! Ова е големо искушение и неволја со који сме погодени поради нашите гревови како што Возвишениот Аллах вели: “А несречата која ве погаѓа...тоа е заради она што го спечалија рацете ваши,а Он многу и простува.“ (Кур’ан,4/30) Луѓето се сведоци дека овие слочувања се вистинити,но, нивните срца како да се од камен. Возвишениот Аллах рекол: “Ние ги казнуваме,а тие, ете, не Му се потчинуваа на Госпопдарот свој, а ниту го молеа понизно.’(Кур’ан,23/76) Беа казнети,па и покрај тоа не се потчиниа на Аллах и не го молеа понизно плашејќи се од Неговата казна. Нивните срца беа како камен тврди и мртви.Поради тоа тие беа сведоци на големи случки но срцата им беа како санта лед(и тие не се поучија).Аллах го молам да не сочува од мртвилото на срцето! Кога луѓето би биле разумни и во постојано будност а нивните срца живи,никогаш немаше да се најдеме во ова ситуација на катастрофална војна каде што војски и банди не напаѓаат а многу ретко некој од умметот реагира на тоа. и во таква тешка состојба на умметот некои луѓе одат со своите семејства поради провод во дарул-куфр каде што царува неморалот! Повторувам,доколку некој не е во состојба слободно и јавно да го манифестира исламот во дарул-куфр,строга верска должност му е да се отсели од таму! Меѓутоа,ако е во прашање патување во такви подрачја ширење на исламот и ако сме сигурни дека навистина ќе има позитивни резултати,тогаш тоа патување е дозволено. Важно е да се нагласи дека во дарул -куфр има многу луѓе кои од исламот не знаат ништо.Тие се измамени со информации дека исламот е вера на дивјаштво и културна заостанатост.Тие се посебно исфрустрирани од постапките на некои “Муслимани“ и се прашуваат: каков ислам,ова е дивјаштво! Не сакаат да чујаат за исламот само само поради постапките на некои “муслимани“. Аллах го молам да не упати кон Вистината. Хиџретул-амел. Секојдневна хиџра на верникот. Тоа е кога човекот ги напушта гревот и порокот што Аллах му го забранил. Во тој контекст Пратеникот,алејхис-селам,вели: “Муслиманот е тој што од чија рака и јазик се поштедени муслиманите. Вистински преселник (мухаџир) е тој што го напушта оноа што Аллах го забранил .“13 Поради тоа, напушти го сето она што Аллах ти го забранил без оглед дали станува за твоите обврски кон луѓето.14 Не збори бесрамно,не клевети,не убивај,не поткрадувај,немој безсправно да јадеш од имотот на сиракот, немој да им бидеш непослушен на своите родителии не прекинувај ги роднинските врски.Дури и кога душата те повикува кон такво нешто,сети се дека тоа ти е забрането и одалечи се од тоа. Хиџретул-амил.Прекинување на пријателски односи со грешник Такво нешто е потребно кога е во прашање човек што јавно греши и не обрнува никакво внимание на тоа. Доколку се утврди дека прекинувањето на пријателска врска ќе има ефект врз него,тогаш треба така и да се постапи.Ефектот е во тоа што тој треба да се зпонае себеси и да го напушти гревот.На пример,човек станал познат по својето поткрадување во купопродажбата тогаш луѓето да ги прекинаат односите со него. Таа нивна постапка можеби ќе го натера да се покае. Или човек навикнал на камата,луѓето ќе ги прекинаат односите со него на тој начин што нема да го поздравуваат ниту да му се обраќаат. Можеби таков однос ќе предизвика кај него чуство на срам и вина па тоа да биде повод за неговото отргунање од тоа забрането дело. Меѓутоа,доколку се утврди дека прекинувањето на односите нема да даде резултат,а во прашање е грешник а не неверник,тогаш не е дозволено постојано прекинување на односите со него бидејќи Пратеникот,алејхис-селам,вели:На верник не му е дозволено да ги прекине односите со својот брат повече од три дена; се среќаваат еден со друг, и ги вртат главите еден од друг.Подобар е оној што прв ќе се помири.“15 Став на ехлис-сунне вел-џема’а е дека гревовите не се причина човекот да се прогласи за неверник. Останува да се размотри дали бојкот како воспитна мерка кон грешникот е корисен или не. Доколку се покаже како корисен,тогаш ќе се практикува.Доказ за тоа е слушката со Ка’б ибн Малик, Хилал ибн Умеје и Мураре ибн Реби’а,радијаланху анхум. Тие неоправдано изостанаа од битката на Тебук и поради тоа Пратеникот,алејхис-селам прогласи општ бојкот кон нив. Овој потез беше од голема корист бидејќи искрено се покајаа и само од Аллах помош бараа бидејќи им се чинеше дека дури и земјата е претесна да ги прими!Длабоко се увериа дека излезот е само кај Аллах и со својето искрено покајание ја заслужија прошката на Возвишениот Аллах.џ.ш.16 Фуснота----------------------------- 11. Подрачје каде што доминираат други идеологии и религии чии следбеници го забрануваат или го ограничуваат манифестирањето на исламските прописи и обреди.Во овој случај хиџрата е ваџиб,строга исламска должност. 12.Подрачје каде што доминира исламот. 13.Бухари, бр.6484 14. На пример, во меѓусебни трговски односи каде што човек превзема обврска но можеби таа работа соджи одреден вид на камата или слично. 15Бухари, бр.6077 16.Ова случка можеш да ја прочиташ кон крајот на ова книга
Припрема и обработка-TEWHID.MK Од Книгата : Ријадус-салихин автор Ебу-Зекерија Јахја ибн Шереф Ен Невеви КОМЕНТАР: Мухаммед ибн Салих ел-Усејмин | |
Views: 303 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |