Main » Files » СИРА |
09.16.2014, 11:09 PM | |
Хашими
Тој ја наследил грижата околу напојувањето и прехранувањето на аџиите од Бену Абду-Менаф.Претходно споменавме дека било извршено помирување помеѓу Абду-Менаф. и Абдид Дар,кои што меѓусебно си ги поделиле позициите.Хашим бил угледен жител на Мека и прв кој што на аџиите им обезбедил храна(попара-издробен леб).Тој се викал Амр,а Хишам му бил прекар кој што го добил заради дробењето на леб за попара.Тој,исто така,е прв кој што одредил и спровел во пракса зимското и летното патување на Курејшиите заради трговија.За неговата добрина и остроумност зборуваат и многубројни предисламски поети. Имало и интересни настани поврзани за Хашим. Тој проповеда дека еднаш тргнал на трговско патување во Шам.Кога пристигнал во јестриб-Медина,се оженил со Селма,ќерка на некој Амр од родот Бену Адиј бин Неџар,па останал да живее кај неа. Отаму повторно тргнал кон Шам, а таа останала бремена.Хашим починал во Газа,град во Палестина, а Селма го родила Абдул-Муталиб,во 497 год.не.е.Таа го нарекла Шејбе Седиот,заради седиот прамен коса со кој што се родил.68 Селма го исчувала детето во домот на својот татко,во Медина,Родот на Хашим од Мека незнаел за него.Хашим имал четири сина и пет ќерки. Негови синови биле: Есед,Ебу Сајфи,Надлет и абдул-Муталиб, а негови ќерки биле:Еш Шифа,Халида,Даифа,Рукаја и Џенета.69 Абдул-Муталиб Зборувавме дека снабдувањето на хаџиите со вода и храна од Хашим преминала на неговиот брат Ел Муталиб бин Абду-Менаф.Тој во својето племе уживалл многу голем углед,чест и имал голема вредност.Курејшиите го нарекле Ел Фејад-Дарежливиот.Кога Шејбе (подоцна Абдул-Муталиб) станал младич или уште постар,дознал за неговиот чичко Ел Муталиб бин Абду-Менаф,па замина во јесриб да го побара.Кога го пронашол и го видел, тој заплакал,го прегрнал и го качил на својата камила.Младичот слегол и несакал да тргне се додека мајка му не дозволи. Ел Муталиб ја прашал,а таа одбила да му го даде својот син на чичко му. Ел Муталиби рекол: „Тој би заминал на имотот на својот татко,во Божјиот храм!“,па тогаш мајка му му дозволила да тргне.Ел Муталиб влегол во Мека качен на камила,а зад неговиот грб јавал младичот.Луѓето покажале со прст кон младичот и зборувале: „Ова е робот на Абдул-Муталиб!“Ел Муталиб им одговорил: „Засрамете се, ова е синот на мојот брат Хашим!“ Младичот живеел кај својот чичко до зрелоста.Отприлика во тоа време починал и Ел Муталиб во Редман,месност во Јемен.Сите негови работи ги наследилАбдул-Муталиб. Тој го извршил меѓу својот народ она кое што го извршувале и неговите претци.Стекнал голем углед и почести какви што никој од неговите претци не стекнал.Имал такви карактерестики што целиот народ силно го засакал.70 После смрта на Ел Муталиб во Јемен,Невфел насила го изурпирал дворот на Абдул-Муталиб.Тој им се обратил ка Курејшиите за да му помогнат.а тие му одговориле:„Несакаме да се вмешуваме помеѓу тебе и Невфел,затоа што тој е твој чичко“.Заради тоа Абдул-Муталиб го повикал на помош својот вујко од јесриб-Медина.Во Мека тргнал вујко му Ебу Сад бин Адиј со осумдесет коњаници.На влезот во Мека.го ДочекалАбдул-Муталиб и рекол: „Ајде вујко,да одиме дома!“„Не, се колнам во Бога се додека не се сретнам со Невфел!“Потоа тргнал кон куќата на Невфел.Меѓутоа,тој седел покрај Ќаба со некои великодостојници од редовите на Курејшите.Ебу Сад ја извадил, сабјата и повикал:„Се колнам во мојот Господар и во Ќаба,ако не му ја вратиш земјата на Абдул-Муталиб ќе те убијам со оваа сабја!“Невфел:„одговорил:„Еве,веќе му ја вратив.негова е.“,а тоа го потврдиле и присутните.Ебу Сад преноќевал кај Абдул-Муталиб три ноќи,потоа извршил умра и се вратил во Медина. После овој настал,Невфел ибн абди Шемс бин Абдул Менаф склучил сојуз со Бену Хашимиите.Кога племето Хузаат ја видело помошта која што ја добил Абдул-Муталиб од својот вујко Ебу Сад од племето Ен Неџар,рекле: „Исто колкушто вие сте го родиле толку и ние сме го родиле(затоа што мајката на Абдул-Муталиб била од племето Хузаат),ние имаме поголемо право да му помогнеме отколку вие“, Заради тоа и тие тргнале во Мека и влегле во Собранието,па склучиле сојуз со Бену Хашимиите,а потоа со Бену Шемс-племето на Невфел.Вака зајакнатата врска помеѓу племињата од Мединаи племињата од Мекаќе биде еден од поважните Фактори за ослободување на Мека,за што подоцна ќе дознаеме.71 О голема важност е да се споменат двете важни работи кои што Абдул-Муталиб ги направил за Ќаба,и тоа: Копањето на бунарот Зем-зем и одбраната на Ќабаво битката со слонот.72 1.На Абдул-Муталиб во сон му било наредено да го ископа бунарот Зем-зем,и покажано му е местото каде да копа,Кога почнал да копа,ги пронашал предметите кои што ги закопале Џерахимите кога бегале од Мека.Пронашол сабји,накит и два златни елена.Со сабјите ја украсил вратата на Ќаба,на нив ги приковал и златните елении и го соѕидал и бунароти просторот околу бунарот за аџиите.Кога се покажал бунарот Зем-зем се испокарале Курејшиите со Абдул-Муталиб,говорејќо му:.„Сакаме да учествуваме со тебе“.А тој му одговорил: „Не, јас сум избран за ова работа“.Тие не го оставиле на мира, се додека не го одвеле на суд пред врачот од Бену Сад,Не се вратиле ниту дома, а на патот наишле на знаци што им покажувале дека,Абдул-Муталиб е во право.Тогаш Абдул-Муталиб се заветувал дека,ако Бог му подари десет сина, а самиот тој доживее тие да пораснат и да му помогнат,ќе пренесе еден од нив како жртва кај Ќаба. 2.Управникот на етиопскиот владател во Јемен,Ебреха,откако видел дека Арапите одат на аџилак во Ќаба,изградил голема црква во Сана.Тој посакувал аџиите да ги сврти кон Сана.наместо во Мека.Кога за овој случај слушнал некој човек од племето Кенанет.влегол во текот на ноќта во таа црква и со измет ја извалкал нејзината фасада.За тоа дознал Ебреха,кој што многу се разгневил,собрал огромна војска од 60.000 луѓе и тргнал кон Мека.со намера да ја разруши Ќаба.За себе го избрал најкрупниот слон, кој што го јавнали тргнал кон Мека. Војската имала уште 9 или 13 слона.Кога пристигнал во местото Мугамес,ја влогорил војската за да се одмори и да се подготви за влегување во Мека.Кога стигнале во долината Махсер.помеѓу Музделифе и Мина,слонот застанал и легнал.Неможел да се подигне и да се приближи на Ќаба.Се зборува дека се обидувале со сила да го подигнати не можеле.Меѓутоа,кога би го повлекле на било која друга страна,тој веднаш би се подигнал,ДодекаЕбреха и неговите војници се вложувале напор околу слонот.Аллах врз нив ги испратил птиците Еба бил„кои ги гаѓаат со камења од скаменета глина,па Тој ги направи како суво лисје,изјадено!“.Птиците изгледале чудно,како да се балсамирани ластовици.Секоја од нив носела по три камења:еден во клунот и два во канџите.Кога ќе го погоди некого,не можело,а да не почне да му се распаѓа телото,па потоа умирал.Сите војници на Ебреха не биле погодени.Некои почнале да бегаат,но многумина од нив по пат настрадале,па ги имало расеано на сите страни. Аллах,џ.ш, врз Ебреха испратил болест од која што почнале да му се рапаѓаат врвовите на прстите и кога стигнал во Сана, бил како пиле.Тогаш срцето му откажало и починал. Што се однесува до Курејшиите во Мека, тие се разбегале по околните ридови,откако виделе дека цо Мека навлегува огромна војска,Дури кога целата опасност поминала,тие безбедни се вратиле во своите домови.73 Овој настан се случило во месецот мухарем.уште пред раѓањето на Мухаммед,а.с.околу педесет или педесет и пет дена пред тоа,а што одговарана крајот на фефруари или почетокот на март 571.год.н.е.е.според календарот.Овој настан-соучувањето на Ќаба од рушење-со сигурност е Аллахов дар кој што му го поклонил на Својот Пратеник,а.с.и на својот Дом-Бејтуллах, затоа што ако погледнеме Кудс (Ерусалим)гледаме дека Аллаховите непријатели-неверниците ја завзеле ова кибла,и ги покориле муслиманите,како што тоа се случило во 587 год.п.н.е со Набукодоносор, потоа киблата(првата килба во кудс) ја завзеле Римјаните во 70.год.н.е.според календарот. Меѓутоа.Ќаба и киблата во Мека не ја завзеле христијаните, и покрај тоа што жителите на Мека биле неверници. А овој настан во Мека набрзо слушнале не само соседните земји туку и водечките цивилизирани сили во тоа време.Етиопците имале силни војски со Римјаните и Персијците.Набрзо потоа Персијците пристигнале во Јемен и го покориле. Овој настан,исто така, му укажал на светот на светоста на Божјиот Дом и дека Мека е местото кое што Аллах,џ.ш., го избрал за светилиште.Заради тоа, кога некој од нејзините жители би се појавил со мисија на пратеништво,тоа би било суштина на она што го изискувал овој настан.И тоа би било толкување на сокриената мудрост со која што Аллах ги помогал политеистите протиф христијаните на необичен начин.
Абдул-Муталиб имал десет синови.Тоа се: Ел Харис,Ез Зубејр,Ебу Талиб, Абдуллах,Хамза,Ебу Лехеб,Ел Гајдак,Ел Мекум,Сафар и Ел Абас. Во некои книги се споменуваат единаесет синови, а единајстиот бил Асем.Вво други тринаесет синови.па го додаваат уште и Абдул каб и Хуџлан. но со сигурност се знае за десет синови, Се кажува дека Абдул Каб е всушност Ел Мекум,а Хиџел дека е Ел Гајдак,и дека Абдул Муталиб немал син кој што се вика Касем.Покрај десете синови,имал и шест ќерки, а тоа се Умул Хаким,нареченаЕл Бејда.потоа Бура,Атика,Сафија,Ерва и Умејма.74 3.Абдуллах е таткото на Аллаховиот Пратеник,а.с. мајка на Абдуллах е Фатима ќерката на Амр ибн Аиз ибн Умран бин махзум ибн Јеказ бин Мерет.Абдуллах бил најубавото дете на Абдул-Муталиб,а и нему најдраго.Тој бил таа ветена„жртва“ или тој курбан.Настанот кажува: Кога Абдул-Муталиб добил десет сина и кога тие малку пораснале, ги собрал околу себе и им кажал за својот завет.Тие му се покориле.Тој ги напишал нивните имиња на стрелките и им му ги дал на кадахот-личноста која што ги фрла жребовите.Првата стрелка била свртена кон Абдуллах. Абдул-Муталиб го зел и го повел кон Ќаба за да го заколе, но Курејшите не дозволиле,ниту неговите вујковци,а ниту пак неговиот брат Ебу Талиб.Абдул-Муталиб- рекол:„Како тогаш да го исполнам својот завет?“Го убедиле да оди кај маџепсничката и од неа да побара решение.Таа му наредила да ја фрла стрелка помеѓу Абдуллах и десет камили.А ако се падне на Абдуллах нека зголеми за нови десет камили , и така постојано се додека стрелата не падне на камилите и се додека Бок не биде задоволен.Ако падне на камилите тогаш ќе ги заколе нив кај Ќаба. Дури кога бројот на камилите нараснал на сто,стрелката паднала од Абдуллах кон камилите.Абдул-Муталиб ги заклал како откуп за својот син, а потоа ги оставил не забранувајќи им ниту на луѓето ниту на животните да го јадат нивното месо.До тогаш крвнината кај Арапите била десет камили, а после овој настан се зголемила на 100 камили,а што исламот и го потврдил.Се раскажува дека Аллаховиот Пратеник,а.с.„Јас сум потомок на двете жртви!“(на Исмаил и на татка си Абдуллах).75 Абдул-Муталиб ја одбрал како собруга за својот син Абдуллах,Амина,ќерката на Вехб бин Абду-Менаф бин Абд Зехре бин Килаба,Таа во тоа време била најубавата и најчесна девојка кај Курејшиите и според потеклото и според положбата.Нејзиниот татко бил поглавар на родот Зехр, познат по потеклотои по почестите,Абдуллах се оженил и започнал живот со Амина во Мека .После извесно време татко му го испратил во Медина за да ги снабди со урми.Тој починал во Медина.Некои кажуваат дека тргнал да тргува во Шам, па дека сретнал караван на Курејшиите во Медина и дека таму останал да престојува, затоа што бил болен.Во Медина и починал Погребан е на гробот Небиге Ел Џадија Поцинал во дваесет и петтата година на животот,а пред раѓањето на својот син Мухаммед,а.с., според мислењето на повечето историчари.Има и такви што тврдат дека Абдуллах починал два месеци после раѓањето на детето.76 Кога веста за неговата смрт достигнала во Мека,Амина го оплакала со најголема тага и жалост која што ја изразиле во трогателни стихови.Сето она што Абдуллах го оставил зад себе биле:пет камили,мало стадо овци и етиопската робинка Беркет,со прекар Уму Ејмен,која што го исчувала Аллаховиот Пратеник,а.с.77 Припрема и обработка-TEWHID.MK Од Книгата : Запечатената Џеннетска Напивка Автор :Сафијурахман Ел Мубарекфури ----------------------------------------------ФУСНОТА------------------------------
68 Ибн Хишам I/107. 69 Ибн Хишам I/137,138. 90 Мухтесар сурету ресул (Абдул Бехаб)стр.41,42. 71 Ибн Хишам I/142,143,144,145,146,147, 72 Ибн Хишам I/43-56< Тефхиму-л-лКур’ан,VI/462-469 73 Телких Фухуми ехли-л-Есери,стр8,9: Рахметун ли-л-Алемин,II/56,66, 74 иБН хИШАМ I/151-155;Рахметун лил алемин,II/89,90,: 75 Мухтесар Сире од Абдуллах,стр.12,22,23,Ибн Хишам I/156.158: 76 Фикху-с- Сире од Мухаммед газали стр.45;Рахметун ли-л-Алемин,II/91 77 Мухтесар Сирету-р-ресул од Абдилах Ен Неџдиј,стр.12;Талких Фухуми ехли есен,стр.4;Сахих Муслим II/96.
| |
Views: 352 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |