Main » Files » СИРА |
09.21.2014, 11:57 PM | |
Најизбраниот Пратеник,Аллаховиот Пратеник,а.с., е роден во родот Бену Хашим,во Мека, во мугрите на едно понеделничко утро, на девети ребиул-евел,во првата година „од настанот со слонот“ , или четириесет години по владеењето на персискиот крал Кисра (Ксеркс) Ену Ширван. Тој датум одговара на 20 или 22 април 571 година н.е. Овој датум го пресметале големиот научник Мухаммед Сулејман ел Менсур Феври и астролошкиот истражувач Паша махмуд.78 Ибн Саид пренесува дека мајката на Аллаховиот Пратеник,а.с..рекла: „Кога го раѓав,со него раѓав и огромна светлина, од која што заблескаа дворовите на Шам“.Слично пренесува и имам Ахмед и Ирбад ибн Сириј.79 Исто така се раскажува дека при раѓањето на Мухаммед,а.с., се случиле некои чудни настани во светот,кои што биле предзнаци за неговото пратеништво: се срушиле четитинаесет кули на Ксерксовиот дворец во Персија,се изгасил оганот кој што со векови го обожавале обожавателите на оганот и се срушиле црквите околу езерото Савит, откако тоа пресушило. Ова го пренесува Бејхеки,80 а со него не се согласува Мухаммед ел Газали.81 Кога Амина го родила детето, таа го повикала неговиот дедо Абдул-Муталиб за да за да му ја соопшти радосната вест.Тој исполнет со радост го зел во прегратките и го однел кај Ќаба.Тука Му се помоли на Аллах и Му се заблагодарил за внукот.Таму му го дал и името Мухаммед-а се знае со сигурност дека ова име не било познато кај Арапите. Обрежувањето било извршено на седмиот ден после раѓањето, каков што веќе постоел обичај ка Арапите.82 Првата жена која што го задоила по мајка му, била Сувејба,штитеничка на Ебу Лехеб,а која што имала машко дете наречено Месрух.Пред Мухаммед,а.с., таа го доела Хамза,синот на Абдул-Муталиб,а после него го доела Ебу Селеме ибн Абдил-Есел ел Махзумиј.83 ПРЕСТОЈОТ НА РОДОТ БЕНУ САД Обичајот на Арапите во градот бил да побараат добра доилка за новороденчето, и тоа од село и од пустина,сакајќи со тоа да ги одалечат своите деца од градските болести.Децата требало да бидат одгледани на чист воздух,телесно да зајакнат,да зајакнат со дух и да говорат со чист арапски јазик. Затоа и Абдул-Муталиб излегол да побара доилка за својот внук.Се договориле со Халима од племето Бену Сад ибн Бекр,ќерка на Ебу Зуејб Нејзиниот сопруг бил Ел Харис ибн Абдил-Уза ел Мекни,со прекар Ебу Кебшет.кој што бил истото племе како и Халима. Мухаммед,а.с., имал браќа по млеко.Тоа се Абдуллах бин ел Харис, Ениса,Ќерката на Харис,Хузафа или Џузама која што исто така била ќерка Харис. Таа го сакала и го носела во прегратка Мухаммед,а.с., Потоа биле Ебу Суфијан бин Харис бин Абдуллах-Муталиб,синот на чичкото на Аллаховиот Пратеник,а.с, Чичкото на Аллаховиот Пратеник,а.с, Хамза бин Абдул-Муталиб, исто така имал доилка од племето Бену Сад бин Бекр. Во една прилика неговата мајка го погодила Аллаховиот Пратеник,а.с, додека тој се наоѓал кај својата мајка по млеко,кај Халима,Хамза на Аллаховиот Пратеник,а.с., му бил брат по млеко од две страни: преку Сувејба и Халима Ес Садија. Халима заради Аллаховиот Пратеник,а.с., доживеала неучекуван просперитет, како и многу интересни настани. Ибн Исхак запишал:„Халима.раскажувала дека тргнала со сопругот и со малиот син кој што го доела,со група жени од племето Бену Сад ибн Бекр,да побара работа (Жените заминувале во Мека и земале деца на доење).Тоа се случило во една неплодна година кога немале што да јадат.Тргнавме на камила која не даваше, се колнам во Аллах,ниту капка млеко. Никој од нас не можеше да спие од плачењето на нашето гладно дете кое не можеше да се засити од моите гради. Го миолевме Бога да не спаси од таа тешка ситуација. Така стигнавме во Мека. ГИ гледавме новороденчињата, и на секоја од нас и беше нуден Аллаховиот Пратеник.а.с., и нитуедна не сакаше да го земе, затоа што беше јетим-сирак без татко. Се разбира,ние очекувавме плата од таткото на детето. Секоја од нас ќе речеше: Јетим.Па што би можело за него да направат мајка му и дедо му? Затоа не сакавме да земаме сираче. Меѓутоа,секоја жена која што беше со мене, си најде за себе дете за доење,освен мене. Кога се собравме за да се вратиме назад, му реков на својот сопруг: , Се колнам во Бога, се чуствувам понижена,секоја моја пријателка си најде дете за доење,освен мене, Тешко ми е да се враќам дом таква јадна.Се колнам во Бога.ќе се вратам назад за да го земам она сираче’ Биди без грижа, тоа секако да го направиш.можеби ќе ни даде Аллах бериќет заради него “Таа потоа продолжи со раскажувањето: „Оотидов по она дете,само затоа што не најдов друго. Меѓутоа, кога го земав и го донесов до караванот, го ставив во прегратките за да се надоји.Тоа ги прифати мојите гради и почна да дои, и да дои се додека можеше, Кога се засити, се засити и мојот најмлад син. Па заспа Мухаммед, а заспа и мојот син, од чиешто плаќење (од глад) не можевме да заспијеме во текот на претходните ноќи. Стана мојот сопруг и отиде до камилата, кога кај неа вимето набрекнало. Тој ја помолзе,па се напифме од ситост.Таа ноќ угодно преспавме. Кога се разбудивме,мојот сопруг ми рече:,Знај,Халима,се колнам во Бога, ти зеде бериќетно дете!’ Му одговорив:,И јас би сакала да е така’. Потоа тргнавме, а јас со децата ја јавав камилата беше брза и силна,па јас ги претицав моите пријателки,така што тие повикаа:,О,Зубејрова ќерко, што ти стана! Причекај не малку.Дали е тоа онаа иста камила на која што дојава со нас?’ Им одговорив:,Да се колнам во Бога,таа е истата’.Тие повикаа:,Невозможно е тоа! Со нејзе нешто се случило!’ Потоа пристигнавме во нашето место, во земјата на Бену Сад.Не знаев за посува земја од неа. Нашите овци секогаш доаѓаа гладни дома, а кога стигнавме со Мухаммед,тие дојдоа од пасиштето сити и полни со млеко.Ги измолзевме и се напивме.знаејќи дека овците дотогаш немаа ниту капка млеко. Нашите соседи им говореа на своите овчари:, Тешко вам.зошто не одите да ги пасите овците таму каде што ги пасат Зубејровите ќерки? Меѓутоа, истото се случуваше.Нивните овци повторно доаѓаа гладни и без млеко.а моите сити и со млеко.Ние преку тоа постојано ја чуствувавме Божјата добрина,Неговата помош и грижа, Тоа траеше,а Мухаммед наполни две години.Го одвоив од градите.Изгледаше посилен и покрупен од сите негови врсниици. Па така одлучивме да го однесеме кај неговата мајка,тажни и несречни заради разделбата, На мајка му и раскажавме како покрај него имавме беричет,па јас и реков: ,Кога би го оставила уште малку кај нас за да зајакне, би му било подобро отколку во град. Се плашам, да не му наштети градскиот воздух“. Халима продолжи: „Не се ниту надевавме,а Амина веднаш одлучи да го вратиме назад со нас“.84 На тој начин, Аллаховиот Пратеник,а.с., останал во Бену Сад. Имал четири или пет години кога се случил настанот една од муџиизите: расекнување и чистење на градите на Мухаммед,а.с, Пренесува Мусилм од Енеса р.а., дека кај Аллаховиот Пратеник.а.с, додека си играл со децата пристигнал Џибрил,Го зел,го спуштил на тлото,му ги расекол градите се до срцето, му го извадил срцето надвор и од срцето извадил грутка па рекол: „Во ова шејтанот можеше да ти наштети“.Потоа му го измил срцето во златен леген во кој што имало вода Зем-зем,потоа го сошил и пофторно го вратил на негово место.Децата трќајќи дошле кај неговата помајка,викајќи „Мухаммед е убиен!“ Кога го здогледале,имал друга боја на лицето.85 Заминување кај родената мајка После овај чуден настан, Халима се уплашила за Мухаммед, па одлучил да го врати кај неговата мајка. Кај мајка си престојувал се до шестата година.86 Амина сметала дека заради себе и заради синот треба да отиде во посета на гробот на својот сопруг во јесриб-Медина. Тргнаа со детето на пат 500 км придружувана од слугинката Уму Ејмен,и од свекорот Абдул-Муталиб.Патувањето им трајело месец дена. Амина многу ослабела. На враќање се разболела. Трпелива била на почетокот од патувањето,но не издржала до крај. Починала во Ел Ебва,место помеѓу Мека и Медина.87 ЖИВОТОТ КАЈ МИЛИОТ ДЕДО Абдул-Муталиб се вратил со Мухаммед,а.с., во Мека. Сите негови чуства на милост, благодарност и љубов биле насочени кон внукот-сирак, на кого му се случила трагедија која што само ја отворила старата сеуште незарасната рана-прво таткото, а сега и мајката! Дедото бил помилостив кон Мухаммед,а.с., отколку кон своите деца.Никогаш не го оставал сам.Секогаш некој бил покрај него. Ибн Хишам кажува: „Абдул-Муталиб имал свое место во ладовината на Ќаба. Неговите синови би седеле околу местото и од почитување никој не би се обидел да седне на татковото место.Кога би се појавил Аллаховиот Пратеник.а.с, малиот внук, би се искачил и би седнал на средината.Неговите чичковци би се обиделе да го остранаат,а кога Абдул-Муталиб би го забележал тоа, би го повишил гласот:„Оставете го тоа мое дете.Тоа има кај мене попсебно место“.Потоа би го поставил покрај себе за да седне.Би му го галел грбот со рака и би се радуваал на сето она што Мухаммед,а.с., би го правел“.88 Кога имал осум години,и два месеци и десет дена старост,Аллаховиот Пратеник.а.с., го изгубил и својот дедо.Тој починал во Мека,а сакал пред смрта грижата за својот внук,а.с., да му ја предаде на неговиот чичко Ебу Талиб. роден брат на неговиот татко.89 КАЈ ЧУСТВИТЕЛНИОТ ЧИЧКО Ебу Талиб ја прифати грижата за својот внук од брат,и тоа во потполност и најдобро што можел.Тој го здружил со своите деца и му дал предност на нив, и кон него искажал посебно почитување и респект.Тој повеќе од четириесет години му помагал на Мухаммед,а.с., го ставал под своја заштита и заради него склучувал пријателства и се разгневувал, а за што ќе стане збор. СО МОЛБА ПРЕДИЗВИКАЛ ПАЃАЊЕ НА ДОЖД Ибн Асакир зел хадис од Џелхемот ибн Арфат,кој што кажува: „Влегов во Мека,беше суша,па Курејшите рекоа: ,О,Ебу Талибе,ни се исуши долината,децата ни трпат заради сушата, ајде,помоли се за дождот!“ Излегол Ебу Талиб со детето,Како да се затемни сонцето,бесно заиграа облаците.Детето гледаше во небото,Ебу Талиб го зеде и го поптпра со грбот до Ќаба, па покажа со прст кон детето.На небото се случи чудо.Облаците надоаѓаа од сите страни, започна бура,па врз долината почна да паѓа обилен дожд и го напои сето она што требаше.Овој настан Ебу Талиб го опишал со еден стих.Во тој стих ја опишал натприродната моќ на Мухаммед.а.с., ПОБОЖНИОТ ЧОВЕК БЕХИРА Кога Аллаховиот Пратеник.а.с., дванаесет години (според некои и два месеци и десет дена),90 Ебу Талиб го повел со себе на трговски пат во Шам.Во Басра останале да преноќат, а Басра спаѓала во Шам и била главен град на Хуран.Таа била и престолнина за оние арапски земји кои што биле под власта на Римјаните.Во овој град живеел свештеник со прекар Бехира, а вистинското име му било(Џерџиз)Гргес. Кога трговскиот караван дошол во Басра,Тој излегол за да го пресретне и да ги повика на гости.Прв пат ги видел и го познал Аллаховиот Пратеник,а.с., според својствата кои што биле порано објавени во светите книги. Тој го зел детето за рака и рекол: „Ова дете ќе биде Пратеник на целиот свет.Него Бог ќе го испрати како милост на световите“. Ебу Талиб прашал:„Откаде го знаеш тоа?“ Тој одговорил: „Кога наблудувавте од Акаба. не остана ниту камен, ниту растение, ниту стебло, а да не му направи нему сеџда, а сеџда тие не му прават на никого освен на Пратеникот.а.с., Јас го препознавам според печатот на пратеништвото,според белегот над горната плешка кој што е во облик на јаболко.Јас за него читав во нашите откровенија“.Тој го замолил Ебу Талиб со него да не оди во Шам,туку да го врати дома.Се плашел евреите да не му нанесат зло.Ебу Талиб го вратил Мухаммед,а.с.., со своите слуги во Мека.91 БИТКАТА НАРЕЧЕНА ЕЛ ФИЏАР Тоа била војна помеѓу племињата Курејш Кајс Ајлан, Во тоа време Аллаховиот Пратеник,а.с.., имал петнаесет години,Водачот на Курејшиите и Кинан заедно, бил Харб бин Умеје, Уживал многу голем углед и почести. Битката ја започнал Кајс,аво средината на денот битката се водела во корист на Кинан.Оваа битка е наречена Фиџар заради прекинувањето на забраната за војување во светите месеци.Во ова битка учествувал и Аллаховиот Пратеник,а.с.., Тој на своите чичковци им подавал стрели за гаѓање.92 ДОГОВОР ЗА ДОСТОИНСТВО Врз основа на претходната битка,се случило давање на заклетва во светиот месец зулкаде,чии што иницајатори биле Курејшиите, и тоа родовите: Бену Хишим,Бену Муталиб,Есед бин Абдул-Узај,Зехра бин Кулаб, Тејм бин Мере,Сите тое се собрале во куќата на Абдуллах бин Џедан ет Темиј,затоа што бил најстар помеѓу нив многу почитуван и угледен, Склучиле договор дека во Мека не смее да се случи некој да биде потчинет и изложен на неговата страна,а против злосторникот,се додека тоа не престане. При склучувањето на овој договор присуствувал и Аллаховиот Пратеник,а.с., а кога Аллах,џ.ш. го обдарил со Објава изјавил: „Присуствував во домот на Абдуллах ибн Џедан при договорот кој што ми е подраг од богаство, и кога во исламот би бил повикан на нешто такво, би го прифатил повикот“.93 Тој договор во основа му противречи на предисламскиот Фанатизам кој што пак бил потикнуван од „асабија“. Асабија е дух на родот и подразбира безусловна приврзност кон родот и племето-национализам. Некој човек, од племето Зубејд, пристигнал во Мека за да продава стока.Таа стока од него ја купил Ел Ас бин Ваил ел Сехми, но не му ја исплатил во потполност.Го молел да го исплати колку што треба и ги повикал Абдул Дар,Мухзум,Џумх,Селм и Адиј, преставниците на семејства, но не му посветиле вниманије, па затоа тој се икачил на ридот Ебу Кубејш и почнал со силен глас да ја рецитира песната за тоа како му је нанесено злосторство.Кога ова го слушнал кон него се упатил Ез Зубејр бин Абдул-Муталиб па го запрашал:„Ова не може да се прости?“ Потоа се собрале горе споменатите луѓе и склучиле договор, а потоа се упатиле кај Ел Ас бин Ваил и му го издејствувале правото на Ез Зубејдиј.94 МАКОТРПЕН ЖИВОТ Аллаховиот Пратеник,а.с., во текот на младоста немал одредена работа или занимање.Традицијата бележи дека бил овчар и дека чувал овци во племето Бену Сад95, како и овците на жителите на Мека. Во дваесет и петтата година од животот,тргнал во Шам како трговец со стоката на една угледна жена од Мека која што се занимавала со трговија, Хатиџа,р.а. Ибн Исхак бележи: „Хатиџа,ќерката на Хувејлид се занимавала со трговија и уживала голем углед и чест.Таа ги изнајмувала трговците кои што работеле со нејзината стока и добро им ја плаќала заработуваќката.Курејшиите воопшто биле познати како трговци. Кога Хатиџа слушнала за Аллаховиот Пратеник,а.с., особено дека е искрен,доверлив и со чесно однесување, го повикала да ја води преку луѓе за да дојде. Кога Аллаховиот Пратеник.а.с., дошол, таа му понудила да ја води грижата за нејзината трговија во Шам и дека че биде награден подобро отколку неговите претходници.Исто така покрај него би го испратила и својот слуга Мејсер.Аллаховиот Пратеник,а.с., ја прифати оваа понуда и веднаш тргнал со Мејсер и со караванот во Шам“.96 ВЕНЧАВАЊЕТО СО ХАТИЏА Кога Аллаховиот Пратеник.а.с., се вратил во Мека,Хатиџа била многу изненадена од огромниот трговски успех.Мејсер и раскажал за чесноста и дарежливоста на Аллаховиот Пратеник,а.с., и дека тоа е една од причините за огромната заработуваќка.Таа била среќна, но и збунета.Била вдовица и до тогаш ја барале многумина угледни богаташи,мекански великодостојници, но таа ги одбивала,затоа што сакала да и се посвети само на трговијата.Меѓутоа,она што го почуствувала кон Аллаховиот Пратеник.а.с., и отворено му рекла да ја ожени Хатиџа.Тој се согласил со тоа и разговарал со своите чичковци,а тие пак отишле кај чичкото на Хатиџа и ја побарале Хатиџа,Веднаш потоа било и венчавањето.На чинот на венчавањето присуствувале Бену Хашимиите и поглаварите.на Мудар.Сето се случило само два месеца после неговото враќање од Шам,а по исправната верзијае после дваесет дена,Хатиџа тогаш имала четириесет години.Во тој период таа била најдобрата жена во Мека и според потеклото,богаството и опстроумноста.Таа е првата жена со која што се оженил Аллаховиот Пратеник.а.с, и во текот на нејзиниот живот тој немал друга сопруга.97 Хатиџа,р.а., му ги родила скоро сите деца на Аллаховиот Пратеник.а.с, ,озвен Ибрахим. Прво му го родила Касим и според него го нарекле Аллаховиот Пратеник.а.с, Ебу Касим.Потоа ги родила Зејнеба и Рукаја, па Уму Кулсум и Фатима, па повторно синот Абдуллах,Абдуллах го нарекувале „Добриот“ и „Чесниот“.Синовите му починале уште во своето детство,а сите ќерки го дочекале исламот и објавата, па станале муслиманки,мухаџирки значи дека сите извршиле преселба од Мека во Медина,т.е.Хиџра.Меџутоа и сите ќерки починале уште додека нивниот татко,Аллаховиот Пратеник.а.с., бил жив,освен Фатима,р.а., која што починала шест месеци после својот татко.98 Припрема и обработка-TEWHID.MK Од Книгата : Запечатената Џеннетска Напивка Автор :Сафијурахман Ел Мубарекфури | |
Views: 376 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |