Main » Files » СИРА

Изградба на Ќаба и случајот на пресудата
09.23.2014, 1:27 AM

Кога Аллаховиот Пратеник,а.с., имал триесет и пет години,Курејшиите одлучиле да ја изградат Ќаба,која што дотогаш била куп камења  на една височинка.Била издигната девет аршини, уште од времето на Исмаил.а.с.,  Немала покрив, па  некоји крадци го украле сандакот со богаство што било внатре,во тој куп,Заради својата традиција и  големата историска вредност, како и темелите каи што ги поставил Ибрахим,а.с.,  Ќаба постојано ја посетувале сите патници низ Мека.Се случувало  многумина од нив  да понесувале со себе парче земја или каменче, како симбол на светлост и бериќет.Пет години пред пратеништвото на Аллаховиот Пратеник,а.с., 

Ќаба била поплавена како последица од пукањето на браната Арем.Курејшиите се исплашиле бидејќи постоела опасност да се сруши Ќаба,па  одлучиле да ја обноват градбата, чувајчи ги нејзините темели  и прво битното.Одлучиле да ја градат идинствено од чесно заработен имот без примеса на камата, поткуп,украден или насилно отргнат имот, итн. Тие се плашеле да ги срушаат остатоците на Ќаба, па тоа го започнал Ел Велид ибн Мугире Ел Мухзуми, а и другите почнале после него, затоа што ништо лошо не му се случило.Срушиле  се до темелите кои што ги поставил Ибрахим,а.с., 

Арапите направиле и план за изградба на Ќаба.Определиле кое племе колку камења ќе собере и кој дел од ѕидовите ќе го гради,па на тој начин сите заедно да учествуваат во изградбата.

Го довеле градителот,Некој Римјанин по име Бакум и зградбата се  одвивала според планот се додека  не ги изградиле ѕидовите до таа височина  каде што треба да се постави„Црниот камен“ -Хаџерул Есвед. Секое племе сметало дека треба дека тоа треба да ја има таа привилегија, некој од нив да го направи тоа.Караницата помеѓу нив траела четири-пет дена и  постоела опасност да започне крвав судир околу Светиот  Храм во Светата земја.Во сето тоа најтрезвен бил Ебу Умеје бин Ел Мугире Ел Махзумиј кој предложил првата личност која што  че се појави на вратата на харемот на Ќаба нека го реши проблемот и нека донесе пресуда

„Ел Емин,Ел Емин,(Поверливиот,Поверливиот,) задоволни сме тој да ја изрече пресудата,тоа е Мухаммед!“

Кога Аллаховиот Пратеник,а.с.,  се доближил, тие го известиле за проблемот и побарале решение.Аллаховиот Пратеник.а.с.,  имал решение.Побарал парче платно, го спуштил на земја, и на средина го поставил Црниот Камен,потоа побарал да пристапат главатарите на испокараните племиња, па сите заедно да го фатат платното и да го подигнат Црниот Камен до местото каде што требало да биде поставен.Тогаш Аллаховиот Пратеник.а.с.,  го зел во раце и лично го поставил таму каде што требало.

Ова била мудра постапка која што ги задоволила сите страни.

На Курејшиите им снемало чист имот за изградба, па од северната страна изградиле ѕид висок шест аршини, кој што денес е наречен Хатим-Сид,или Камен Ѕид.Вратата на тој ѕид ја издигнале над земјата за да не може било кој да влезе,туку само оној на кого ќе му биде дозволено.Кога градбата на Ќаба достигнала петнаесет аршини, тие поставиле свод кој се потпира на шест столба.Со таа изградба Ќаба добила четириаголен облик се приближило  вакви димензи: висината е отприлика 15 метри,должината на ѕидот на кој што е Хаџерул есвед  е 10 метри и 10 сантиметри,како и ѕидот наспроти него.

Каменот се наоѓа на висина околу 1,5 метар од подножјето каде што се врти  таваф.Челниот ѕид,на кој што се наоѓа вратата на Ќаба,долг е 12 метри, како и оној наспроти него.Вратата е поставена на висина од 2 метри над земјата.Ќаба  е опкружена од надворешната страна со мобрач од камени блокови,висок 25 сантиметри и широк 30 сантиметри.Тоа се,всушност, блокови од првата градба,па се соочувани на тој начин и се нарекуваат Шазраван.

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK

Од Книгата : Запечатената Џеннетска Напивка

Автор :Сафијурахман Ел Мубарекфури
Наслоф на Оригиналот  ЕР РАХИКУЛ МАХТУМ

Category: СИРА | Added by: tewhid
Views: 369 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube