Main » Files » рукја-лечење со Куран |
СИХР И СИХИРБАЗИ
03.07.2015, 0:24 AM | |
Драги брате и ценета сестро, знај дека Возвишениот Аллах ги создал луѓето и џините само од една благородна причина, а тоа е да бидат Негови робови т.е., да Му се покоруваат во Неговите наредби и да не се приближуваат до Неговите забрани. Затоа Аллах, џелле ше’нух, праќал пратеници и спуштал книги за да на луѓето детално им го појасни патот кој води кон Неговиот опрост и вечно уживање во Џеннетот и пропаста на дуњалукот и ахиретот.
Од патиштата кои ја предизвикуваат Аллаховата лутина и водат кон пропаст е доаѓањето во било каков контакт со сихр и сихирбаз. Возвишениот Аллах, џелле ше’нух, најстрого забранил занимавање и барање на било каква помош од сихирбази, кои се Негови јасни и отворени непријатели, затоа што штетата предизвикана со тоа одвратно дело е непроценлива.
Сихр е секој таен и непознат вид на лечење или предизвикување на болест по пат на изучување, магија, записи, трави и сл., што ги користи сихирбазот за да на таен начин помогне или наштети на одредена личност. Исто така под сихр влегува и секој вид на магија која ја извртува стварноста во очите на луѓето.
Сихирбаз е оној кој се занимава со сихр и го прави тоа по пат на соработка со шејтаните и расипани џини, кои му се покорувуваат и помагаат, но за возврат од него барат да прави некои одвратни и на Аллах омразени дела; како што е правење сеџде на шејтанот, или фрлање на Мусхафот во измет, или пцуење на Аллах, аззе ве џелле, и сл.
Некои од знаците со чија што помош можат да се препознаат сихирбазите се:
1. Пишување на талисмани, амајлии, записи и сл.
2. Сихирбазот го прашува болниот за неговото име, името на неговиот татко или мајка и сл.
3. Сихирбазот му дава на болниот одредени работи да ги закопа, да ги однесе на одредено место и сл.
4. Изговара неразбирливи зборови, брзо и најасно зборува, зборува со непознат јазик и сл.
5. Му дава на болниот одредени лисја, талисмани, препарати и сл. да ги запали и да се кади со неговиот чад.
6. Му дава на болниот крв со неа да се мачка и сл.
7. Неуредност, нечистотија, одвратен мирис, изопаченост во лицето, темнина во очите и.т.н.
Правењето, изучувањето, подучувањето и секој друг вид на занимавање со сихр е најстого забрането во исламот и во сите предходни небески објави, кои се дерогирани, а на тоа упатува и здравиот разум, со кој Аллах, аззе ве џелле, го надарил човекот.
Возвишениот, џелле ше’нух, рекол појаснувајќи ја опасноста од сихр: “...Го учеа тоа што ќе им наштети и од што нема да имаат корист, иако знаеја дека тој што таа вештина ќе ја стекне, на другиот свет никаква среќа нема да има. А навистина е бедно тоа за што се продадоа, само кога тие би знаеле.“(Ел Бекаре, 102)
Сихрот и сихирбазите се осудени на тотална пропаст на дуњалукот и на ахиретот, и нема да успеат ма каде да бидат, како што Аллах, џелле ше’нух, вели: “Само фрли го тоа што ти е во десната рака, ќе го проголта тоа што тие го направија, бидејќи тоа што тие го направија е само магија од маѓепсниците, а маѓепсникот нема да успее каде и да оди“. (Та Ха, 69)
Секој вид на правење на сихр било да го прави или да подучува други, или е задоволен со него, преставува јасно неверство во Возвишениот Аллах, џелле џелалух, и очигледно отпадништво од верата ислам, како што може да се заклучи од предходно спомнатите ајети.
Истиот пропис важи и за сите гатачи, врачари, прорекувачи на судбината и на нив слични, кои по пат на џини, шејтани, ѕвезди и одредени природни појави известуваат за иднината, судбината, изгубените работи и сл.
Оној кој оди сихирбаз, врачар, гатач и му се обраќа за помош направил голем грев кон Возвишениот Аллах и од таквиот намазот не се прима четирисет дена и ноќи со обврска истиот да ги исклања, како што веродостојно е пренесено во хадисот: “Кој ќе оди кај прорекувач и го праша за нешто, намазот нема да му биде примен четирисет дена.“ (Муслим, 2230)
Иста казна следува и за оние кои читаат хороскоп и ги следат ТВ емисиите кои се занимаваат со прорекување на судбината.
Предходно спомнатиот пропис, секако е за оној кој нема да поверува во она што го кажуваат овие расипници. Ако се случи да им поверува и го потврди она што тие го прорекуваат таквиот направил голем грев и го изневерил сето она што му е објавено на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем.
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува од Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, дека рекол; “Кој ќе отиде кај пророкувач или гатач и му поверува во она што ќе му го каже, тој го изневерил она што му е објавено на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем.“ (Ахмед, Хаким, Бејхеки)
Обврска е лекот да се бара во пропишани и дозволени работи, а не во она чија што штета, без сомнеж, е многу поголема од привидната корист.
Оној кој ќе биде искушан со со некоја душевна или физичка болест, пропишано е да се лечи на следниот начин:
1. Чврсто да верува дека секоја болест и лек е Возвишениот Аллах, аззе ве џелле,
2. Да го моли Аллах, џелле ше’нух,
3. Да се лечи со Куран и исправни – веродостојни дови,
4. Да бара лек во некој дозволени работи, како што е одење на лекар, користење на проверени медикаменти и сл.
Аллах, аззе ве џелле, рекол: “Ние во Куранот го објавуваме тоа што е лек и милост за верниците, а на неверниците тој само им ја зголемува пропаста.“(Ел Исра, 82)
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
www.tewhid.ucoz.org
| |
Views: 665 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube