Main » Files » РАМАЗАН

РАБОТИ СО КОИ СЕ РАСИПУВА ПОСТОТ
03.15.2015, 3:09 AM

Во името на Аллах, Мислотивиот, Сомилосниот!



Работи со кои се расипува постот се:

1.Јадење и пиење.

2. Сексуален однос. Кој ќе биде во сексуален однос во денот на рамазан ќе мора да го надополни (напости) и даде откуп, а ќе ги избегнува забраните на постот во текот на денот во кој што го направил тој прекршување. Исто се однесува и на жената. Откупот се рефлектира во ослободување стоки на муслиманите, а ако не може тогаш мора постојано да пости два месеци, а ако не може тогаш ќе нахрани шеесет сиромави, а ако и тоа не може тогаш откоп со него паѓа за разлика од останатите откупи.

3. Излегување на крв хајз и нифас,

4. Одпадништо од исламот, бидејќи Возвишениот вели:
“А тебе и на оние пред тебе објавено е: Ако направиш ширк, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.“

5. Ако се намерува  да се прекине постот, како што се вели во Ел-Кафију. Исто се однесува ако е неодлучен во одлуката.
 
6. Постот се прекинува со намера повратување на хадисот:
„Кој ќе се принудува на повраќање нека напости, а кој ненамерно ќе повратине треба да напости.“ (Пренесуваат петмина)

7. Постот се расипува со излегување на бела течност од машкиот полов орган ако излезе со допирување, а ако излезе сама тогаш нема да биде расипан. Постот е прекинат и со ејакулација во сите ситуации, освен ејакулација во сон, бидејќи таа не е намерна.

8. Постот се прекинува со употреба на она што влегува во внатрешноста на телото.  Во Ел-Мугниј стои:„Постачот го прекинува постот со се што намерно ќќе внесе во своето тело или во внатрешноста на телото како на пр. глава или грло. 1 Што се однесува на инекција, постои посебно појаснување кај современи научници кои велат дека нема непријатности за инекции кои не се хранливи, но подобро е да не се користат освен оној кој е во страшна вонредна ситуација.“


Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhid.MK

Автор: Абдуррахман б. Абдулкерим ел-Убејјид
Од книгата: Начела на исламско живеење - современ пристан на исламското верување, шеријатски прописи и морални норми

Category: РАМАЗАН | Added by: tewhid | Tags: od sto se rasipuva postrot
Views: 1699 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube