Main » Files » Предзнаци на Судниот ден

СУДНИОТ ДЕН: Дување во рог
09.10.2014, 6:08 PM

Возвишениот Аллах џ.ш. во Куранот вели:


"И ќе се дувне во Рогот, и ќе умрат оние на набесата и оние на Земјата, ќе останат само оние кои Аллах ќе ги избере, потоа пак повторно ќе се дувне во Рогот и тие одеднаш ќе станат, чекајќи." (Ез-Зумер, 68)


Кога ќе дојде тој ден и кога ќе се дувне во рогот, животот на Земјата и небесата ќе застане, освен ако Аллах поинаку не одредил. Тоа е момент кој не може никој да го запре освен Возвишениот Аллах џ.ш,.
Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:
"Судниот час ќе настапи ненадејно. Трговците ќе ја остават својата трговина, нема да пазарат, нема да успеат да ја соберат својата трговска стока. Судниот час ќе настапи така што човекот ќе го испушти млекото кое го носел со себе. Жедниот ќе кружи околу бунар, а нема да може да се напие, гладниот ќе ја носи лажицата со храна кон уста и нема да успее да ја голтне." (Бухари)
Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Пејгамберот а.с. рекол: "Оној што е задолжен да дувне во рогот, чека подготвен од моментот кога е задолжен, гледа во Арш, Аллаховиот престол, плашејќи се да не му дојде наредба, а тој да не биде неподготвен. Неговите очи се како блескави ѕвезди. " (Хаким)
Од овие хадиси подразбираме дека дувањето во Рогот е блиску и дека може во секој момент да настапи. Наредено ни е во тој момент да речеме: "Доволен ни е Аллах, Тој е најдобар заштитник, на нашиот Господар се потпираме." (Силсилет-ел-Хадис Сахих, 3;66) 


КОГА ЌЕ НАСТАПИ СУДНИОТ ДЕН ?

 


(Времето на Судниот ден е познато само на Возвишениот Аллах џ.ш. и крајот на светот е една од тајните чие точно случување е непознато на сите Аллахови створенија. Единствено што знаеме се предзнаците кои ни се доставени преку Џибраил а.с. до Мухамед а.с. па до нас. Па ако Џибраил а.с. како најодбран мелек не го знае времето на негово случување, ниту тоа го знае Мухамед с.а.в.с. како најодбран човек , па како ќе го знаеме ние времето кога сме обични смртници ?
Во текот на човековата историја имало мошне многу пресметувања и претскажувања за крајот на светот, но сето тоа било неточно и далеку од вистината. И во најново време имало вакви претскажувања. Најочигледен пример за ова претскажување е претскажувањето на Нострадамус дека крајот на светот ќе се случи на 12 Август 1999 год. Кој датум се совпаѓал со потполно помрачување на сонцето. Но тоа не се случило. И секоја особа која ќе поверува дека некое одредено лице знае за времето на случување на крајот на светот, тој е кафир (неверник) бидејќи не поверувал во Возвишениот Аллах џ.ш. кој не известил дека крајот на светот му е познат само на Нему. Севишниот Аллах џ.ш. вели: 


"Луѓето те прашуваат за крајот на светот, Речи: Тоа единствено го знае само Аллах ! А ти не знаеш. Можеби крајот на светот е блиску ! " (Ел-Ахзаб, 63)

 

ДУВАЊЕ ВО РОГОТ ПО ВТОР ПАТ


Во Куранот се вели:


"И ќе се дувне во Рогот, и ќе умрат оние на небесата и оние на Земјата, ќе останат само оние кои Аллах ќе ги избере, потоа пак повторно ќе се дувне во Рогот и тие одеднаш ќе станат, чекајќи." ( Ез-Зумер, 68)


Првото дување во Рогот е знак за престанување на животот на Земјата, односно смрт.
А второто дување е знак за живот и повторно оживување. Ебу Хурејре го пренесува хадисот кој зборува за двете случувања. Во хадисот се вели: "Меѓу двете дувања во Рогот ќе поминат "четириесет"." Рековме: "О Ебу Хурејре, дали четириесет дена ?" Рекол: "Не знам". "Дали четириесет месеци ?". "Не знам". "Дали четириесет години ?", прашавме, а тој рекол: "Не знам." (Бухари)

 

 

КАКО ЌЕ СЕ СЛУЧИ ОЖИВУВАЊЕТО ?

 


Возвишениот Аллах џ.ш. Вели:


"И ќе се дувне во Рогот, и , ете мртвите од гробовите па, ќе побрзаат кон Господарот свој, ќе речат: - О тешко нам ! Кој не оживи од лежиштата наши ? Ова е она што го вети Милостивиот и што го потврдија пејгамберите. И ете, само еден страшен глас ќе се слушне и сите оние кај Нас ќе бидат вприсутнети. Па денес никому не ќе му се направи неправда и како работевте, така ќе бидете наградени."(Јасин, 51:54)


Во хадисите е пренесено дека Аллах џ.ш. го слушта дождот со чија помош никнат растенијата, а и луѓето од нив имаат корист. Во збирката на хадиси на Бухари и Муслим од Ебу Хурејре р.а. се пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. Рекол: "Меѓу двете дувања во Рогот ќе поминат четириесет", (пренесувачот не запомнил дали Пејгамберот а.с. рекол четирисет денови или четириесет години). Потоа од небото ќе падне дожд и животот повторно ќе започне како што после дождот никнат билките и растенијата, а и човекот не е ништо друго освен живо битие, во него има еден дел од кој ќе биде оживеан на Судниот ден.
Ова го потврдуваат Аллаховите џ.ш. зборови:


"Аллах е оној кој ги испраќа ветровите, кои ги туркаат облаците ...па Ние ќе одредиме, потоа, да се истурат врз некое мртво место и со тоа ќе ја оживиме земјата по мртвилото нејзино. Ете, такво ќе биде оживувањето !" (Фатир, 9)


Обратете внимание на сличноста во оживувањето на земјата и повторното човеково оживување. За тоа зборува и следниот ајет:


"И О е оној кој го испраќа ветерот како радосница да дојде Милоста Негова: кога ќе ги понесе тешките облаци Ние ги управуваме кон мртвиот предел па со нив спуштаме вода, со чија помош тогаш вадиме плодови секакви. Ете, Така ние ги вадиме (о живуваме мртвите да се сеќавате !" (Ал-Араф, 57)


Прв кој ќе биде оживеан од својот гроб ќе биде пејгамберот Мухамед а.с.. Во збирката на Муслим од Ебу Хурејре р.а., се пренесува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: "Јас сум првенец меѓу Адемовото а.с. потомство на Судниот ден, и прв кој ќе биде оживеан, прв и последен кој ќе има право на шефа'ат (заземање кај Аллах џ.ш.)."

 

 

НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО ИЗБЕГНЕ СУДНИОТ ДЕН


Возвишениот Аллах џ.ш. вели:


"Сите оние кои се на небесата и на Земјата ќе Му дојдат на Милостивиот како робови. Он секако ги пореди и точно ги изброи. И секој од нив на Денот суден ќе дојде поединечно." (Мерјем, 93:95)


Возвишениот го рекол и ова:


"И на Денот во кој Ние ќе ги разнишаме планините, земјата ќе ја видиш порамнета. И Ние ќе ги збереме без да изземеме некого !" (Ел-Кехф, 47)


Возвишениот Аллах џ.ш. рекол:


"Каде и да бидете, Аллах ќе ве доведе сите; Аллах навистина се може." (Ел-Бекаре, 148)

 


СТРАОТИИТЕ НА СУДНИОТ ДЕН


Постојат многу курански ајети кои зборуваат и ја објаснуваат состојбата на Судниот ден, кој ќе биде особено изненадување, а посебно за нерниците, но и за другите луѓе. Тој ден нема да користи каењето за направените гревови. Тој ден нема да користи ниту богатството ниту синовите.
Тој ден пријателот ќе бега од својот пријател, родителот од децата. Најдобар и највпечатлив опис на оваа состојба и дал Аллах џ.ш., во Куранот во ајетот:


"О луѓе, плашете се од господарот ваш ! Потресот при Часот, навистина е нешто големо ! Ден во кој ќе видите како секоја доилка го заборава она што го доела, а секоја трудница како ќе го пометне плодот нејзин, ќе ги видиш луѓето пијани, а всушност не се пијани. Но, казната Аллахова е жестока ! И има луѓе кои расправаат за Аллах безнајно и го следат секој шејтан проколнат." (Ел-Хаџџ, 1:3)


"О луѓе, плашете се од Господарот ваш и плашете се од Денот во кој родителот на своето дете не ќе му помогне, а ниту пак детето во нешто ќе му помогне на својот родител. Ветувањето Аллахово, навистина, е вистина. Животот на овој свет, тогаш, никако нека не ве понесе и Шејтанот, исто така нека не ве оддалечи од Аллах ! " (Лукман, 33)

 


"И плашете се од Денот во кој никој за никого не ќе може ниѓто да направи, кога ничие посредување не ќе биде примено, а ниту пак надополнување некакво ќе биде уважено, а ниту пак ќе им помогне." (Ел-Бекаре, 48) 

 


Во цитираните ајети Аллах џ.ш. не предупредува на претпазливост и не поттикнува на дела кои ќе ни користат и по смртта. Не предупредува на денот кога пријателот ќе бега од својот пријател и братот од својот брат. Секој за себе ќе се грижи и занимава.

 


"Па, кога ќе дојде гласот што го заглушува ? На Денот кога човекот ќе побегне од брата си, и од мајка си, и од бабо си, и од другарите свои и од синовите свои, на Денот тој, секој човек ќе биде обземен со состојбата своја. Лица некои на Денот тој ќе бидат блескотни, насмеани и весели, а лица некои, пак со прашина покриени, и со темнеж некаков обземени – овие се, токму меѓу неверниците расипници !" (Абесе, 33:42)

 


Да, мораме да се погрижимеза тој ден кога некои лица ќе бидат блескави и светли, а некои црни. Неверниците и големите грешници се ќе направат само да ја избегнат казната која ги очекува, меѓутоа нема ништо да им помогне.


Аллах џ.ш. за тоа вели: 


"И покрај тоа што ќе се гледаат еден во друг. Силникот ќе посака на Денот тој да ја откупи казната со синовите свои, и со жената своја, и собратот свој, и со семејството свое што го штитеше, и со се на земјата, ете, само потоа да се спаси." (Ел-Меариџ, 11:14)


А во суре Назијат вели:


"И во Денот во кој Потресот ќе се потресе, по кој ќе следи Следниот ! Срцата на Денот тој, ќе се потресат, а очите нивни, пак, ќе се преплашат !" (Ел-Назијат, 6:9)


"И кога ќе се случи порој голем на Денот тој ќе се присеќава за она што се трудел, и кога Џхеннемот за оној што гледа, ќе се здогледа, тогаш оној што се силеше и што животот овоземен повеќе го сакаше... па, за него, Џехеннемот престојувалиште ќе му биде ! А оној кој се плашеше од стоењето пред Господарот свој и кој на душата страстите и ги забрануваше... па, за него Џеннетот пребивалиште ќе му биде ! Те прашуваат за Часот кога тој ќе се случи. Твое е ли тоа да го спомнуваш ? За него конечно знае Господарот твој ! Ти си навистина опоменувач за оној што стравува од кијаметот, Денот кога ќе го здогледаат ќе им се причини дека само една вечер или едно утро станаа." (Ел-Назиат, 34:46)


"Па, како не се плашите од Денот, ако останете како неверници.. кога на децата ќе им побели косата. Небото тогаш ќе испука и ветувањето Негово ќе се оствари. Ова, навистина, е Опомена ! Па, кој ќе посака ќе го прифати патот кон Господарот свој." (Ел-Музземмил, 17:19)

 

Наша должност е да размислиме околу овие ајети на Возвишениот Аллах џ.ш., кои ни ја објаснуваат состојбата и страотиите на Судниот ден. Воедно и во хадисите на Мухаммед, а.с. дополнително се појаснети за полесно разбирање. Кога би ги опфатиле и навеле сите ајети и хадиси кои зборуваат на оваа тема, тогаш оваа брошура би била многу пообемна. Но наша цел е да се најде корист во неа, а познато е дека користа е поголема од малото дело ако е трајно, отколку од големото дело кое е краткотрајно.

 

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK

Од Книгата : Од Гроб во Џеннет или Џехеннем

Автор : Абдуллах б.Ахмед Али Аљљаф ел-Гамиди

Category: Предзнаци на Судниот ден | Added by: tewhid
Views: 524 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube