Main » Files » Пејгамбери |
08.09.2014, 9:10 PM | |
Пејгамбери. (Тоа се:, Ибрахим,Муса,иса и Мухаммед алејхиселам) а и многу ајети говорат за Нух а.с. Постоидури и посебно суре 71 со име нух. ха повеќе места во Кур’анот се тврди дека Аллах џ.ш. го испратил НУХ кај својот народ:(Ел А‘раф,59; Худ,25; Ел Му‘минун,23;)Објавјена му е Објава во форма на сухуфи како и на многу други пејгамбери. 1.ПОСЛЕ АДЕМ АЛЕЈХИССЕЛАМ После Адем алејхисселам Аллах џ.ш. даде береќет на потомците (зурријјет) од Адем а.с. кои што беа многу бројни. Поколението на Адем а.с. многу се прошири кога би се фратил Адем а.с. па да ги види своите синови, нема да ги препознае, и кога би му рекле:О Адем овие твои се потомци, многу би се зачудил и би рекол: СУБХАНАЛЛАХ! Се ова се мои деца? Ова поколение е цело мое? Имаше од народот Адемов а.с. многу села кои што направиле нови куќи, земјата ја ораа.сееја,садеа и живееја.Луѓето и припаѓаа на верата на бабо им Адем .ас. Ибадет му правеа само на Аллах џеллешануху. но ширк не му правеа на Возвишениот Аллах. Луѓето беа еден народ бидејќи татко им е Адем а.с. Господар им е Аллах џеллешануху. 2 ЉУБОМОРАТА НА ШЕЈТАНОТ Но, како да го убеди шејтанот (иблис) поколението на Адем а.с. за да ги одврати од Аллах? Како да го направи тоа кога луѓето се убедени и ибадет само на аллах му прават? Како да стигне до срцата нивни кога до денес тие се еден народ, кои не може да ги распрчи? Ова. не може да биде! Не, ова не може да биде! Дали поколението Адемово ќе влезе во Џеннет а иблис и неговиото поколение ќе влезат во Џехеннем? Ова не може да биде! Ова не може да биде!Шејтанот не му направи сеџда на Аллах џеллешануху а Аллах го проколни и го протера . За ова нема ли да ги одвраќа синовите Адемови од правење добри дела и нема ли заедно со шејтанот да влезат во Џехеннем? Ова мора да биде! Ова мора д биде 3.ИДЕЈАТА НА ШЕЈТАНОТ Шејтанот гледа луѓето да ги повика да им прават ибадет на киповите за да влезат во Џехеннем а никогаш да не влезат во Џеннет Шејтанот знаеше дека Аллах џеллешануху нема да им опрости на тие луѓе што ширрк му прават Нему. а ќе ги опрости сите други ако сака. Шејтанот сакаше луѓето да ги повика во ширк за никогаш да не влезат во Џеннет, Но за се ова каков пат да најде, кога луѓето само на Аллах ибадет му прават? Почна да размислува шејтанот: На овие луѓе ако некој оди да им рече ибадет да им прават на киповите а не на Аллах, луѓето ќе се налутат и ќе го удрат. Ќе речат: да не даде Аллах, ние на нашиот Аллах ширк да му правиме. Ние ибадет да им правиме на киповите. Ти си избркан шејтан. ти си лош шејтан. 4.ЛАЖЕЊЕТО НА ШЕЈТАНОТ
Но шејтанот најде пат да влезе во главите и во срцата на луѓето. Имаше луѓе кои што беа богојазливи и ден и ноќ, кои на Аллах ибадет му правеа и многу го споменуваа тие многу Аллаха го сакаа а и Аллах џ.ш. ги сакаше и им ги прифаќаше ибадетите и довите нивни. Луѓето го сакаа и го воздигнаа Аллаха џеллешанухуи, а за сево ова шејтанот многу добро знаеше, Но овие луѓе умреа, се преселија кај рахметот од аллах џелешануху. Шејтанот отиде кај луѓето ( во ова време луѓето го гледале шејтанот) и им ги спомна добрите луѓе, нивни роднини и пријатели. Шејтанот им рече: Вашите претци тој и тој беа многу добри луѓе рекоа: субханаллах! Шејтанот продолжи: Луѓето што се молеа на Аллах џелешануху евлии беа, овие луѓе ако се молат на Аллах џелешануху. Тој ќе им ги прифати довите нивни, а ако побараат нешто од Аллаха, Тој, секако ќе им даде. 5.СЛИКАЊЕ НА ДОБРИТЕ ЛУЃЕ Шејтанот ги праша како се чуствувате, се секирате ли? Рекоа многу се секираме. Тој ги праша:А дали ги сакате нив? Рекоа: Голема е нашата љубов спрема нив! Им рече: Тогаш зошто не ги гледате секој ден? Рекоа: Но: како да ги гледаме кога тие се умрени? Шејтанот рече: Насликајте им слики и гледајте ги сликите секоје утро. Се зачудиа луѓето со идејата на шејтанот и ги насликаа добрите луѓе и почнаа да ги гледаат сликите секој ден и гледајќи ги сликите ги споменуваа добрите луѓе. 6.од слики до бисти Наместо слики почнаа бисти да прават од глина со ликот на умрениот. На добрите луѓе им направија многу бисти и ги поставија во нивните куќи и во нивните храмови. Ибадет на Аллах џ.ш. му правеа но ширк сеуште не правеа. И знаеја дека овие бисти се на добрите луѓе и дека се тие камења од кои што немаат што да дообијат нити тие можат да им нанесат некое зло, знајеа деа тие не им даваат нафака. Но покасно бистите почнаа да ги обожаваат поради бериќет. бидејќи се тие бисти од добрите луѓе. Тие бисти почнаа многу да се размножуваат а со тоа многу да ги обожаваат. Кога некој од добрите луѓе ќе умреше веднаш биста му правеа и ја именуваа со негово име. 7. ОД БИСТИ ДО КИПОВИ Постарите еден по еден заминуваа од овој свет а помладите гледаа нивните родители како се молеа на бистите.Гледаа дека родителите многу ги обожаваа бистити, гледаа како ги бакнуваа бистите, како ги милуваа и им се молеа и поклонуваа.Гледаа како им се наведнуваа со главите и како руку им правеа. Децата нивни го зголемија ибадетот и почнаа сеџде да им прават. почнаа од нив помош да бараат, и почнаа за нив курбани да жртвуваат (колат). И така киповите им станаа богови. Луѓето почнаа ибадет да им прават на киповите, истите што претходно ибадет на Аллах му правеа.За кратко време киповите односно нивните боженства многу се размножија и ги нарекоа:Беддун, Суваун,Јегусу,Јеуку,Несрун и др. 8.СЕ НАЛУТИ АЛЛАХ ЏЕЛЛЕШАНУЏУ Аллах џ.ш многу се налути на овој народ и ги проколна. А како да не се лути на народот и како да не го проколни? За ова ли ги создаде? За ова ли нафака им даде? Одат по земјата Аллахова. а куфур му прават на Аллах, Го јадат ‘рскот што им го дава Аллах џ.ш. а ширк Му прават . Е ова е голем зулум! Ова е голем зулум! Аллах се налути на луѓето и им го скрати дождот. Животот им стана тежок. Им го скрати бериќетот . им го скрати наталитетот (раѓањето на децата), но луѓето не се опаметиа, тие не се вратиа да направаат тевбе. 9.АЛЛАХ ЏЕЛЕШАНУХУ ИМ ИСПРАТИ ПЕЈГАМБЕР Аллах џ.ш. сакаше меѓу нив да испрати човек кој што ќе им зборува и ќе ги упатува на прав пат. Аллах џ.ш. нема на секого посебно од луѓето да им зборува.Аллах нема да им држи предавање на секого посебно. за да им каже правете го тоа и тоа. Кралевите не им зборуваа на луѓето на секого посебно, кралевите се луѓе како сите луѓе Човекот има можност да го гледа кралот, да ги слуша неговите зборови, но нема моќ да го гледа Аллаха, да ги слуша зборовите на Аллах џ.ш. ниту да испрати кај луѓето пејгамбер, кој што ќе им зборува и луѓето ќе ги упатува на прав пат. 10.ЧОВЕК ИЛИ МЕЛЕК Вољата на Аллах џ.ш. сакаше овој пејгамбер да биде човек и да биде од тие луѓе кои што го познаваа луѓето и што го разбираа неговиот јазик. Пејгамберот ако е мелек тогаш луѓето ќе речат:Шти имаме ние со него и тој со нас. Тој е мелек а ние сме само луѓе. Ние јадеме и пиеме.ние имаме семејства и имаме наследници .Како ќе му правиме ибадет на Аллах џ.ш. Ако пејгамберот е човек ќе каже: Јас јадам и пијам и имам семејство. Јас ибадет на Аллах џ.ш му правам А зашто вие не му правите ибадет на Аллах,џ.ш А пејгамберот ако е мелек луѓето ќе речат: Ти зошто не си гладен и не си жеден? Ти зошто не се разболуваш, и не умираш?-Ибадет му правиш на Аллахџ.ш. и многу го споменуваш Аллаха? Ние сме луѓе кои сме гладни и жедни, ние се разболуваме и умираме, а како че му правиме ибадет на Аллах џ.ш . и како секогаш ќе го споменуваме? Ако е пејгамберот човек, тогаш тој че рече: Јас сум како вас, огладнувам и ожеднувам,се рзболувам и умирам и ибадет на Аллах џ.ш. му правам и го споменувам, а зашто вие Нему ибадет да не му правите и да не Го споменувате? Тогаш луѓето ќе престанат да зборуваат за тоа и изговор не ќе имаат. 11.НУХ, АЛЕЈХИССЕЛАМ СТАНУВА ПЕЈГАМБЕР Аллах џ.ш со својата воља Нух а.с. го испрати за Пејгамбер кај својот народ, Во својот народ имаше богати големци, но Аллах џ.ш за пејгамбер го испрати Нух,а.с а не избра некој од нив. Аллах знаеше кој може да го издржи еманетот на Аллах.џ.ш Нух беше многу добар и благороден човек. Нух беше паметен, топол и мек човек, Нух беше упатувач што упатува и простувач што простува за неправдите што ги правеа спрема него. Нух беше праведен и верен. Аллах џ.ш го избра за свој пејгамбер. со што и Објава му испрати. “Опомени го народот твој пред да им настапи казна болна!“ (нух,1).Нух алејхисселам им се обрати на луѓето и им рече: “јас сум навистина, пејгамбер ваш доверлив.“(Еш-Шуара,125). 12.КАКО ГО ПРИФАТИ НАРОДОТ ПОВИКОТ НА НУХ,А.С. Нух алејхисселам на својот народ кога му се обрати, му рече: “Јас сум навистина пејгамбер ваш доверлив“:(Еш-Шуара,125). Станаа некои луѓе и рекоа: Кога стана овој пејгамбер? Вчера беше човек како нас а денес вели дека бил Аллахов пејгамбер за вас. А другарите на Нух рекоа: Овој играше со нас од детство, секогаш седеше со нас, и кога му дојде Објавата?
Ноќе му дојде или дење! А богатите и надуените (горделивите) рекоа :Немаше ли да ни донесе некој друг Аллах џ.ш Или пак умреа сите луѓе и не се најде друг во луѓето освен овој сиромав? И рекоа џахилите: “Овој е само човек вам сличен“.(Му‘мин, 24и23)/“Кога Аллах би сакал би испратил мелек. За ова ние не слушнавме ништо од претците наши одамнешни“.(Му‘мин,24). А другите луѓе рекоа: Навистина Нух, со повикувањето дека е пејгамбер, сака да добие Функција и да се истакне над другите луѓе. 13.НУХ,АЛЕЈХИССЕЛАМ И НЕГОВИОТ НАРОД Луѓето гледаа дека ибадетот што го прават на киповите за нив е “прав“ пат (хак) и дека навистина ибадетот на киповите е “ паметно“ Гледаа дека тој што не им прави ибадет на киповите е во “заблуда“и е малоумен. Тие рекоа: Нашите претци ибадет на киповите им правеле а зошто овие сега сеџде не им прават на киповите? А Нух а.с гледаше дека претците беа во заблуда и залутани А Адем а.с. тој беше бабо на сите бабовци. и не им правеше ибадет на киповите. Тој ибадет му правеше на Аллах џ.ш. и навистина луѓето се во заблуда и малоумни кога ибадет им прават на камењата а не на Аллах џ.ш., на Тој што ги создаде. Нух а.с. стана пред народот и со голем глас рече “Народе мој, обожавајте го Аллаха. Вие друг бог освен Него немате, Јас за вас навистина, се плашам од казната на Денот голем. Големците од народот негов рекоа:Да, ние сметаме дека си, навистина, во заблуда јасна! Нух рече: О народе мој, при мене нема заблуда; јас сум навистина,Пејгамбер од Господарот на световите!Ви ги известувам пратенијата од Господарот мој и ве известувам, Од Аллаха го знам она што вие не го знаете!“(Ел-раф,59-62). 14.ПОДРШКАТА ОД СИРОМАШНИТЕ Нух а.с многу се трудеше да го убеди својот народ за да веруваат и ибадет само на Аллах џ.ш. да му прават и да престанат ибадет на киповите да им прават. Но и покрај толку труд на Нух а.с му веруваа само мал дел од народот. Не му веруваа другите освен мал дел од луѓето кои со свои раце заработуваа и халал јадеа. А богатите од овој народ, тие им забраниа на своите да веруваат и големците не го слушаа Нух а.с. Големците -богатите се наслонија на богаството,децата,имотот,положбата на која што биле, па заборавиле дасе сетат на Ахирет и на Аллах. Тие рекоа: “Ние сме со најголем респект а тие сиромасите се најнизок слој. Кога Нух а.с ги повика да веруваат во Еден и Единсвет Аллах,“Рекоа: Да веруваме ли во тебе како што најнискиот слој те следи?“(Еш-Шуара,111). Бараа од Нух да ги избрка сиромашните. но Нух одби да ги истера сиромашните и рече: “И не е мое верниците да ги истерам.‘(Еш-Шуара.114). Оваа врата не е врата на кралови.“Јас сум навистина. само опоменувач јасен“.(Еш-Шуара,115) Нух знаеше дека тие сиромашните се добри верници. Аллах џ.ш ќе се налути ако ги избркаме сиромашните. кои никој не ги помага.Нух рече “Народе мој, кој ќе ме заштити од Аллах доколку ги истерам?“(Худ,30). 15.АРГУМЕНТИТЕ НА БОГАТИТРЕ Богатите рекоа: Тој што повикува-Нух. не е во право, и од него нема хаир. Зашто? Бидејќи ние го пробавме. ние сме понапред во секое добро. За нас има добро јадење, кај нас има убава облека. Луѓето за секоја работа не следат. Ние гледаме во доброто и не грешиме и никој во градот не може да не победи.Оваа вера (дин) ако беше добра,ние пред оние сиромасите ќе ја прифатевме.““Ако е тоа некое добро не ќе не престигнеа во тоа“.(Ахкаф,11). 16.ПОВИКОТ НА НУХ АЛЕЈХИССЕЛАМ Нух а.с. го повика својот народ,се потруди да го посеветува. “И рече: О народе мој,јас сум ви,навистина, опоменувач јасен; обожавајте го Аллаха,плашете се од Него,и бидете му послушни:Ќе ви прости од гревовите ваши и ќе ве остави до рокот определен.А кога ќе дојде крајот кој Аллах го одреди не ќе се одложи,Ете,така да знаете!“(Нух,2-4). Аллах џ.ш. го запре дождот и се налути на нив, им го намали беричетот и им го намали наталитетот. Нух им рече: Ако верувате во Аллах џ.ш, Тој ќе биде задоволен со вас и ќе го отсрани овој азаб,и ќе ви испрати дожд,ќе ви даде бериќет во нафаката(‘рскот) и ќе ви даде деца Нух а.с го повика својот народ да верува во Аллах,џ.ш. и им рече: Нели го знаете Аллаха? Овие покрај вас, се аргументи, не ги гледате ли? Не гледате ли во небото и во Земјата? Не гледате ли во Сонцето и во Месечината? Кој ве создаде вас? Кој ви го даде Сонцето да ве осветлува?Кој ве создаде вас?Кој ви ја даде Земјата за да живеете и да се ширите на неа? Но народот на Нух а.с. не размислуваше!Исто така народот на Нух а.с. не му веруваше!А кога НУХ ги повикуваше да веруваат во Аллах џ.ш. тие прстите ги ставаа во уши.Ги затвораа ушите да не го слушнаат? Како ќе слушнат кога не сакаат да слушнат? 17.НУХ,А.С. СЕ МОЛИ НА АЛЛАХЏЕЛЕ ШАНУХУ Нух а.с. многу се трудеше и остана да ги повикува луѓето да веруваат во Единствениот Аллах џелле шануху долго време остана Нух кај својот народ да го повикува во верување во Еден и Единствен Аллах џелле шануху и тоа Деветстотини и педесет години Но народот на Нух алејхиселам не веруваше,луѓето не ги оставаа ибадетите кон киповите, и не се враќаа на ибадетите на Аллах џелле шануху. До кога луѓето ќе ги чека Нух а.с. да се вратат во верата на Адем а.с. и ово објавата испратена на Нух а.с.До кога Нух а.с. ќе гледа неред на Земјава? До кога ќе гледа да се прави ибадет на камења? До кога ќе ги гледа луѓето да го јадат ‘рскот Аллахов а ибадет да им прават на други? А како да не се лути Нух? Тој толку многу сабар правеше што никој како него не направи? Деветстотини и педесет години да опоменува. АЛЛАХУ ЕКБЕР! АЛЛАХУ ЕКБЕР! Аллах џ.ш. на Нух а.с. му испарти Вахј (Објава). “И на Нух, секако, му беше објавено ова:Никој од народот твој не ќе верува, освен оние кои веќе веруваа“.(Худ,36). Кога Нух а.с. народот породот пофторно го повикуваше, тие му “рекоа: О Нух, ти веќе, навистина, расправаше со нас, па ја разгоре расправата нашаПа, направи да ни дојде, доколку си меѓу искрените, она што ни го вети!“(Худ,32). Се налути Нух алејхиселам кој повеќе немаше надеж од нив и рече: О Аллах, немој да оставиш на Земјава ниеден Ќафир. 18.БРОДОТ НА НУХ,АЛЕЈХИСЕЛАМ Аллах џ.ш. му ја прими довата на Нух а.с и сакаше народот на Нух, оние кои не веруваа да ги потопи. Но Аллах џ.ш. сепак сакаше да ги спаси Нух а.с и верниците. Му нареди на Нух а.с. да направи голем брод. Веднаш Нух а.с. започна да гради голем брод. Неговиот народ гледа Нух што работи и почнаа да се шегуваат и да си поигруваат со него. Го прашуваа Нух а.., што е ова о Нух? Од кога ти стана мајстор за бродови? Затоа, нели ти рековме немој да седиш со тие што се сиромашни. Но ти не не послуша и седеше со нив,со тишлери.со ковачи и затоа стана мајстор за бродови!ХА ХА ХА ! А каде ќе оди овој брод о Нух ? Секоја твоја работа е чудесна. Дали овој брод ќе оди по песокот или ќе се качи на ридот?Бидејќи морето од овде е многу далеку. да не го носат џиновите или да не го влечат воловите?Нух а.с. цело време ги слушаше што зборуваа, но направи сабар и се стрпи.Бидејчи тој беше изложен на потешкоти навреди сепак беше максимално трпелив.Но секогаш им кажуваше:“Рече:Ако ни се исмевате и ние вам ќе ви се исмеваме“.(Худ,38). 19.ПОТОП-ТУФАН Дојде ветувањето од Аллах џ.ш. а врачањето секако е кај Аллах џ.ш. !Од небото почна силно да паѓа многу,дожд,толку многу врнеше така што небото како да беше сито што не може да ја запре водата,Избувна голема вода и почна да тече така што ги завати сите луѓе од секоја страна.Аллах џ.ш со Вахј(Објава) на Нух а.с. му рече Земи ги со себе од твојот народ тие што веруваа и твојата фамилија.Исто така Аллах џ.ш му нареди да ги земе од сите видови животни и од птиците во парови (машко и женско), бидејќи потопот ќе ги зафати сите. нема да се спаси никој од тоа, ни човекот ни животните,И Нух а.с. така постапи. Со него беа во бродот сите што му веруваа од неговиот народ а натовари и парови од сите видови животни и птици. Бродот кога почна да плови низ брановите големи како ридови. луѓето почнаа да се качуваат на високите ридови. Луѓето се искачија на високи ридови мислејќи и сакајќи да избегнат од азабот на Аллах џ.ш. Но нема бегање нити криење од Аллах џ.ш. освен пак кај него да се вратиме. “...Ние рековме: “Натовари во чамецот по еден пар од сите животни, и семејство твое освен оние за кои порано беше збор, и оние кои веруваа.“ Но, оние кои веруваа, кои беа со него,беа неколкумина, И рече:“Качете се во него!Во името Аллахово нека плови и нека застане! Господарот мој, навистина, е простувач и Сомилосен!“(Худ,40,41). 20.СИНОТ НА НУХ,АЛЕЈХИССЕЛАМ Нух имаше еден син, и тој беше со неверниците.Нух го гледаше својот син како влегува во потопот и како започнува во брановите да се дави, и му рече: “О синко мој, качи се во бродов со нас и немој да бидеш со неверниците,А син му рече: Ќе се искачам на брдото кое ќе ме заштити од водата.А Нух рече:Денес нема никој да се заштити од наредбата Аллахова, освен оној кому Он ќе му се смилува. И меѓу нив се испречи бранот и син му беше меѓу потопените!“(Худ42-43). Нух се насекира за син му. А како да не се насекира кога му е син. Нух сакаше неговиот син да се спаси од Џехеннем на Судниот ден Ако не се спаси денеска од водата. утре нема да се спаси од огнот. Бидејќи огнот е посилен од водата,тогаш азабот на Ахирет е посилен. Нели Аллах џ.ш. вети дека ќе го спаси неговото семјство?Да! Ветувањетона Аллах џ.ш е вистина (хак).Нух а.с бараше од Аллах џ.ш да го спаси неговиот син 21.ТОЈ НЕ Е ОД ФАМИЛИЈАТА НА НУХ,А.С. “И го повика Нух Господарот свој, и рече: Господаре мој,синот мој,навистина,е чедо мое,а ветувањето Твоје,секако е вистинско и ти си меѓу судиите Најдобриот!“(Худ,45). Но Аллах џ.ш не гледа на потеклото ( дека е тој син на Нух а.с.), но гледа во богобојазливооста(делата ваши).Аллах џ.ш не прифаќа посредување (шефаат) за мушриците. Мушриците не се семејство(фамилија) на пејгамберите, и ако му е син.Аллах џ.ш го опомена Нух а.с за тоа и му “рече: О Нух,тој,стварно, не е од семејството твоје: тој е непоправлив.Па, не моли Ме за оној за кого не знаеш.Јас, навистина,те советувам да не бидеш меѓу незнајковците!,(Худ,47), 22.ШТО СЕ СЛУЧИ ПОСЛЕ ПОТОПОТ Откако Аллах џ.ш. ги потопи неверниците од небото престана да паѓа дожд и водите исчезаа.Бродот застана на местото наречено Ел-Џуди. “И беше речено далеку нека биде народот зулумќарски“. (Худ,44). “Беше речено: О Нух, слези со поздрав од Нас, и со беричетите врз тебе о врз луѓето кои се со тебе“.(Худ,48). Нух а.с слезе и неговите другари од бродот слегоа и отидоа поп земјата спасени од потопот. А ќафирите Аллах џ.ш ги уништи со потопот.За нив не плачеа ни небото ни Земјата.После тоа Аллах џ.ш. спушти бериќет на поколението на Нух а.с. а тие се распространија по Земјава.Земјата се исполни со народот од Нух а.с. Од Нух а.с. се размножија многу народи.кралеви и пејгамбери.“Нека е селам на Нух меѓу световите!“(Ес-Саффат,79). 23 КАКО СТИГНАЛЕ НОВОСТИТЕ ЗА НУХ,А.С. ДО МУХАММЕД САЛАЛЛАХУ АЛЕЈХИ ВЕ СЕЛЛЕМ Мухаммед,а.с. и Арапите за потопот на Нухобиот народ единствено нешто дознале преку Објавата; “Беше речено: “О Нух,качи се со поздрав од Нас,и со бериќетите врз тебе и врз луѓето кои се со тебе,и ќе има народи на кои Ние ќе им дадеме да уживаат едно време,а потоа ќе ги погоди од Нас казна болна.“ Ете, тоа се дел од Кажувањата за невидливото кои, токму,Ние ти ги вдахнавме,Не ги знаевте ни ти ни народот твој, од порано,Па стрпи се , зашто,навистина наградата е конечна за богобојазливите!“(Худ,48-49). Значи, Мухаммед,а.с. и неговиот народ ниту преку историјата ниту преку археологијата ниту преку било која научна дисиплина ништо не можело да знаат,освен по Објаватам за потопо на Нуховиот народ,Што се однесува до Нух,а.с. како еден од петте големи Аллахови пејгамбери, тој имал ист Шеријат верски закон како Мухаммед,а.с. и давал селам.Му дошол на народот со универзалната Аллахова порака и проглас дека нема друг бог освен Аллах џ.ш Аллахова порака и проглас дека нема друг бог освен еден Аллах џ.ш. и дека од Него треба да се плашиме и послушни да Му бидеме.Но народот го сметале Нух,а.с. како лажен пејгамбер.Но тој од луѓето за својата мисија не барал награда,затоа што него ќе го награди Аллах џ.ш. припрема и обработка http://www.tewhid.ucoz.org | |
Views: 1253 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |