Main » Files » Пејгамбери

ХУД,А.С. ИСТОРИЈАТА НА ПЕЈГАМБЕРИТЕ
09.20.2014, 4:37 AM

1.после нух,а.с.-народот  АД

Аллах џ.ш  на поколението на Нух,а.с. му даде береќет со тоа што се растурија по Земјата и од тие луѓе се создаде уммет (народ) кој што се вика Ад.И тие луѓе беа многу јаки.

       Нивните тела како да беа од железо,секого го победуваа а нив никој не можеше да ги победи.Тие не се плашеа од  никого а секој се плашеше од нив.На народот Ад, Аллах,џ.ш.  му даде береќет во се,Затоа и камилите,овците од народот Ад го исполниа секое место.

Коњите на Ад  куќите беа полни со деца.Кога овчарите ги носеа камилите и овците на пасење,тие беа многу убави.Децата од народот Ад кога излегуваје сабајле да си играт беа многу убави,И земјата кај народот  Ад  беше многу убава,имаше многу убави бавчи со многу зеленило,цвеќе и извори.

2.НЕБЛАГОДАРНОСТА НА УММЕТОТ АД

но  народот Ад  не му се заблагодари  на Аллах,џ.ш  за сето тоа што Аллах им го подари.Народот Ад го заборави потопот за кој што слушна од своите претци иако трагите од потопот ги гледаа на Земјата.И заборавија зошто Аллах,џ.ш.  им го даде потопот на умметот на Нух,а.с.

и почнаа луѓето  ибадет да им праваат  на киповите, исто како што беше и народот од Нух,а.с.кој веруваше во многу  божества и ибадет на киповите им правеше.

И направија кипови од камен со свои раце,потоа на нив сеџде и ибадет им правеа.И беа такви,кога имаа некоја потреба.помош од киповите бараа.им се молеа на киповите,за нив курбани колеа.И   беа по патот на умметот на Нух,а.с. 

Нивниот памет беше таков кој што не ги одврати  од ибадетот кон киповите и не ги упати на прав пат. Беа паметни за овојсвет (дуња)а неразбливи за (верата)ислам.

3.Непријателството на народот АД

Силата на народот Ад за нив остави последици како и за сите луѓе.Бидејќи тие не веруваа во Аллах,а.ш.  ниту веруваа во Ахирет (Судниот ден).Кој може да ги забрани тогаш од зулумот? Зошто да избегаат од непријателствата? Зошто да не им праваат Зулум на луѓето ,кога  тие не гледаат никого повисоко од нив? Кога не се плашат дека ќе треба да поднесат сметка на Ахирет за сите свои постапки но и не се плашаат од азабот на Аллах,џ.ш. 

Беа како животните во шумата,каде што појаките (посилните) зулум им правеа на помалите, каде силните ги јадеа на послабите.Кога Ќе се налутеа беа нервозни како слонови.

Ништо пред себе не оставаа, се убиваа,Кога ќе војуваа рушеа и уништуваа се пред себе,се што е посадено а луѓето ги масакрираа; “Кога владарите ќе влезат во еден град ќе направат метеж, и моќните жители негови ќе ги потчинат“(Ен-Немл,34).

Сиромашните се плашеа од нивното зло и избегнуваа од нивниот зулум.Силата на народот Ад  врз нив остави последици и за сите луѓе.И секој кој не се плаши од Аллах,џ.ш.  тој и не верува во Аллах ни во Судниот ден.

4.Дострелите во изградба и во уметноста на народот АД

Народот Ад  беше таков кого не го интересираше ништо освен јадење и пиење.забава и игра  зада им се помине времето.Беа такви при што едни на други покажуваа горделивост и фалење во изградба на големи куќи  и палати.

Нивното богаство го трошеа во вода.песок и камен.Беа такви,каде ќе видеа празно или високо  место таму ќе изградеа палата,Градеа куќи како дека ќе останат,како никогаш да не умираат!

Градеа палати без да има оправданост или потреба,а другите луѓе немаа што да јадат и што да облеќат.Меѓу нив имааа сиромашни кои не можеа да најдат куќа за живеење,а куќите на богатите беа празни и никој таму не живееше.

После нив,луѓето што ги гледаа палатите, се познаваше дека тие не веруваат во Аллах ни во Ахирет.

5. ХУД СТАНУВА ПЕЈГАМБЕР

Аллах,џ.ш.  со својата воља сакаше да им испрати на народот на Ад  пејгамбер.Аллах,џ.ш.  не се сложуваше  неговиот народ куфур да му прави.Аллах не го сака народот на Земјава што не верува.Народот Ад беа тие кои не го користеа паметот освен за јадење и  пиење и залудно трошење време,забави,игри,и изградба палати.

Умовите нивни беа расипани,бидејќи не ги употребуваа за динот (исламот) Народот Ад беа паметни само за овој  свет (дуња),несватливи за ахирет.Ибадет на киповите им правеаа а не размислуваа.Затоа Аллах,џ.ш.  сакаше да им испрати  пејгамбер за да ги упати.

Аллах,џ.ш. сакаше овој пејгамбер да биде, од самиот народ, кого што го познаваа и чиј што јазик го разбираа.Овој пејгамбер беше ХУД,А.С. Се роди во местото во кое што живееше народот Ад.На својот народ му ја доставува потполно истата објава и Порака како  што Аллах,џ.ш.  му ја испрати на НУХ,А.С.

Живееше како голем мудрец и не беше како другите.Народот на Худ,а.с. Ад е прв народ  кој  во Кур’анот се споменува по име. Во пустината Ахкаф, помеѓу Уман и хадрамевт,прастар народ Ад, кој наводно потекнува од Ад, синот на Ирем, а правнук на Сам.

Се раскажува дека племето на Ад, под водтсво на Шедад или Лукан владеело со Вавилион и ја освоило Индија и Ирак 2.000 години и повеќе пред раѓањето на Иса а.с.  Покасно како Хикси-пастири се населуваат во Египет,Многу покасно притиснати од Јемен потомците на Кахтан се сокриле во Етиопија.

6. Повикот на Худ,а.с

ХУд застана пред својот народ,ги повика и им рече: “О народе мој обожавајте го Аллаха,вие друг бог освен Него  немате“(А’РАФ,85).

Худ рече: О народе зошто ибадет на камењата им правите а не на Створителот што ве создаде? О народе, овије камења вчера што ги правевте,зошто денеска ибадет  и правите? Аллах ве создаде и’рск ви даде,береќет ви подари во богаството и во децата и во родот на земјата и во поколението.

Ве направи халифе (намесници) на Земјава после Нух,а.с и ви даде сила (кувет) во вашето тело. Затоа што Аллах,џ.ш. ви ги  даде овие добри на земјата.тогаш должни сте ибадет Нему да му правите а не на некој друг.

Навистина на ова куќе што вие го бркате со коска во уста. не се разделува од вашата куќа.останува покрај вас како верна сенка.Дали сте го виделе куќето да го остави својот домаќин и да оди кај друг?

Гледате ли некое животно ибадет да им  прави  на некои камења, или дали сте го виделе некое животно сеџде да им прави на киповите?Се прашуваме,дали човекот е понизок од стоката (животните).или тој е со повисок респект од нив?

7.одговорот од народот АД

Животот на народот беше во јадењето.и пиењето, забава и игра.Тие луѓе беа задоволни со животот на  овој свет и уверени во дуња.Зборовите на Худ,а.с.  многу ги погодија.Некои од нив меѓу себе рекоа:Што кажува Худ? Што сака Худ? Ние не ги разбираме неговите зборови, тој што зборува! Па рекоа:Тој е малоумен или будала (меџнун).

Кога повторно ги повика Худ, нивниот прв човек рече: “Ние навистина сме при мислење дека си безумник и држиме дека си меѓу лажговците!“(А’раф,66).

“рече: О народе мој при мене нема  безумност, јас сум навистина пејгамбер од Госпаодарот на световите!  Ви ги известувам пратенијата од Господарот мој  доверлив советник сум ваш“.(А’раф,67-68).

8.Мудросто на ХУД,А.С. 

Не престана Худ да  го повикува својот народ,го повикуваше народот со својата мудрост и со сета  човечка почит.Худ рече:О народе мој.јас сум ваш брат и ваш другар уште поодамна! Е па дали не ме познавате: О браќа! Зошто се плашите и бегате од мене? Јас  од вашето богаство не ви барам ништо.“За ова јас народе мој не барам имот; наградата моја е само кај Аллах“:(Худ,29).

О народе, зошто се плашите ако поверувате во Аллах, валлахи нема ништо да изгубите  од богаството,вие ако верувате во Аллах!

Со тоа Аллах ќе ви даде береќет во ’рскот, ќе ви ја зголеми вашата сила и  ќе ви го зголеми вашиот углед. О народе, зошто се чудите со моето доаѓање за пејгамбер? Бидејќи, Аллах,џ.ш.  нем да ви зборува  на вас еден по еден!

Аллах, поединечно нема да ви се обраќа и да зборува со секого и да ви кажува направи го ова или тоа!Аллах,џ.ш.  на секој народ му испратил човек од самиот народ, за да го разбираат кога ќе им  зборува и за да ги советува.Аллах,џ.ш.  ме испрати  кај вас за да ве советувам.

“Или пак се чудите што ви дојде спомен од Господарот ваш преку еден човек од вас за да ве опомене?“(А’еаф,63),

9.Аллахова казна врз народот АД

Худ,а.с.  го опоменува својот народ:“Да, јас се плашам за вас од казната на Денот страшен!“(Еш Шуара.135).

“И спомни го братот на Ад,кога  го опомена народот свој во Ахкаф. Опоменувачи имаше и пред него и по него:“Обожавајте го само Аллаха.Јас, навистина,се плашам од казната на Денот голем!“(Ел Ахкаф,21).

Наместо тевбе и истигфар потсмеваа; ја изигруваа Аллаховата казна: “зборуваа:“Дојде ли да не одвратиш од боженствата наши...па донесини нешто од она што ни го вети ако си меѓу искрените!“

Одговорот на Худ,а.с.  беше дека казната наскоро ќе ги стигне, тој ќе чека со нив:

“Рече: “Паднаа врз вас,секако од Господарот ваш и зло и гнев.Ќе расправате ли со мене  за имињата со кои ги именувате, вие и преците ваши,оние за кои Аллах не објави  никаков доказ? Очекувајте, и јас ,навистина,ќе очекувам со вас!“(Ел А раф,71). Но Времето на доаѓањето и извршувањето на казната единствено му е познато на Аллах,џ.ш. 

“Кажи: “Покажитеми го она што го покажувавте освен Аллах? Покажете што создадоа на Земјата! Или пак, се здружени во создавањето на небесата. Дајте им ја Книгата пред оваа или,пак, трагите на знаењето ако сте искрени.“(Ел-Ахкаф,4) народот Ад, како и сите неверници самоуверено тврди:“и ние нема да бидеме казнети.“(Еш Шуара,138),Народот Ад и Семуд не веруваат во страшна казна: “И Ад и Семуд кијаметот го сметаат за лажен!“(Ел-Хакк,4).

Аллаховото ветување се оствари и Ад е казнат, Бил тоа страшен ветар кој уништувал се пред себе. страшно невреме, које потрајало седум ноќи и осун дена.Тоа биле најтешкји денови.Ветерот се претворал во прашина и пепел..Луѓето биле расфрлани како да биле хурмини стебла. Уништени се со страшна брзина и претворени во пепел и прашина.Така од грешниците никој не останал и не преживеал.

“И бидејќи видоа како се појави еден облак, кој одеше кон нивните долини,рекоа:“Овој  облак ќе ни донесе дожд.“ Не, тоа е она што вие брзате да дојде:Ветер кој носи казна болна, кој ќе потресе се, со наредбата на Господарот негов, па ќе останат само живеалиштата нивни.Ете, така Ние го казниме родот насилнички.(Ел Ахкаф,24-25).

“ И на Ад,кога Ние им испративме, во еден ден определен,ветер кој постојано мете.“(Ел Камер,19).

“А  што се однесува до Ад... беа уништени со ветрот кој фиука гласно и кој метеж остава! Кој дојде да ги потцини нив седум  ноќи и осум дена без прекин,па да ги видиш луѓето покутнати како да се трески урмини, полаѓани? Па, гледаш ли дали остана трага од нив?)ЕлХакк,6-8).

Народот Ад е уништен како и многу други народи. Уништен е со страшна казна. На Ахирет е  уште посрамна и потешка казната. Уништувањето на народот Ад како и народот на Нух,а.с. е поука и порака за верниците. Поголемиот дел е од Ад не биле верници. Аллах е сепак единствен победник.Со Аллахова милост Худ а.с. и неговите следбеници се спасени, додека сите неверници од Ад се уништени. Шу’ајб, Муса и Мухаммед а.с.  ги опоменуваат луѓето со судбината на АД  и другите народи.Еве Кур’анска вистина за тоа

“О народе мој. неслагањето со мене нека не ве доведе до тоа да ви се случи слично на она што му се случи на народот на Нух или на народот на Худ  или на народот на Салих.А  ни народот на  Лут не е подалеку од вас.“Худ.89).

“Слично на случајот со народот на Нух, народот Ад и Семуд и оние што беа по нив,Аллах не им посакува зулум на робовите!“(Гфир,31).

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK

Од книга: Историјата на пејгамберите

Category: Пејгамбери | Added by: tewhid
Views: 679 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube