Main » Files » Пејгамбери |
07.22.2014, 11:43 PM | |
Прв човек создаден од Аллах џелле шануху како и прв човек кој примил Објава или сухуфи е Адем алејхисселам,Адем а.с е прв човек на Земјава, прв пејгамбер,прв примач на Сухуви и прв е кој го применил Шеријатот.Од него и од неговата жена Хава,покасно се развил целиот човечки род. Еве кур‘ански ајет за тоа “О, луѓе,плашете се од господарот ваш кој ве создаде од еден човек.Од него создаде жена.И од нив расеа и мажи и жени многу.Плашете се од Аллах,со Чие име се повикувате,и меѓу роднините.Аллах,навистина,бдее врз вас!“(Ен-Ниса,1). АЛЛАХ ЏЕЛЛЕШАНУХУ Првиот човек го создал од глина,кал,прашина,значи од земја,Првиот човек нема ниту татко ниту мајка, значи нема родители. Не се развива од мајмунска врста како што тврди теоријата на еволуцијата,туку директно го создава Аллах џеллешануху по принципот “биди“!-и тоа ќе биде Тоа е Аллах,“кој создава секоја ствар во најдобар облик,и Кој,создавањето на човекот,го започна од глина,А потоа,породот негов,го создава од избрана капка вода.Апотоа Он го обликува и му вдахнува од духот Свој,и Ви дава и слух,и вид и срца,Малкумина заблагодарувате.“(Ес-сеџде,7.9). Или во следниот ајет се вели“Ааллах ве создаде од земја,а потоа од семе,а потоа ве создаде парови,И жената не останува трудна и не раѓа без знаењето Негово.Никому животот не му се продолжува и никому животот не му се скратува а тоа да не е во книгата.Ете,тоа за Аллах,навистина,е лесно!“ Појавата на човекот на земјата не би била без Аллахова директна интервенција како Створител/Покасно.после првиот брачен пар Адем и Хава,од нив се развиваа човештвото,затоа што луѓето и жените се суштества од иста врста,создадени во парови, машко и женско,па се оплодуваат,раѓаат и размножуваат 2. Создавањето на Првот Човек Дека Адем а.с е првиот создаден човек сведочи следниот ајет “И, секако,Ние го создадовме Адема„‘ му дадовме изглед,потоа им рековме на мелеките “Паднете му на сеџде на Адем!“ -Сите паднаа на сеџде.“(Ел-А‘раф,11). “И кога ние им рековме на мелеките “паднете му на сеџде на Адем!“ Сите паднаа на сеџде освен Иблис.Тој беше меџу џиновите па ја оскверни заповедата од Господарот свој.Ќе ги земете ли тогаш него и потомството негово за заштинници покрај мене? Оние се ваши непријатели.Е само колку е лоша таа замена за зулумќарите!“.(Ел-Кехф,50). Аллах џеллешануху кога го создал Адема,а.с му дал најубав облик и вдахнал во него рух-душа, тогаш на мелеките им наредил да Му направат сеџде. Кога навистина Аллах џелешануху ги создал светот.животот,универзумот,небесата земјата, билките,животните и човекот,тоа сеуште никој не го открил.Кур‘анот муслиманите ги учи, сето тоа кој го создал ,затоа што тоа е тајна.исклучиво во знаењето на Сворителот,Створител на се е Аллах и ништо не создал поради игра и забава,туку со цел да го обожаваат и да го слават. Кога Аллах џелешануху го создал човекот.Тој го избрал и одредил за Халифа-намесник на земјата, над другите живи суштества,Го подучил со имињата и поимите на сите нешта, “Он го поучи Адема со имињата на сите нешта, и ги изнесе пред мелеките,па Он им рече “Изнесите ги имињата нивни ако сте искрени!“ А оние рекоа “Славен нека Си! Ние поседуваме знаење само за она за што Ти не поучи.‘ Ти си, навистина,Зналец и мудар!3(Ел-Бекаре.31,32). Аллах џелешануху на мелеките им рекол дека на земјата ќе постави халифа! Мелеките на тоа рекле„‘ “Ќе го поставиш ли оној кој безредие ќе прави и крв ќе пролева?“ Еве Кур‘ански ајет за тоа“‘ “И кога Господарот твој им рече на мелеките„‘ “Да Јас че поставам на земјата халифа!“ Оние рекоа„‘ „Ќе го поставиш ли оној кој безредие сее и кој крв пролева?А ние, заблагфодарувајќи се величие и благослов,Ти изразуваме.Он рече„‘ “Јас го знам она што вие,секако,него знаете,“(Ел-Бекаре,30). Иблис како Шејтан, се надул и ја одбил Аллаховата Одредба да му падне на сеџде на Адем, затоа што тој бил создаден од глина,а шејтанот од оган.Врз таа основа тој себеси се смета за повисок од човекот “Аллах рече “Што те спречи па да не паднеш на сеџде кога вече ти наредив?“ Иблис рече “Јас сум подобар од него. Мене ме создаде од оган а него го создаде од глина.“(Ел-а‘раф,12). Надуениот Шејтан,понижен,Аллах џелешануху го проколнил и го прогонал од Џеннетот поради непослушност, а тој му се колни на Аллах дека ќе ги напаџа луѓето однапред и одназад,од десно и од лево и така ќе ги одвраќа од Аллаховиот пат “Потоа ќе им приоѓа од пред нив и зад нив,и од нивната лева страна и од нивната десна страна и ќе ги најдеш мнозинството од нив, неблагодарни.“((Ел-А‘раф,17). Шејтанот луѓето ги заведува и во заблуда ги носи со својот глас, со здружување во имотот,со децата нивни,па на нив ќе ја сврти коњаницата и пешадијара. “И колку можеш натерај од нив со гласот твој. И натерај го караванот твој кон нив,и пешадијата твоја...здржи им се и во имотот и со децата и вети им!Шејтанот им ветува само измама!“Ел-Исра,64) Аллах го споменува човекот дека Иблис му е непријател,нему и на неговата жена
“Тогаш Ние рекофме “О Адем, овој,навистина.е непријател,твој и на жената твоја.Па тука,никако не ве истера од Џеннетот ќе се унесречите.“(Та-ха.117).
3.Престојот на адем и хава во џеннетот Според Кур‘анот прво престојувалиште на хазрети адем и хазрети хава, била Ценнет.Во Џеннет имале се за јадење и пиење, а забрането им било приближување на едно стебло да не би постанале грешници и од шејтанот заведени и во заблуда доведени “И Ние рековме “О Адем,ти и жената твоја живејте во Џеннетот и јадете од него колку што сакате и од каде што сакате,‘ но не проближувајте се до ова стебло... ќе бидете,тогаш меѓу зулумќарите!“(Ел-Бекаре.35). Во Џеннетот ништо не им недостасувало не чуствувале ниту глад,ниту жед, ниту вруќина. ниту студ.ниту знаеле за голотија “Да,во Џеннетот не ќе останеш ни гладен ни гол да во Џеннетот не ќе останеш ни жеден ни испотен.“(Та-ха,118,119). Но шејтанот не ги остави на мира.па сака тие на било кој начин да му се приближат на стеблото забрането од Аллах џеллешануху.Тој им ги покрива сите џеннетки добра и благодети.но стално ги наведува и во свеста им го внесува забранетото дрво.Им потврдува дека дрвото им е забрането само затоа да не постанат мелеки,бесмртни и вечни и за да не добијат власт која никогаш нема да пропадне. Ако се приближат кон дрвото шејтанот им ветува бесмртност,и дека ќе постанат мелеки,Аргументите на преварата кај шејтанот,за Адем и Хава се промена на видот,нудење вечности вечна власт. “Рече: “Слегувајте од него сите!Еднинадруги ќе бидете непријатели. “Ќе ви доаѓа од мене Патоказ,сигурно!Па,кој че го следи Патоказот мој не ќе скршне во заблуда и не ќе зажали.“(Та-ха.123). Кога му се приближиле на забранетото дрво. хазрети Адем и Хава не станале ни мелеки,ни бесмртни,ниту добиле вечна власт,туку погрешиле и наеднаш останале голи.затоа што ја прекршиле Аллаховата Одредба и ги поминале дозволените граници. Според Кур‘анот и двајцата шејтанот ги завел и на грев ги навел: “И ги заведе со измамата,Бидејќи вкусија од стеблото им се покажаа нивните срамни места и почнаа да ги покриваат со џеннетско лисје.И Господарот нивни им рече: ‘Нели ви го забранив стеблото и нели ви реков дека Шејтанот, навистина е вашиот јасен непријател!“ Рекоа рече: “Слегувајте! Еднинадруги непријатели ќе бидете. За ваз земјата ќе биде утврдувалиште и уживање ваше до едно време определено,“(Ел-А‘раф,22-24) 4.Протерување на Адем и Хава од Џеннетот По направенот грев.заведените хазрети Адем и Хава протерани се од џеннетот.на земја: “И шејтанот ги измами и, тогаш, ги одведе во тоа место во кое се наоѓаа: и Ние рековме: “Слезете,еднинадруги непријатели ќе бидете.Земјата ваша живеалиште ќе биде и уживање до време определено!“Ел-Бекаре,36). Но веднаш се покајале спрема Аллах џеллешануху: “ И Адем, тогаш ги усвоји некои зборови од Господарот свој и Он му го прими покајанието.Он навистина,е Простувач и Сомилосен!“(Ел-бекаре,37). На луѓето не им е познато. од кога и каде живеат Адем а.с.и хазрети Хава а покасно и потомците нивни на земјава? За тоа луѓето само претпоставуваат.Меѓутоа,низ случајот на заведувањето од Шејтанотна Адем и Хава,Аллах во Кур‘анот ги упатува сите генерации на човечкиот род и предупредува на тоа Шејтанот за никогаш да не ги заведе: “О синови адемови,нека Шејтанот не ве заведе онака како што ги изведе од Џеннетот родителите ваши,соблекувајќи ја облеката нивна за да им ги покаже Срамните места.Шејтанот и неговата дружба,навистина,ве гледаат отаде од каде што вие не ги гледате.Ние ги определивме шејтаните,секако,да бидат заштитници за оние кои не веруваат.“(Ел-А‘раф,27). Муслиманите покрај цврстата вера во Аллаха. покрај добрите дела.и покрај живеење според Шеријатот и морално-етички однос,за да бидат сочувани и спасени од проклетиот Шејтан,секогаш треба да повторуваат Еузубил-лахи минеш-шејтанир-раџим: Бисмил-лахир-рахманир-рахим. Според некои дела , по напушањето на Џеннетот хазрети Адем извесно време поминува во Индија,а хазрети Хава во Џедда.На Адем му било тешко без хазрети Хава и Аллах му ја примил довата, ги составил и им опростил:
“И Адем,тогаш, ги усвои некои зборови од Господарот свој и Он му ги прими покајанието,Он, навистина, е Простувач и Сомилосен!“(Ел-Бекаре,37). 5.Синовите на Адем,А.С Сите луѓе по крвно-сродничка или биолошка основа освен ИСА,А.С. се нарекуваат Бену Адем. синови или потомци Адемови.Сепак,Кур‘анот ги споменува по име. “И кажувај им го кажувањето сосем вистинско за синовите Адемови.Кога оние поднесоа жртва и,ете,од едниот беше примена.а од другиот не беше примена.Едниот рече: “Ќе те убијам.“ Рече Аллах. навистина, ги прима од богојазливите.“(Ел-Маида,27). Кај Адем а.с. секогаш се раѓале по две деца близнаци-машко и женско.Ни еден брат не смеел да се ожени со сестра му близначка.Но Кабил сакал да се ожени со сестра му близначка која според верскиот закон му припаџала на братот Хабил.Тој во братот,а не во Аллаховиот закон, видел пречка за остварување на звојата желба.Страста го заслепела и тој го убива братот кога курбанот не му е примен: “И го поттикна, тогаш, страста да го убие брата си и -го уби.Па, стана еден од поразените!“(Ел-Маида,30). Тука започнува и обредот џеназе по Аллаховата интервенција преку гавранот: “Па,Аллах испрати еден гавран да копа по земјата за да му покаже како да го покрие голото тело на брата си.И рече:“Тешко мене!Зарем сум немоќен,како овој гавран,да го покријам телото на брата ми?И, тогаш се покаја.“ (Ел-Маида,31). Според шеријатот на Адем,а.с., било забрането женење со мајка,ќерка,и со сестра близначка.Врз основа на кур‘анските ајети како и врз основа на веродостојните хадиси Адем,а.с.,сигурно бил прв човек и прв пејгамбер. Тоа го потврдуваат кур‘анските ајети кое се однесуват за него: “Потоа Господарот негов го избра,му прости и го упати.“(Та-ха,122). Потоа,Аллах за пејгамберот го избра,му опрости,и го одликува него,Нуха,Ибрахима и Имрановото семејство над останатите луѓе: “Аллах,секако,ги избра и Адем и Нуха и семејството Ибрахимово и семејството Имраново меѓу луѓето.“(АлиИмран,33). На Адем,а.с.Аллах џеллешануху му наредил,но тој ненамерно Одредбата ја заборавил:“И на Адем, сигурно,Ние му препорачавме,Потоа тој заборави. И кај него не најдовме решителност.“(Та-ха,115). Неговото својство на човекот- инсан е воопшто својство на човекот-инсан или оној кој заборава ненамерно.Адем долго живеел на земјава и имал голем пород. Како пејгамбер примал десет сухуфи а објавени му се келиме.Адем,а.с. живеел 120 години.Според некои дела,Адем,а.с. имал и трет син кој се викал Шит.а кој наводно по смрта на Адем,а.с станал пејгамбер и примил десет сухуфи.СЕ тврди дека шит прв го изградил Ќа‘ба и се борел против потомството на Кабил
припрема и обработка од книга-Историјата на Пејгамберите | |
Views: 1051 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |