Main » Files » Намаз

ПОСАКУВАМ ДА БИДАМ УБИЕН СЛЕДЕЈЌИ ГО СУННЕТОТ
04.07.2015, 11:40 AM

Ибн ал-Араби ал-Малики рекол: “Еднаш го повикав шејх ебу-Бекр ал-Фахриј во Мухаррас аш-Шева`ас-Сагр. Ебу-Бекр беше еден од истакнатите учењаци кои стварно го следеше Суннетот на Посланикот во дигање раце во намаз. Пристигна во Сагр каде што јас подучувам. 
Шејхот влезе во џамијата и застана во првиот сафф а јас стоев на крајот од саффот гледајќи кон морето и уживајќи во ветерот. Во истиот сафф беше и командантот на морскиот екипаж ебу Самна, неговите помошници и членовите од екипажот чекајќи го имамот да почне да го предводи намазот.
За време на својот доброволен (нафиле) намаз шејхот ги подигна своите раце кога одеше на руку` и кога се враќаше од руку`. Ебу Самна му се обрати на своите другари: “Видовте ли што направи овој источњак?! Одете и убите го и фрлите го неговото тело во море и никој да не ве види”. Кога го слушнав ова срцето ми скокна во грлото и му реков: “ Субханаллах, ова е големиот учењак ат-Туртуши во ова време. ”
Тие прашаа: “Тогаш зошто ги дигаше рацете во намазот?”
Па им реков: “Тоа е Суннет на Пратеникот и мезхеб на имам Малик како што пренесуваат учењаците на Медина”. Потоа се обидов да ги смирам и да ги стишам додека шејхот не го заврши својот намаз. Потоа ние се вративме во резиденцијата Мухаррис. Шејхот ја забележа мојата лутина и ме испитуваше за причината на мојата лутина. Па тој се насмеа на тоа и рече: “Навистина, посакувам да бидам убиен следејќи Суннет”.
Јас реков: “Не би требало тоа да го правиш, ти си во град каде што доколку го следиш неговиот Суннет ќе бидеш убиен”. Тој ми рече: “Остави го овој празен говор и ајде да зборуваме нешто корисно”.
“Ахкамул Куран” (4 / стр. 1900, исто така Куртуби го спомнува во “Ат-Тефсир” (19 /  стр. 279) и аш-Шатиби во “Ал-`итисам” (1 / стр. 295).
 
Припрема -TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk
 
Преведил: ебу Јусуф
Category: Намаз | Added by: tewhid
Views: 360 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube