Main » Files » Муслиманка

Време на склопување на брак
11.15.2014, 3:47 AM

 

 

Склопувањето брак убаво би било да биде во петок, односно воочи петок, на Бајрам и слични пригоди. Ваквото мислење е пренесено од старите правоверни генерации на селефот1.

Дова за сопружниците

Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., во корист на младоженците ја чинел следнава дова која ја пренесуваат четворицата автори на хадиските збирки „Сунен“ (Ебу Давуд, Тирмизи, Несаи, и Ибн Маџе):

„Барекаллаху леке, ве бареке алејке, ве џемеа бејнекума фи хајрин.“

Аллах нека ти подари бериќет, и нека е на тебе Неговиот бериќет, и нека ве состави во секое добро.“

Започнување на брачните интимни односи во месецот шевал


 

Тоа би било убаво ако постои можност за тоа, поради хадисот на Аиша, р.а., кој го пренесува Муслим, а во кој стои: „Аллаховиот Пратеник се ожени со мене во месецот шевал и во него го започнал брачниот живот, интимниот живот. Која од жените на Пратеникот, с.а.в.с., имала поголем дел кај него од мене?“

Урве вели: „Аиша го сметала за мустехаб започнувањето на жената на својот брачен интимен живот во шевал2.“

Имам Невеви при коментарот на овој хадис вели дека Аиша, р.а., со ова го побива џахилијетското (паганско) верување. Имено, обичните, суеверни луѓе сметале дека е покудена женидбата во која се зпочнува со брачниот интимен живот во месецот шевал поради верувањето дека самото значење на тој месец (неговиот корен гласи „шале“ а значи: да отидеш, разотидеш, да станеш несложен, да изгубиш моќ, да се препастиш, да се плашиш итн.) има негативен одраз врз таквата важна работа како што се брачните интимни односи и нивниот почеток. Интересно е дека тие суеверија се пренеле и до нашите денови, така што и кај нас владее една вообичаена изрека: „Немој да се жениш меѓу два Бајрама, односно немој да се женишво месецот шевал кој настапува веднаш после рамазан. Затоа Аиша, р.а., сака да нагласи дека таа го склопила бракот и започнала со брачниот интимен живот во месецот шевал, наспроти џахилијетското суеверие, па сепак имала најголем удел во тој брак, споредувајќи го со бракот на останатите жени на Пратеникот, с.а.в.с.


 


 

Прва ноќ во полигамниот брак


 

Во случај оженетиот човек да се ожени, зошто во исламот полигамијата е дозволена, а ако невестата биде девица, тогаш кај неа ќе престојува седум ноќи, а потоа со редослед ќе оди кај останатите жени. Меѓутоа, ако веќе донесе мажена жена (вдовица), тогаш кај неа на почеткот ќе престојува само три дена, а потоа ќе продолжи со востановениот праведен и еднаков распоред и редослед; во престој, издршка, подароци и останатите работи во семејниот живот, постапувајќи според хадисот на Пратеникот, с.а.в.с., кој го пренесуваат Бухари и Муслим од Енес, р.а.: „Ако некој се ожени со девица пред вдовица, во почеток кај неа ќе престојува седум дена, потоа ќе продолжи по вообичаениот распоред. И обратно, ако се ожени со вдовица пред девица, ќе престојува кај неа три дена, а потоа ќе продолжи по обичниот распоред.“


 


 

Да се биде добар сопруг


 

Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., вели како што пренесува Ахмед: „Најдобар од вас е оној кој е најдобар кон својата сопруга. А јас сум најдобриот меѓу вас, зашто најдобро се однесувам кон својата сопруга.“

Хадисот има воопштено значење, меѓутоа, особено се подразбира дека треба да се биде добар и внимателен кон својата жена во тие први брачни ноќи кога таа е како туѓинец (странец) во новиот дом и во новото непознато семејство.


 


 

Меѓусебно почитување на сопружниците

Двајцата сопружници имаат обврска да бидат свесни и внимателни во сите свои постапки како не би ги повредиле чувствата еден на друг, бидејќи тоа има посебно значење во почетокот на новиот живот и се памти сето време.

 

 

Клањање доброволен намаз и учење на дова

 

Мустехаб е сопружниците да клањаат намаз во џемат, се цел нивниот физички допир и средба да започнат со покорност кон Возвишениот Аллах. Мажот стои напред, а жената зад него. Кога ќе завршат со намазот, мустехаб е мажот да ја изучи следнава дова, а жената да изговара амин:

 

Аллахумме барик ли фи ехли. Ве барик лехум фијје. Аллахуммерзукхум минни ве рзукни минхум. Аллахуммеџмеа бејнена ма џемате фи хајрин. Ве феррик бејнена иза ферректе фи хајрин.

 

Господару мој, подари ми бериќет во мојата жена. И на неа во мене. Господару мој, дај да има нафака (во имот и пород) од мене и јас од неа. А ако нè разделиш, направи и во тоа да биде добро.“

 

Се пренесува од Сеид Ебу Усејд дека рекол: „Тој се оженил, па му дошле Абдуллах ибн Месуд, Ебу Зерр, Хузејфе, и други асхаби на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. Кога дошло време за намаз, тие го поставиле да им биде имам, а тој бил роб. Откако им исклањал, тие му рекле: Кога ќе влезеш кај жената, клањај два рекати, потоа стави рака на женината глава и изговори ја довата:

 

Аллахумме барик ли фи ехли. Ве барик лехум фијје. Аллахуммерзукхум минни ве рзукни минхум.

,Господару мој, подари ми бериќет во мојата жена. И на неа во мене. Господару мој, направи да има нафака (во имот и пород) од мене и јас од неа.‘ Потоа правете што сакате.“

Учење дови за бериќет на жената


 

Мустехаб е младоженецот на првата брачна ноќ да & стави рака на чело на невестата и да изговори: „Бисмиллах“, а потоа да проучи дова молејќи Го Аллах, џ.ш., за нејзин бериќет. Пренесува Бухари дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Кога некој од вас ќе се ожени, нека го спомене Возвишениот Аллах, потоа нека замоли за бериќет со зборовите:

Аллахумме инни еселуке мин хајриха ве хајри ма џабелтеха алејхи, ве еузу бике мин шерриха ве шерри ма џебелтеха алејхи.

Господару, Те молам да ме снајде само добро од неа, добро со кое Ти си ја создал, а барам заштита кај Тебе од нејзиното зло, и злото на она со што си ја создал.“


 


 

Употреба на мисвак или четка за заби

Пред физички интимниот одност мустехаб е употреба на мисвак (аналогно на тоа четка за заби и паста за заби, или друго современо средство за оној кој нема мисвак) како би се избегнал непријатниот мирис од устата.

Сопругот треба да се потруди да ја придобие довербата на жената, да влее сигурност и самодоверба во неа, да го отфрли нејзиниот срам пред него, стравот и нервозата кои можат да се појават во таа ситуација. Затоа што исламската младина која се придржува кон исламскиот морал нема предбрачни физички односи, бидејќи тие строго се забранети и санкционирани според исламот надвор од брачната заедница, тоа е начин жената да се подготви на нормален, неприсилен начин за тие, потполно нови, брачни искуства.

Убаво би било со убави зборови да & се обрати, да & понуди нешто за јадење или пиење како чаша млеко и сл. покажувајќи на тој начин внимание кон неа. Треба да биде внимателен, нежен, љубезен, така што таа природно и ненаметливо ќе му одговори и ќе го задоволи.

 


 

Покривање при интимниот однос

Од добрите адаби при физичкиот однос е брачниот пар да се покрие, а најдобро е тоа да биде под еден заеднички покривач, оти Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Аллах е оној кој се срами, скриен е, сака срам и сè да биде прекриено.“

Исто така Ибн Маџе пренесува: „Кога некој од вас има однос со својата жена, нека се покријат и не разотворат потполно за да не би изгледале како две магариња.“

Дозволено им е на сопружниците да ги гледаат срамните места на своите партнери во брак, иако ханефиските правници велат дека подобро е да не се гледаат. Ибн Маџе го пренесува преданието во кое Аиша, р.а., вели: „Никогаш не сум погледнала, или никогаш не сум го видела срамното место на Пратеникот, с.а.в.с..“

- Односот да се одвива во темнина или со пригушено светло, посебно во почетокот на брачниот живот, со цел да се избегне непријатноста и срамот кој може да се јави кај женското лице.

- Сопругот да не предизвика одбојност и нелагодност кај жената со некаков гест, однесување или сл. Додека таа се подготвува за тој чин. Мажот би требало да ја има иницијативата со доволен, вовед и предигра поради разновидни психолошки, физички и други особености...

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk


Преведе од босански:

Хаџи Фикрет Елези
КАКОВ ТРЕТМАН ЗАЗЕМА БРАКОТ 


ФУСНОТА

1 Селеф – оние што претходеле, а се употребува како име за првите три најдобри и најугледни генерации на правоверни муслимани: асхаби, табиини и таби табиини (Заб. на ред.).

2 Шеввал - десеттиот месец од лунарниот исламски хиџретски календар, месец кој доаѓа веднаш по месецот рамазан (Заб. на ред.).

Category: Муслиманка | Added by: tewhid
Views: 434 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube