Main » Files » Муслиманка

ПРОПИСИ ЗА ПРВАТА БРАЧНА НОЌ И ОНА ШТО & ПРЕТХОДИ
11.15.2014, 3:36 AM

Од тие прописи се следниве суннети, мустехаби и правила:

Венчање (Ел-Хитбе)

Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Кога некој од вас сака да се венча, од потреба за брак или сака да одржи некој друг говор, нека го каже ,хутебетул-хаџе.‘“

Благодарноста Му припаѓа на Аллах! Од Него помош и прошка бараме. Бараме заштита кај Него од нашите зла и нашите лоши дела. Кого Аллах ќе го упати, нема кој во заблуда да го одведе, а кого Аллах ќе го остави во заблуда, нема кој да го упати. Сведочам дека нема друго божество достојно за обожување освен Аллах, Кој е еден и нема придружник! И сведочам дека Мухаммед е Негов роб и Пратеник.

„О верници! Плашете се од Аллах со вистинска богобојазност и не умирајте освен како муслимани.“ (Али-Имран, 102)

„О луѓе, плашете се од Господарот свој, кој ве создаде од еден човек, а од него ја создаде и неговата придружничка, и од нив двајца расеа многу мажи и жени. И од Аллах плашете се – со чиешто име едни другите ги молите – и роднинските врски не кинете ги, бидејќи Аллах, навистина, постојано бдее над вас.“ (Ен–Ниса, 1)

„О верници, плашете се од Аллах и зборувајте само вистина. Тој за вашите добри дела ќе ве награди и гревовите ќе ви ги прости. А оној кој Му се покорува на Аллах и на Неговиот Пратеник – ќе го постигне она што го посакува.“ (Ел-Ахзаб, 70-71)

Ова е мустехаб да се проучи пред актот на венчавањето. Оваа форма на хутба е суннетска форма и би било најдобро нејзиниот текст да се цитира во таа дадена можност, што не значи дека не може да ја замени со најкратката верзија на хутбата во која се вели:

Елхамдулиллах, ес-селату вес-селаму ала ресулиллах.

Благодарноста Му припаѓа на Аллах и нека е салават и селам на Аллаховиот Пратеник.“

Ебу Хурејре, р.а., го пренесува преданието: „Секоја хутба во која нема сведочење (тешехуд) е како саката рака.“

Исто така го пренесува преданието: „Секоја работа која заслужува внимание, а не започнува со благодарност кон Возвишениот Аллах е лишена од бериќет.“

Поради овие преданија исламската младина не би требало да го започне својот брачен живот без искажување на благодарност кон Возвишениот Аллах, селам и салават на Пратеникот Мухаммед, с.а.в.с., поради чие зборавање може да се загуби бериќетот кој е потребен во заедничкиот брачен живот. Тоа секако не значи дека бракот без хутбе е расипан и неполноважен. Тој е валиден зошто се бележи преданието: „Се пренесува од човекот од Бени Селим дека рекол: Ја побарав за свршувачка жената која му се понудила на Пратеникот, с.а.в.с.,. да се ожени (а тој одбил), па прифаќајќи го моето барање Тој рекол: „Го склопувам овој брак меѓу вас со мехр од она што си научил од Куранот.“

Во друго предание кое го пренесува Ебу Давуд стои: „Ја побарав за жена Умаме, ќерката на Абдул-Муталиб, па (Пратеникот) нè венчаше без да изговори шехадет.“

Мустехаб е да се каже една хутба која може да биде изречена било од старателот на жената која ја мажи, или пак од побарувачот кој се жени.


 


 

Свадбена гозба (Ел-Велиме)


 

Убаво е по повод женидбата да се направи свадбена гозба во која ќе се повикаат и почестат гостите, како што му наредил Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., на Абдур-Рахман ибн Ауф кога се оженил да заколе барем една овца за таа прилика, како што пренесува Бухари и Муслим. Пратеникот, с.а.в.с., му рекол: „Направи свадбена гозба со подготвување (колење, сервирање, нудење) барем една овца.“

Оваа гозба во фикхската смисла зазема третман на константен суннет, а човек да се оѕвие на тој повик е должност; за секој кој нема оправдана причина за изоставање, и ако на неа нема некои работи кои се шеријатски забранети. Во спротивно, би било дозволено оваа свеченост да се бојкотира и да не се зема учество на неа или на нешто што е забрането. Пренесуваат Бухари и Муслим дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Кој ќе биде повикан на свадбена гозба нека се оѕвие.“

Од Ебу Хурејре, р.а., се пренесува преданието: „Кој нема да се оѕвие на повикот (повикот за свадба), тој се огрешил спрема Аллах и Неговиот Пратеник.“

Свадбата се одржува во знак на благодарност на Аллах, џ.ш.1, кој ја овозможил женидбата, и со цел да се нахранат и помогнат сиромашните и потребните, иако е дозволено да се повикаат и богатите. Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Најлоша гозба е онаа на која се повикуваат само богаташите, а се изоставуваат сиромашните.“

Времето кога се прави оваа гозба и свеченост, е при самиот чин на венчање, односно после него, или како веќе течат пофалните, убави, месни обичаи кои не се во спротивност и контрадикција со шеријатот.

После завршување на јадењето, гостите би требало веднаш да ја напуштат куќата на младоженецот не задржувајќи се и не попречувајќи им во нивната идна работа. Возвишениот Аллах вели: „...и откако ќе јадете, разотидете се не впуштајќи се едни со други во разговор...“ (Ел-Ахзаб, 53)

Коментирајќи го овој ајет2, муфессирот3 Ер-Рази, вели: „Некои асхаби на денот на Пратениковата женидба со Зејнеба, р.а., останале подолго, а Пратеникот, с.а.в.с., не им рекол ништо, така што тоа станало повот да биде објавен горниот ајет поучувајќи ги на прописите врзани за таа ситуација...“


 


 

Огласување при склопување на бракот


 

Шеријатски убаво е да се огласи женидбата и тоа на начин како што дозволуваат обичаите на тоа место и време, усогласени со шеријатските прописи.

Пренесуваат Ахмед и Тирмизи дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Огласете го бракот, нека биде во џамија, а (на свадбата) употребете деф4.

Според овој хадис, убаво би било бракот да се склопи во џамија. Причина за тоа е благословеноста на самото место, Аллахова куќа, или евентуално, од причина што џамијата е јавно место, така што тоа е еден вид на огласување на брачната заедница.

Свадбата се огласува со деф, и со дозволени песни без придружба на недозволени работи: како што е алкохолот, танцување со недозволено мешање на мажи и жени, како што е недозволената музика и други забранети работи, со цел почетокот на брачниот живот да не започне со харам, нарушувајќи го очекуваниот благослов на исламско живеење.

Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Огласете го бракот и употребете деф!“

На жените (меѓусебно) и на децата им е дозволено да се веселат удирајќи со дланка на дланка. Во ваквиот начин на веселба имаме огласување на бракот и радување при тој најзначаен миг во животот на оние кои стапуваат во заеднички живот.

Музиката не се употребува при венчавањето на муслиманите, поради хадисот на Пратеникот, с.а.в.с., кој се наоѓа во Бухари, а каде стои: „Во мојот уммет5 ќе има такви што ќе ги дозволуваат предбрачните интимни односи (блуд), свилата6, алкохолот и музичките инструменти (меазиф).“

Убаво е да се запее при таа прилика. За жал, некои сакаат да ја дозволат и забранетата песна и музика (пеење со забранети музички инструменти, пеење на разголени жени и сл.) тие ги искривуваат преданијата кои зборуваат за пеењето на малото девојче за време на мажењето на Аиша, р.а., кои дури и самиот Пратеник, с.а.в.с., ги слушал и го одобрил нивното слушање, така што при преведувањето спомнуваат „пејачки“ наместо „мали девојчиња“ како што стои во оригиналот. Во коментарот на Бухари тој збор (џаријех) се објаснува како „недозрела девојка на која не & се задолжителни шеријатските обврски.“


 

1 Џ.ш. – кратенка од „џелле шануху“ која се пишува по спомнувањето на името на Аллах, а што значи „нека е возвишено Неговото Битие“(Заб. на ред.).

2 Ајет – цитат или стих од Куранот. Значи знамение или доказ (Заб. на ред.).

3 Муфесир – еминентен исламски научник, алим, од областа на тефсирот (толкување на Куранот) (Заб. на ред.).

4 Деф – ударен музички инструмент налик на дајре, но без железните додатоци (чинели) (Заб. на ред.).

5 Уммет - поголема заедница на муслиманите. Сите муслимани без разлика на местопо­ложбата, живеалиштето и националната припадност претставуваат еден народ кој се нарекува уммет (Заб. на ред.).

6 Свилата е забранета за мажите, а за жените е дозволена. Истото се однесува и за златото. Ова на мажите, сходно хадисот, им го забранил Мухаммед, с.а.в.с., ставајќи ги жените во привилигирана позиција на уживање на овосветските благодети, бидејќи шминкањето, дотерувањето и украсувањето се природни особини на жената во коишто таа ужива (Заб. на ред.).

Category: Муслиманка | Added by: tewhid
Views: 697 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube