Main » Files » Муслиманка

ПРОПИСИ НА БРАЧНИОТ ИНТИМЕН ЖИВОТ
11.15.2014, 3:56 AM

Што се однесува до „брачната постела“ постојат разни суннети и правила со кои при тој чин, најголемото дуњалучко уживање, воедно се постигнува награда за ној кој се придржува до нив. Од тие прописи ги наведуваме следниве:

  1. Да се подготви постелата со „Бисмиллах“.

2. Сопружниците да се дотераат на тој начин што ќе го привлечат својот брачен другар, со облека, мирис, постапки, позиција и сл.

Абдуллах ибн Аббас така правел, а кога бил запрашан за тоа рекол: „Сакам да се дотерам за мојата жена како што сакам таа да се дотера за мене.“

3. Во правилата на интимниот однос спаѓа и тоа пред самиот чин мажот да учи дова која ја пренесуваат Бухари и Муслим:

Бисмиллахи, Аллахумме џеннибнеш-шејтане ве џеннибиш-шејтане ма резактена.

,Во името на Аллах, Боже мој, отстрани го шејтанот од нас и отстрани го шејтанот од она што ќе се зачне.‘ Па ако од тој однос се роди дете, шејтанот не ќе може никогаш да му наштети.“

Од адабите на интимниот однос, соодветно со ова предание, би требало и жената да ја учи спомнатата дова.

4. Харам е да се има интимен однос во аналниот отвор, како и во периодот на менструација, или во периодот после породувањето, сè додека жената не се исчисти и додека не помине тој период, поради ајетот кој за тоа вели: „...И не приближувајте им се на жените додека се во менструалниот циклус...“

И поради хадисот кој го пренесуваат авторите на хадиските збирки „Сунен“, освен Несаи: „Кој има интимен однос со жената додека е во менструалниот циклус, или во аналниот отвор, тој станал неверник во она што му е објавено на Мухаммед, с.а.в.с.“

Ако би се случило човек да има интимен однос со жената, додека таа е во менструален циклус, тогаш тоа би било грев – харам, а сторителот би требало според суннетот да подели садака1 од еден златник, ако тоа го направил додека менструацијата била во почетниот надојден циклус, и половина златник ако тоа го направил во неговиот завршен стадиум спорд хадисот кој го пренесува Ебу Давуд и Хаким кои го оценуваат како веродостојно предание: „Ако човек има интимен однос со својата жена додека има менструација, нека подели садака во висина од еден златник во случај тоа да се случило додека крвта била во црвена боја, и половина златник ако била во жолтеникава боја.“

Ако жената го дозволува таквиот однос во таква состојба, би била грешна. Во времето на менструација и чекање по породувањето е дозволено човекот да се насладува со женското тело, но не смее да има интимен однос со неа во таква состојба. Авторите на хадиските збирки „Сунен“ го пренесуваат преданието каде се дозволува сè освен интимниот однос: „...(дозволено е) да правите сè освен интимен однос...“

Несаи ја пренесува и верзијата на хадисот: „Пријди & на жената однапред или одзади, но само во предниот отвор (вагина), и не прави го тоа за време на менструацијата.“

Исто така пренесува и друга верзија: „Аллах не гледа во човекот кој има однос со жената во аналниот отвор.“

Ебу Давуд го пренесува преданието: „Проклет е оној кој општи со својата жена во аналниот отвор.“

А Несаи го пренесува преданието: „Ибн Аббас бил прашан за оној кој општи со жената во аналниот отвор, па рекол: ,Овој ме прашува за неверство (куфр).‘“

Дозволено е да & се приоѓа на жената во било каква форма, но односот да биде во предниот отвор, според ајетот во кој вели: „Вашите жени се ваши ниви и пријдете им како сакате.“ Пратеникот, с.а.в.с., тоа го прокоментирал како што пренесуваат Бухари и Муслим: „Однапред или одзади само односот да биде во предниот отвор.“

Лицето за кое се знае дека општи со жената во нејзиниот анален отвор, се казнува со тазир2 ако не знаел за таа забрана.

А ако брачниот пар се оддаде на таква перверзија, се казнуваат со принуден развод, исто така и во случај кога мажот ја присилува жената на таков однос, па му се забрани, а тој пак го повторува.

5. Најприродна и најдобра форма (поза) е како што се спомнува во хадисот кој го пренесува Муслим, жената да биде на грб, а мажот врз неа: „И кога човекот лежи меѓу нејзините четири дела (раце и нозе), и половите органи се допрат (спојат), обврска е земање на гусул (па дури и да не дошло до интимен однос).“

6. После интимен однос, во случај кога човекот сака повторно да има однос, мустехаб е да се земе абдест, поради преданието кое го пренесува Муслим: „Кога некој од вас имал однос со жената, па посака тоа да го повтори, пред тоа нека земе абдест, така ќе ја стимулира таа активност.“

Секако, дека капењето е поефикасно од абдестот. Пренесуваат Ебу Давуд и Несаи од Пратеникот, с.а.в.с., дека рекол: „...Како тој еден ден ги посетил своите жени капејќи се кај секоја. Преносителот на овој хадис, Ебу Рафи го прашал: Аллахов Пратенику, зошто тоа не си го извршил со едно капење? Одговорил: ,Вака е подобро, повредно и почисто.‘“

7. Најдобро е да се побрза со капењето кое е задолжително па дури и при допир на половите органи на мажот и жената. Меѓутоа, ако поради било какви причини се одложи капењето, тогаш мустехаб е да се земе абдест пред спиење.

Не би требало да се спие нечист, па дури и да се земе абдест (секако дека овој абдест не е валиден за клањање, земање на мусхаф3 и сл., туку потребно е за тие ибадетски работи прво да се искапе), затоа што Муслим го пренесува преданието: „Како Пратеникот, с.а.в.с., прво земал гусул, или евентуално абдест, па потоа спиел (после односот со жената).“

Пренесуваат Бухари и Муслим: „Пратеникот, с.а.в.с., во ситуација кога бил нечист (џунуб) па, потоа сакал да јаде и спие, го миел своето срамно место, а потоа земал абдест како што се зема за намаз.“

Секако, при случај на немање или недостаток на вода, или ако таа е потребна за некои други цели, наместо гусул и абдест може да се земе тејеммум.

8. На сопружниците им е дозволено заедничко капење и тоа нема да го расипе гусулот, па дури и едниот да гледа во другиот, според преданието кое го бележат Бухари и Муслим, а Аиша р.а. го пренесува: „Се капев со Пратеникот, с.а.в.с., од иста кофа во која нашите раце се допираа, а тој успеваше да земе вода пред мене, па му велев: Остави и за мене, остави ми и мене! А ние двајцата бевме џунуби.“

9. Брачниот пар треба да донесе нијет4 (одлука) за брачно воздржување и избегнување на сè она што го забранил Возвишениот Аллах со цел преку брачниот живот и физичкиот интимен однос да имаат награда, иако тоа е најслаткото дуњалучко уживање. И покрај тоа, Аллах, џ.ш., дава награда за тоа како што пренесува Муслим: „,И кога имате интимен однос со своите жени (имате награда), тоа е како поделување садака.‘ Рекоа: ,Аллахов Пратенику, зарем во задоволување на страста на некој од нас има садака?‘ Аллаховиот Пратеник одговори: ,А што мислиш дали има грев ако тоа го направиш на недозволен начин (блуд)? Секако дека има грев! Според тоа, ако тоа го направи на дозволен, халал начин, тогаш има награда.‘“

10. При интимниот однос дозволено е, ако жената се согласува, пред ејакулација сопругот да го извади својот орган надвор од женскиот полов орган, поради спречување на бременоста од разновидни оправдани причини (да ја одмори сопругата од раѓање и сл.), иако е подобро и тоа да се избегнува зошто таквиот чин е опишан во хадисот кој го пренесува Муслим како „ел-ведул-хафијј“ или „скриено убиство“.

Имамот Газали смета дека таквото чување е дозволено и го наведува хадисот кој го пренесува Бухари, Муслим и Ахмед од Џабир, р.а.: „Куранот уште се објавуваше, ние при интимниот однос ејакулиравме надвор од женскиот полов орган.“

Патем, значењето на хадисот е во смисла на логичен заклучок; тоа да беше забрането, Куранот би ја спречил таа нивна пракса, бидејќи тој се објавувал додека тие го правеле тоа.

Сепак, сите четири мезхеби го дозволуваат таквиот начин на чување врз основа на хадисот кој го бележи Ахмед, а го пренесува Ебу Сеид Ел-Худри, р.а.: „,Имавме однос со нашите жени, и тоа го сакавме, па што мислиш да ејакулираме надвор од полниот женски орган?‘ Пратеникот, с.а.в.с., рече: ,Правете како е најдобро, меѓутоа, она што Аллах, џ.ш., го одредил ќе биде, а зачетокот не се случува од секоја сперма.‘“

11. Дозволено е невестата да ги служи гостите, ако шеријатски е покриена и ако тоа нема да предизвика искушение (фитне) како што условиле фикхските правници.

12. Муслим го пренесува преданието во кое стои: „Шејтанот доаѓа во лик на жена, и заминува во тој лик. Затоа ако некој се трогне по некое женско око, нека оди кај својата жена и нека ја задоволи својата страст, тоа ќе му ја згасне создадената визија.“

Патем, значењето на хадисот е во случај на зголемување на страста која може да настапи при гледање на убава и привлечна жена, човекот најдобро е да замине кај својата жена и да ја смири надразнетоста и напнатоста на дозволен начин.

13. Она на што советуваат исламските правници, лекари и што се спомнува во литературата на специјалисти од таа област, во поглед на прекумерното задоволување на страста, штети не само духовно туку и физички.

14. Мажот треба да води грижа за ситуацијата на жената и да не ја присилува на интимни односи кога таа не е спремна за тоа; во случај на болест и сл.

15. Пред мажот да заврши со задоволување на својата страст, треба да внимава и неа да ја задоволи и да не се тргнува пред тоа. Се бележи преданието: Кога некој од вас има интимен однос со својата сопруга, нека не ја напушта сè додека не ја задоволи, бидејќи како што тој сака да ги задоволи своите потреби, така и таа сака.“

16. Интимниот однос е дозволен во сите времиња и мигови од денот и ноќта, освен во случај на пост, обреди за време на хаџџот, кога жената е во менструален циклус или чекање после породување...

17. Суннет е сепак односот да биде воочи петок, или во петок, поради хадисот кој го пренесува Бухари, а во кој меѓу другото стои: „Кој ќе се искапе во денот на џума со гусул од џунуплук...“ (имплицитно се спомнува во афирмативен контекст интимниот однос).

Исто така, суннет е да се искапе „со гусул од џунуплук“, значи после интимен однос со жената воочи Бајрам, пред облекување на ихрам5, пред и после патување и сл.

18. Жената треба да применува сè што го привлекува мажот; од лична хигиена, разубавување, облекување, движење, поза (форма) и сл. без ограничување, воздржувајќи се од сето тоа пред било кој друг, освен пред својот маж.

19. Покудено е за сопружниците да ги пренесуваат и опишуваат своите интимни односи, без оглед дали со зборување или движење, директно или индиректно, според хадисот кој го пренесуваат Бухари и Муслим: „Најтешка казна кај Аллах на Судниот Ден ќе има оној човек кој ќе & пријде на својата жена и таа ќе му пријде нему, а потоа си ги изнесуваат нивите интимни тајни.“

Од самиот хадис се подразбира забрана за пренесување и опишување на детали од интимниот однос и она што се одигрува во миговите на уживање на човекот со жената. Меѓутоа, само споменување на интимниот однос без некаква оправдана причина е мекрух.

Ова е кратко резиме на прописи, суннети, адаби, за првата брачна ноќ, за интимните односи во брачниот живот и прописи за обврските и должностите на брачниот пар.


 

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk


Преведе од босански:

Хаџи Фикрет Елези
КАКОВ ТРЕТМАН ЗАЗЕМА БРАКОТ 


 

ФУСНОТА

1 Садака – милостина (Заб. на ред.).

2 Тазир –секоја шеријатска казна за која нема соодветен доказ од Куранот или суннетот, а таа одлука ја донесува исламскиот владетел.

3 Мусхаф – книга во која е напишана последната објава (откровение), Божјата Реч – Куранот (Заб. на ред.).

4 Нијет – намера, одлука, која се донесува во срцето, а не со зборови како што некои погрешно постапуваат (Заб. на ред.).

5 Ихрам – соодветна облека во одреден временски период за време на хаџџот, која за мажите се состои од само два големи бели пешкира. Оваа состојба, во оваа облека навистина ја покажува еднаквоста меѓу луѓето, кога и богатиот и сиромавиот се облечени исто, а самото тоа го симболизира собирањето на луѓето на Судниот Ден (Заб. на ред.).

Category: Муслиманка | Added by: tewhid | Tags: ПРОПИСИ НА БРАЧНИОТ ИНТИМЕН ЖИВОТ
Views: 2200 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube