Main » Files » Муслиманка

ПРАШАЊЕТО ОКОЛУ ХИЏАБОТ
10.01.2014, 11:21 PM

Во името на Аллах,Семилосниот,Милостивиот!

„Зошто муслиманките мораат да ја покриваат својата глава?“

Ова прашање е поставено подеднакво од муслимани и немуслимани.За многу жени ова е најреалниот тест да се биде муслиманка.

Одговорот на прашањето е многу едноставен Муслиманките носат Хиџаб (покривање на главата и на телото) затоа што Аллах им рекол тоа да го сторат.

“О пејгамберу,кажи им на жените твои и ќерките твои,и на жените од верниците да ги спуштат облеките.Ете тоа е најлесно да се препознаат и да не се вознемируваат...“ Кур’ан 33:59

Останатите секундарни причини ја вклучуваат потребата за скромност и кај мажите и кај жените. Тогаш и едните и другите ќе бидат вреднувани за нивната интелегенција и вештини,наместо за нивниот изглед и сексуалност.Една Иранка се изразила со зборовите;

 „Ние сакаме да ги спречиме мажите да не не третираат како сексуални објекти, како што секогаш правеле.Бараме тие да го игнорираат нашиот  надворешен изглед и да обрнаат внимание на нашите карактери и умови.

Бараме  тие да не разбираат со сериозност и да не третираат како еднакви,а не едноставно да трчаат по нас заради нашите тела и физичкиот изглед.“

Муслиманката која  ја покрива својата глава дава израз на својот идентитет. Било кој што ќа ја види, ќе знае дека  таа е  муслиманка и дека има добар морален карактер.Многу од муслиманките кои се покривени се исполнети со достоинство и самопочит; мило им е да бидат идентифицирани како муслиманки.Како високо морална, скромна,честита жена,таа не би сакала нејзината  сексуалност да влезе во однос со мажи од најниско ниво.Жената која се покрива себеси ја крие својата сексуалност.но, и дозволува на нејзината женственост да биде истакната.

Прашањето околу Хиџабот за муслиманките било контравезно со векови, и веројатно уште долго ќе продолжи така.Некои луѓе не го сметаат овој предмет за дискусија,и покривањето на лицето го  сметаат како неопходно ,додека мнозинството се на мислење дека тоа не е непходно. Како средина е земен ставот завземен од некои луѓе, кои велат дека инструкциите не се доволно разјаснати, а со тоа дека се отворени за индивидуална дискреција, зависејќи од ситуацијата.

Сопругите’ на Пророкот (божји мир нека е над него) требало да ги покријат своите лица,така што  луѓето не би мислеле на нив со  сексуални термини, бидејќи тие биле „Мајки на Верниците“, но,ова не важело и за другите жени.

Зборот Хиџаб потекнува од арапскиот збор хаџаба,што значи ’да се сокриеш од поглед’ или ’ да покриеш’, Во сегашно време, контекст за Хиџаб претставува скромно покривање на муслиманката.

Сега се поставува прашањето што би се сметало како дополнување на покривањето?

Кур’анот вели:

“Кажи им на верниците да го соборат опулот свој и да ги чуваат срамните места свои. Ете,тоа е почесно за нив. Аллах, навистина,е известен за она што го  работат!И кажи им на верничките да ги соборат опулите свои и нека ги чуваат срамните места свои, и убавините свои, освен она што се гледа,и нека не ги покажуваат; превезите звои нека ги спуштат на градите. Убавините, свои,исто така, не ги кажуваат на други, освен пред мажите свои...“Кур’ан 24:30-31

Овие цитати од Кур’анот содржаат две битни директиви:

1.Жената не треба да ја покажува убавината своја,освен она што е видливо од неконтролирани Фактори, како на пример  разбранување на облеката додека дува ветер,и.

2.Шамиите (покривките на главата) треба да бидат поставени така што  ќе ја покријат косата, вратот и градите.

Исламот нема некои  Фиксирани стандарди за стилови или типови на облека што ја носат муслиманите.Како и да е, се наидува на некои неопходности.

Прва од овие неопходности е дека некои делови на телото мораат да бидаат покриени.

Исламот има два извора за упаство и управување:

Прво,Кур’анот, откровниот збор на Аллах,и второ,Хадисот, или Суннетот на Пророкот Мухаммед,с.а.в.с. кој бил одбран од Аллах да биде како пример за човештвото.

Следново е Суннет на Пророкот с.а.в.с

 „Аиша, нека е Аллах  задоволен  со нејезе, известила дека Есма, ќерката на Ебу Бекр,нека е Аллах задоволен со него, дошла кај Веровесникот  на  Аллах, м.н.н. додека носела тенка облека. Тој и пришол и рекол: ’О Есма! Коа девојката ќе наиде на менструален  преиод, не е прикладно да остане изложено на поглед озвен ова и ова,’ Тој укажал на лицето и на рацете.“(Пренесува Ебу Давуд)

Втора неопходност е широчината, Облеката мора да биде доволна широка,така што не би го опишувала обликот на женското тело. Еден пожелен начин да се сокрие обликот на телото е да се носи покривка на другата  облека. Како и да е. доколку облеката е доволно широка, надворешна покривка не е неопходна.

Дебелината на облеката е третата неопходност. Облеката треба да има доволно дебелина за да не ја покажува бојата на кожата што таа ја покрива,или пак обликот на телото.

Пророкот  Мухаммед.с.а.в.с.  изјавил дека во  подоцнежните генераци на неговиот Уммах (народ) ќе има жени кои ќе бидат  покриени, а сепак голи, и на врвот на нивните глави(кои изгледаат како) грб  од камили. Проколнете ги, затоа што се тие навистина проколнети. ( Пренесува Муслим)

Уште една потреба  е еден сеопфатен, достоинствен надворешен изглед.

Облеката не смее да го привлекуваа вниманието на мажот кон жената.Таа не смее да биде  светлуцава и блескава, така што секој би ги забележал и облеката и жената.Како додаток, еве уште неколку неопходности:

        1.Жената не смее да се облекува на тој начин, на кој би изгледала како маж.

Ибн Аббас раскажува „Пмухаммед.с.а.в.с.  ги проколнал мажите кои изгледаат како жени,и жените кои изгледаат како мажи.“  (Пренесува Бухари)

2.Жените не треба да се облекуваат на начин како е  кој е сличен на  неверниците.

3. Облеката треба да биде скромна,не премногу заносна и премногу невообучаена,што би предизвикало восхитување и симпатии.

Често пати е  заборавен фактот дека модерното западањачко облекување е нова иновација. Наблудувајќи го облекувањето на жените пред не повеќе од  седудесеттина гидини,гледаме дека е тоа слично на Хиџабот. Овие  активни и вредни девојки од  Запад не беа спречуваани  од нивната облека,која се состоела од долги,полни Густани и различни типови на покривки на главата,На муслиманките кои носат Хиџаб,тоа не име претставува непрактично,ниту пак им преставува пречка за нивните активности во сите нивоа и движење во  животот.

Хиџабот не е само облека за покривање,дури и повеќе.,тоа е начин на однесување,манири,начин на говор и начин на појавување  во јавност.

Облеката е само еден дел целосното битие. Основните побарувања за муслиманската женска облека одговараат и на муслиманската машка облека,но.со мали разлики Скромноста бара пределот помеѓу попокот и колената да биде покриен во присуство на сите луѓе,со исклучок на сопругата.

Облеката на мажите не би требало да личи на облеката на жените,ниту пак треба да биде тесна и провокатна, Муслиманот треба да се облекува така, што би  го изразил својот идентитет како муслиман. На мажите не им е дозволено да носат злато и свила, а од друга страна пак,истите се дозволени  кај жените.

И за мажите и за жените потребите  во облекување нне се наменети да бидат растрикција, туку повеќе начин на кој општеството би функционирало на соодветен,исламски начин.

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK

Category: Муслиманка | Added by: tewhid
Views: 325 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube