Main » Files » Муслиманка

Обврски на сопругата кон сопругот
11.15.2014, 3:23 AM

Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Обврската на сопругата кон сопругот, па дури и да е неправеден, е:

  • да му се допушти и подаде па дури и да биде на самар;

  • да не пости ниту еден ден без негова дозвола, освен деновите кога постот е фарз, како во рамазан, а ако пости ќе биде грешна и постот нема да & биде примен кај Возвишениот Аллах;

  • да не дава ништо од домот освен со негова дозвола, а ако тоа го направи ќе биде грешна иако тој ќе има награда;

  • да не излегува од домот освен со негова дозвола, во спротивно Возвишениот Аллах ја проколнува заедно со мелеците1, сè додека не се покае, или додека не се врати дома.“

Жената би требало да се придржува до следниве обврски, правила и прописи:

1. Да биде му покорна на својот маж во сè што не е грев и што може без големи потешкотии да се направи. Би требало да внимава на неговите чувства и да настојува да го направи задоволен кога е присутен и отсутен. Имамот Ахмед го пренесува хадисот: „Кога жената ги клања сите пет намази, го пости месецот рамазан, го чува својот морал и му се покорува на мажот; ќе & биде речено: Влези во џеннетот низ која џеннетска врата сакаш.“

Тирмизи го пренесува преданието: „Кога би наредил некому да направи сеџда на некој друг, би & наредил на сопругата да му направи сеџда на својот сопруг поради правата кои тој ги има над неа.“

2. Да внимава на сопруговата чест, на неговиот имот, деца и останатата сопственост. Бухари и Муслим го пренесуваат следново предание: „Жената е пастир кој бдее над својата куќа и децата на својот маж.“

3. Да биде во куќата на својот маж и да не излегува од неа освен со задоволство и дозвола на мажот.

  • Да внимава на својот поглед;

  • Да се придржува за прописите за облекување и покривање. Своите украси и убавини да не ги покажува никому освен на својот маж или блиските роднини (махрем);

  • Да го стиши својот глас и да внимава што ќе зборува, да се грижи за родителите и роднините на мажот како што тој се грижи, бидејќи не може да му направи добро на својот маж ако не им прави добро и на неговите родители;

  • Да се занимава со домашните работи и животот со мажот. Познато е дека Фатима, една од највредните жени на овој свет, ќерка на највредниот човек, Пратеникот Мухаммед, с.а.в.с., имала рани, модринки на рацете од домашните физички работи, со оглед на сиромашниот живот.

4. Да патува со својот маж, ако порано не условила да остане на своето место.

5. Во секоја ситуација да му се дава на мажот, ако тој тоа го побара од неа – освен ако постои шеријатска пречка за тоа – и тоа да биде на најдобар можен начин, без искажување на мрзелива волја, пасивност, нелагодност и сл. Пренесуваат Бухари и Муслим од Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.: „Кога човекот ќе ја повика жената во кревет па таа го одбие, и тој заноќи лит на неа, мелеците ја проколнуваат сè до зори.“

Тирмизи го пренесува преданието: „Кога човекот ќе ја повика жената поради сексуални потреби и желби, нека му се одѕвие па дури и да биде крај шпоретот (подготвувајќи храна).“

 

6. Да бара дозвола кога сака да пости доброволен пост, ако мажот е присутен дома, а ако мажот се врати од патот, треба да го прекине доброволниот пост, освен ако тој & дозволи да продолжи со постењето. Пренесува имамот Тирмизи: „Ако некоја жена умре, а нејзиниот маж биде задоволен со неа, таа ќе влезе во џеннетот.“

Тирмизи го пренесува преданието: „Ако сопругата го нападне својот сопруг на дуњалукот2 и го потценува, хуријата3 која ќе му биде ахиретска4 жена, & вели: ,Немој да гомачиш, Аллах да те отепа! Тој е кај тебе за кратко. Само што не те оставил и дошол кај нас.‘“

7. Жената не би требало да зема ништо што ја спречува бременоста, без дозвола на својот маж.

8. Пратеникот, с.а.в.с., а.с. ни укажал на фактот дека жената може да му биде причина на својот маж за џеннетски5 спас или џехеннемски6 оган; во зависност од нејзините постапки и морал, и покрај нејзината формална побожност, намаз7, пост, хаџ, зеќат8 итн.

9. Сопругата би требало да му биде благодарна на својот маж за она што тој го прави за неа од обврски, подароци и сл. Бидејќи Возвишениот Аллах не гледа во онаа жена која му е неблагодарна на својот маж. Несаи пренесува: „Возвишениот Аллах не гледа во жената која не му се заблагодарува на својот маж, а не може без него.“

10. Шехидите9 имаат посебни награди за својата пожртвуваност на Аллаховиот пат. Жените го постигнуваат тој степен како што вели Пратеникот, с.а.в.с.:„...со покорноста кон својот маж и признавање на неговите права, меѓутоа, малку се тие од вас кои што тоа го прават.“

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk


Преведе од босански:

Хаџи Фикрет Елези
КАКОВ ТРЕТМАН ЗАЗЕМА БРАКОТ 

ФУСНОТА

1 Мелеци – множина од мелек, што значи ангел (Заб. на ред.).

2 Дуњалук – овој свет. Во некои случаеви се користи како синоним за материјализам (Заб. на ред.).

3 Хурии – рајски убавици, жени на мажите во рајот (џеннетот) (Заб. на ред.).

4 Ахирет – оној свет, идниот, вечниот (Заб. на ред.).

5 Џеннет – рај (Заб. на ред.).

6 Џехеннем – пекол (Заб. на ред.).

7 Намаз – облигативна, дневна и редовна молитва која се извршува во пет одредени временски периоди во текот на денот. Се состои од рекати. Еден рекат е основен дел од молитвата и се состои од едно стоење - наречено кијам, едно поклонување - руку и две спуштања ничкум - наречено сеџда (Заб. на ред.).

8 Зеќат - определен, фиксиран дел во износ од 2,5% од вредноста на богатсвото и од секаков имот обврзан со зеќат на еден муслиман, а кој се дава за сиромашните во му­слиманската заедница. Плаќањето на зеќат е задолжително бидејќи тој е еден од сто­лбовите на исламот. Зеќатот е главно економско средство за воспоставување социјална правда и го води муслиманското општество кон напредок и сигурност (Заб. на ред.).

9 Шехид – сведок, во овој случај маченик кој загинал на Божјиот пат и одбрана на својата исламска земја сведочејќи го монотеизмот (Заб. на ред).  

 

 

Category: Муслиманка | Added by: tewhid
Views: 598 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube