Main » Files » Муслиманка |
11.15.2014, 2:13 AM | |
Брачниот пропис Брачната заедница е константна пракса на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., во која се остварува практична корист за сопружниците; се чуваат од блуд, создаваат семејство и наследници продолжувајќи го човековиот род, и на таков начин учествуваат во природниот процес кој трае сè до Судниот Ден. Во исламот нема предбрачни, физички, интимни, сексуални односи. Тоа е строго забрането. Возвишениот Аллах1 вели: „И не приближувајте му се на блудот“. (Ел-Исра, 32) За лице кое не е во брачен однос кое ќе направи блуд следува казна од стотина удари со стап-камшик, а за лице во брачен однос санкција е јавно каменување пред народ. Затоа, во исламското општество кое се придржувало до исламската пракса, прељубата – проституцијата биле всушност непозната појава. Меѓутоа, треба да се нагласи дека во исламот2, исто така, нема ни аскетизам, во смисла, поради ибадет3 да се откаже од сексуалните страсти. Тие мораат и смеат да се манифестираат и искажуваат само во валидна и легална брачна заедница. Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с.4, ги прекорил асхабите5 кои сакале да ја потиснат својата природа, во која ги создал Аллах; со нагон за јадење, спиење, сексуален однос. Кога тие рекле дека ќе се откажат од тоа во корист на деноноќен ибадет, тој ги прекорил и им рекол: „Јас клањам и спијам, постам и јадам, се женам и не се откажувам од жени, а кој ќе се откаже од мојот суннет6, и јас се откажувам од него.“ Советот на Пратеникот, с.а.в.с., кон исламската младина бил следниот: „Младино! Кој може да ги поднесе брачните обврски, нека се ожени, тоа е подобро за чување од недозволениот поглед и од недозволениот сексуален однос. Кој не може да го сноси товарот (бремето) и обврската на бракот, нека пости, бидејќи во тоа ќе има заштита.“ Бракот во правната регулатива на шеријатот7 може да земе хукм8 на строга обврска (фарз–ваџиб)9, да биде строго забранет (харам), да биде покуден (мекрух), да има статус на суннет10, да е убав и пофален (мендуб) и конечно, да биде само дозволен.
Брак кој е фарз
Бракот ќе биде строга обврска, односно, должност, за лицето кое сака брак и за кое нема дилема дека ќе падне во блуд ако не се ожени, бидејќи постот и воздржувањето нема доволно да му ја ослабнат сексуалната желба, а покрај тоа е во можност да ја издржува жената на халал начин. Соодветно на тоа, и на жената & е строга обврска да се омажи ако не е способна самата да се издржува и ако се плаши дека може да биде жртва на луѓето со расипан морал. Брак кој е суннет Ако некое лице со умерен сексуален нагон има желба за брак, не стравувајќи од тоа дека нема да може да се контролира, а покрај тоа, може да ја издржува жената од дозволена работа, го посакува и има намера за брак со причина за создавање и продолжување на семејството, односно да се сочува од блуд. Во тој случај бракот би бил суннет за него.
Брак кој е мендуб
Ако некое лице нема желба за брак, но посакува да има деца и може да ги изврши брачните обврски, убаво би му било да се ожени.
Брак кој е харам
Бракот би бил забранет кога некој би оженил и петта жена со веќе претходните четири жени во исто време, или да ожени две сестри истовремено, или да ожени тетка од татковата или мајчината страна, да се жени со цел да & наштети на жената, брак мута11 кој го практикуваат шиите12 и слично на тоа.
Брак кој е мекрух
Кога некое лице не би имало желба за брак, односно тој брак би го одвраќал од доброволниот ибадет на кој претходно се посветувал, или ако би се плашел дека нема да може да ја издржува жената освен од недозволена работа, тогаш склопувањето на тој брак би било покудено.
Брак кој е мубах
Бракот е дозволен за лицето кое има желба за брак, иако нема страв од блуд. Бракот е дозволен и за она лице кое нема никаква желба за сексуални уживања, како што е старец или импотентен маж, но под услов да не & нанесе штета на жената со тоа, или ако тоа нема да доведе до нејзино морално скршнување, во спротивно таквиот брак би бил забранет.
1 Аллах - Бог, Врховен и единствен Бог, Господар и Создател, во христијанството познат како Отецот, а во јудеизмот како Јахве. Во понатамошниот текст ќе се употребуваат термините Аллах и Бог (Заб. на ред.). 2 Ислам - име на единствената вера признаена кај Бог. Ислам значи покорност, послушност, мирољубивост, смиреност и мир (Заб. на ред.). 3 Ибадет – обожување, робување, тотална покорност и посветеност на Создателот. Во овој случај се мисли на терминот Богоугодни дела, дела од голема побожност со кои Бог е задоволен (Заб. на ред.). 4 С.а.в.с. – кратенка од „саллаллаху алејхи ве селлем“ која се додава по пишувањето или спомнувањето на името на Божјиот Пратеник Мухаммед, а што во превод значи „нека се Божјиот мир и спас над него“ (Заб. на ред.). 5 Асхаби – првата генерација муслимани кои директно го виделе Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, го придружувале, учеле од него, најисправно и најдоследно го следеле во неговите постапки (Заб. на ред.). 6 Суннет – традицијата на Божјиот Пратеник Мухаммед, неговите зборови и дела собрани како еден основен дел од исламкиот верозакон и пример за живеење на исламот. Во нашите простори зборот сунет се користи наместо зборот обрежување, што секако претставува грешка која треба секој од нас да ја поправи (Заб. на ред.). 7 Шеријат – исламски верозакон, законски кодекс кој се темели врз Куранот и суннетот (Заб. на ред.). 8 Хукм – третман, пропис, одлука и др. (Заб. на ред.). 9 Фарз значи строга обврска, а ваџиб значи должност. Кај сите исламски правни школи (мезхеби) тоа се првостепени обрски, освен во ханефиската, каде што ваџибот е второстепена обврска (Заб. на ред.). 10 Во овој случај се однесува на дело кое е доброволно (нафиле) за секој муслиман, а кое го практикувал и самиот Божји Пратеник Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, и за кое што практикување следи награда, а за изоставање не следи казна (Заб. на ред.). 11 Брак мута или никахул-мута - привремен брак, односно, мажот и жената да стапат во брак со привремен договор т.е одреден рок, а за тој рок да & исплати одредена сума на пари и сл. И по истекување на рокот се разведуваат. Овој начин на брак е строго забранет, со напомена дека не бил забранет во првото време на спуштањето на објавата, но потоа бил забранет од Аллах и Неговиот Пратеник сè до Судниот Ден. Овој брак се практикува единствено само кај шиите, кои и онака не се дел ехли сунетот, а со самото тоа и од исламот (Заб. на ред.). 12 Шиити – посебна религија одвоена од изворниот ислам, а базирана на првобитното секташко учење кое за главна карактеристика има верување во легитимноста на директното Алијино наследство на Пратеникот Мухаммед, наместо Ебу Бекровото. Одредени групации од ова учење одат до тој степен на неверство што дури сметаат дека Алија требал да ја добие објавата од Аллах наместо Мухаммед. Заедничко на сите шиитски секти и групации е анимозитетот кон асхабите: Ебу Бекр, Омер и Осман, нека е Аллах задоволен од сите нив. Оваа религија е слична на христијанството и се карактеризира со обожување на мртовци, ибадет врз гробови и посредништво, што е очигледен акт на политеизам (ширк) и рушење на монотеизмот (тевхидот) (Заб. на ред.). Припрема и обработка-TEWHID.MK
Хаџи Фикрет Елези | |
Views: 481 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |