Main » Files » Муслиманка |
06.21.2014, 2:11 AM | |
Некоe младo момче дошло кај Пратеникот , алејхи селам, и му кажал: „О Аллахов Пратенику, дозволи ми блуд!“ – Луѓето се свртија кон него и почнаа да го грдат. Пратеникот , алејхи селам, му рече: -„Пријди поблиску“ Кога му се доближал седнал до него, и Пратеникот , алејхи селам, му кажал: - „Дали тоа го сакаш на твојата мајка?“ - „Не “ одговори младичот. Пратеникот му рече: -„И луѓето тоа не го сакат на своите ќерки! “ Рече: -,,Дали тоа го сакаш на твојата сестра?“ „Не“ – одговори младичот Пратеникот му рече: „И другите не го сакат тоа на своите сестри“ Рече: „Дали тоа го сакаш на твојата тетка по татко?“ -„Не“ одговори младичот. Пратеникот му рече: „И другите не го сакаат тоа на своите тетки по татко“ Рече: „Дали тоа го сакаш на своите тетки по мајка?“ -„Не“ одговори младичот Пратеникот му рече: „И другите не го сакат тоа на своите тетки по мајка“ Тогаш Пратеникот , алејхи селам, ја стави својата рака и на овој младич и се помолил за него: „Аллаху мој,опрости му ги гревовите, исчисти му го срцето, и сочувај го од блуд“ После тоа, тој младич не се интересирал за тоа т.е за зиналукот. Блудот е голема пропаст и зло кое ни се заканува. Од него се раѓаат многубројни штети, како за самиот сторител така и за целата заедница. Со оглед на тоа, дека секојдневно се случува и дека се јаки поттикнувањата на таа морална пропаст, во овој текст ви ги претставуваме неговите последици, штетности и болести. Блудот претставува склоп на сите зла,слабост во верата, лишеност на богобојазливоста, рушење на добротата недостаток на љубомора и убиство на достоинството. - Го уништува срамот, и личноста облекува облека на срам и понижување. - Лицата им ги опфаќа црнило и темнило во кои другите гледаат неизмерна болка и презир. - Ја уништува честа на оној кој го почне, го негира и презира Аллах и неговите робови. Го кради својот епитет на добротата, честа и праведноста а за возврат добива име Грешник, Престапник, Блудник и Лажливец. - Безнадежното чуство кое Аллах му го всадува на срцето на блудникот е слично како нешто што му се става на лице, како белег, за да се препознава. - Додека чистата и чесна особа на лицето носи радост и во срцето носи таков благодет што се чуствувамирна силна и праведна спрема Аллах. А блудникот обратното. - Блудничарското око насекаде гледа неповерение и сомнеж, не може да и верува ни на својата чест ни на своето дете. - Неговата блудност е како смрдеа што ја чуствуваат оние што имаат чисто срце, таа негова смрдеа излегува од неговата уста и тело. - Тешкотија и неудобност се осеќа во нивната душа. Блудните добиваат спротивно од она што сакаат. Кој ќе посака таков живот и непокорност спрема Аллах тој ќе ги казни поинаку. Она што кај Аллах се постигнува е тоа само да се покориме и да правиме добро. Кога тој грешник би знаел колкава е среќата и задоволството што ја крие поштеноста и чесноста би се радувал и не би побарал ништо друго освен тоа задоволство. -Блудните го ставаат на коцка уживањето на џеннетската убавина и убавината на ахиретот. -Блудните ја затвораат вратата на роднинските врски, непослушноста на родителите, паѓањето во грев, неси неправда спрема луѓето и го упоропастува својот имот и се доведува до таква ситуација да тоа го доведе до зло и убиство. -Ако на тој пат свесно или несвесно веќе си почнал следува уште поголем грев, тој грев ќе те опкружува со такви грешници од кои ќе добиеш поттик за понатаму. Но на овој грев ти грешнику ќе добиеш од овој свет многу задоволство и убавина. Но себеси ќе си го скратиш патот кон доброто на дуњалокот и ахиретот . -Блудот ја згаснува честа на една девојка ја облекува со срам, така да таа станува само една минлива сенка која се вовлекува во домот и семејството, уништувајќи се себеси и го валка името на своите родители. -Засекогаш главата ке му биде наведната пред другите. -Срамот кој го повлекува блудот е потежок од оној кој не верува. Со искреното покајување неверникот се чисти од гревови, и во срцата на луѓето не е помалку вреден од оние кои се родени како муслимани, додека оној кој ќе се покае од блуд иако и тоа покајување го чисти од грев, кај чесните луѓе ќе остави траг кој нема да биде вреден. -Погледнете жена која се покајала од блудот како машките ја избегаваат поради белегот која самата себе си го нанесла. С’ад б Убејде рекол: „Кога би видел некој со мојата сопруга ќе го прободам со сабја. Тие зборови допреа до ушите на Пратеникот, алејхи селам, па рекол „Зарем се чудите на неговата љубомора? Во името на Аллах јас сум пољубоморен од него, а Аллах е пољубоморен од мене. Од љубомора Аллах ги забранил лошите дела ’’ -Кога една жена ќе направи блуд и забремени, а потоа ќе го убие своето дете кое така го зачнала, направила две злосторства – направила грев со блуд и убиство. Ако пак тоа дете го однесе кај својот сопруг во своето и неговото семејство исто како да им донесла странец кој не им припаѓа, тој ќе ги наследи уживајќи ја нивната внимателност кој не би ја добил ако ја знаат вистината. -Блудот е злостор спрема детето. Блудникот со своето дело зачнува плод кој кај детето нема да има претстава кој му е татко. -Оној кој прави блуд со повеќе личности е поголем од оној кој прави блуд со една личност. -Оној кој тоа го прави јавно е поголем грешник од оној кој тоа тајно го направил. -Блудот со сопругата на својот комшија е многу поголем од блудот со некоја друга жена. -Блудот со жена на оној маж кој се бори на Аллаховиот пат е уште потежок. -Блудот со роднина е поголем отколку со друга жена. -Исто така блудот кој е направен во рамазан или на некое свето место е многу потежок од оној во друго време и друго место. -Блудот кој го прави постар е потежок од оној кој го прави некој младич. Како да се покаеш од зиналукот: Оној кој ќе направи блуд или ако му помогне на некој да направи такво дело мора што побрзо да се покае, каејќи се за она што било, невраќајќи се повеќе на тој грев. Оној кој направил блуд не е должен на другите да им го признае својот грев туку доволно е искрено да се покае и да остане зад Аллаховата завеса која го сокрива тој негов грев. И веднаш да се ослободи од трагите на она што укажува на тој направен грев како на пример слики,касети и слично. И нека понизно и покорно се врати на својот Господар молејќи се да го прими неговото покаение и лошите дела да ги замени со добри.
Сестра Сара http://www.tewhid.ucoz.org http://www.facebook.com/Tewhid.mk извор-povikkonvistinata
| |
Views: 296 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |