Main » Files » КУРАН-ТЕФСИР

ТЕФСИР НА 35 КУРАНСКИ АЕТ ОД СУРА ЕЛ-АХЗАБ
09.10.2014, 7:51 PM

ТЕФСИР НА 35 КУРАНСКИ АЕТ ОД СУРА ЕЛ-АХЗАБ


За муслините и муслиманките, и за верниците и верничките, и за послушните мажи и за послушните жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за стрпливите мажи и за стрпливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат зекат и за жените кои даваат зекат, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои за своите срамни места водат грижа и за жените кои за своите срамни места водат грижа, и за мажите кои често го споменуваат Аллах и за жените кои често го споменуваат Аллах – Аллах, навистина, за сите нив прошка и голема награда подготви.(Ел-Ахзаб, 35)


Имам Ахмед пренесува од Абду-Рахман ибн Еби-Шејб дека рекол: “Слушнав дека Умму-Селеме, радијАллаху анху, жена на Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, рекла: ’Го прашав Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, зошто не се спомнуваме во Куранот како што се споменуваат мажите?’ Таа понатака продолжува, па кажува: ’Еден ден внимание ми привлече неговиот глас од минберот додека ја чешлав косата. Брзо јасплетив косатаи излегов во предсобата од кучата и ги наслонив ушите на преградата од палмени гранки.’ Тогаш тој рече од минберот: “О луѓе, навистина Возвишениот Аллах рекол:“
За муслините и муслиманките, и за верниците и верничките...,“ до крајот на аетот! Вака го пренесува Насаи ибн Џерир од Абдул-Вахида ибн Зијад. Ибн Џерир пренесува од Ибн-Аббас, радијАллаху анху, дека рекол: “Жените на Аллаховиот Пратеник запрашувале: “Зошто спомнува верник, а не спомнува верници?“ Тогаш Аллах, субханеху ве те ала, објавил

За муслините и муслиманките, и за верниците и верничките...,“ Аллаховиот говор: За муслините и муслиманките, и за верниците и верничките...,“ значи дека иман не е исто што е ислам. Тој има специфично (јаже) значење од исламот бидејчи Возвишениот рекол: 

Некои бедуини велат: “Ние веруваме!“ Кажи: “Вие не верувате. Туку кажете ’Го примивме изсламот’“ (Ел-Хуџурет. 14) Во двата “Сахиха“ стои:“Блудник додека прави блуд, во тој момент тој не е верник“, понатака тој останува без иман, но тоа не значи дека е неверник; со ова муслиманите се согласени. Ова значи дека верувањето (иман) го стеснува значењето. Возвишениот понатака вели: “...и за послушните мажи и за послушните жени,“ Зборот ’ел-канут’ значи покорнос во смиреност, како што Возвишениот вели:

’’Зарем таквиот е како тој што во ноќните часови времето во молитва, го минува, паѓајќи со лицето на тло и стејќи, стравувајќи од оној свет и надевајќи се на милоста од Господарот свој?..’’ (Ел-Зумер, 9)

Значи после ислам доаѓа поголем степен, а тоа е иман (верувајне), а како резултат на тие две е “кунт“ (послушност и скрушеност). Аллах, субханеху ве те ала, понатака вели: “...и за искрените мажи и за искрените жени,“ Тоа се однесува на говорот: Искреноста е пофалено својство и тоа е знак на иманот, како што лажењето е знак на нифак-лицемерството, а кој е искрен тој е спасен. Во еден хадис стои: “Бидете искрени, бидејчи искреноста води во доброчинство, а доброчинството води во Џеннет“ Чувајте се од лажење, бидејчи лажењето води во поквареност и грешење, а грешењето води во Оган. Човекот кој е искрен и за тоа чезнее, се запишува кај Аллах, субханеху ве те ала, како искрен (СИДДИК), додека човекот кој лажи и на тоа чезнее, се запишува кај Аллах како лажго (КЕЗЗАБ).

Возвишениот понатака вели: “, и за стрпливите мажи и за стрпливите жени“ Ова е особина на постојансот и цврстина, а тоа е стрпливост во неволја. Навистина, е права стрпливос во првиот ударец. Тоа значи дека е најтешко во првите моменти, додека тоа што доаѓа после тоа е све лесно. 

Понатака Возвишениот Аллах, вели: “...и за понизните мажи и за понизните жени,“ Зборот ’Ел-хушу’ значи смиреност и задоволство, достоинство и скромност. Основата на тоа е став од Аллах, субханеху ве те ала, и Неговата контрола, како што тоа стои во овој хадис: “Обожавај Го Аллах како да го гледаш, а ако не го видиш, знај дека Тој тебе Те гледа.“

Во реченицата: “...и за мажите кои даваат зекат и за жените кои даваат зекат,“ Садака значи доброчинство спрема сиромсаните и слабите, кои немаат никаква заработка и приход. Му се дава од вишокот на имотот од покорност спрема Аллах, субханеху ве те ала, и со добронамерност спрема Неговите сстворенија. Во двата ’Сахиха’ стои: “Седом врсти на луѓе Аллах ќе ги стави под Својот хлад Тој ден кога други хлад освен Неговиот нема да има: Па измеѓу останатите споменати и човек кој дели садака тајно, така што левата рака не знае што и колку дала десната.“

Понатака Возвишениот, вели: “...и за мажите кои постат и за жените кои постат,“ Во еден хадис кој го пренесува Ибн-Маџџе сто: “Постот е зекат на телоти“, т.с. чисти го и уредувај го од расипаните нечистотии со природен и шеријатски аспект.

Потоа Возвишениот вели: “...и за мажите кои за своите срамни места водат грижа и за жените кои за своите срамни места водат грижа,“ доаѓа после зборовите: “... и мажите кои постат и жените кои постатбидејќи постот е најдобар помагач за потиснување на страста, како што е речено во следниот хадис’’..а ако неможи нека се (ожени) нека пости затоа што тоа му е штит’’.Заради тоа одговара да се после ова спомене:’’ ...и за мажите кои за своите срамни места водат грижа и за жените кои за своите срамни места водат грижа, Зачувај ги од забранетиот грев,освен таму каде е дозволено како например: жена и оние кои поседуват.

А Аллаховиот говор: “...и за мажите кои често го споменуваат Аллах и за жените кои често го споменуваат Аллах “ Ибн-Хатим се пренесува од Еби-Сеид-ел Хударија,радијАллаху анху, дека рекол:’’Навистина Аллаховиот Пратеник реколКога човекот ќе ја разбуди својата жена во ноќта,и клањаат два реката,тогаш тие се од оние,кои таа ноќ,се од оние кои често го споменуваат Аллах’’’Се пренесува од Ебу-Давуд,Несаи ибн Маџе од Е’амеша.Имам Ахмед пренесува од Му’аз ибн Џебела, радијАллаху анху, дека рекол:’’ Рекол Аллаховиот Пратеник,с.а.в.с.:Ниеден човек нема да направи една работа ќе биде спасен од Аллаховата казна како што е споменување на Аллах Возвишениот Семоќниот.’

Говорот на Возвишениот: “Аллах, навистина, за сите нив прошка и голема награда подготви.“ Тоа е информација за све предходно навдено, т.е,дека Возвишениот Аллах припремал Свое простување за нивните гревови и голема награда -Џеннет.(Аллаху ,простини нас и воведине во Џеннет,кое го вети на богобојазните)


Превземено: Тефсир Ибн Кесир, рахимехумуллах алејх

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK

Category: КУРАН-ТЕФСИР | Added by: tewhid
Views: 383 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube