Main » Files » Куран,Суннет,Хадиси

СОН НА ПРАТЕНИКОТ С.А.В.С.
07.13.2014, 10:15 PM

Пренесува Семуре бин Џунаб дека Пратеникот с.а.в.с. често им зборуваше на асхабите:„Кој од вас сонувал нешто?“,па некој ако сонувал,ќе го разкажеше својот сон,а тој ќе речеше:“МашАллах,што сака Аллах тоа ќе биде.“...

Тоа попладне ни раскажа:“Синоќа сонував како дојдоа два човека,кои баш мене ми беа испратени,па ми рекоа:„Дојди со нас.“И јас појдов.И дојдовме до двајца,од кои едниот лежел а другиот стоел над него со камен.Овој другиов го фрлал каменот на оној што лежи,и главата му ја растурувал.Каменот се тркалал,а тој ќе отидел по него и повторно ќе го земел.И ќе се врател кога главата ќе се направи како што била,и повторно ќе му го направел истото како и првиот пат.Запрашав,рече Пратеникот с.а.в.с.“СубханАллах“,што им е на овие двајца?А тие му одговориле:“Продолжи понатаму!“

Продолживме се додека не дојдовме до еден човек кој лежи на вратот,а другиот стоел над него со железна кука,и со куката ќе го удрел на едната страна од неговото лице,ќе го распрчел на делови и ќе го однесел до вратот неговиот нос и очи.“А Ебу Реџа вели можеби му ја растури. Продолжил Пратеникот с.а.в.с.„Потоа истото ќе му го направел на другата страна од неговото лице.Штом тоа ќе го направел на едната страна таа се враќала во првобитната положба и тогаш ја повторувал истата работа.Пратеникот с.а.в.с запрашал:“СубханАллах,што е со овие двајца?“А тие му одговориле:“Продолжи понатаму.“

Продолживме се додека не дојдовме до место кое светкаше.Ми се чини дека Пратеникот с.а.в.с. рекол:„На тоа место се слушаше викање и јадукање.Влеговме внатре и видовме мажи и жени без облека,а под нив пламен.Па кога пламенот ќе ги зафатеше тие врескаа.Па Пратеникот с.а.в.с. им рекол на сопатниците:“Кои се овие?Па му било речено:“Продолжи,продолжи!

Продолживме се додека не дојдовме до една река,мислам дека рече:„Црвена како крв“,а во реката пливал човек.На брегот стоел други човек а до него корпа со камења , па кога пливачот ќе му се приближл,ја отварал својата уста,а тој му давал камења,залак по залак,пливачот продолжувал со пливање и повторно се враќал со отворена уста по својот оброк од камења и тоа нонстоп се повторувало.Запрашал Пратеникот с.а.в.с.„Кои се овие двајца?“ Па му одговориле:“Продолжи ,продолжи!“

Продолживме со одењето се додека не дојдовме до еден човек со одвратен изглед,толку грд што никој нема видено,пред него оган кој самиот го в пламнува и трча околу него.Прашал Пратеникот с.а.в.с. :„Кој е овој?“И му одговориле :“Продолжи, продолжи!“

Продолживме се додека не дојдовме до една процветана градина полна со сите видови на пролетно цвеќе,а меѓу нив стои висок човек,главата му беше толку високо како небото да го достигнува.Околу него многу млади,толку никогаш немам видено.Пратеникот с.а.в.с.прашал:„Кој е овој човек? Кои се овие околу него?„Па му Одговориле: „Продолжи, продолжи!“

Продолживме се додека не дојдовме до една убава градина,поубава и повеличенствена немам видено,па ми рекоа да појдам горе и јас појдов до неа.Одевме се додека не дојдовме до еден град со златни и сребрени ѕидови.Се приближивме до градските врати и побаравме да се отворат,па се отворија.Влеговме во градот и сретнавме луѓе на кои едната страна им беше толку убава што никогаш немам видено,а другата страна им беше толку грда да такво нешто никогаш се нема видено.Пратеникот с.а.в.с.рече:„Моите сопатничи им рекоа да за нуркаат во реката,а реката течела пред нив.Водата била потполно бела како најбело млеко.Нурнале во неа па се вратиле,и видовме како исчезнала нивната грдотија,и изгледале како најубави створенија.Пратеникот с.а.в.с. рекол:„Ми Кажаа:“Ова е Џеннетот Адн и ваква е твојата куќа.“

Пратеникот с.а.в.с. погледнал нагоре и видел дворец како бели облаци и рекол:“Ми кажаа дека:„Ова е твоја куќа.“Пратеникот с.а.в.с. им кажал:„Аллах да ве благослови,пуштете ме да влезам внатре.“И му одговориле:„Не сега, но ќе влезеш во неа.“Па им рекол:„Синоќа видов многу стравови,па кажите ми што е тоа што го видов?“Па му рекле:„Ќе те известиме за тоа.

Првиот кој си го видел е човек на кој главата му ја разбиваат со камења е човекот кој учи Кур’ан, а потоа прекинал,спиел во намаското време.

Другиот човек,на кој му ги сечат образите,а носот и очите му ги тераат према вратот, е човекот кој во зората излегувал од куќата и со лаги го полнел светот.

А мажите и жените без облека затворени на местото каде што сија огнот се блудниците.

Човекот кој си го видел да плива во реката со крв и чија уста била полна со камења е од оние кои земаат камата.

Човекот со грд изглед кој го распалува огнот и трчал околу него е Малик,чувар на Џехеннемот.

Високиот човек во расцветаната градина е Ибрахим а.с.Младите околу него се децатакои умреле во утробата на својата мајки.Па некои го прашале Аллаховиот Пратеник с.а.в.с:„Аллахов Пратенику,а и децата на мушриците?“А Ресулуаллах с.а.в.с. одговорил:“И децата на мушриците.“

А што се однесува до луѓето чија едната страна е грда,а другата добра тоа е народот кој ги мешал добрите дела со лоши па Аллах џ.ш. им опростил.“ (Бухари)

припрема 
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk

Category: Куран,Суннет,Хадиси | Added by: tewhid
Views: 526 | Downloads: 0 | Rating: 5.0/1
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube