Ебу Ханифе бил прецизен,благ и добар оратор кој поседувал јасен и чист говор во научните расправии кои што ги водел со големите учењаци на своето време.
И така, во еден релевантен извор кој што зборува за настанокот и историјатот на мезхебите во исламот се наведува дека Ебу Ханифе во една прилика додека престојувал во Медина, имал расправа со големиот авторитет и научник на тоа време Имам Мухаммед ел – Бакир (умрел 114. г. по Хиџра).
Имено, на Ебу Ханифе одредени кругови му приговарале дека и дава предност на аналогијата ( кијасот) над хадисите на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с, што секако било лажно обвинување. Таквите вести стигнале до Имам Мухаммед ел – Бакир,кој,кога се сретнал со него во Медина, го запрашал: “ Ти ли си оној кој што верата на мојот дедо ( алудира на Мухаммед а.с.) и неговите хадиси ги замени со кијас (аналогија)?”
Имам Ебу Ханифе на тоа смирено му возвратил: “Ајде да седнеме,па малку да поразговараме!”. Кога седнале,Ебу Ханифе продолжил: “ Јас ќе те прашам за три работи, па кога на нив ќе ми одговориш, тогаш ти самиот процени дали е точно она за што ме обвинуваат. Те молам, одговори ми: Кој е послаб, мажот или жената?”
“ Жената” - одговорил Имам Мухаммед ел – Бакир.
“ А колкав е делот на жената приликом распределбата на наследството?” - прашал понатака Ебу Ханифе.
“ На мажот му припаѓа дупло повеќе отколку на жената!” - возвратил Имам Мухаммед ел – Бакир.
“Ете, гледаш” - му рекол Ебу Ханифе - “ тоа што сега го рече, истото го има кажано и твојот дедо ( Мухаммед а.с.), а јас во некој случај да ја менував верата на твојот дедо и да и давав предност на аналогијата ( кијасот), тогаш,според истата таа аналогија, ќе речев дека на жената треба да и припадне двојно повеќе отколку на мажот, бидејќи таа е послаба од него!”.
Потоа Ебу Ханифе продолжил: “ Кажи ми што е повредно: Намазот или постот?”
Имам Мухаммед ел – Бакир одговорил: “ Секако дека Намазот е повреден!”.
На тоа Ебу Ханифе рекол: “ Истото тоа го има речено и твојот дедо ( Мухаммед а.с.), а јас, во некој случај да ја менував верата на твојот дедо со кијасот ( аналогијата), тогаш, според таа аналогија, би требало жената кога ќе се очисти од месечниот циклус, да ги наклањува намазите кои ги пропуштила за време на циклусот, а не да ги напостува деновите кои ги пропуштила поради тој циклус во месецот Рамазан!”.
После тоа Ебу Ханифе го прашал и за третата работа: “ Која е поголема нечистотија (неџасет): Мокраќата или спермата?”
“Мокраќата!” - спремно одговорил Имам Мухаммед ел – Бакир.
“Е, ако е така “ - возвратил Ебу Ханифе - “ тогаш јас, ако сакав да ја менувам верата на твојот дедо ( Мухаммед а.с.), ќе барав гусул бањањето (капењето) да се обавува после секоја мала нужда, а да се зема абдест после исфрлувањето на спермата. Меѓутоа, јас барам прибежиште кај Аллах од тоа да ја менувам верата на твојот дедо со кијасот (аналогијата)!”
После овие зборови Имам Мухаммед ел – Бакир станал, го загрлил Ебу Ханифе, го пољубил во лицето и му оддадол посебна почест.
( Извор: Ебу Зехре, Мухаммед: Tarihul – mezahibi – l – islamijje, Daru – l – fikri – l – 'arebijji, Каиро , стр. 639 -640).
припрема
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk
|