Main » Files » Куран,Суннет,Хадиси

ИСА А.С. И НЕГОВИОТ ДРУГАР
07.13.2014, 10:04 PM

Се пренесува дека Иса а.с., во една прошетка со својот другар, шетајќи и двајцата многу огладнеле. Стигнале до некое село и Иса а.с., му рекол на другарот: - „Оди и побарај храна од жителите на ова село.“ 
Иса а.с., почнал да клања, а другар му донесол три леба. Додека Иса а.с., клањал, тој си изел еден леб. Откако Иса а.с. завршил со намазот., го прашал својот другар: 
-,,Каде ти е третиот леб? 
Другарот му рекол: -,,Само два леба имав”.
Потоа, поминале покрај некоја газела, Иса а.с. ја повикал и заклал. 
Откако убаво се најале и рекол на газелата: 

-,,Стани со изин од Аллах џ.ш.“ И, навистина газелата станала. Другар му со чудење викнал: „Субханаллах! (Славен да е Аллах).“ 
Иса а.с., на тоа му рекол: 
-„Те колнам во оној кој ти го покажа овој доказ, каде е третиот леб? 
Другар му одговорил: 'Не беа три, туку два леба.”
Продолжиле да одат понатаму и поминале покрај некоја голема река. 
А, Иса а.с., го фатил за рака другарот и ја поминале реката одејќи над вода. Другар му повторно изговорил со чудење: 'Субханаллах! 
Иса а.с., пак го прашал: „Те колнам во оној кој ти го покажа овој доказ, - каде е третиот леб?“ 
Другар му повторно рекол: 'Не беа, освен два леба.” 
Наближиле до едно село. Во неговата близина нашле три големи, парчиња злато. 
Тогаш Иса а.с., рекол: 
,,Едно за мене, едно за тебе и едно за оној со третиот леб.” 
Другар му тогаш силно извикал: -,,Јас го изедов третиот леб!” 
Иса а.с., се насмевнал и му рекол: ,,Сите се твои, земи ги”. 
Се разделиле. И додека другар му се радувал и играл со трите парчиња злато, поминале тројца разбојници, го убиле и му го зеле златото. 
Двајцата разбојници му рекле на третиот: -,,Оди до селото и донеси ни јадење”. А овој, отишол. 
Додека третиот одел по храна во селото, двајцата разбојници се договориле да го убијат кога ќе донесе храна, и златото да го поделат помеѓу себе на два дела. 
А, тој пак што отишол да купи храна си мислел: -,,Да им ставам отров во хранава и да ги убијам, па така целото злато ќе ми припадне мене.” 
Така и направил.

Кога се вратил со храната, тие двајца го убиле, па си зеле од храната да јадат и така се отруле и умреле.

Потоа поминал Иса а.с., и ги видел сите тројца легнати, умрени и му рекол на неговиот ученик што бил со него: 
-,,Вака, прави дуњалукот со неговите вљубеници, затоа внимавајте на него!”

припрема 
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk

Category: Куран,Суннет,Хадиси | Added by: tewhid
Views: 586 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube