Не било редок случај да дојде до расправија помеѓу исламските и неисламските интелектуалци.Во еден случај таква расправа инспирирал еден византиски владар во времето на Ебу Ханифе, кој го испратил својот најголем интелектуалец со 3 прашања.
Тогашниот халифа им понудил на исламските ученици да се впуштат во расправа со византиецот кој бил испратен, но тие со тоа сакале да се одважат.Но на тоа се одважил Ебу Ханифе.Расправата била јавна и на неа присуствувале многу љубопитци.Кога Ебу Ханифе влегол во салата наменета за дијалог го здогледал византискиот ученик како седи на миндерот наменет за големите луѓе.
Ебу Ханифе се приближил и му рекол:“Дали ти дојде да поставиш прашање?
Тој рекол:-Да
Тогаш Ебу Ханифе му рекол да се симне од тоа место зашто било наменето за тие кои што ќе дадат одговор а не за тие кои поставуваат прашање.Византиецот не рекол ништо и се симнал и кога Ебу Ханифе седнал на тоа место го викнал да му го постави прашањето.
-Што постоеше пред Бог?- прашал византиецот.
Ебу Ханифе наместо да му одговори го праша:-Дали ти барем малку се разбираш во математиката?!
Тој одговорил:-Секако дека се разбирам!
Ебу Ханифе повторно го прашал:-Дали има друг број пред бројот 1?
Тој одговорил:-Не.Тој е прв и пред него нема ништо.
Ебу Ханифе рекол:-Кога пред бројот нема ништо , па како да има нешто пред Едниот и Единствен Аллах!
Тој прашал:-Каде се наоѓа Бог, на кое место и која страна?
Ебу Ханифе го прашал:-Па кажи ми ти кога ќе запалиш свеќа,на која страна има светло?
Тој одговорил:-На сите страни еднакво!
Ебу Ханифе тогаш му рекол:-Кога во случајов со свеќава кој ја направил еден незнаен роб Аллахов,не можете да определите на која страна има светло,како тогаш, тоа можете да го направите со Господарот на небото, земјата и се што створил?!
После тоа византискиот представник го постави и третото прашање:
-Што прави сега Бог?
Ебу Ханифе мирно му одговорил:-Ги трга и ги поднижува од миндерот неверниците како што сте Вие, а го подигнува угледот на верниците како што сум јас.
После ова византискиот представник ги собрал своите ствари и се вратил поразен во својот дом.Важно е да се спомене, како што вели Ел-Хабиб ел-Хаваризми, дека тогаш Ебу Ханифе бил младич и дека никој не достигнал зрелост и знаење како што достигнал тој!
Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK
|