Main » Files » Куран,Суннет,Хадиси |
10.31.2014, 2:39 AM | |
وَإِذَا سَأَلَكَ عِبَادِي عَنِّي فَإِنِّي قَرِيبٌ أُجِيبُ دَعْوَةَ الدَّاعِي إِذَا دَعَانِي فَلْيَسْتَجِيبُوا لِي وَلْيُؤْمِنُوا بِي لَعَلَّهُمْ يَرْشُدُونَ „А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се одѕивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли. Затоа, нека се одѕвијат тие на Мојот повик и нека веруваат во Мене, за да бидат на Вистинскиот пат.“ (Ел-Бекаре, 186) Кур’анот како Аллахова објава, и целовкупен животен систем, во себе содржи голем простор на дови, молитви, молби и слично. Поимот дова (ар.дуа) на македонски јазик значи: повик, повикување, довикување, молење, молба. Значи ако би констатирале дека Кур’анот е молитвеник, или книга исполнета со бројни дови. Еве на пример првата куранска сура ел-Фатиха, всушност е прекрасна дова. Со неа се моли Севишниот Творец да ни подари упатство и не зајакне на правиот пат: إِيَّاكَ نَعْبُدُ وَإِيَّاكَ نَسْتَعِينُ * ٱهْدِنَا ٱلصّرَاطَ ٱلْمُسْتَقِيمَ „Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме! Упати нe на Вистинскиот пат.“ (Ел-Фатиха, 5-6) И најдолгата куранска сура (Ел-Бекаре) завршува исто така, со прекрасна дова кон Севишниот: „Господару наш, не казнувај нe ако заборавиме или ако нешто не сакајќи направиме! Господару наш, не товари нe со товарот кој си им го натоварил на тие пред нас! Господару наш, не оптоварувај нe со тоа за кое немаме сила! Избриши ни ги гревовите наши, прости ни и смилувај ни се! Ти си нашиот Господар, па помогни ни против народот кој не верува!“ (Ел-Бекаре, 286) Довата има посебно високо место во исламот. Таа претставува еден од најдобрите верски форми на робување спрема Аллах џ.ш. Човекот преку довата му се обраќа на Семожниот Аллах за да му подари добро, и да му отстрани некое зло. Преку довата се реализира врската меѓу Аллах и човекот. Таа е начин како човекот да се приближи до Возвишениот Аллах. Во куранскиот ајет стои: „А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се озвивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли...“ (Ел-Бекаре, 186) Во едно хадис се наведува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол:„Довата е ибадет“. Довата е важен ибадет за кој многу луѓе немарно му пристапуваат, иако живееме во многу напнато и бурно време каде обраќањето во Аллах џ.ш. е лек за душите и решение за проблемите и искушенијата. Евидентно е дека Кур’анот, покрај сé што се наведува во него, во себе содржи многубројни дови. Зборот дова (ар. дуã) во нашиот јазик има неколку значења: повик, довикување, повикување, молење, молба итн. Во куранските дови спаѓаат и молбите кои ги упатувале Аллаховите пратеници како и луѓето кои се опишани вистински верници. Пример за тоа се следниве дови: Довата на Адем а.с. и неговата сопруга кои после направениот грев се молеле за простување: قَالاَ رَبَّنَا ظَلَمْنَآ أَنفُسَنَا وَإِن لَّمْ تَغْفِرْ لَنَا وَتَرْحَمْنَا لَنَكُونَنَّ مِنَ ٱلْخَاسِرِينَ „Господару наш, ние самите себе сме нанесле неправда, и ако Ти не ни простиш и не ни се смилуваш, сигурно, ќе бидеме меѓу изгубените.“ (Ел-А’раф, 23) Довата на Ибрахим а.с.: رَبِّ ٱجْعَلْنِي مُقِيمَ ٱلصَّلاَةِ وَمِن ذُرِّيَتِي رَبَّنَا وَتَقَبَّلْ دُعَآءِ * رَبَّنَا ٱغْفِرْ لِي وَلِوَالِدَيَّ وَلِلْمُؤْمِنِينَ يَوْمَ يَقُومُ ٱلْحِسَابُ „Господару мој, подади ни моќ јас и моето потомство да клањаме намаз; Господару наш, Ти услишај ја молбата моја! Господару наш, прости ми мене и на родителите мои, и на сите верници - на Денот кога ќе полагаме сметка!“ (Ибрахим, 40-41) Довата на Зекирија а.с. кој во поодминати години го молел Творителот да му подари дете: رَبِّ هَبْ لِي مِن لَّدُنْكَ ذُرِّيَّةً طَيِّبَةً إِنَّكَ سَمِيعُ ٱلدُّعَآءِ „Господару мој, подари ми од кај Тебе чесно потомство, бидејќи, Ти , навситина, молбата ја слушаш!“ (Али Имран, 38) Кур’анот покрај разните дови ги наведува и довите на Аллаховите избраници, пејгамбери, бидејќи тие правеле најсодржани и универзални дови кои се препорачани до верниците да ги практикуваат. Особено е вредна довата на Јунус а.с. فَنَادَىٰ فِي ٱلظُّلُمَاتِ أَن لاَّ إِلَـٰهَ إِلاَّ أَنتَ سُبْحَانَكَ إِنِّي كُنتُ مِنَ ٱلظَّالِمِينَ * فَٱسْتَجَبْنَا لَهُ وَنَجَّيْنَاهُ مِنَ ٱلْغَمِّ وَكَذٰلِكَ نُنجِـي ٱلْمُؤْمِنِينَ „И повика во темница дека: Нема друг Бог освен Тебе, Славен биди Ти, јас навистина, се огрешив кон себеси. И ние му се озвавме и го избавивме од тешкотијата. И ете, така ние ги избавуваме верниците!“ (Ел-Енбија, 87-88) Са’д ибн Малик р.а., вели: „Го слушнав Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., како вели: „Сакате ли да ве упатам на највозвишното име на Аллах џ.ш., со кое име кога Тој ќе биде повикан ќе се одзвие, а, кога од Него нешто ќе се побара со тоа име, Тој тоа ќе им го даде. Тоа е довата со која се молел Јунус а.с., кога Го повикал од тројната темнина: „Ла илахе илла енте субханеке, инни кунту минез-залимин.“ (Нема Бог, освен Тебе, славен да си Ти, а јас, навистина, се огрешив спреме себеси!) Тогаш некој човек праша: „О, Аллахов Пратениче, дали таа дова е посебна само за Јунус, или за сите верници, воопшто?“ Пратеникот а.с. му одговорил: „Па зарем не слушаш што вели Аллах понатаму: „Ние му се одзвавме и од маката го спасивме: ете така Ние ги спасуваме верниците.“ Потоа Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Кој било муслиман кога ќе го погоди некоја болест, и Го замоли на Аллах џ.ш., со овие зборови четириесет пати, па умре во таа болест, ќе му биде дадена награда на шехид, а ако оздраве, ќе оздраве, а Аллах џ.ш., веќе му ги простил сите негови гревови.“ (Хаким) Довата е курански императив, тоа може да се извлече од многу ајети каде се наредува за молење и дова: وَقَالَ رَبُّكُمْ ادْعُونِي أَسْتَجِبْ لَكُمْ إِنَّ الَّذِينَ يَسْتَكْبِرُونَ عَنْ عِبَادَتِي سَيَدْخُلُونَ جَهَنَّمَ دَاخِرِينَ „Господарот ваш рече: „Повикајте Ме и замолете, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообразеност не сакаат да Ме обожуваат – сигурно понижени ќе влезат во џехеннем.“ (Му’мин, 60) Припрема и обработка-TEWHID.MK | |
Views: 891 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |