РАСКАЗ ЗА ЧУДНИОТ ЧАМЕЦ
Еден атеист ги предизвикал на дебата исламските научници во својата земја, па тие го избрале најостроумниот меѓу нив да дебатира со него и му закажале термин.
Во договорениот термин, сите го исчекувале доаѓањето на исламскиот научник, но него го немало. Па, атеистот им се обратил на насобраните: „Вашиот научник се исплаши и не се појави, бидејќи знае дека ќе го совладам во дебатата и ќе му докажам дека оваа Вселена нема Бог!"
Но, додека атеистот уште зборувал, исламскиот научник пристигнал и се извинил за доцнењето, па им рекол на насобраните: „На својот пат до тука, не можев да најдам чамец со кој би ја преминал реката. Додека така чекав на брегот, одненадеж од водата сепојавија штици и со голема брзина и прецизност се склопија една со друга, така што формираа еден убав чамец. Потоа чамецот ми се приближи, па јас влегов во него и стигнав до вас!"
Атеистот вчудоневиден рекол : „Овој човек навистина е луд! Како можат штиците сами да се склопат и да се формира чамец, без некој да го изработи, и како чамецот сам дошол кај него без некој да го управува?!"
Исламскиот научник се насмевнал и рекол: „Што мислиш тогаш за себе кога велиш дека оваа совршена и огромна вселена нема Создател Кој го создал и со него управува?!"
тој ученњак бил Имам Ебу Ханифе
Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
YOUTUBE-TEWHIDMK
ОД Книга-Исламски поучни текстови , хадиси , совети и мудри изреки(Со Кур’ан и Суннет)
|