Main » Files » Куран,Суннет,Хадиси |
07.18.2014, 2:33 AM | |
Ја водеше муслиманската војска од победа во победа, фрлаќи на колена Кисрината војска на југот од Ирак, како и Цезаровата војска во земјите на Шам. Првиот владател (ХАЛИФА) во исламската држава по смрта на Мухаммед а.с беше Ебу Бекр Ес Сиддик. За време на Пејгамберот Мухаммед а.с многу арапски племиња преминаа во Исламот од Љубов кон Пејгамберот а.с и кон она со што тој дојде од својот Господар Аллах џ.ш. Меџутоа, непосредно после смртта на Мухаммед а.с некои од тие племиња се дометнаа од Исламот, одбивајќи ја покорноста кон Ебу Бекр, враќајќи се кон идолатријата. Ебу Бекр беше најугледен асхаб на Пејгамберот а.с и најмил во неговото срце,кој беше познат по својата мудрост, Не се двоумеше ниту за миг да поведе борба против непријателот на Исламот, та испрати своја војска да се бори против одметниците и извојува победа над нив.Исто така, испрати војска надвор од Арапскиот полуостров, па го постави Халида ибн Велида за заповедник на војската против Персијанците во ирак. а потоа и против Византијците во Сирија. Халид ја поведе војската на север и запоЧна да освојува град по град, дури успеа и да го завземе кружниот дел од Ирак и да ги протера Персијанците од тие простори. Потоа тоа ја поведе војската на просторите на Шам и се улогори во близина на реката Јермук.Тука му се придружија и други исламски војски под неговото водство и заповедништво. Што се однесува до Византијците во Сирија, тие ја мобилизираа својата војска чиајшто бројка надминуваше100 илјади војници, па и тие се улогорија на другата страна на реката Јермук, во близина на муслиманската војска. Потоа, двете војски започнаа да се подготвуваат за одлучната борба борба. Халид ги собра заповедниците на единицате, поради одредување на воената стратегија. откако дозна дека Византијците збрале војска трипати поголема од муслиманската војска, па дури и повеќе од тоа. Муслиманите влегоа во битката со храбри срца преполнети со верба во Аллах џ.ш и Неговиот пејгамбер Мухаммед а.с, верувајќи во зборовите на Восвишениот Аллах џ.ш ,,...Колку пати мала група (војска) победила голема група,со Аллахова дозвола... Исто така, кај нив преовладуваше нивната храброст и желба за шехадетот на Аллаховиот пат. Вечерта стигна курирот на новиот халифа Омер ибн Ел-Хатаб, кој ја ношесе веста за смрта на Ебу бекр. Исто така во писмото стоеше наредба за смена на Халид од позицијата заповедник на муслиманската војска и поставување на Ебу Убејде ибн Ел-Џеррах на неговото место. Ебу Убејде беше обезмен со неодлучност во поглед на тоа како да постапи во новостанатата ситуација.Во себе размислуваше како да постапи Оваа вест може да го предизвика Халидовото нагодување! Зарем не е помудро за тоа да го известе после битката?! Што е најдобро да сторам, а тоа да биде добро за муслиманите?! Долго размислуваше за тоа. и најпосле одлучи да не ја соопштува таа вест никому. По изгревот на Сонцето започна големата битка на Јермук. Тоа беше една од најтешките битки во историјата на Исламот, која траеше од утро до мрак. и низ сиот простор се слушаа врисоци и звуци за помош, додека облаците од прашината што се дигаше го направија небото темно.Секој муслимански војник имаше против себе три до четири непријателски војници ,поради бројната надмоќност на непријателот, кој беше 3-4 пати поброен. Халид беше во постојано движење меѓу муслиманските редови и ги охрабруваше за нивната смелост. Тоа уште повеќе го зајакнуваше моралот на војниците, кои ги одвојуваа своите напори во борбата. Жестокоста на битката не им дозволуваше на војниците ниту да земат храна или пиење. Муслиманската војска, и покрај се. беше истрајна во борбата и наликуваше на вистински лав, која не дозволуваше да ја обземе замор или малаксаност. Кога настапи првиот мрак се надзри големата победа на Халидовата војска, чијшто резултат бешебесповратно напуштање на Сирија од страна на Визинтијците. Наредниот ден, Ебу Убејде мораше да му ја пренесе наредбата на Халида, која беше стигната од Халифата Омер Нема сомнеж дека Халид ибн Велид, откако ја извојува голема победа во битката на јермук, стана уште попречен како војсководец. Стана еден од најхрабрите и најмладите борци. Прашањето кое се наметнува тука е ,,Што направи Халид ибн Велид кога ја слушна веста од Ебу Убејде за неговото смењување?,, Тој не стори ништо, туку големо душно ја прифати наредбата без нагодување и противење, па му се обрати на Ебу Убејде Аллах да ти се смилува! Ти тоа намерно го направи. Ја сокри од мене веста. која би сакал да ја дознаам порано! Халид се бореше уште во многу битки и учествуваше во освојувањето на Сирија и делови на Ермениа. После неговата смрт, неговото тело беше погребано покрај големата џамија во Химс (СИРИЈА). припрема | |
Views: 361 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |