Main » Files » хадис |
06.21.2014, 0:53 AM | |
Едни велат дека доколку Пратеникот, с.а.в.с., проучел езан, тогаш сите оние кои нема да се отповикаат на тој езан со таа постапка излегуваат од верата, затоа што не му се одповикале на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. Некои научници наведуваат дека причина за тоа е дека тој е даија и не е примерно да сведочи за себе, а некои сметаат дека затоа што во езанот се спомнуваат зборовите: „Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах“, па затоа не е пропишано тој да учи езан. Што се однесува до ваквиот став, тој не е прифатлив од причина што Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., во текот на своите худби го изговарал шехадетот. Исто така се вели дека езанот го видел во сон друг човек, е не тој, па Пратеникот, с.а.в.с., им го поверил на другите да го учат. Изуддин б. Абдусселам рекол: „Пратеникот, с.а.в.с., не проучил езан поради тоа што неговата пракса била да она дело кое го прави, го прави трајно, а поради зафатеноста во доставувањето на посланието, тој неможел да му се посвети на тоа. Поради тоа и Омер, р.а., рекол: ,Да не бев халифа, ќе учев езан.’“ Имам еш Шевкани во своето дело Нејлу – л – евтар неведува дека Пратеникот, с.а.в.с., и праведните халифи после него не учеле езан туку само имамеле што покажува дека имаметот е повреден од учењето на езан. Аиша, р.а., неведува дека Пратеникот, с.а.в.с., имал три муеззини: Билал, Ибн умми Мектум, кој бил слеп, и Ебу Махзуре. Билал, р.а., најмногу муезинел преку ноќ, а преостанатите двајца во други намаски времиња. Ибн Кајјим во Заду – л – меаду неведува дека Пратеникот, с.а.в.с., имал четири муеззини. Два во Медина: Билал и Амра б. умми Мектум, р.а. Во Кубба бил Сад ел Курез, штитеник на Аммар б. Јасир, р.а. А во Мекка бил Ебу Махуре, чие име било Евс б.Мугире ел Џемхи, р.а. http://www.tewhid.ucoz.org | |
Views: 479 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |