Main » Files » хадис |
08.30.2014, 5:36 PM | |
Овој хадис го пренесува и Бухари од Енес, радијалаху анху,дека рекол:“Се вративме од битката на Тебук со Пратеникот, алехјис-селам, кога ни се обрати:“Во медина зад нас останаа луѓе кои навистина не следеа било во пустината, било во угорница или долина.Само болеста нив ги спречила.“
Коментар Пред се, значењето на тематскиот хадис е дека намерата на човекот за правење добри дела му носи награда и поред тоа што можеби нешто ќе го оневозможи да го спроведе тоа дело. Па така. во отсуство на оправдана причина за неисполнување на некоје дело, кога човекот е кадар да го исполни, но по некоје време не е веќе во состојба да го доврши, нему му се упишува награда како кога бил здрав и во својот дом.“21 Значи, ако некој навикнал да практикува добри дела и одеднаш нешто го оневозможило и понатаму тоа го прави, нему му следува награда како да го исполнил тоа дело. На пример, човек навикнал секој намаз да го клања во џамија со џемат и во една прилика го совладал сон или болест, или нешто слично, нему му следува награда како да клањал во џемат. Ништо нема да се одземе од неговиот себап. Истото се однесува и со доброволниот (нафиле) намаз. Меџутоа, доколку човек редовно не практикува некое дело и нешто го прекина во практикувањето на истото, тогаш му следува награда само за неговата намера но не и за неисполнетото дело. Доказ за ова тврдење е случајот со сиромашните асхаби кои му се пожалиле на Пратеникот, алејхис-селам, со зборовите:“Аллахов Пратенику! Богатите не престигнаа со своите себапи на идниот свет!“ Пратеникот им одговорил: “Јас ќе ве известам на нешто и ако вие тоа го спроведете ќе ги стигнете тие што ве престигнаа а вас нема да ве стигне ни кој освен тие што ќе го прават она што го правите! Славете го Аллах (субханеллах), заблагодарувајте Му ( елхамдулиллах) и величајте Го (Аллаху Екбер) после секој намаз по тридесет и три пати!“ Така и направија. Богатите слушнаа за тоа па и тие го сторија истото. Сиромашните асхаби повторно застанаа пред Пратеникот, алејхис-селам, и рекоа:“Аллахов Пратенику! Богатите, нашите браќа, слушнаа и го сторија истото што и ние!“ Тој им рече: “ Тоа е Аллахов благодет. Пратеникот не им рекол: “Вие ја достигнавте наградата на нивното дело“, но, нема сомневање дека нив им припаднала награда за намерата на дотичното дело. Мухаммед, алејхис-селам, дава за пример двајца луѓе, едниот богат, другиот сиромав. Првиот делел од својот имот, а вториот повторувал: “Кога би поседувал од она што богатиот го има. ќе сторев како што прави тој и тој човек,“ Мухаммед, алејхис-селам, вели:“Поради својата намера тој во наградата е ист како и оној (богатиот).“23 Значи, заедничка им е наградата за намерата, но наградата за делото се впишува само доколку дотичното дело е секојдневна навика на човекот. Припрема и обработка-TEWHID.MK Од Книга Ријадус-салихин или бавчи на Побожните Коментар на Хадис Коментар: Мухаммед ибн Салих ел-Усејмин www.tewhid.ucoz.org facebook.com/Tewhid.mk ------------------------------------------------------------ ФУСНОТА 20 Муслим,1911 21 Бухари,бр.2996 22 Бухари,бр.843 23 Тирмизи,бр.2325
| |
Views: 503 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |