Main » Files » хадис

ОДЛИКИ НА МЕСЕЦОТ РЕЏЕБ НА ВАГАТА НА ШЕРИЈАТОТ
04.25.2015, 9:14 AM

 Одлики на месецот реџеб на вагата на шеријатот

 

Нема сомнеж дека Возвишениот Аллах одликувал едeн месец над другите,како што одликувал едни луѓе над другите.овие одлики мора да се разгледаат низ призма на веродостојни и јасни аргументи,не на основа на своеволно мислење.Бидејќи се наоѓаме во светиот месец, месецот реџеб, често од мимберите и на предавањата слушаме хадиси кои што говорат за посебните вредности на овој чесен месец. Меѓутоа,изразито мнозинство на тие хадиси или подобро речено сите тие немаат валидна основа во веродостојноста на Суннетот на Пратенокот, саллаллаху алејхи ве селлем. Ибн Хаџер вели:

„ Нема веродостојни хадиси кои што говорат за одликите на месецот реџеб, ниту пост,ниту ноќен намаз во него. Ова пред мене го кажал Ебу-Исмаил ел Невеви и други.“( Види :Тебјинул-аџеб,стр.6.)

Потоа на страна бр.8, Ибн-Хаџер вели: „Што се однесува на хадисите кои што говорат за одликите на реџеб,тие се делат на две врсти:

слаби и лажни.Ќе ги спомнеме слабите хадиси и ќе укажеме на нивната апокрифност“,потоа Ибн-Хаџер почнал да ги цитира хадисите.

Шејх Кушајри вели:„Знај дека хадисите кои што говорат за вредноста на реџеб не се вредни за спомнување.’’(Да се види: Ес-сунену вел-мубтедеат,стр.141.) Исламските научници ги спомнуваат многубројните новотарии кои се прават во месецот реџеб.Ние ќе се ограничиме на четири кои се актуелни во нашето поднебје:

 

1.Намаз-желба во реџеб

 

Една од најпознатите новотарии која се поврзува со реџеб е намаз-желба (ар.салатур-регаиб). Хадис кој што говори за намазот-желба е апокрифен кај хадиските експерти, а неговата форма е многу чудна. Имам Невеви вели: „Овој намаз е грда новотарија која што во себе содржи ништожност па е обврска да се надмине оваа новотарија и да се осуди оној кој ја практикува.“ ( Види :Ел -Менсурат,стр.99,од Имам Невеви). Ибн-Неххас ед-Димешки вели: „Хадис во кој се темели оваа новотарија е апокрифен по консензусот на хадиските експерти.“( Види: Тенбихул-гафилин,стр.496.) Шејхил-ислам ибн Тејмијје вели: „Намазот-желба нема валидна основа во шеријатот па не е пофално да се практикува, ни поединечно ниту колективно.Хадисот кој говори за овој намаз е апокрифен по консензусот на исламски научници и никој од првите генерации ниту имам на овој уммет не го спомнал овој намаз.(Види: Ел-фетава,23/81-82). Имам Сујути вели:„Хадисот кој говори за салатур -регаиб,апокрифен е и не сигурен по консензусот на научници.“(Види:Ел -емру бил-итиба,стр.167.)Шејхул -ислам ибн Тејмијје вели: „....тој намаз некои незналици го нарекуваат салатур-регаиб.“(Види:Ел-иктида,2/107.)Познатиот ханефески правник Ибн-Нуџејм вели: „...така на основа на споменатото заклучуваме дека е погрдно и новотарија обавување на салатур- регаиб кој што луѓето го клањаат во месецот реџеб.“(Види:Ел-бахрур-раик,2/56.) Ибн -Абидин ел-Ханефи вели: „Салатур-регаиб го измислиле некои побожници .“(Види:Хашијету Ибни-Абидин 2/235.) Шејх Албани вели: „Согласно на познатото правило кај исламските научници не е дозволено да се обожава Аллах, со ибадет кој што не го пропишал како учењето на езан за бајрам-намаз или клањање салатур-регаиб.“(Види:Тахриму алатит-тареб, стр.162.).

 

Ебу Мухаммед ел-Аиз б.Абдис-Селам вели:„Во Бејтул-Макдис не беше познат салатур-регаиб се до 448 Х. Прв кој го клањал овој намаз бил човек по име Ибн -Ебил-Хамра.“(Види:Ел-Хавадису вел-бидеу,стр.132,од имам Туртушија,Ел-баис,стр51,Ел-иктида,2/121,Ел-емру бил-итиба,стр.169 и Ес-сунену вел-мубтедеат,стр.140)Ибн Реџеб вели:„Предходните научници не го споммнуваа овој намаз зошто е измислен во петтото хиџретско столетие.(Види:Латаифул-меариф,стр.228.).

 

Ибн Џевзи,Ебул-Хатаб,Ебу Шаме,Невеви,Ибн-Салах,Ираки,Ибн Тејмијје,Зехеби, Ибн-Кајјим, Ибн-Хаџер, Ибн-Реџеб, Ибнул-Хаџџ,Ебу-Исмаил, ел-Енсари,Ебу-Бекр ес-Семани, Ебил-Фадил б.Насир, Сујути, Шефкани, Аџлуни и уште многу други го сметаат хадисот кој што говори за овој намаз за апокрифен (Види: Ел-мевдуат,3/119, Ел-баис,стр.61,Ел- медхал,2/211,латаифул-меариф,стр.228, Сијеру еаламин-нубела,23/143, Тертибул-мевдуат,стр 163, Ел-иктида,2/121,Ел-менарул-мениф,стр.95, Латаифул-меариф,стр 228 Ед-медхал,2/211,Ел-емру бил-итиба,стр170-171,Ел-феваидулмеџмуа,стр.100,Ел -едебу фи реџеб,стр.42,Кешвул-хафа,2/563 и Ес-сунену вел-мубтедеат,стр.140.).Ебу-Шаме вели: „Колку имами по џамиите ми рекле дека го практикуваат овој намаз само да им удоволат на луѓето и да би се сочувале џамиите да не ги изгубат.“9Види:Ел-баис,стр.88.).Субханаллах,гледаме дека болните човечки амбиции и историја се повторуваат.Она што се зборувало во времето на Ебу-Шаме (во седмото хиџретско столетие )се зборува и денес,многумина да би ги задржале работните места и удоволуваат на незналиците практикуваат и ги потикнуваат лужето на оваа грда новотарија,зарем не ни е обврска да Му удоволиме на Господарот а не на луѓето?!!!

 

Покрај тоа што е реџеб свет месец не ни е дозволено претерување и воведување новотарии во него како ни во другите месеци.Вистината,а пред неа историјата сведичи дека постои големо претерување кога се во прашање Исра и Мираџ. 

 

2.Исра и Мираџ во реџеб

 

Од измислените вредности на месецот реџеб е и убеденоста дека Исра и Мираџ се во овој месец.По убеденоста на многумина тоа се случило дваесет и седмата ноќ од овој месец.Затоа многу муслимани ја прославуват и одбележуваат оваа ноќ на посебен начин.Се спремаат мевлуди,тевхиди и други новотарии.

 

Кај некои оваа прослава е пропратена и и со додатни невољи како што се музика,танци, мешање мажи и жени и слично.Исра и Мираџ се две големи муџизи на Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем,но Аллах најдобро знае кога се случиле.Ибн-Дехијјавели: „Некои спомнуваат дека Исра се случила во реџеб што е очигледна невистина.“(Види:Тебјинул-аџеб,стр.6.) Ибн-Реџеб вели:„Се пренесува од неисправен ланец на пренесувачи дека Исра и Мираџ биле на дваесет и седми реџеб.“ (Види:Латаифул-меариф,стр.233.). Шејхул-ислам ибн-Тејмијје вели:„Што се однесува на Исра и Мираџ нема доверливи докази во кој месец се случило.Асхабите не посветувале внимание на оваа ноќ па поради тоа и не се знае нејзиното правилно време.“(Види:Задул-меад,стр. 1/57.).Кога и гордо би знаеле во која ноќ се слуцило овој голем настан,не е правилно да се одбележува,зошто тоа не го правел Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, ниту неговите асхаби ниту табините после нив.Ако би ја одбележувалеИсра и Мираџ тогаш би требало и да го одбележуваме расцепувањето на месечината,денот кој што почнала објавата на Кур’анот,зошто Кур4анот е најголемата муџиза која што ја видело човештвото,и многу други надприродни појави со кои е почестен Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем,што не ги кажал никој од познатите научници.

Пост во месецот реџеб

 

Нема веродостојни преданија од Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем,кои што укажуваат на посебни одлики на пост во овој свет месец.Ибн-Реџеб вели: „Што се однесува на постот во реџеб, за тоа нема веродостојни хадиси од Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем,ниту преданија од асхабите.“(Види:Латаифул-меариф,стр.228.). Ибн Тејмијје вели: „Сите хадиси кои што говорат за пост во месецот реџеб се апокрифни.“(Види Ел-фетава, 25/156.). Ибн-Хаџер вели:„Нема веродостојни хадиси од Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем ,со посебни одлики на месецот реџеб,ниту пост ниту ноќен намаз во него.“(Види: Тебјинул-аџеб,стр21.).Шејхул- ислам Ибн Кајјим вели:„Сите хадиси кои говорат за пост во реџеб се лажни.“(Види:Ел-менарул-мениф,стр.83.).

 

Во хадиските збирки се наведуваат многубројни преданија,кои што укажуваат на одликите за постот во месецот реџеб.(Таберани,(6916),Ибн Хиббан во Ел-меџрунин,2/238,Ибн Џевзи во Ел-вахијат,2/555 и Ел-мевдуат,2/124 и 2/207,Хатаб во Ет-тарин,8/331,Бејхеки во Еш-шуаб,(2119),Дејлеми во Меснедул-фирдевс,(4318),Ибн-асакир,5/397.).

 

 

Шејх Аффани во Нидаур-рејјан,1/414-423,цитира околу дваесет хадиси кои што укажуваат на вредноста на месецот реџеб и постот во него.Меѓутоа,овие преданија се или апокрифни или ништожни,па истите не се валидни како аргумент.Врвните експерти на хадиси,не ги прифатиле овие хадиси и сметаат дека тие не ги исполнуваат критериумите кои ги иницира хадиската терминологија за засилување на мноштвото наведени патишта.Наспроти тоа,постот во месецот реџеб е како посттот во боло кој друг месец освен рамазан.Во него може да се пости понеделник и четврток,три бели денови или секој втор ден но без убедување дека постот во месец реџеб е подобар од другите месеци.Она што му се припишува на Пратеникот,саллаллаху алејхи ве селлем,дека рекол е:„Реџеб е Аллахов месец,шабан мој,а рамазан на мојот уммет,’’ преданието е ништожни и не се смета за валидно како аргумент.( Види:Муаџемул-менахил-елфазијјех,стр.281,Даифул-џамија,стр.455/3094 и Нидаур-рејјан,1/414.).Ибн Абас забранил да се пости да се пости цел месец реџеб.(Абдур-реззак,4/292.Хафиз Аскалани ова предание го отценил како добро во Тебјинул-аџеб ,стр.65-66.).Исто така се спомнува дека Омер б.ел-Хатаб ги удирал оние кои постеле во месецот реџеб и велел: „Тоа е месец кој што го воздигнале во паганството.“(Ибн-Еби Шејбе, 2/345/9758.).Ибн Тејмијје ова предание го отценил како веродостојно.( Види:Фетаван-ниса,стр83 од Ибн Тејмијје и Ирваул-галил,4/114.).Ибн-Омер ги презирал постапките во светот гледајќи како се спремаат за месецот реџеб. (Ибн Еби Шејбе,2/346/9761,со ланец на пренесувачи кои што ги исполнува критериумите на Бухари и Муслим (Види:Ел-ирва,4/114.).Во еден хадис се спомнува забрана за постење во месецот реџеб,но е спорна неговата веродостојност.(Ибн Маџ,(1743),Таберани,(10681),Ибн Џевзиј во Ел-вахијат,(913).Во ланецот на пренесувачи ова предание се наоѓа во Давуд б.Ата кој што е не сигурен кај сите хадиски експерти (Види:Ел-илел,(1227)од Ибн -Еби-Хатима,Ет-тарихус-сагир,2/265,Ел-џерху вет-табил,3/420,Ел-камил,3/85,Ел-меџрунине,1/289,Ет-такриб,1/229.Види исто така :Ел-хавадису вел-бида,стр.140и Фетаван-ниса,стр.83.).

 

4.Умра во месецот реџеб

 

Умра во месецот реџеб е идентична на постот во него.Оние кои сметаат дека умра во месецот реџеб е повредна отколку во другите месеци се служат со преданието во кое Ибн-Омер,радијаллаху анху, вели:„Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем обавил четири умри,една од нив била во месецот реџеб.“(Бухари и Муслим) Меѓутоа,во ова предание стои дека Аиша,радијаллаху анха тогаш рекла:„Аллах да му се смилува на Ибн Омер,никогаш Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем,не обавил умра во месецот реџеб.“ Во Муслимовата верзија стои дека Ибн Омер,радијаллаху анху,го слушнал овој демант но не потврдил ниту негирал.Овој Факт укажува дека Ибн-Омер,бил во двоумење или дека заборавил или се сомневал.(Види:Фетхул-Бари,3/602, Шерхуз-Зуркани,2/352 и Тухветул -ахвези,4/5.). Познатиот ханефески научник Али Кари откако го спомнал овој хадис вели:„Ова алудира на грешка на Ибн- Омер,без разлика дали ќе се врати со тоа мислење или не.Ова е специфичен негов став во кој што не го подржал никој од асхабите ниту од познатите научници.“(Види:Ел-едеби фи реџеб,стр.50-51.).Ова го потврдува преданието во кое што Енес б. Малик вели: „Пратеникот,саллаллаху алејхи ве селлем, обавил четири умри,сите четири во месецот зул-кааде.“(Бухари и Муслим) Али б. Ибрахим Аттар вели дека умра во месецот реџеб нема основа.(Види:Ес-сунену вел-мубтедеат,стр.156 од Амр Селим.).

 

5.Зекат во месецот реџеб 

 

Зекатот се дава кога имотот ќе достигне вредност на нисаб на предходната година кај муслиманите.Така што секој обврзник има посебен период во кој што е должен да одвои за зекат,без разлика за кој месец се работи.Дозволено му е по мнозинството на исламски правници,да одвои зекат пред имотот од предходната година,а не му е дозволено да доцни со одвојување на зекат.Во Суннетот нама автентични аргументи кои што укажуваат дека одвојување на зекат во месецот реџеб е подобро од останатите месеци.Од првите генерации не е пренесено дека одвојувале зекат во месецот реџеб.(Спореди: Латаифул-меариф,стр.231.). Се пренесува дека Осман б. Аффан на минбер рекол: „Ова е месец на зекатот.Кој што има долг нека го врати,потоа нека одвои зекат за останатиот имот.“(Шафија во Ел -муснеду,стр.97, Абдур- Реззак ,4/92-93/7086, Ибн -Еби-Шејбе,2/414/10555 и Бегави,6/54/1585.Ибн -Мулеккин и шејх Албани  ова предание го сметаат за веродостојно.(Види: Хуласатул-бедрили-мунир,1/298 и Ирваул-галил,3/260,341.).Меѓутоа,ова предание нема прецизиран за кој месец се работи така да неможе да послужи како аргумент на ова место,А Аллах најдобро знае. 

 

Напишал:Сафет Кудузович

TEWHID.MK

Category: хадис | Added by: tewhid | Tags: ОДЛИКИ НА МЕСЕЦОТ РЕЏЕБ НА ВАГАТА Н
Views: 444 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube