
Се бележи од владетелот на правоверните,Ебу-хафса Омер ибнил-Хаттаб, радианллаху анху,дека рекол
“Го слушнав Аллаховиот Пратеник, алејхис-селам,како вели “Навистина,делата се ценат по намерата
и на секој човек му припаѓа тоа што тој го наумил. Така, оној чија селидба ќе биде поради Аллах
и неговиот Пратеник, Тогаш тоа преселување е кон Аллах и неговиот Пратеник. А оној чија селидба
е поради некоја материјална добивка,или поради некоја жена-да ја ожени, неговото преселување
е поради она што тој го наумил
Коментар
Имајќи в предвид дека ова е заглавие за искреноста (ихлас) и тоа дека искрената намера
треба да биде само за Аллах, во сити изјави и дела, тогаш не е чудно што авторот спомнал
некоји ајети токму на ова тема. Потоа,Аллах нека му се смилува, спомнува и некоји хадиси во врска
со истото прашање и книгата е започнува со хадисот на Омер бин Хаттаб,
радијаллаху анху, кој вели дека го слушнал Пратеникот, алејхи-селам, како вели “ Навистина,
делата се ценат по намерата и на секој човек му припаѓа тоа што го наумил...“
Во врска со разбирањето на почетните две реченици од овој хадис, исламските научници застапуваат
различни ставови. Некои од нив тврдат дека се тоа две реченици со исто значење
и дека втората е дополнување на првата или потврда на претходната.Меѓутоа, тоа не е исправно
бидејќи секој говор во основа е оснивачки а не интесификација. Освен тоа доколку ги анализираме
малку подлабоко овие две реченици ќе дојдеме до заклучок дека помеѓу нив има голема разлика.
Првата реченица е повод а втората е резултат на тој повод.Првата е повод бидејќи во неа Пратеникот.
алејхис-селам, појаснува дека зад секое дело стои намера. Секој разумен човек, со слободна волја
ќе науми некое дело бидејќи е нелогично делата да не бидат пропратени со намера (добра или лоша).
Од друга пак страна, некои научници тврдат доколку Аллах не задолжил со дела непропратени
со намера, тогаш ќе бевме оптеретени со обврски кои не би можеле да ги поднесеме. и тоа е точно.
Како е можно човек со слободна волја и здрав разум, без никаков надворешен притисок,
да одработи дело кое воопшто не го наумил!? Тоа е невозможно бидејќи делото е резултат
на волјата и Физичката способност. Волјата е намера. Значи, смислата на првата реченица
е дека нема дело без намера, но јасно е дека помеѓу одредени намери постои мошне голема разлика.
Постојат луѓе чии намери се восвишени и племенити, додека има и такви чиишто намери се расипани
како некое ѓубриште. Може дури и да видиш двајца кои сакаат да одработат едно исто дело,
нивните движења, изјави и говор се исти,но,нивната намера создава голема разлика меѓу нив,
како помеѓу Земјата и небото
Значи, основата е дека не пости дело без претходна намера.Ете,тоа е смислата на Пратеникот, алејхис-селам. зборови
и на секој човекму припаѓа тоа што тој го наумил...“ Ако со своите дела ускладени со Шеријатот
, ја наумиш средбата со Аллах и (ужитокот) во вечниот свет, ти тоа и ќе го добиеш. Доколку
со своите дела наумиш нешто од овој свет, можеби тоа че го постигнеш, а можеби,не!
Возвишениот Аллах вели “На оној кој го посакува само овој свет . НИе му го даваме оно што го сакаме и на оној кому
сакаме...“ (Куран‘ан,17/18 Возвишениот не рекол ќе му дадеме она што тој го сака, туку рекол она што го сакаме, а не е тоа
што го сака човекот на оној кому сакаме- а не на секој човек.
Значи,тука е поврзано помеѓу она.што човекот по секоја цена) го посакува од овој свет и она што
него навистина му се дава.Меѓу луѓето постојат такви на кои им се дава она што тие го посакуваат
од овој свет.Има и такви на кои им се дава нешто од тоа, а има и такви на кои никогаш нема да им биде
дадено тоа на што се надеваат.
Тоа е значењето на ајетот. “... Ние му го даваме она што го сакаме, и на оној кому сакаме..
Што се однесува до ајетот А на оној кој го посакува идниот свет и тежнее кон него,и верник е.па.на
таквите тежнеењето нивно е благородно!“
за вкаво нешто мора со намерата да се сака само средбата со Аллах и гледањето во неговото лице
на вечниот свет.
Зборовите на Пратеникот, алејхи-селам “Навистина делата се ценат по намерата...“ преставуваат
мерило за се кое дело.,меѓутоа, тоа е мерило кое може само да се почуствува а не и да се види.
Од друга пак страна, Хадисот што го бележат Бухари и Муслим од Аиша, радијаллаху анха
Кој ќе внесе во нашата вера новина која не е од неа, тоа се отфрлува“, преставува мерило
на видливите дела.
Исламските научници велат дека тематскиот хадис и хадисот на Аиша, радијаллаху анха, ја содржат
сржта на исламот. Поради тоа Пратеникот, алејхи-селам, дава пример со тематскиот хадис
во кое стои “...така,оној чиа селидба ќе биде поради Аллах и неговиот Пратеник, тогаш тоа
преселување е кон Аллах и неговиот Пратеник, А оној чија селидба е поради некоја
материјална добивка, или поради некоја жена-да ја ожени, неговото преселување е поради она што тој
го наумил.“
Хиџра-преселување од неисламски регион во исламско подрачје. На пример,ако некој живее во
Америка,земја со доминантно немуслиманско население, го прифатил исламот и не е во можност
слободно да го манифестира,тогаш тој треба да се пресели во некое подрачје каде што
доминира исламот.
Луѓето се разликуваат по смислата на нивното преселување.
1. Има такви кои ги напуштат своите огништа упатувајќи се кон подрачје каде што владее
Аллаховиот закон пропишан на јазикот на Неговиот Пратеник,алејхис-селам.
Ете,таков човек може да се надева на добро и (награда).
Тој Ќе ја достигне целта на својата намера.Поради тоа Пратеникот вели
“... тогаш тоа преселување е кон Аллах и Неговиот Пратеник...“
2.Преселба поради материјална корист. На пример. човек слушнал дека во некој исламски регион
постои можност за добар финансиски профит и од некоја неисламска област се преселил во таа исламска
област. Меѓутоа,тој нема наум никаква манифетсација на исламот ниту пак покажува интерес
за верата. Тој е заинтересиран само за материјална добивка.
3. Човек се преселува од неисламска во исламска област поради жена со која сака да склопи брак
Нему му е речено Можеш да ја ожениш само во исламска област и не смееш со неа да отпатуваш
во некоје подрачје каде што исламот не доминира. и поради таа причина тој се преселува
во исламска област.
Значи, преселбата на посакувачот на материјалната добит и посакувачот на жената не е поради
Аллах и Неговиот Пратеник. Поради тоа е речено “... неговато преселување е поради она
што тој го наумил “. а не е речено “... неговата преселба е поради материјална добит или жената со која тој
сака да се ожени.“Зошто?Можеби поради непотребната должина на таков додатен говор во тематскиот
хадис, а можеби поради ништожната на расипаната намера.
Во секој случај, нема сомневање дека посакувачот на материјалната добит и посакувачот
на жената не можат да се споредат со намерата на првиот кој искрено се преселил поради Аллах и Неговиот Пратеник.
припрема и обработка
http://www.tewhid.ucoz.org
http://www.facebook.com/Tewhid.mk
од книга-ријадус-салихин
автор
Ебу-зекерија јахја ибн шериф Ен-Невеви
Коментар-Мухаммед ибн Салих ел-Усејмин
-----------------
Бухари,бр.1
интесификација,засилување.
Кур‘ан,17/19
|