Јеуму Арефе – Денот на Арефат е деветиот ден од месецот зул-хиџе, ден пред курбан бајрам, ден кога хаџиите мораат да стојат на местото Арафат за да го извршат хаџскиот фарз-рукн сите заедно да го величаат и молат Аллах џ.ш. Овој ден има посебна вредност кај Аллах и тој е најдобар ден во годината според исламските алими кои дошле до овој заклучок врз основа на хадисите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кои се наведуваат на оваа тема.
ЕВЕ НЕКОИ ВРЕДНОСТИ И ОДЛИКИ КОИ ГО КАРАКТЕРИЗИРААТ ОВОЈ ДЕН:
Ø Денот на арафат спаѓа меѓу највредните денови во кои добрите дела се најсакани кај Возвишениот Аллах. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол:
ماالْعَملُفيأيَّامِالعَشْرأفضلَمنَالعَمَلِفِيهَذِه ِ. قالوا: ولاالجِهادُ؟قال: ولاالجِهادُ،إِلاَّرجُلٌخرَجَيُخاطِرُبنفسهِوَمالهِف لميَرجِعْبشيء
“Нема денови во кои добрите дела се посакани кај Аллах од овие десет дена.” Присутните прашаа: “Дури ни џихад во име на Аллах?” Ресулуллах а.с. рече: “Дури ни џихад во име на Аллах освен во случај кога човекот замине да се бори жртвувајќи се себеси и своето богатство заради Аллах и не се врати без ништо.” (Бухари)
Ø Денот на Арефат е дено во кој е усовршена оваа вера, потполнет Аллаховиот благодат. Омер ибн ел-Хаттаб р.а. вели: „Некој евреин му рекол: О предводнику на муслиманите, во вашата книга објавен е ајет, ако ни се објавеше нам на евреите ќе го зедовме за празник тој ден. Омер го праша: „А кој ајет е тој?“ рече:
الْيَوْمَأَكْمَلْتُلَكُمْدِينَكُمْوَأَتْمَمْتُعَلَ يْكُمْنِعْمَتِيوَرَضِيتُلَكُمْالْإِسْلَامَدِي نًا
„Денес верата ваша ви ја усовршив и благодатта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел-Маиде, 3) Омер му одговори: „Го знаеме денот во кој му е објавен тој ајет додека Пратеникот а.с. стоеше на Арафат и беше ден на џума.“
Исто така, Пејгамберот а.с. рекол: “Нема денови кои се подраги кај Аллах џ.ш. да го обожаваме од десет дена на Зул хиџџе. Пост во кој било ден од тие денови вреди како пост цела година, а ноќен намаз (салату-техеџџуд) во една од тие ноќи е како да клањаш ноќен намаз во Лејлетул-кадр.” (Тирмизи)
Ø Возвишениот Аллах џ.ш. се заколнал во нив: وَالْفَجْرِوَلَيَالٍ عَشْرٍ“Жими зората и десетте ноќи.” (Ел-Феџр, 2) Ибн Аббас, Зубејр, Муџахид и други познати толкувачи на Кур’анот тврдат дека под десет ноќи се мисли на десетте ноќи од Зул-хиџџе, а меѓу тие денови спаѓа и денот на Арафат.
Ø Аллаховите зборови: ....وَيَذْكُرُوااسْمَاللَّهِفِيأَيَّامٍمَعْلُومَات ٍ... (И сетете се на Аллах во познатите денови) /Бекаре,203/ Ибн Аббас вели: Познати денови се десетте дена од Зул хиџџе. (Бухари) Денот на Арафат е еден од нив, и тоа деветиот.
Ø Во денот на Арафат како и во претходните денови од Зул-хиџџе препорачливо е текбир, техмид и техлил и нивно јавно искажување во џамија, улици, куќи, пазари итн. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: „Нема поголеми денови во очите на Аллах во кои добрите дела се подраги од овие десет дена, затоа во овие денови учете тахлил (Ла илахе иллаллах), Текбир (Аллаху екбер) и Тахмид (Ел хамдулиллах).” (Ахмед, сахих)
Ø Денот на Арафат спаѓа меѓу највредни денови на дуњалукот како што сведочи хадисот на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кој вели: “«أفضلأيامالدنياالعشر» “Највредни денови на дуњалукот се десетте денови.” (Беззар, хасен)Секако меѓу тие десет дена е и деветиот ден од Зул-хиџџе а тоа е денот на Арефат.
Ø Денот на Арефат е празник за муслиманите. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: يومعرفة و يوم النحروأيام منىعيدناأهلالإسلام
„Денот на Арафат, првиот ден од Курбан бајрам, деновите на Мине се празници за нас припадници на исламот.“ (Ебу Давуд, Албани, сахих)
Ø Вредноста на довата на денот на Арафат: Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол:
خير الدعاء دعاء يومعرفة
„Најдобра дова е довата на денот на Арафат.“ (Албани, сахих) Ибн АбдулБер вели: „Во ова има доказ за вредноста на денот на Арафат над други денови.“
Ø Многу ослободување од џехеннем на денот на Арафат. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол:
مامنيومأكثرمنأنيعتقاللهفيهعبدامنالنارمنيومعرف ة
„Нема ниеден ден во кој Аллах ослободува повеќе робови од џехеннемскиот оган како што е случајот со денот на Арафат.“ (Муслим)
Возвишениот се гордее со хаџиите пред мелеците говорејќи: ’Што сакаат овие луѓе!’ Ебу Хурејре пренесува дека Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Погледнете ги овие Мои робови, дошле раскинати и испрашени од разни предели, ве земам како сведоци дека им Ги простив гревовите, макар им биле колку капките од дождот.“ (Ибн Хиббан со добар ланец на пренесувачи)
Ø Фалење и гордеење на Аллах Возвишениот на жителите на небесата. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол:
إناللهيباهيبأهلعرفاتأهلالسماء
„Навистина, Аллах се фали со оние кои стојат на Арефат пред жителите на небесата.“ (Ахмед, сахих)
Ø Во Муснедот на имам Ахмед забележано е преданието од Ебу Катаде, р.а. дека некој човек го прашал Аллаховиот Пратеник. с.а.в.с.,:“Што ќе кажеш за постот на денот на Арефат?“ а Пратеникот, с.а.в.с., одговорил:
سئل عن صيام يومعرفة : يكفرالسنةالماضية والسنةالقابلة
“Очекувам дека Аллах на оној кој пости во тој ден да му ги прости гревовите во предходната и идната година.“ (Муслим)
Според мнозинството на исламската улема под простување на гревови се мисли на малите гревови, додека големите гревови како блуд, кражба, камата, магија и слично тие не се простуваат со добрите дела туку неминовно е тевбе – искрено покајание.
Ø Една од сопругите на Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекла: “Аллаховиот Пратеник ги постеше деветте дена од зул хиџе, денот на Ашура и три дена во секој месец.“(Хадисот е забележан од Ахмед и Ебу Давид)
Ø Исто така се пренесува од Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., дека рекол: „Никогаш шејтанот не бил помал, попонижен, поодалечен од добрата и луѓето како како што е тоа на денот на Арефат. А тоа е поради тоа што гледа дека се спушта Аллаховата милост што Аллах ги простува големите гревови...“(Иман Малик во Ел- Муветта)
Ø Текбир: Улемата спомнува дека текбирот се дели на два вида: Општ или неограничен а почнува од првиот ден на Зул-хиџџе па се до последниот ден на бајрам и се порачува во текот на целиот ден, какошто имале обичај Ибн Мес’уд и Ибн Омер да донесуваат текбир и да излегуваат по пазарите и луѓето ќе им се приклучиле; и посебен т.е. ограничен како што е после намаските фарзови а започнува од утрото на денот на Арафат па се до последниот ден од бајрам.
Ø Во денот на Арафат се извршува темелот на хаџот, односно еден од фарзовите на хаџот, бидејќи Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол:
الحج عرفة
„Хаџот е Арафат.“ (Бухари, Муслим)
Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhid.MK
|