Main » Files » Исламска Историја (Ulema)

ИМАМ АХМЕД ИБН ХАНБЕЛ
11.01.2014, 2:54 AM

Вистинскиот поборник на Суннетот



Беше имам, поборник и помагател на Суннетот во своето време. Се викаше Ебу Абдуллах Ахмед ибн Ханбел еш-Шејбани. Го предводеше ехлус-сунне ве-л-џема'ат во времето на големите искушенија. Наидуваше на многу препреки од државата која ја имаше озваничено исклучиво кривата му'тезилиска акида, прогонувајќи ги и казнувајќи ги научниците кои што не го застапуваа мислењето за “ создадениот Кур'ан”. Меѓутоа, тој беше цврст како планина, и се издржа. Аллаховата победа дојде преку Ибн Ханбел.

Со Пратеникот,с.а.в.с., е во сродство преку дедото Низар. Роден е 164. хиџретска година. Татко му умре кога имаше три години, па затоа грижата за неговиот одгој и воспитание падна на неговата мајка. Таа од раното детство го усмеруваше кон барањето наука, што влијаеше уште како многу млад, да постане познат по богобојазливоста, јакото памтење и посебно изразениот интерес за предавања.

Хејсам ибн Џемил за Имам Ахмед рекол:

“ Ако ова момче остане во живот, ќе постане авторитет на своето време”.

Откако го научи Кур'анот, се фрли на изучување на хадисот на Пратеникот,с.а.в.с. Неговиот прв учител беше Ебу Јусуф, ученикот и пријателот на Имам Ебу Ханифе, рахимехуллах. Имам Ахмед пишуваше книги од областа на илмул – келамот, ги памтеше, а потоа ги напушти. Постојано боравеше со својот шејх хафиз Хушејм ибн Бешир, додека овој не умре во 183. хиџретска година.

 

Патувањата и шејховите пред кои учеше



Имам Ахмед многу патуваше барајќи ја науката, а посебно поради Мухаммедовите,с.а.в.с., хадиси. Се проценува дека препешачил илјади километри со таа цел. Патуваше во Мекка, Медина, Куфа , Басра, Шам, Јемен, Персија и во други места каде се состануваше со стотина шејхови кои го изучуваа хадисот. Најпознатите шејхови, покрај досега спомнатите, пред кои Имам Ахмед го стекнуваше знаењето се: Имам Шафија, Ваки'а ибн ел-Џерах, Суфјан ибн Ујејне, Јахја ибн Се'ад ел- Каттан, Исмаил ибн Улејја и Абдуррезак ес-Санани. Имам Малик умре пред Ибн Ханбеловото доаѓање во Пратениковиот град. За тоа Имам Ахмед рекол: “ Не го затекнав Имам Малик, рахимехуллах, па Аллах тоа ми го надокнади со Суфјан ибн Ујејне.”

 

Големата способност на памтење




Благодарение на Возвишениот Аллах, а потоа и на сопствениот труд да стекне знаење и оддалечувањето од сите овосветски работи, Имам Ахмед,рахимехуллах, достигна голем степен во учењето напамет. Не само што ги надмина сите свои врсници, туку ги надмина и своите учители во изучувањето на Суннетот и памтењето на хадисите, како и во разликувањето на исправниот хадис од неисправниот. Рекол за него хафиз Ебу Зар'а ер-Рази: “Ахмед знаеше илјада илјади хадиси,т.е. милион, постојано го обиколував и со него се консултирав”, Имам Али ибн Медини рекол: “ Нема кај нас никој да памти повеќе од Ебу Абдуллах Ахмед ибн Ханбел, Аллах да му се смилува.”

 

Говорот на учењаците за него




Рекол хафиз Абдур-Резак, а нему му доаѓале студенти од разни краишта, и тој го видел Имам Малик, Ибн Џеррах, Суфјан, Муамер и другите: “ Не видов никого како што е Имам Ахмед, Аллах да му се смилува, и не ни дојде никој сличен на него”. Имам Шафија рекол: “ Го напуштив Багдад а тој беше престолнина не само на хилафетот туку и на целиот свет, а зад себе не оставив никој попобожен и поучен од Ахмед ибн Ханбел”. Во една прилика Шафија му рекол на Имам Ахмед : “ Ти подобро го познаваш и хадисот и луѓето од мене, па ако слушнеш за некој исправен хадис, извести ме”.

Имам Ибрахим Харби рекол: “ Го видов Имам Ахмед. Изгледа како Аллах да му има дадено знаење за претходниците и оние кои што доаѓаат. Тој има знаење од секоја област, зборува што сака, и премолчува што сака.” Рекол хафиз Ез- Зехеби: ” Ахмедовите мислења за хадисот, фикхот и зухдот се од голема важност, така што и неговите противници го фалеа, а да не зборуваме што мислеа за него неговите браќа и пријатели”. Рекол Али ибн Медини:“ Возвишениот Аллах ја поддржа Својата вера со двајца луѓе: со Ебу Бекр, р.а., приликом одметништвата и со Ахмед ибн Ханбел кога беа големите искушенија”.

 

Искушенијата




Имам Ахмед беше предводник на ехли суннет вел – џема'ат за време на владеењето на Мемнун, Му'тесим и Ел – Васик ( 218 – 234 х.г.). Во тоа време беше на големи искушенија, повеќе години помина по затвори, беше повеќе пати претепан и му се претеше со ликвидација. Му беше забранувано да држи предавања и да ги подучува студентите. Имаше многу расправи со следбениците на новотариите од редот на му'тезилите и џехмиите кои што настојуваа да го наговорат да го отфрли учењето на ехли суннет вел- џема'ат и да поверува во нивната крива акида. Меѓутоа, тој беше цврст како планина и ги издржа сите искушенија и многу храбро им се спротиставуваше на скршнувањата на исламската држава. Аллаховата победа дојде преку него, Суннетот на Мухаммед,с.а.в.с., победи и правдата е вратена на своето место. Пресвртницата настапи во втората година од владеењето на халифата Мутевеккил.

Беше ист во времето на стекнување знаење и во времето кога ја предводеше улемата на суннетот. Беше ист и пред и после искушенијата. Ахмед ибн Ханбел е еден од големите захиди на овој Уммет, а приказната за неговиот зухд е долга: малку јадеше, скромно се облекуваше, оскудно стануваше, скромно живееше во текот на целиот живот. Имам Ибн Нахас, р.а., за него рекол: “ Им сличеше на добрите претходници: трпелив на овосветските благодети, со добрите беше прв, нуден му е дуњалукот па го одби, нудена му е новотаријата па ја негираше”. Неговиот ученик Ебу Давуд вели: ” Друштвото во кое што седи Ахмед е ахиретско, бидејќи на него не се спомнува дуњалукот, ниту го слушнав Имами Ахмед да го спомнува дуњалукот”.

Неговите ученици



Најпознатите ученици на Ахмед ибн Ханбел се: Бухарија, Муслим, Ебу Давуд ( собирачот на Суненот), хафиз Ебу Зур'а, Ер- Рази, Имам Ебу Јаила Маусили ( познат по својот “Муснед” ), Ебу Севр ( познат по фикхскиот мезхеб). Неговиот фикх и мислења го прошириле: Имам Атрам, Мејмуни, Ибн Хан', неговите синови Абдуллах и Салих, синот од тетинот Хамбел ибн Исхак и многу други.

 

Фикхот на Имам Ахмед




Припаѓаше на школата на учењето на хадисот. На него влијаеше Имам Малик,р.а., а посебно големо влијание имаше Шафија,рахимехуллах. Но, тоа не го спречи Имам Ахмед да прави иџтихад, и во тоа да му се спротиставува на својот учител. Ова е добар показател дека првите генерации биле далеку од фанатизмот и слепото опонашање, но во тоа не ги следеја оние што дојдоа подоцна. Во подоцнежните генерации се појави и фанатизам и слепо опонашање, а тоа биле и едни од причините за заостанувањето и понижувањето на муслиманите. Имам Ахмед постави пет темели на својот мезхеб, а тие се:

-Текст од Кур'анот или Суннетот. Во случај кога по одредено прашање ќе пронајде текст од Кур'анот или Суннетот, тогаш не ги зема спротивните мислења без оглед чии биле.

-Потоа фетвата која што ја дале асхабите. Ако пронајде фетва од Асхабите на која што никој не и се спротиставува, тој ја зема и не бара други фетви покрај неа. Овој вид на иџма'а се вика пречутлив иџма'а, но тој не го нарекол така од богобојазливост.

-Ако асхабите,р.а., се разминуваат во мислењата, ќе го избереше мислењето на оној асхаб за кој што сметаше дека е најблиску до Кур'анот и Суннетот.

-Потоа даиф хадисите ( но под услови, за чии што детали овде немаме место)

-И на крајот кијас ( аналогија) која ја употребуваше дури тогаш кога не ќе најдеше решение во првите четири темели.

Поради неговата голема побожност и посебната приврзаност на хадисот, го мразеше класифицирањето на книгите и пишување на неговите зборови, а поготово на неговите фетви. Сепак, Возвишениот Аллах нам ни го сочува најголемиот дел од неговиот говор и тоа преку неговите ученици. Вели Имам ибн Џевзи: “ Ибн Ханбел им забрани на неговите луѓе да го пишуваат неговиот говор, па Аллах ја виде неговата добра намера, и неговиот говор е пренесен и запамтен. Ретко се случува да се појави некое прашање а тој да во врска со него нема некој свој текст. Неговиот фикх е богат, длабок и близок на чистите шеријатски текстови и нивната суштина.”

 

Најпознатите книги




Ибн Кајјим собрал триесет свои книги, а најпознати од оние кои што ги собрале неговите ученици се: “ Прашања” - автор: Ебу Давуд, “Прашања до Ахмед” - автор: Хан', “ Прашања до Ахмед”- автор: Атрам. Сето тоа го собрал неговиот ученик Халлал и го средил во повеќе од десет томови. Од најголема важност и корист се книгите кои што ги класифицирал самиот Имам Ахмед, а тие се:

“ Муснед” - една од најголемите хадиски книги. Го напишал низ период од 60 години, и во него собрал 30.000 хадиси.

“ Одлики на асхабите” - во неа се наоѓаат околу 2.000 хадиси кои што зборуваат за одликите на асхабите.

“Книга за зухдот” - претставува една од најголемите и најкорисните книги за зухдот и мудростите.

“ Одговори на зиндиците ( отпадниците) и џехмиите”

“ Книга на верувањето” и разни други...

После овие години, полни со величенствен научен напор и трпение на сиромаштвото и маките, умре Имам Ахмед ибн Ханбел во Багдад, 241 хиџретска година. Жителите гласно го оплакаа и му приредија величенствено испраќање од овој свет.

На џеназата се собраа околу милион луѓе,за да го замолат Аллах џ.ш., за опрост на овој голем учењак на Умметот, па да го замолиме и ние Милостивиот да ни се смилува и нам и на Ахмед ибн Ханбел со Својата голема милост.

Ахмед б. Ханбел познат е како великан на хадиската и шеријатската наука.
Неговиот Муснед, со близу 40.000 хадиси е едно од најзначајните и најкорисни хадиски дела.
Цврстината на неговата вера, силата на аргументите со кои се користел и интелектулната софистицираност, го направиле непробоен ѕид за иновации, кои во тоа време се надѕирале, додека предизвиците, кои кулминирале со затварањето во затвор, го направиле прагматичен за следните генерации.

Полното име му е: Ебу Абдуллах Ахмед б. Мухаммед б . Ханбел б. Хилал б. Есед б. Идриавиле с б. Абдуллах б. Хајјан б. Абдуллах б. Енес б. Авф б. Касит б. Мазин б. Šејбан б. Зухел б. Са'лебе б. Укабе б. Са'б б. Али б. Бекр б. Ваиф ез-Зухели еš-Šејбани ел-Мервези ел-Багдади. 
Таткото на Ахмед пред неговото раѓање се отселил од Мерва во Хорасан, во Багдад.
Во тоа време мајка му била бремена и го родила Ахмед, веднаш по доаѓањето во Багдад, 164. по Хиџра.

Инаку, неговото потекло се спојува со потеклото на Аллаховиот Пратеник Мухаммед а.с. ,со Низар б. Ма'да б. Аднан и достига до Исма'ил!
Во народот е познат како Ахмед б.Ханбел, иако таткому не бил Ханбел, туку дедото! татко му Мухаммед бил обичен војник, додека дедо му бил многу попознат, поточно бил градоначалник на Шерхас во Хорасан за време на еневијската влада.

Детството на Ахмед и образованието...

Таткото на Ахмед , починал кога он бил многу мал. Некои тврдат дека Ахмед тогаш имал само три години, а неговиот татко триесет. Целата грижа за него ја превзела мајка му.
Ахмед уште како дете го научил арапскиот јазик и Кур'анот,напамет.
Ебу Јусуф,познат ханефијски правник и ученик на Ебу Ханиифе, бил првиот учител од кого Ахмед почнал да учи. 

Тоа го признава самиот, Ахмед кога кажува: Првиот од кого сум регистрирал хадис, бил Ебу Јусуф! 

Исто така се знае дека од неговите први учители бил и Хушејм б. Бешир, кај кого Ахмед четри години слушал хадис и тоа од 179. до 183. год.Тогаш Ахмед, како што тврди Ибн Кесир, имал шеснаесет години! 
Првото негово патување во потрага по хадисот, надвор од Багдад, било 183.год. кога заминува во Куфа, а три дена подоцна заминува во Басра. После тоа, заминува во Мекка, 187. год. каде го слуша Суфјан б.Ујејм. 
Таа година Ахмед прв пат го извршува хаџот. Потоа патува во Јемен (197. год.) во Сан' го слуша познатиот Абдурреззак. Со него патува и Јахја б.Ме'ин, неговиот современик, инаку мухаддис и критичар на хадисот.
Недостатокот на материјални средства го спречува да отпатува во Рејј за да го слуша познатиот научник Џерир б.Абду-л-Хамид. 
За тоа патување потребни му биле 50 дирхеми,што он,поради скромната материјална состојба не можел да си дозволи!
Инаку детството го поминал скромно жевеејки, затоа што, татко му, освен една скромна куќа, ништо друго не оставил.

Ахмед, затоа уште како мал бил приморан да заработува за живот, бавејки се со кројачки занат, со ткаење и продавање на облека, со писарски занат, дури и со пренесување на терет, но секогаш водел сметка секоја паричка да ја заработи на дозволен начин!
__________________
Учителите на Ахмед



Ахмед б.Ханбел од петнаесет годишна возраст,а според некои извори,од шеснаесет годишна возраст ги посетува хадиските стручњаци и од нив го учи хадисот и хадиските науки.

Така,ги посетува бројните исламски научни центри и ги слушал бројните учители,од кои ке ги спомнеме: 

Ебу Јусуф Ја'куб б.Ибрахим ел-Кади, познатиот на Ебу Ханифе, Хушејм б.Бешир ел-Васит,Абдуррахман б.Мехди,, Суфјан б.Ујејне,Сулејман б.Харб, Ебу Бекр б.Ајјаш,, Абдурреззак б.Хеммам ес-Сан'ани,Ебу Давуд ет-Тајалиси,Ебу Бекр б.еби Шејбе,Мухамед б.Идрис еш-Шафи'и, Јахја б. Се'iид ел-Каттан, Веки' б.ел-Џеррах, Џерир б.Абду-л-Хамид, Исхак б.Рахевејх, Абдуллах б.Нумејр,Бишр б.ел-Муфеддал, Исма'ил б.Улејје и други.


Многу време поминувал посетувајки ги учителите и црпел завидно знаење со кое они располагале.Поради тоа, многу касно се оженил,како што и самиот признава: Се оженив после четриесеттата година од животот.! 


Ибну-л-Џевзи тврди: Два пати го обиколил дуњалукот,додека не го собрал Муснед-от! 

Колку била желбата на Ахмед да го искористи знаењето на своите учители,најдобро покажува неговата пракса после јација-намаз. 
Го испраќал својот учител Веки' б. Ел-Џеррах до неговата куќа,прашувајки го за хадисите и цитирајки ги,со цел он да ги преслуша,а потоа би се задржал пред неговата куќа,користејки го неговото знаење.,до касно во ноќта!
__________________
Ебу Дерда р.а. рекол: „Најповеќе што се плашам за себеси кога ќе застанам да полагам сметка на Судниот Ден да ми се рече: Ти си научил, па што си работел според она што си го научил?!”
Хасан б.Исма'ил,бележи од својот татко,дека рекол:

“На предавањата на Ахмед во џамија присуствувале 5.000 особи. Од тој број, 500 бележеле хадиси,а останатите од него учеле однесување,слушале совети и имале други користи.“

Од Ахмед,не учеле само помладите генерации,од него учеле и за хадисот дознавале и бројни негови учители,кои Ахмед на таа област со времето ги надминал.
Од неговите учители,хадисот од него го пренесувале следниве: Веки' б.Џеррах,Абдуррахман б. Мехди , Мухаммед б. Идрис еш-Шафи'и,Ма'руф ел-Керхи,Кутејбе б.Се'ид ,Али б. Ел-Медини,Абдурреззак б.Хеммам ес-Сан'ани и други.
Од неговите ученици ке ги спомнеме само некои: Бухари,Муслим,Ебу Давуд,Ебу Зур'а ер-Рази,Ебу Хатим ер-Рази, Осман б.Се'ид ед-Дарими,Јахја б.Адем,Језид б.Харун,Јахја б. Ме'ин,Зијад б.Ејјуб,Бекиј б.Махлед,Ханбел б.Исхак,Мухаммед б.Рефи', Давуд б.Амр,како и неговите синови,Абдуллах и Салих и стотици други.
Последниот кој од него учел и пренесувал хадиси е Ебу-л-Касим ел-Бегави.
 

Што кажуваат другите за Ахмед 


Имам Ахмед бил геније за кого во исламската литература можат да се пронајдат само пофални зборови со посебен респект.
Скоро нема автор кој не му ја признава извонредната ученост,надпросечната интелегенција и меморија,и над се,високите етички квалитети.

Ибрахим ел-Харби,фасциниран од неговото знаење,кажува:
„Како Аллахџ.ш. во Ахмед б.Ханбели да го синтетизирал знаењето и на првите и на подоцнежните генерации! “


Веки' б. Ел-Џеррах и Хафс б. Гијас признаваат: 
“Во Куфа не влегол некој сличен на ова младо момче,т.е.,како Ахмед б.Ханбели.


Јахјја б.Се'ид ел-Каттан,познат хадиски стручњак кажува: 
“Мене не ми дошол никој сличен на Ахмед!,”а во една друга прилика кажува: “Он е еден од најголемите научници на умметот! “

Исто така се бележи,од него дека признал:
“Никој не ми дошол подраг од Багдад, од Ахмед б.Ханбел! „


Ибн еби Хатим,пренесува дека неговиот татко бил прашан за Ахмед,и он одговорил дека он е имам и хуџџе доказ,аргумент!, а Имам Несаи потенцира дека он бил сигурен во хадисот,доверлив и дека бил еден ог големите имами!

Ебу Давуд,автор на познатиот Сунен,признава: “Сум сретнал 200 научници,но не сум видел сличен на Ахмед б.Ханбели!”

Ебу Зур'а ер-Рази, познат хадиски експерт,слично кажува: “Моите очи не виделе особи слични на Ахмед б.Ханбели!”

На друго место кажува: “Не сум видел ниту еден дораснат на Ахмед во научните дисциплини!”

Абдуллах б.ел-Хурејби кажува: “Он бил највреден во своето време! “

Јахја б.Адем кажува: “Он е нашиот предводник!”

Абдурреззак ес-Сан'ани,познат автор на хадиската збирка,кажува: “Не сум сретнал поголем шеријатски правник,ниту по побожен човек од него!”


Имам Шафија признава: 
“Кога сум го напуштил Багдад,зад себе не сум оставил поголем правник,поголем познавач.подобар зухид и по побожен човек од Ахмед б.Ханбели! “


Иако Имам Шафија бил неговиот учител,сепак му го признавал водството на Ахмед,кога хадисот бил во прашање.
Во една прилика му се обратил со зборовите: 
“Ебу Абдуллах,ти си си поголем експерт во веродостојните преданија од нас,па кога ке најдеш автентично предание,извести ме,за да се потпрам на него!”


Оттаму Ебу Убејд тврди: “Не сум видел особа,која подобро го познава суннетот од него!”

Ебу Зур'а ер-Рази,познат хадиски критичар тврди дека Ахмед познавал најверојатно милион хадиси!

Колку имале доверба во неговата стручност во областа на хадисот,најдобро потврдува изјавата на Амр б. Ен-Накид,кој кажува: 
“Ако Ахмед се согласи со мојов хадис,тогаш воопшто не ме интересира што другите ке ми опонираат!“
Имам Ахмед со својот отпор на му'телизмот, ги сочувал луѓето од заблудата.
Али б. Ел-Медини,познат хадиски стручњак тврди дека никој,после Аллаховиот Пратеник а.с. ,не направил толку за исламот,колку тоа го направил Ахмед б. Ханбели.

Многу значајно е да се наведе мислењето на Ибн Хиббан и Хилал б. ел-Ала', кои сметаат ,доколку Ахмед тогаш би попуштил-кога бил во прашање притисокот на му'тезилиите,дека Кур'анот е створен-многу луѓе би отишле во куфр! 
Имам Ахмед бил одлучен борец за отфрлување на иновации,кои тие години се калемиле на верата.
Кутејбе потенцира: “Да не бил Ахмед,многу нешта би и се додале на верата! Он е имам на целиот дуњалук!

Преселувањето на Ахмед во Ахирет

Ахмед б.Ханбел,починал во Багдад 241. година на 77 годишна возраст.
На неговото џеназе присуствувале луѓе во поголем број.Во бројните извори се наведува дека џеназе-намаз му клањале помеѓу 800.000 луѓе, и 1.300.000 мажи и 60.000 жени!!! 
Ел-Хеллал го бележи преданието од Абду-л- Веххаб ел-Веррак,кој рекол: 
“Не сме слушнале за поголем собир ниту во џахилијјетот,ниту во исламот како за џеназето на Ахмед б.Ханбели! На џеназето имало милион мажи и 60.000 жени!

Луѓето ги отварале вратите на нивните домови,нудејки им на оние кои не зеле абдест,да си земат во нивните куќи,за џеназето на имам Ахмед .! 

Колку имам Ахмед им бил драг на луѓето,тоа ке го илустрираме од изјавата на Ебу-л-Хасан ет-Тејмије,која ја пренесува од неговиот татко,а он од неговиот дедо,кој присуствувал на џеназето,каде кажува дека после намазот почувствувал потреба да се доближи до неговиот кабур ,но дури осмиот ден,после џеназето,успеал да се доближи до кабурот ,поради големата гужва и големиот број на луѓето кои секојдневно доаѓале на неговиот кабур! 

Уште еден неверојатен податок,поврзан со џеназето на Имам Ахмед .
Поточно,после џеназето и величенствениот собир,каков не се памтел до тогаш,бројни автори го спомнуваат преданието на Ибн еби Хатим,дека при таа прилика,во ислам преминале 10.000, а во едно друго предание, 20.000 евреи и христијани!

И на крајот ке спомнеме и една интересна информација во врска со овој великан на исламската мисла.
Ебу-л-Хасан б. Ез-Загуни кажува: 
“Кога во близината на Ахмедовиот кабур,е направен кабур-от за Ебу Џа'фер б. Еби Муса',се покажала неговата внатрешност! Ахмедовите ќефини биле исправени,а неговото тело не се променило!
Тоа било 230 години,после смртта на Имам Ахмед !


Аллах џ.ш.да му се смилува и да го награди со Џеннет! 

 

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK

Од Книгата :од Книгата: Великаните на Исламот ,

Category: Исламска Историја (Ulema) | Added by: tewhid | Tags: Ахмед Ибн Ханбел
Views: 491 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube