Main » Files » Прашања и одговори

Забрана за брак со блудник
03.16.2015, 2:07 AM

Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!


На Муслиманите не им е дозволено да се женат со блудница ниту пак е дозволено на муслиманките да се омажат со блудник, освен ако се покајат. Возвишениот Аллах направил да чесноста да биде секогаш кои требаат да ги исполнат како мажот така и жената пред стапувањето на бракот. Возвишениот , рекол:



الْيَوْمَ أُحِلَّ لَكُمُ الطَّيِّبَاتُ ۖ وَطَعَامُ الَّذِينَ أُوتُوا الْكِتَابَ حِلٌّ لَكُمْ وَطَعَامُكُمْ حِلٌّ لَهُمْ ۖ وَالْمُحْصَنَاتُ مِنَ الْمُؤْمِنَاتِ وَالْمُحْصَنَاتُ مِنَ الَّذِينَ أُوتُوا الْكِتَابَ مِنْ قَبْلِكُمْ إِذَا آتَيْتُمُوهُنَّأُجُورَهُنَّ مُحْصِنِينَ غَيْرَ مُسَافِحِينَ وَلَا مُتَّخِذِي أَخْدَانٍ



Од сега ви се дозволува сета убава храна; и ви се дозволува храната на тие на кои им е дадена
Книгата, и вашата храна им е дозволена на нив; и чедните вернички ви се дозволени, и чедните
ќерки на тие на кои им е дадена Книгата пред вас, кога нивните венчални дарови ќе им ги да-
дете со намера со нив да се ожените, а не со нив да блудничите и за љубовници да ги земате. А
тој што ќе отпадне од вистинската вера – за- лудни ќе му бидат делата негови и тој, на оној
свет, ќе биде губитник.(Ел-Маида 5)

Односно. Како што Аллах за дозволено го направил пријатно и вкусно јадењето и храната кои ги припремаат евреите и христијаните, дозволено е и брак со честити жени на ехлу-китаб (Еврејките и Христијанките) доколку тие се чистат и немаат љубовници.

Блудот е забранет и во ајетот кој говори за бракот со слугинките доколку некое лице не е во можност да се ожени со слободна жена , Возвишениот вели: 



فَانْكِحُوهُنَّ بِإِذْنِ أَهْلِهِنَّ وَآتُوهُنَّ أُجُورَهُنَّ بِالْمَعْرُوفِ مُحْصَنَاتٍ غَيْرَ مُسَافِحَاتٍ وَلَا مُتَّخِذَاتِ أَخْدَانٍ



...Венчавајте ги, тогаш, со одобрување од нивните сопственици и дајте им ги подароците нивни учтиво како на честити жени кои не прават прељуба и кои не земаат пријатели скришно. А ако, пак, овие прават прељуба, како мажени, им припаѓа половина од казната предвидена за мажените жени. Ете, тоа е за оној од вас кој се плаши од прељуба. Но, за вас е подобро да се стрпите. Аллах е Простувач и Сомилосен! (Ен-Ниса 25)

Женидбата со блудницата недвосмислено се збранува во зборовите на Возвишениот:



الزَّانِي لَا يَنْكِحُ إِلَّا زَانِيَةً أَوْ مُشْرِكَةً وَالزَّانِيَةُ لَا يَنْكِحُهَا إِلَّا زَانٍ أَوْ مُشْرِكٌ ۚ وَحُرِّمَ ذَٰلِكَ عَلَى الْمُؤْمِنِينَ



Блудникот нека се венча само блудница или многубошка, а блудницата нека ја венча само блудникот или многубожецот! Ете, тоа за верниците , секако , е забрането! (Ен-Нур 3)

Тоа е строго забрането за верниците, односно. Да се женат со жени кои се познати како блуднице, бидејчи тоа може само да го направи само блудник или мушрик (Неверник).

Амр бин Шуајб, од својот татко, а тој од неговите дела пренесува , дека Мерсед ибн Ебу Мерсед ел-Ганеви, кој се занимавал со препродавање на робовите, имал во мека пријателка која била блудница, а ја викале Анак. Тој отишол кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и го прашал: “ Аллахов Пратенику, можам ли да се оженам со Анак? Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, не му одговорил се додека не бил објавен овој ајет: Блудникот нека се венча само блудница или многубошка. Потоа Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, го повикал и му рекол: “ Немој да се ожениш со неа. (Ебу Давуд, Тирмизи и Несаи)

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:” Блудник, кој се должи на прељуба може да се ожени само со неа (Се мисли само со блудница) (Ахмед и Ебу давуд)

Еш-Шевкани вели: “ Овој опис се однесува за личност која може да биде упишана како блудница. Во хадисот има јасен доказ дека на човекот не му е дозволено да се ожени со жена која е позната како блудница, ниту пак е дозволено е да се омажи за човек кој е блудник. На тоа укажува и спомнатиот ајет бидејчи на крајот од ајетот стоитоа за верниците , секако , е забрането!. Овој ајет недвосмислено укажува за забрана на таа постапка. ( Завршен цитат)

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhid.MK

 

Category: Прашања и одговори | Added by: tewhid
Views: 457 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube