Main » Files » Џеннет и Џехеннем

ПРИЧИНИ ЗА ИСКУШЕНИЈАТА ВО ГРОБОТ
09.10.2014, 6:25 PM

Постапките кои предизвикуваат казни во гробот ги наброил оној кој вистината ја кажува во веродостојните хадиси – Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. - Мухамед (саллаллаху алејхи ве селлам).


Тие постапки се следните:
нечистење од мокрача:
сплеткарење (пренесување на зборови со цел за расипување на односите меѓу луѓето – немиме);
претерување;
лага;
отфрлање на Куран (непридржување за куранските принципи);
проституција, блуд (зина);
јадење на камата.
А што се однесува до кои зборуваат за казнување на сторителите на овие дела, ќе ги наведам следниве:
Се пренесува од Ибн Аббас р.а. дека: "Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. поминал покрај два гроба и рекол: - Тие сега се на големи маки, но не заради крупни работи. Потоа рече: - Секако, што се однесува до едниот од нив, пренесувал туѓи зборови, а другиот не внимавал при вршење на мала нужда (мокрење). Потоа земал сурова гранка, ја скршил на два дела и ја посадил на двата гроба и рекол: - Нека им се олеснат маките барем се додека овие гранки се сурови." (Бухари и Муслим) 

Абдуллах б. Амр вели:
"Некој човек бил кај Аллаховиот Пратеник а.с., кој се викал Керкере, па умрел. Пејгамберот а.с. за него рекол: - Тој ќе биде во оган. Некои луѓе заминале да се распрашуваат за него, па го нашле како присвоил облека која била од воен плен а припаѓала на муслиманската заедница." (Бухари)
Семуре ибн Џундуб вели:
"Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., откако исклања намаз, се сврте со лицето кон нас и рече: - Кој од вас вечерва сонувал нешто ? Па ако некој сонувал, ќе го расказел, а тој ќе додал:
- МашаАллах, Аллах што сака тоа се случува. Така еден ден праша: - Кој од вас сонувал нешто ? Ние рековме: - Не сонувал никој. А тој тогаш рече: - Јас синоќа сонував двајца како дојдоа кај мене, ме фатија за рака и ме воведоа во чесна земја. Таму видов еден човек како седи, а друг стои, во раце држел кука од железо. Некој од асхабите спомна од Муса дека железната кука била вградена во образ и дека нејзината должина била до зад врат. Потоа со железната кука направил како со првата, па онаа првата ја потиснувала другата.
Реков: - Што е ова ? Ми рекоа: - Продолжи понатаму. Па продолживме и стигнавме до еден човек испружен на грб, а друг стоел на глава, а пред нив имаше камења или песок, кои го прободувале. Кога ќе го удри, ќе се стркала низ камењата. Потоа ќе оди до кај него да би го вратил на истото, па откако ќе дојде, повторно ја завзема истата положба. Потоа повторно ќе го удри, а јас ги прашав: - Кој е овој ? Ми рекоа: - Оди понатаму. Продолживме се додека стигнавме до една провалија која на почеток беше тесна со стеснет влез, а понатаму јамата се ширеше. На дното од јамата се гледаше оган. Од неа мажите и жените се обидуваа да излезат, штом ќе стигнеа до излезот земаа малку живот и повторно се враќаа во оганот. Им реков: - Што е ова ? А тие ми рекоа : - Продолжи понатаму. Продолживме се додека дојдовме до една река од крф. Во неа стоеше еден човек на средина, во рацете имаше камен."
Језид и Велид б.Демир од Демира б Хазим велат: "На брегот на реката стоел друг човек, па кога оној ќе се обидел да излезе, овој го погодувал со камења во уста и го враќал откаде што тргнал и така се повторувало."
Им реков: - Што е ова ? А тие му одговорија : - Продолжи понатаму. Ние продолживме се додека стигнавме до една зелена бавча во која имаше големо стебло. Во коренот на стеблото видов еден стар човек и мали деца. Покрај дрвото еден човек потпалуваше оган. Мене ме подигнаа високо на дрвото, а потоа влеговме во една убава куќа каква што досега не сум видел. Во неа видовме и стари и млади луѓе. Реков: - Дали сакате да ме известите вечерва за она што го видов патувајќи со вас ? Рекоа: - Да.
"Оној човек што го виде со железната кука, тој е лажливец кој лажел и чика лага се ширела по земјата. Така ќе остане до Судниот ден.
А оној што стои на глава, тој е човек кој го знаел Куранот, но не живеал како налагал Куранот, и тој ќе остане така до Судниот ден. А оние што ги виде во јамата, тие се оние што правеле блуд. Човекот кој беше во реката, тој е оној што јадел камата. А стариот човек во сенката на она стебло, тој е Ибрахим а.с., а децата околу него се поколенијата после него. А човекот кој потпалува оган, тој е мелек, чувар на огнот. А куќата во која си влегол, тоа е куќа на верниците, а собата која е најубава, таа е за шехиди. А јас кој те следев сум Џибраил, а овој покрај мене е Микаил. Подигни ја главата. Кога го направив тоа, видов облак. Ми рекоа: - Тоа е твојот сон. Реков: - Дозволете ми да влезам таму. Тие рекоа: - Тебе ти останало уште од животот, а кога ќе завршиш со својот живот, ќе влезеш во овој стан." (Бухари)

 

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK
 
Од Книгата : Од Гроб во Џеннет или Џехеннем
 
Автор : Абдуллах б.Ахмед Али Аљљаф ел-Гамиди
Category: Џеннет и Џехеннем | Added by: tewhid
Views: 330 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube