Main » Files » Џеннет и Џехеннем |
09.07.2014, 6:14 PM | |
Во него има она што човечкото око не видело, ниту уво слушнало, ниту човечкото срце можело да го посака или замисли. Возвишениот Аллах џ.ш. вели: "Таков е Џеннетот кој е ветен за богобојазливите. Низ него течат реки, и плодовите негови се вечни и сенките негови се вечни. Ете, тоа е крајот на оние кои беа богобојазливи, а крајот на оние кои не веруваа е – огнот !" (Ер-Рад, 35) "Сличен ли е оној во Џеннетот - кој е ветен за богобојазливите – во кој реки течат непрестано, во кој има и реки со млеко, со вкус непроменет, и реки со вино вкусно за оние што го пијат, и реки со мед исцеден... за нив во Џеннетот има секакви видови овошје и прошка од Господарот нивни...со оној кој е за навек во огнот, и кој пие вода што врие, која цревата ќе им ги попари ? " (Мухаммед, 15) "И зарадувај ги оние кои веруваат и кои добри дела работат, за нив има бавчи низ кои реки течат, навистина ! И секојпат кога ќе пробаат од плодовите, од 'рскот, ќе речат: - Ова е она што порано го пробавме. - а им се дава оној плод кој е сличен на нивниот, во тие бавчи за нив ќе има и чисти жени и тие тука за навек ќе останат." ( Ел-Бекаре, 25) "И од еден до друг ќе се служи со чинии од сребро и со чаши што ќе бидат провидни, провидни од сребро што сами ќе ги одредуваат колкави да бидат, во Џеннетот ќе пијат од чаши чиј напиток ќе биде смеса од ѓумбар, од изворот во Џеннетот со името Селсебил именуван, и од еден до друг ќе ги служат вечно млади момчиња. И кога ќе ги погледнеш веднаш ќе помислиш дека се бисери растурени." (Ед-Дехр, 15:19) "Во Џеннетот возвишен, во кој не ќе слушаат зборови празни, во него ќе има и извор што тече, и кревети подигнати, и пехари поставени, и перници поредени, и простирки спрострени !" (Ел-Гашие, 10:16) "На оние кои веруваат и кои работат добри дела Он ќе ги воведе, навистина, во бавчите џеннетски низ кои реки течат: во нив ќе бидат украсени со нараквици од злато и бисери, а облеката нивна ќе им биде од свила." (Ел-Хаџџ, 23) "Во нив ќе има и такви со соборени погледи што не ги допрел нив ни човек ни џин, па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете !? Како да се бисер и мерџан !" (Ер-Рахман, 56:58) "Ќе бидат потпрени на седишта, зелени, вчудоневидувачки, убави." ( Ер- Рахман, 76) "Ќе бидат потпрени на дивани и тука ни жед ни студен не ќе усетат." (Ед-Дехр, 13) "На нив ќе видиш облека зелена, и од потенка и од подебела свила, ќе бидат накитени со ракавици од сребро и Господарот нивни ќе ги напојува со напиток чист." ( Ед-Дехр, 21) "Богобојазливите, секако ќе бидат на сигурно место: во бавчите џеннетски и меѓу изворите, ќе се облекуваат со свила и кадифе, едни кон други свртени ! Ете така Ние ќе ги ожениме со хурии, кои ќе бидат со крупни очи. Во Џеннетот ќе посакуваат од секое овошје, сигурни ! Тука не ќе ја вкусат смртта, освен првата смрт, и Ние ќе ги сочуваме од казната џехеннемска. " (Ед-Духан, 51:56) "Влезете во Џеннетот, вие и жените ваши, весели, меѓу нив ќе се служи со чинии и чаши од злато. За нив во него ќе има се она што душите го посакуваат и она што ги радува очите. И вие во него за навек ќе останете." (Ез- Зухфур, 70, 71) "Па, ниедна душа не знае какви радости им се кријат... награда за она што го работеа." (Ес-Сеџде, 17) "За оние кои прават доброчинство има и поголемо доброчинство од тоа. Лицата нивни не ќе ги покрие ни црнило ни понижување. Оние се џеннетски жители и во него за навек ќе останат !" (Јунус, 26) Во последниот ајет зборот "Ел-Хусна" означува Џеннет, бидејќи нема подобар престој и состојба од него, а зборот "Зијаде" што значи нешто повеќе, означува гледање во Аллаховото благородно лице, Нека Аллах џ.ш. не награди и почести со таа награда. Има многу ајети кои зборуваат за описот на Џеннет, потоа за неговите убавини и задоволства, а има и хадиси кои се пренесуваат од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кои зборуваат за тоа. Ебу Хурејре р.а., рекол: "Рековме: - Аллахов Пратенику ! Раскажи ми нешто за Џеннетот и неговата конструкција, а тој рече: - Неговите ѕидови се од злато и сребро, а составот на градбата од миск, камења од бисери, скапоцени камења. Земјата е миризлива. Кој ќе влезе во него ќе ги осети сите убавини и нема да чуствува тага. Трајно ќе живее и нема да умре. Неговата облека нема да се менува, ниту неговата младост ќе поминува." (Ахмед и Тирмизи) Утбе б. Газван р.а., вели дека Пејгамберот а.с. одржал говор и првин му се заблагодарил на Аллах џ.ш., а потоа рекол: "Навистина овој свет е исполнет со противречности (добро и зло), а од него ќе остане капка вода како во дното на садот, која секој би ја исцедил. Вие сигурно ќе го напуштите овој минлив свет и ќе заминете во светот кој вечно трае. Па заминете со добри дела. А на нас ни е речено дека Џеннетот е простран, така што од одаја до одаја има раздалеченост патување 40 години. Сигурно ќе настапи денот кој ќе биде исполнет со голем настан." (Муслим) Сехл б. Сад р.а., вели дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: "Џеннетот има осум врати, една од нив се вика "Ер-Рејјан", преку неа влегуваат само постачите." (Муттефекун алејхи) Усаме б. Зејд р.а., вели дека Пејгамберот а.с., рекол: "Зарем да не побрзаме кон Џеннетот кому му нема ништо слично ? Тој е, жими Господарот на Кабето блескава светлина и мирис кој пријатно делува, изграден дворец, во него реките се протечни, плодовите разновидни, чесни и убави жени, многубројни украси, места и положби со траен карактер, куќа на мирот, овошје, зеленчук, висока положба и бројни пријатности од висок ранг. Асхабите прашале: - О Аллахов Пратенику ! Дали ние сме на тој пат ? А тој рекол: - Ако Аллах даде, па рекле: - Ако Аллах даде." (Ибн Маџе, Бејхеки, Ибн Хиббан во својот Сахих) Ебу Сеид ел-Худри р.а., вели дека Пејгамберот а.с., рекол: "Во Џеннетот има стотини предели (области), кога сите луѓе би се сместиле во еден негов дел, не би го потполниле." (Ахмед) А Ебу Хурејре р.а., вели дека Пејгамберот а.с., рекол: "Во Џеннет има стотини ката, кои Аллах ги ветил за муџахедините кои се борат на Неговиот пат . Просторот меѓу два ката е како просторот меѓу небесата и Земјата. Ако барате од Аллаха Џеннет, тогаш молете Го за Фирдевс, а тој е средиште, односно највисок степен на џеннет. Оттаму извираат џеннетските реки, над него е Аллаховиот престол – Арш." (Бухари) Ебу Сеид ел-Худри р.а., го пренесува и ова предание: "Жителите на Џеннет ќе гледаат едни на други во собите над нив како што светлосната ѕвезда се гледа покрај слаба на небо, источно и западно како меѓусебно се разликуваат. Асхабите рекле: - О Аллахов Пратенику ! Тие места се предвидени за пејгамбери, а не за останатите. Тогаш тој рече: - Не. Жими Оној во Чии раце е мојот живот, и за оние кои веруваат во Аллах и Неговите Пејгамбери." А Ебу Малик ел-Еш'ари р.а., вели дека Пејгамберот а.с., рекол: "Во Џеннет има одаи кои се процирни, однадвор се гледа внатрешноста, а од внатрешноста се гледа надворешноста. Аллах овие одаи ги подготвил за оние кои ќе нахранат гладни, редовно постат и клањаат ноќен намаз кога другите луѓе спијат." (Таберани) Ебу Муса р.а., вели дека Пејгамберот а.с., рекол: "За верниците во Џеннет има шатори од бисери. Нивната внатрешност достигнува 60 милји. Верникот во него ќе има жени кои ќе ги посетува, а едни во други нема да гледаат." (Бухари, Муслим)
А во Муслимовата збирка од Ебу Хурејре р.а., се пренесува дека Пејгамберот а.с., рекол: "Првата група на луѓе кои ќе влезат во Џеннет ќе блескаат со сјај како што месечината среде месец(полна месецина), потоа оние кои ќе ги следат ќе бидат како блескава ѕвезда на небото. А потоа тие стануваат од оние битија кои нема да осетат биолошка потреба, садовите ќе им бидат од скапоцени камења, нивната пот ќе има мирис како миск. Нивното однесување ќе биде своиствено на однесувањето на еден од синовите на Адем, а ќе бидат високо израснати." Во друго предание се вели: "Меѓу нив нема да има разлика ниту нивните срца ќе чуствуваат некаква омраза меѓу себе. Ќе бидат единствени во величење и славење на Аллах, џ.ш., наутро и навечер, а нивни жени ќе бидат џеннетските хурии." Џабир р.а., вели дека Пејгамберот с.а.в.с., рекол: "Навистина жителите на Џеннет ќе јадат и пијат, но нема да имаат биолошка потреба (мала и голема нужда), - А што ќе биде со храната и водата ?, прашале асхабите, а тој рекол: - Остатокот ќе исчезнува преку ждригањеи потење кое ќе биде како мирис од миск. На Аллах ќе го слават, величат и заблагодаруваат." Зејд б. Еркам вели дека Пејгамберот а.с., рекол: "Се колнам во Оној во Чии раце е Мухаммедовата душа, навистина еден од вас кој ќе биде во Џеннет ќе има моќ на стотини луѓе: во јадење, пиење, интимен однос, а потребите на стомакот ќе се ослободуваат преку потта која ќе биде како мирис на миск." (Ахмед, Несаи со веродостоен сенед) Енес р.а., вели дека Веровесникот, с.а.в.с., рекол: "Место колку што зазема едно копје на некој од вас или местото на вашето стапало во Џеннет е подобро од сиот дуњулук и она што е на него. Само една жена од Џеннет кога би дошла на овој свет, би го расветлила сето што е на него. Нејзиниот мирис и изглед е подобар и поубав од целиот свет и она што е на него." (Муттефкекун алејхи) Во верзијата на Бухари се наведува од Енес б. Малик дека Пејгамберот а.с., рекол: "Во Џеннетот ќе има чаршии од која група на луѓе ќе земаат мириси, па ќе ги мачкаат по лицето и облеката, нивната убавина ќе се зголеми. Кога ќе се сретнат со своите најближни, тие ќе забележат: - Жими Аллах, вие не надминавте со убавината и добрината." (Муслим) Муслим пренесува од Ебу Сеид ел-Худри дека Пејгамберот а.с., рекол: "Кога жителите на Џеннет ќе влезат во Џеннет, некој ќе повика: - Вие секогаш ќе бидете здрави, никогаш болни, вечно ќе живеете и никогаш нема да умрете, ќе бидете млади, а нема да стареете, секогаш ќе бидете во радост, а никогаш нема да тагувате." Во склад со ова се наведуваат следниве Аллахови џ.ш. зборови: "Таквиот Џеннет сте го добиле во наследство за она што сте работеле." (Ел-Араф, 43) Во двата сахиха (Бухари и Муслим) од Ебу Хурејре р.а., се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. рекол: "Аллах џ.ш. рекол: - За моите добри робови подготвив нешто што човечкото око не видело ниту уво слушнало, ниту човечкото срце посакало, читајте го ова ако сакате: "Па, ниедна душа не знае какви радости им се кријат... награда за она што го работеа." (Ес-Сеџде, 17)" Од Сухејб р.а., се пренесува дека Пејгамберот а.с., рекол: "Кога жителите на Џеннет ќе влезат во Џеннет, некој ќе повика: - О жители на Џеннет, вие кај Аллах имате ветување кое Тој сака да ви го исполни, а овие ќе повикаат: - Што е тоа ? Зарем нашата вага не ја отежнал со добри дела и осветлил нашите лица и вовел во Џеннет, а не спасил од огнот ? Тој ќе рече: - Потоа ќе се отстрани завесата и тие ќе го видат Аллах џ.ш., Жими Аллах, ништо од она што им е дадено на нивните очи нема да биде подраго и поубаво од гледањето во Аллах џ.ш." (Муслим) Ебу Сеид ел-Худри го пренесува следниот хадис: "Аллах ќе им рече на жителите на Џеннет: - Јас сум задоволен од вас и нема никогаш да се лутам на вас после ова." Господару наш, подари ни вечност во Твојата близина, спушти ни го Твоето задоволство, почести не да го Гледаме Твоето Возвишено лице и израдувај не со Твојата средба. Нека тоа не ни изостане на никаков начин. Нека е мир и спас и благослов врз Аллаховиот Пратеник – Мухаммед с.а.в.с., на неговата фамилија и сите следбеници на Исламот до Судниот ден. припрема и обработка OD KNIGA -Од Гроб во Џеннет или Џехеннем Афтор : Абдулах б.Ахмед Али Аллаф ел-Гамиди | |
Views: 618 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |