Main » Files » Џеннет и Џехеннем |
09.05.2014, 9:27 PM | |
Не предупредил на страотиите на Џехеннем и видовите на казните, а се заради Својата милост кон нас, да правиме добри дела, да бидеме послушни кон она што дошло во Куран и Сунет, со цел да примаме поука, како што вели Куран. "Приближете се кон Господарот ваш и бидете Му послушни пред да ви дојде казната, по тоа не ќе ви се помогне." (Ез-Зумер, 54) Освен ова Аллах џ.ш.во Куран вели: "Плашете се од оганот кој е подготвен за неверниците." (Али Имран, 131) "
Врз робовите Мои, навистина, ќе немаш власт освен врз оној кој те следи меѓу скршнатите во заблуда. Џехеннемот, навистина, е нивната ветена средба за сите ! Џехеннемот има седум врати и низ секоја врата еден од нив ќе поминува." Ел-Хаџр, 42:44) "И кажи: "Вистината е од Господарот твој...па, кој сака нека верува па, кој сака нека не верува." За зулумќарите Ние , навистина подготвивме оган чии чад ќе ги опфати сите. А ако, пак, побараат помош ќе им се даде помош со вода како растопена руда што ги пржи лицата. Е, само колку лоша напивка е таа ! Е, само колку лошо сместување е тоа !" (Ел-Кехф, 29) "Оние кои не веруваа во дружини ќе бидат натерани во Џехеннемот. И штом ќе дојдат до него ќе им се отворат вратите негови, и ќе им речат чуварите нивни: "Нели ви доаѓаа пејгамбери меѓу вас кои ви ги кажуваа ајетите на Господарот ваш и ве опоменуваа за Средбата на овој Ден ваш ? " Ќе речат: "Да !" Но, се овистини зборот за казната на неверниците !" (Ез-Зумер, 71) "А за оние кои не веруваат во Господарот свој има казна џехеннемска. Е, само колку лошо свратилиште е тоа ! И кога ќе бидат фрлени во огнот ќе го слушаат неговото пламтење и тој само ќе фрла пламен ! Ете, само што од лутина не ќе се распрсне. И секогаш кога ќе биде фрлено во него, во гомила, чуварите негови ќе го прашуваат: - Нели ви доаѓаше опоменувач ?" (Ел-Мулк, 6:8) "Над нив ќе има слоеви на оган, и под нив ќе има слоеви на оган. Ете, така Аллах ги заплашува робовите Свои: "О робови мои, плашете се од Мене ! "" (Ез-Зумер, 16) " A луѓето неисправни – а кои се тие луѓе неисправни ? - тие ќе бидат во оган пламенен и во вода што врие, и во сенката на чадот жежок." (Ел-Вакиа, 41:43) "Кажи: "Огнот џехеннемски е пожежок !" Е, само кога би сфатиле !" (Ет-Тевба, 81) "А знаеш ли ти што е тоа Хавие ? Па тоа е оган распален !" (Ел-Кари'а, 10:11) "А од кај знаеш ти што е тоа Секар ? Во него ништо не останува, ни пепел." (Ел-Муддессир, 27:28) "О верници, чувајте се себеси и семејствата вачи од огнот: луѓето и камењата ќе бидат негово гориво. А мелеките ќе се грижат за него и ќе бидат строги, не ќе бидат непослушни кон наредбата Аллахова и ќе го работат она што ќе им се наредува." (Ет-Тахрим, 6) "Како кули ќе фрла искри, како да се камили жолти." (Ел-Мурселат, 32:33) "И ќе ги видиш силниците на Денот тој, врзани во синџири, а кошулите нивни од катран, а лицата нивни покриени со пламен." (Ибрахим, 49:50) " Кога ќе има синџири врз вратовите нивни и кога ќе бидат влечени со железни прачки." (Ел-Гафир, 71) "За оние кои не веруваат ќе им биде сошиена облека од оган, а над главите нивни ќе им се сипа зовриена вода, од неа ќе се стопи она што е во стомаците нивни, и кожите, исто така, над нив има топузи од железо, секогаш кога ќе се впрегнат да излезат од таа спурнина неподнослива....: - Вратете се во неа и искусесте ја казната огнена !" (Ел-Хаџџ, 19:22) "На оние кои, навистина, не веруваат во ајетите Наши ќе ги фрлиме во огнот, сигурно: Кога кожите нивни ќе се испечат Ние ќе ги замениме со други кожи за да ја искусат казната. Аллах, секако, е Силен и Мудар !" (Ен-Ниса, 56)"Стеблото Зеккум, навистина е храна за грешниците ! Како ковина ќе врие во стомаците, како што врие жешката вода." (Ед-Духан, 43-46) "Да, тоа е стебло кое никне од основата џехеннемска, плодот му е како главите од шејтаните." (Ес-Саффат, 64, 65) "Потоа, о вие во заблуда скршнати, вие што лажете, ќе јадете од дрвото Зеккум, и од него ќе ги полнете стомаците, па, над тоа, вода што врие ќе пиете. Тогаш ќе пиете како што пијат камилите жедни." (Ел-Ваки'а, 51-55) "А ако, пак побараат помош ќе им се даде помош со вода како растопена руда што ги пржи лицата. Е, само колку лоша напивка е таа ! Е, само колку лошо сместување е тоа !" (Ел-Кехф, 29) "И кој пие вода што врие, која цревата ќе им ги попари ?" (Мухаммед, 15) "Џехеннемот е зад плеќите нивни. И ќе се напојува од вода смрдлива, која ќе настојува да ја голтне малку по малку, но не ќе може да ја пренесе низ грлото и смртта ќе му дојде од секоја страна, но не ќе може да умре. И зад него има казна тешка." (Ибрахим, 16,17) "Да, силниците ќе бидат во казната џехеннемска, и во неа за навек ќе останат, нема да им се олесни и во него ќе бидат безнадежници. И Ние зулум не им направивме, но тие беа зулумќари." (Ез-Зухфур, 74-76) "Прибежиштето нивно е – Џехеннемот ! И секојпат кога огнот Саир ќе ослабне Ние ќе го разгориме." (Ел-Исра, 97) "Оние, навистина, кои не веруваа и кои зулум правеа... ним Аллах не им прости и не им го покажа патот, освен патот џехеннемски, во него за навек ќе останат. А за Аллах тоа е едноставно." (Ен-Ниса, 168-169) "Аллах, секако ги проколна неверниците и им подготви оган, и во него за навек ќе останат, не ќе најдат ни заштитник ни подржник !" (Ел-Ахзаб, 64,65) "А оној кој ќе биде непослушен кон Аллах и кон пејгамберот Негов... па, за него, навистина има казна џехеннемска ! И во неа за навек ќе останат !" (Ел-Џини, 23) "А знаеш ли ти што е тоа Хутам ? Па, тоа е Аллаховиот оган, распален ! Кој се вовлекува во срцата. Огнот, навистина, врз нив е затворен со столбови долги !" (Ел-Хумезе, 5-9) Постојат многу ајети во Куран кои зборуваат за Џехеннемот и постојаните и болни страдања кои ќе бидат во него. Од хадисите кои зборуваат околу ова, ќе ги наведеме само следниве: Абдуллах б. Мес'уд р.а. вели дека Пејгамберот а.с. рекол: "На Судниот ден ќе бидат седумдесет илјади огнени узди кои ќе ги држат и ќе ги влечат седумдесет илјади мелеки." (Муслим) Во двата Сахиха забележан е хадисот од Ебу Хурејре р.а., каде Пејгамберот а.с. вели: "Оганот на овој свет кој синовите Адемови го користат е само еден степен од можните седумдесет степени на џехеннемскиот оган. " Присутните рекле: "Па, и овој е доволен, о Аллахов Пратенику ! " А тој рекол: "Џехеннемскиот оган е шеесет и девет степени, а секој од нив е пожежок од овој овосветски оган."Од него исто така се пренесува дека рекол: "Бевме кај Пејгамберот а.с. и чувме некаков удар, а Пејгамберот а.с., прашал: - Знаете ли што е ова ? Рековме: - Аллах и Неговиот пејгамбер најдобро знаат. А тој рекол: - Ова што го слушнавте е паѓање на камен кој го испратил Аллах во Џехеннем пред седумдесет години и сега паднал на своето одредено место." (Муслим) Утбе б. Газеван, кога држел предавање, споменал дека камен кој се фрла во Џехеннем патува седумдесет години да би дошол до своето одредиште, па што е тоа чудно ? (Муслим) Ибн Аббас р.а., вели дека Пејгамберот а.с. рекол: "Само една искра од џехеннемскиот оган кога би паднала на овој свет, се би изгорела на него." (Несаи, Тирмизи, Ибн Маџе) Ну'ман б. Бешир р.а. вели дека Пејгамберот а.с. рекол: "Најблискиот оган во Џехеннем ќе биде како огнот кој го опфаќа котелот од неговите страни (додека во него нешто се вари), а тие ќе мислат дека нивната казна е најтешка, а всушност таа е најблага." (Бухари, Муслим) Енес б. Малик р.а. вели дека Пејгамберот а.с. рекол: "На Судниот ден ќе биде доведен човек кој уживал на овој свет и ќе биде фрлен во Оган за миг, потоа ќе биде прашан: - Човеку! Дали некогаш си уживал ? А тој ќе рече: - Не, жими Аллах. Потоа ќе биде доведен човек (верник) кој страдал на овој свет и за миг ќе биде ставен во Џеннет, а потоа ќе биде прашан: - Човеку ! Дали некогаш си страдал ? А тој ќе рече: - Не, жими Аллах, Господару мој, никогаш не сум страдал ниту сум осетил некоја болка." (Муслим) Тоа значи дека жителите ќе ги заборават сите убавини и благодети од овој свет, а жителите на Џеннет ќе ги заборават сите тешкотии од овој свет. Во друг хадис се вели: "На Судниот ден ќе им се рече на жителите на Џехеннем: - Што мислиш, да би било твое се што е на земјата, дали би ти користело сега ? Тој ќе рече: - Да, а нему ќе му се рече: - Ние ти овозможивме полесно и поедноставно од тоа, а тоа е да не обожуваш никој друг освен Аллах, а ти си одбил." (Ахмед, Бухари, Муслим) Пренесува Ибн Мердевејх од Ја'ла б. Мунеј дека тој рекол: "Аллах ќе постави над жителите на Џехеннем црн и темен облак, потоа ќе им рече: - О Џехеннемлии ! Што посакувате ? Тие ќе се потсетат на овосветскиот облак и ќе речат: - О Господару наш, напивка. Тогаш, од облакот ќе наврнат окови кои ќе им ги зголемат нивните окови, синџири кои ќе им ги зголемат нивните синџири и жарови кои ќе горат над нив." (Ибн Маџе) Ебу Муса р.а., пренесува од Пејгамберот а.с.: "Три категории на луѓе нема да влезат во Џеннет: ноторен пијаница, оној кој не ги одржува роднинските односи и оној кој им верува на оние кои прават сихр (магија). Кој ќе умре како пијаница, во Џехеннем за пиење ќе има вода од реката наречена "Гаута". Некој прашал: - А што е тоа "Гаута" ? А тој рекол: - тоа е река од канализации која со својата смрдеа ќе ги вознемирува другите жители на Џехеннем." А во збирката на Муслим од Џабир б. Абдуллах, р.а., вели дека Пејгамберот а.с. рекол: "Аллах ветил за оној кој пие алкохол дека ќе го напои од "Тинетул-Хабал" А што е тоа ? Прашале присутните. А тој рекол: - Тоа е пот или сок на жителите на џехеннем." И во двата Сахиха се бележи дека на евреите и христијаните ќе им се рече на Судниот ден: - Што барате вие ? А тие ќе речат: - Жедни сме, Господару наш, па напој не, а нив ќе им се рече: - Зарем тоа го посакувате ? Потоа ќе бидат упатени кон огинот кој меѓусебно ќе се јаде, тие во него ќе паѓаат како да се течност кој плови. Хасан ел-Басри рекол: "Што мислиш за народот кој ќе проживее педесет илјади години. Ништо не јадат од храна ниту пијат нешто од вода. Нивните вратови како да се прекинати, џигерот искинат, потоа ќе биде фрлен во оган и ќе пие зовриена вода која ќе предизвика големо вриење и потење." Ибн Џевзи, кога го опишувал Џехеннем рекол: "Тој е куќа која е подготвена за оние жители кои се далеку од Аллаховата милост, ќе им бидат скратени џеннетските уживања и задоволства. Нивните лица ќе бидат заменети со црнило, удирани со стап кој ќе биде посилен од планина. Над нив ќе бидат силни чувари – мелеки. Огинот не ги пржи, а и големиот студ не им штети, секогаш се тажни, никогаш радосни, скаменети стојат и не се движат, трајно се во таа служба. Нивниот прекор е полош од казнување, а промашувањето од погодување. Секое нивно појавување го зголемува плачот. Тоа се мелеките, силни чувари. Тешко на неверниците кога Створителот се налути. Тешко ним пред тешките искушенија и испит, кога ќе бидат осрамотени пред другите створенија, пред очите на сведоците. Каде го спечалија Џехеннемот ? Каде е нивното истрајување во грев ? Се ќе им биде помешано, испретурано, а потоа нивните тела ќе се пржат во оган. Кога ќе изгоре, нивната кожа се враќа во првобитната состојба." Тоа се мелеки – моќни чувари. Господару наш, спаси не од џехеннемскиот оган, понижување и пропаст. Насели не во близина на Твојата милост, во куќата на богобојазливите и Твоите оддадени робови. Прости ни нам, на нашите родители и на останатите муслимани. Со Твојата милост те молиме, О Милостиви. Мир и спас нека биде врз Мухаммеда а.с., неговата чесна фамилија и сите негови другари. припрема и обработка http://www.tewhid.ucoz.org Од Книга, Oд Гроп. во Џеннет или во Џехеннем Афтор- Абдулах б.Ахмед Али Аллаф ел-Гамиди | |
Views: 637 | Downloads: 0 | |
Total comments: 0 | |