
Во Куранот е наведена и опишана состојбата на верникот во мигот на разделување на душата од телото,
а за тоа не известил и благородниот Пејгамбер Мухамед с.а.в.с. вели:
"На верниците, мелеките им доаѓаат во убав изглед и ги радуваат со убави вести."
Возвишениот Аллах вели:
"Оние кои, навистина, зборуваат: - "Аллах е Господарот наш", а потоа се истрајни во тоа,
им доаѓаат мелеките и им велат: - "Не плашете се и не тагувајте и радувајте се на Џеннетот
што ви е ветен ! Ние сме заштитници ваши и во животот на овој свет и во животот на Ахирет.
Во него за вас ќе има се што ќе посакаат душите ваши, и за вас таму го има она што ќе го побарате.
" Какво угостување од Простувачот и Сомилосниот" (Фуссилет, 30-32)
А на неверниците и расипниците, мелеките ќе им се обратат со грубост:
"Ех, само да видиш кога мелеките на оние кои не веруваа како ќе им ги земаат душите,
удирајќи ги по лицата нивни и по плеќите нивни:- Искусете ја казната огнена !
Ете, тоа е заради она што го направија рацете ваши.
А Аллах, навистина, не е зулумќар кон робовите !"(Ел-Енфал, 50-51)
Навистина, овој ајет е објавен по повод неверниците кои учествувале во битката на Бедр.
Меѓутоа, алимот Ибн Кесир во својот тефсир вели дека овие Аллахови џ.ш. зборови се од општо
значење и дека се однесуваат на сите неверници. Во прилог на ова постојат многу докази:
Се наведува дека Пејгамберот а.с. рекол: "Раскажувајте за Бени Исраилите без грев,
тие се народ полн со вчудоневидености ! Потоа почнал да раскажува :
Излегла една дружина од Бени Исраил во прошетка се додека стигнала до едни гробишта, рекле:-
Да клањаме потоа да се помолиме на нашиот Господар да ни оживее некој мртовец и да не извести за смртта.
Клањајќи се и молејќи се, излегол еден човек чија глава се појавила од еден темен и страшен гроб.
Ги прашал:- Вие ! Што сакате од мене ? Валлахи умрев пред деведесет години, а сеуште ја чуствувам
горчината на смртта како да е сега. Замолете го Аллах да ме врати како што бев.
На чело имал траги од сеџде (бил клањач)"
***
Омер р.а. му рекол на Каб: "О Каб, раскажи ми за смртта !"
Каб му рекол: "Смртта е како трновито стебло кое е забодено на човекот и
секоја боцка се забила за некоја вена, потоа го повлече некој силен човек и
раскине што раскине а остави што остави."
***
Се пренесува дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: "Величината и жестината на смртта за верникот е
колку триста удари со сабја."
Постојат многу ајети кои зборуваат за начинот на разделба на душата од телото, кај верникот на
благ и убав начин, додека кај неверникот остро и грубо. Исто така за ова зборуваат многу хадиси.
Во хадисот кој се пренесува од Бер'а ибн Азиб пошироко се објаснува оваа тема,
се зборува и за животот по смртта (во берзах), а тоа е фаза меѓу овосветската смрт и оживувањето.
Да обрнеме внимание за состојбата кај верникот и кај неверникот во фазата на задгробниот живот (берзах).
Прва станица кон патот за Ахирет е гробот (кабур). Бер'а ибн Азиб го пренесува хадисот:
"Излеговме со Пејгамберот с.а.в.с. да му клањаме џенезе на еден човек, енсарија (жител на Медина).
Се приближивме до гробот, па откако телото беше спуштено во гроб, Аллаховиот пратеник с.а.в.с.
седна покрај него, свртувајќи се во правец кон Кибле, а и ние седнавме околу него.
Бевме мирни како да имавме птици на глава. Понекогаш ќе погледнеше во небото, а потоа во земјата,
својот поглед го дигаше нагоре и го спушташе. Потоа рече: - Барајте заштита кај Аллах од казната во гробот.
Тоа го рече три пати , а потоа три пати изговори : -
Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од казните и искушенијата во гробот, и додаде: -
Навистина, верникот, Аллаховиот роб, кога го напушта овој свет и оди кон идниот,
му доаѓаат мелеки од висина, со бел изглед во сјај како сонце, со себе носат џеннетски мирис.
Така му се приближуваат што може да ги види. Потоа доаѓа мелекот на смртта и седнува
пред неговата глава, па вели: - О убава душо, (во друга верзија, о смирена душо),
упати се кон опростот на својот Господар и Неговото задоволство.
Душата потоа го напушта своето тело слично како капка која истекува од своето место.
Потоа ја прифаќаат. А во друго предание стои: ...- па кога душата ќе го напушти телото,
сите мелеки ја благословуваат, и на небо и на земја. Потоа му се отвараат небеските врати и
сите чувари на тие врати се молат на Аллах за неговата душа. Мелеките ја прифаќаат,
не се разделуваат од неа ниту за миг, се додека не ја стават во облека (кефини) и мирис."
За тоа зборуваат следниве Аллахови зборови:
"Кога некому од вас ќе му дојде смртта пратениците мелеки Наши, без грешка, ќе му ја земат душата." ( Ел-Ен'ам, 61)
"Од неа ќе се прошири најубав мирис каков што нема ни на земја, потоа,
носејќи ја ќе се качат во височина. Кога ќе поминат покрај група на мелеки, сите прашуваат: -
Чија е оваа благородна душа ? А мелеките одговараат: - Таа е на тој и тој.
И тогаш ќе му го спомнат неговото најубаво име по кое луѓето го нарекувале на земјата.
Така се случува се додека не го пронајде земјиното небо, и побараат дозвола за поминување,
откако ќе им се дозволи, продолжуваат понатаму кон небото кое следи."
Така се случува се додека не дојдат до седмото небо. Тогаш Возвишениот Аллах вели:
"Запишете го Мојот роб во книгата на великаните. Навистина, книгата на чесните е во иллијјун,
а дали ти знаеш што е иллијјун ?" ( Ел-Мутаффифун, 18-19)
И тој ќе биде запишан во книгата на великаните, а потоа ќе им се нареди: -
Вратете го Мојот роб на земја, бидејќи луѓето ги создадов од земја, и во неа повторно ќе ги вратам,
а од неа потоа ќе бидат оживеани по втор пат .
Потоа неговата душа се враќа во телото и тогаш го слуша звукот на чевлите
на своите другари како ги напуштаат гробиштата.
Тогаш ќе му дојдат два силни мелеки кои ќе почнат да го испрашуваат: -
Кој е твој Господар ? А тој ќе одговори: - Мој Господар е Аллах. - Која е твојата вера ?,
тие повторно ќе го прашаат, а тој ќе одговори: - Моја вера е ислам. - А кој е оној човек кој
беше испратен до вас ?, ќе го прашаат тие, а тој ќе рече: - Тој е Аллаховиот Пратеник.
Нивниот понатамошен разговор ќе тече на следниот начин: - Какви ти се делата ?,
тој ќе одговори:-Ја читав Аллаховата книга и верував во она што го пишуваше во неа.
Потоа пак ќе го стегнат и повторно ќе го прашаат: - Кој е твојот Господар ?, - Која ти е вера ?, -
Кој ти е Пејгамбер ?. И ова ќе биде последното искушение во гробот на кое ќе биде изложен верникот."
Во врска со ова се и Аллаховите зборови:
"Аллах верниците со постојани зборови ќе ги зацврстува и на оној свет." (Ибрахим, 27)
"А тој ќе рече: - Мој Господар е Аллах, моја вера е ислам, мој Пејгамбер е Мухамед а.с..
а потоа ќе дојде глас од одозгора: - Вистината ја рекол Мојот роб, подгответе му место во Џеннет,
упатете го во Џеннет и отворете му ги џеннетските врати. До него ќе стигне џеннетски убав и пријатен мирис,
а гробот ќе се прошири колку што можат да видат неговите очи. Потоа ќе му дојде човек со
убав изглед, во убава облека, убав мирис, ќе го удри и ќе му рече: - Радувај се на својата среќа,
на Аллаховото задоволство и на Џеннетот полн со благодети. Ова е денот кој ти е ветен.
А тој со радост и среќа ќе праша: - Аллах да те награди, кој си ти што ми ја носиш оваа радосна вест ?
А тој ќе рече: - Јас сум твоето добро дело што си го правел.
-Жими Аллах, јас тоа го правев со желба да го постигнам Аллаховото задоволство избегнувајќи го гревот.
- Аллах да те награди. Возврати тој. Потоа ќе се отворат џеннетските и џехеннемските врати.
Потоа ќе му се покаже местото во Оган и ќе рече: - Ова ти било предвиденото престојувалиште,
па Аллах ти го заменил со место во Џеннет. Откако ќе погледне во Џеннет, ќе рече: - Господару мој,
забрзај го Судниот ден за да би се сретнал со својата фамилија и богатство."
"А неверникот (во друг хадис се нарекува, грешникот), кога ќе го напушта овој свет и патува за идниот,
од небо му доаѓаат мелеки, страчни и груби, со црн изглед, со себе носат платно од кострети.
Ќе му се приближат така што може да ги види. А потоа ќе дојде мелекот на смртта и ќе му седне
покрај неговата глава и ќе му рече: -О валкана душо, излези , оди, Аллах е гневен и лут на тебе.
Потоа неговата душа ќе го напушти телото со голема мака, како што топол чешел се вади од влажна волна,
кинејќи ги вените и живците. Ќе го проколнуваат мелеките и жителите на небото. Нему ќе му се затворат
небеските врати, а чуварите на тие врати го молат Аллах да не им испраќа таква душа.
Потоа ја прифаќаат тие два мелеки во своите раце и не ја испуштаат ниту за момент, се додека не ја
постават на платно од (кострети). Тогаш ќе се осети смрдеа каква што нема ниту на земја, а потоа се
издигаат нагоре. Кога ќе поминат покрај група на мелеки, секој од нив прашува: -
Каква е оваа расипана душа ? На нив им се одговара: - Тоа е тој и тој.
И ќе му го спомнат неговото најгрдо име по кое бил нарекуван на земјата.
Така се случува се додека не дојде до капијата на првото небо и побараат дозвола,
но вратите нема да им се отворат.
Потоа Пејгамберот а.с. го проучил ајетот: "На нив нема да им бидат отворени небесните врати,
и не ќе влезат во Џеннетот се додека камилата не влезе низ иглените уши.
Ете, така Ние ќе ги казниме силниците !" ( Ел-Араф, 40)
Тогаш Аллах ќе рече: - Запишете го во книгата на понижените, а потоа вратете го на Земја,
бидејќи Јас реков дека луѓето ги создадов од земја, во земја ќе ги вратам и дека
повторно од земја ќе ги оживеам.
Неговата душа ќе биде протерана од небото и ќе се спои со телото. Потоа ги изговорил следните зборови:
"Оној кој Му препишува здруженик на Аллах е како оној кој ќе падне од небо,
па птиците ќе го разграбат или пак ветерот ќе го однесе во некое место далечно." (Ел-Хаџџ, 31)
Откако душата ќе му се врати во телото, тој ги слуша звуците на чекорите кои заминуваат.
Потоа му доаѓаат два мелеки со страшен изглед, ќе го подигнат и ќе почнат да го испрашуваат: -
Кој е твој Господар ?, а то ќе рече: - Ах, ах, не знам. А мелеките ќе речат: - Која ти е вера ?,
а тој ќе рече: - Ах, ах, не знам. А тие повторно ќе го прашуваат: -
Што велиш за човекот кој ви беше испратен ?, ( ќе му биде речено Мухамед). -
Ах, ах не знам, ќе одговори тој, но ги слушнав луѓето како зборуваат заљ тоа.
Тогаш тие ќе речат: - Не знаеш и не си сакал да знаеш. Одозгора глас ќе повика: -
Тој лаже, подгответе му место во Џехеннем, отворете ги неговите врати,
до него нека стигне џехеннемската горештина и смрдеа. Гробот ќе му се стесни така што коските
едни во други ќе навлезат.
Ќе се појави човек со грд и страшен изглед, во грда облека, смрдеата од него ќе излегува, и ќе му рече: -
Тешко тебе со твоето зло, ова е денот кој ти беше ветен. Тој ќе повика: -
А кој си ти што ми ја носиш оваа страшна вест ? А тој ќе рече: -
Јас сум твоето лошо дело. Жими Аллах, кога да си направил лошо дело, тоа те оддалечувало од
послушноста на Аллах, и те забрзало кон непослушноста и Аллах те казнил.
Потоа ќе му се доведе човек кој е слеп, глув и нем, во рацете ќе има канџи од
железо. Кога со него ќе удри во планина, ќе ја претвори во прашина.
Ќе удри така што од неа ќе остане само прашина. Потоа Аллах ќе го врати во првобитната состојба,
а овој по втор пат ќе го удри. Тој ќе вриска, така што сите ќе го слушнат, освен луѓето и џиновите.
Потоа ќе му ги отвори вратите на Џехеннемот и ќе му подготви место од Оган.
Тој тогаш ќе повика: - Аллаху мој, одолговлечи го Судниот ден !"
Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK
Од Книгата : Од Гроб во Џеннет или Џехеннем
Автор : Абдуллах б.Ахмед Али Аљљаф ел-Гамиди
|