Main » Files » Џеннет и Џехеннем

Друг вид на прицини за влез во џехеннем
09.10.2014, 7:04 PM

Браќа мои !
Претходно во оваа книга ги наведовме поглавјата во кои се спомнати неколку причини од првиот вид
 заради кои се влегува во Џехеннем и засекогаш се останува во него.
Во овој дел од книгата ќе зборуваме за причините од вид заради кои се влегува во Оган, 
но не се останува вечно, засекогаш.

Прва причина: Непослушност кон родителите (татко и мајка).
Таа непослушност се гледа во прекинување на она што е обврска кон нив како: внимание, грижа, 
доброчинство со зборови и дела итн.
Аллах џ.ш., вели:

"И Господарот твој определи: - Само Него да го обожавате, а на родителите добро да им правите. 
Ако еден од нив или двајцата кај тебе доживеат старост, не кажувај им ни 'уф'. 
Не обраќај им се со висок глас и зборувај им зборови благородни ! 
И пред нив спушти ги крилјата на потчинетоста и милоста, и речи: - 
Господаре мој, смилуј им се онака како што тие ми се смилуваа кога бев малечок !" (Ел-Исра, 23, 24)

"Ние му наредивме на човекот да биде послушен кон родителите свои." (Лукман, 14)

Пејгамберот с.а.в.с., вели:
"На тројца Аллах џ.ш., им го забранил Џеннетот: на ноторен пијаница, на непослушниот кон 
родители и на оној кој не чуствува љубомора кон својата жена 
и ги толерира нејзините валкани дела." (Ахмед, Несаи)

Втора причина: Прекинување на роднинските односи.
Во ова спаѓа прекинување на роднинските врски, занемарување на роднината и спречување 
на нивните права кои им припаѓаат.
Во двете збирки (Бухари и Муслим) од Џубејр б. Матин е забележан хадисот:
"Во Џеннет нема да влезе оној кој ги прекинува ...." а Суфјан вели: "роднинските врски".
А од Ебу Хурејре р.а., во истите збирки се наведува: 
"На Судниот ден роднината ќе му рече на Аллах џ.ш.: - ова место е за оние кои ја помагале роднината, 
а Тој ќе рече: - Да, зарем не сакате јас да имам врска со оние кои вас ве помогнале, 
а да ја прекинам со оние кои ја прекинале врската со вас. Ќе рече: - 
Да, тоа е Твое право, потоа, Пејгамберот а.с., рекол: - Читајте ги овие зборови:"

"Ако вие, според тоа, ја дофатиле моќта, нема ли да сеете безредие по земјата и нема ли 
да да ги прекинете роднинските врски ваши ? Тоа се, оние кои Аллах ги проколна, 
и ги оглувна, и ги онеми и ги ослепе." (Мухаммед, 22, 23)

За жал, многу муслимани денес ги запоставиле правата и обврските кон родителите и роднините, 
па ги прекинале врските кои ги поврзуваат. Како причина за тоа наведуваат дека самата роднина 
не ги посетува нив, меѓутоа, овој изговор не е полноважен, бидејќи ако некој од роднината 
не возвратува, тогаш има нешто што е подобро, а тоа е Аллаховата, џ.ш., награда која се смета за највредна.

Во збирката на Бухари од Абдуллах б. Амр б. Ас р.а., се пренесува дека Мухаммед а.с. рекол:
"Не треба да се одржува врската со роднините заради интерес, туку кога таа се прекинува, 
таа се воспоставува заради Аллах."

Ебу Хурејре, р.а. Вели дека некој човек рекол:
"О аллахов Пратенику ! Јас имам роднина која ја посетувам, но таа мене не, јас им правам добро, 
а тие мене со лошо ми возвраќаат, јас ги одржувам, а тие ме забораваат, а Пејгамберот рекол: - 
Ако е така како што велиш, нив ги обзела немараност и мрзеливост, Аллах ќе биде на твоја страна се 
додека ти истрајуваш на тоа." (Муслим)

Ако човекот ги одржува роднинските врски, а тие не му возвраќаат, тој ќе има сигурно убава завршница, 
тие еден ден ќе почнат да возвраќаат, ако Аллах џ.ш., им посака добро.

Трета причина: Јадење на камата.
Аллах џ.ш. за тоа вели:

"О верници, не јадете од лихвата која се удвојува и плашете се од Аллах за да бидете спасени ! 
И плашете се од огнот кој е за неверниците подготвен ! Бидете послушни и на Аллах и на пејгамберот за 
да бидете смилувани !" (Али Имран, 130-132)

Аллах џ.ш.ветил дека оној кој се занимава со камата и по сознавање и поука дека е харам, 
дека вечно ќе остане во Џехеннем:
"Оние кои употребуваат лихва ќе се дигнат како што се дигаат оние кои ќе ги избезуми допирот шејтански. 
Ете, тоа е заради тврдењето нивно: - Купопродажбата, секако, е слична на лихвата. 
Купопродажбата ја дозволи, а лихвата ја забрани. Па, на оној што ќе му дојде Ука од Господарот свој, 
па ќе се воздржи, му припаѓа она што порано си го спечалил. А наредбата за тоа е – Аллахова! 
А оние кои ќе и се вратат на лихвата....
па, жители џехеннемски ќе станат и во него за навек ќе останат." (Ел-Бекаре, 275)

Четврта причина:Јадење од имотот на сиракот и исмејување со него.
Возвишениот Аллах џ.ш.за тоа вели:

"Оние кои го јадат имотот на јетимите бесправно, навистина, фрлаат оган во стомаците свои, 
наскоро ќе се пржат во огнот Сеир." (Ен-Ниса, 10)

Јетим или сирак е малолетник кој останал без родители.

Петта причина: Лажно сведочење.

Ибн Омер р.а., пренесува од Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. дека рекол:
"Оној кој лажно сведочи, неговите нозе во Оган ќе го однесат."
Овој хадис го пренесува Ибн Маџе, Хаким и велат дека неговиот сенед е исправен. 
Лажно сведочење и кога некој сведочи за она што не знае и не видел, 
како и да сведочи обратно на она што се случило. Сведочењето не е дозволено, освен ако човекот е 
сигурен во познавање на ситуацијата.

Во еден хадис се вели дека на некој човек му е речено:
"Дали го гледаш сонцето?" Рекол: - Да, или нешто слично. "Тогаш сведочи како што си видел."

Шеста причина: Земање мито при судење.

Абдулах б. Амр пренесува дека Пејгамберот а.с. рекол:
"Оној кој дава или го зема митото, ќе влезе во Џехеннем." (Таберани, а пренесувачите се веродостојни)

Во делото "Ет-тергибу вет-терхибу" се мисли на оној кој дава мито за да му се помогне во невистина, 
т.е. во случаи кога правдата не е на негова страна, како и оној кој прима 
мито да би му помогнал на некој во спор каде што нема право.
А што се однесува до давање со цел да се помогне и излезе вистината на виделина, 
тогаш не влегува во овој контекс.

Седма причина: Лажно колнење.

Од Харис б. Малик р.а. се пренесува дека рекол: 
"Го слушнав Аллаховиот Пратеник за време на хаџџ меѓу двете џемриња како вели: - 
Кој ќе присвои имот на својот брат со лажна заклетва, негово место е во Џехеннем! 
Нека присутниот го извести отсутниот. Ова го повторил двапати или трипати." (Ахмед, а Хаким вели дека овој хадис е исправен)
Лажна заклетва на арапски се вика "гамус", бидејќи таа го носи сторителот во грев, 
а потоа го фрла во Оган.
Нема разлика дали човек лажно се заколне за она што го видел па врз основа на 
тоа се донесе пресуда или лажно се заколне за она што го негира, 
па и тогаш се донесе пресуда врз основа на неговата заклетва.

Осма причина: Донесувањето на фетва, шеријатски правни решенија, без соодветно знаење или 
аргументи кои упатуваат на донесената фетва.
За ова зборува хадисот кој го пренесува Бурејде б. Хусејн р.а., каде Пејгамберот а.с. вели: 
"Има три видови на судија (кадија). Двајца судии ќе одат во оган, а еден ќе оди во Џеннет. 
Судијата кој ја знаел вистината и и судел според неа, тој ќе оди во Џеннет. 
А судијата кој ја знаел вистината и намерно грешел и судијата кој судел, а немал знаење, 
тие двајца ќе одат во оган." (Хаким, Сахих)

Девета причина: Изневерување на оние кои му се потчинети на човекот и за кои е обврзан да ги советува, 
и се што работи треба да биде нивно добро.
Хадисот за ова го пренесува Малик б. Јесар р.а., кој вели:

"Го слушнав Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. како вели: -Секој човек кој е одговорен за своето стадо
 до Судниот ден, ако го изневерува, ќе влезе во Џехеннем." (Бухари, Муслим)

Ова опфаќа одговорност кон фамилијата, положбата, власта и други сфери. Во хадисот Ибн Омер р.а., соопштува:
Го слушнав Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. кога рече: 
"Сите вие сте пастири и сите ќе бидете одговорни за своето стадо. 
Имамот е пастир и одговорен за своето стадо, човекот е пастир за својата фамилија
и тој е одговорен за своето стадо, жената е пастир во куќата на својот маж и е 
одговорна за тоа, слугата е пастир за имотот на својот господар и одговорен е за своето стадо; 
сите вие сте пастири и сите ќе бидете одговорни за своето стадо." (Бухари, Муслим)

Десета причина: Сликање на она што има душа, од луѓе или животни.
Ибн Аббас р.а., вели:
"Го слушнав Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., како вели: "Секој сликар ќе биде во оган. 
Од секоја слика која ја насликал ќе се создаде лик, па тие ликови ќе го мачат во Џехеннем." (Муслим)

А во Бухариината верзија стои:
"Кој слика, на Судниот ден ќе биде мачен се додека тој не му вдахне душа на она што го насликал, 
а тоа нема никогаш да успее."
Што се однесува до сликање на природа, овошје, растенија или слично на тоа што Аллах џ.ш. 
го создал, нема никаков грев. Ова е став на мнозина од исламската улема. 
А има и оние кои и ова го забрануваат наведувајќи го хадисот-кудси во кој Пејгамберот а.с. рекол:
"Кој е поголем грешник од оној што тврди дека создава како што создавам Јас, 
па нека создадат ако можат атом, или нека создадат зрно од пченица."


Единаесета причина: Оваа причина за влегување во Џехеннем е спомената во хадисот кој е забележан во
 двете збирки од Харис б. Вехб дека Пејгамберот а.с. рекол:
"Дали сакате да ве известам за жителите на Џехеннем ? Тој е секој груб човек, суров, надуен, 
а се тоа значи голема грубост и непоседување на благост пред вистина, 
а суровост подразбира и голема шкртост и алчност. Надуениот човек ја отфрлува вистината 
и нема толеранција пред вистината, бидејќи тој се смета за поголем од сиот свет, 
а своето мислење го смета поисправно од вистината."


Дванаесета причина: Употреба на златни и сребрени садови за јадење и пиење, како за мажи така и за жени.
Во двете збирки на хадиси (Бухари и Муслим) од Умму Селме, р.а. се пренесува хадисот дека Пејгамберот а.с. рекол:
"Кој ќе пие од сребрени садови, во неговиот стомак на Судниот ден ќе врие оган."
Во преданието на Муслим стои:
"Оној кој јаде или пие од златни или сребрени садови, во неговиот стомак ќе врие џехеннемскиот оган.
" А од Ибн Аббас р.с. Се пренесува дека Пејгамберот а.с., видел златен прстен на раката на 
еден човек, му го повлекол и го фрлил, а потоа рекол: "Вие за своите раце земете огнен жар.
" Откако Пејгамберот а.с. заминал некој на сопственикот на прстенот му рекол: - 
Не, жими Аллах, не го земам кога веќе Пејгамберот го фрлил. (Муслим)

Чувајте се браќа од овие причини кои водат во Џехеннем. Правете дела кои ќе ве оддалечат од него, 
да би успејале и да би заслужиле вечно престојувалиште во Џеннет. 
Знајте дека овој свет е краткотраен и уживањата на него брзо поминуваат. 
Молете го својот Господар да ве зацврсти на патот на вистината до смртта.
Молете го да ве оживее со правоверните со кои Тој е задоволен.

Господару наш, зајакни не на патот на вистината, и усмрти не на тој пат. 
Прости ни нам, на нашите родители и сите муслимани. Те молиме со Твојата милост, 
о Ти со најголема милост !
Селам и спас нека биде врз нашиот Веровесник Мухаммед а.с., неговата чесна фамилија и сите асхаби.

Припрема и обработка-TEWHID.MK
www.tewhid.ucoz.org
https://www.facebook.com/Tewhid.mk
youtube.com/tewhidMK

 

Од Книгата : Од Гроб во Џеннет или Џехеннем

Автор : Абдуллах б.Ахмед Али Аљљаф ел-Гамиди

 

Category: Џеннет и Џехеннем | Added by: tewhid
Views: 477 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Only registered users can add comments.
[ Sign Up | Login ]
НОВО-ВИДЕО
facebook
kуран
посетеност
YouTube
fACEBOOK
YouTube